1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    1.666
    Женски, јас сама си носам претпоставки ама сакав да видам и ваше мислење. Сметам дека сето ова што ми се случува е последица на хормонален дисбаланс, најпрво, многу долго време ама веќе надвор од нормала ми паѓа косата,користев се и свашта не помага, има некој специфичен неубав мирис, лице имав чисто, сега ми се нафрлува, не помага ниту хлоракол, се онесвестив за време на одмор 2 пати, неможам да јадам како што треба, имам често силни главоболки, премногу потам.. Да се обратам на матичен лекар или на гинеколог?
     
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Прво крвна слика ( имаш несвестици и немаш апетит).
     
    На Chimera му/ѝ се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Откако ќе направиш крвна слика, според резултатите, матичниот лекар ќе ти каже која е следната постапка.
     
    На Chimera му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Чисто онака ме интересира,дали ако имаш превртена матка можеш да имаш деца?
     
  5. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е ова здраствен проблем, ама мене повеќе ми личи на проблеми со психата и самоконтрола. Претходната година тргнавме на одмор со автобус и немаше пола час мене почна да ми се оди во веце ( по мала нужда). А капка вода немав пиено, ниту дома ниту додека тргнавме, ниту во автобусот. И знаете дека автобусот само на граница застанува, а ние требаше да се возиме 3 часа до граница, абе јас ќе цркнев. Од самата помисла дека до граница има 2 часа и повеќе пат, мислев дека бешиката ќе ми пукнеше. Стискав некако до граница и кога отидов во вц пуштив само 2-3 капки. Ајде тргнавме после пола час, а јас цело време вода не се напив, мене пак почна да ми се оди во вц. Се препотував цел пат, се стискав за кога ќе стигнеме таму пак да пуштам 2-3 капки. Според мене ова ми иде на психа, а богами и не знам како да се справам со ова. Еве сега во сабота пак ќе одам на одмор, мене и дома почна да ми се случува тоа, на 5минути одам во вц за по 2-3 капки. А инаку ниту ме боли стомак, ниту ме пецка кога одам во вц, па на своја рака си земав увин чај, да видам дали некако ќе ми помогне. Инаку пред две години бевме со кола на одмор и го немав овој проблем.
     
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.185
    Психички е. Во средно кога одевме во Истанбул, 20тина саати, една го имаше истиов проблем. Докторката со нас сфати ии даде апче и и рече од ова нема да можеш да мочаш 6 саати. Претходно на 15 мин мочаше. И стварно, после мир, нема мочање. Инаку 3 дена ке патувавме.
    После докторката кажа дека и дала витамин Ц.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Девојки имам прашања во врска до доцнењето на менструација. Мене требаше да ми дојде на 6ти овој месец, ми касни веќе повеќе од 2 недели. На 3ти отидовме на одмор (требаше да ми дојде додека сум на одмор) и на 10ти се вративме, можно ли е од промена на клима да ми касни? И можно ли е менструацијата овој месец да не ми дојде и во ред ли е тоа? Друго, моментално сум на диета т.е. јадам помалку, а и пред одморот бев, можно ли е од тоа? АМА за време на одморот не бев на никаква диета, всушност јадев се што ќе ми се понудеше дури и се поправив малку :D Исто, имам симпоми на ПМС, во расположение и апетит уште од 1ви, а пред некое време почнаа и градите и стомакот да ме болат.
    Не дека нешто ме плаши ова, ама мајка ми комплицира, не дај Боже да ме однесе на доктор :@
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ај честито доторот.
    Испитај хормонален статус.
    Освен ако нешти си изоставила да напишеш?
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Диетата и промената на климата влијаат на менструацијата. Но најдобро да си посетиш гинеколог, за да ти биде мирна главата. А можно е и хормоните да ти се пореметени.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ќе гледам цела ноќ да останам будна за да можам да заспијам во автобусот. Мене ми е срам цел автобус да застане само за мене за да одам во вц :worried: И може бедоксинче да се напијам, да смирам нерви малце :D Инаку да прашам за едни апчиња, спазмоблок се викаат. Ми ги препорача една жена, за менструални болки. Јас претходно пиев бруфен од 400мг ама од него многу крварев. Некој дали ги има пиено?
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    За менструални болки земи си ВЕНТОР или КАФЕТИН МЕНСТРУАЛ. Јас овие ги пијам, ама повеќе ми помага ВЕНТОР бидејќи и наредните денови не ме боли.
     
  12. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ми се гади од венторот, а и желудникот не ми го поднаса. Кафетинот ми се слаби, башка тие се уствари бруфен 200мг, само со друго име. Ќе пробам со овие па ќе видиме. Последниот пат кога ми дојде, бев инекција кетонал ми ставаа, па затоа сега ми е страв да не ме боли пак многу. Тогаш пиев бруфен, ама џабе, само си го надразнив желудникот.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.572
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Елени, земи Беналгин. Ти гарантирам дека болките ќе се смират. Или пак Налгесин, делуваат дури и побрзо од Беналгинот и се малку појаки, мене ме тераат на спиење.

    Помагаат и Фемисан А капките, јас Господ го гледав на бели гаќи секој циклус, сега не ми се верува дека можам нормално да функционирам, речиси 5 месеци не сум имала таков ужасен циклус, не дај Боже повеќе, доста беше. :)
     
    На Eleni.S му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.848
    4 дена имам болка од време-на време на десната страна од стомакот на момент ќе ме заболе многу и толку... ми доаѓа некако помеѓу колкот или под и некако до јајникот не можам да објаснам ...

    Да не е циста,слепо црево,кила .. .. На болница можам да отидам дури во среда..Кај матичната или гинекологот да се јавам? Никакво утоплување и масажа не ми помага..Менструацијата ми е редовна 5 дена..на секој 28 ден..
     
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Може ли на ГАК со упат од матичен гинеколог да се направи колопскопија,ехо и пап тест?
     
  16. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека се работи за циста. Јави се на гинеколог, нека те прегледа.
     
  17. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    Нормално ли е понекогаш пулсот да биде под 60? Ми бил 56 и 58 и често се осеќам изморена иако ништо не сум правела. Инаку еднаш пишав во темава дека често имам напади на тахкардии во мирување.
     
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Пак јас со моето често мокрење. :sweat:
    Неможам луѓе веќе да издржам, само на шољата сум :lol: а не пијам многу течности... Шо може да е работава, веќе ме плаши ова...? :?:
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Некој лекар на форумот? Имам многу чудни симптоми, тешки ми се за опишување, па муабет преку лп да си направиме ако не му е тешко.
     
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Малата минатата недела ми се изгоре на рачето ја мачкав со една маст и почна да и заздравува,ама во саботата над изгореницата и се појави едно како од комарец искасано ама како пликче со малку водичка до вечерта и пукна и се направи како раничка(и да напоменам не беше едно туку 3 вакви има во близина) сабајле кога станав имаше и на коленото 2 исти вакви.Ја однесов на лекар и ми рекоа дека е бактериска инфекција,се пренела од изгореното кое се инфицирало.Ми дадоа миробакт да ја мачкам и да и ги чистам со хиперманган и хидроген.

    Нема температура,не ја чеша,не ја боли ама мене страв ме фаќа каква ли може да биде таа бактериска инфекција?Не направивме крвна слика(утре ке ја носам на своја рака да направам)

    Совет,мислење, во овој момент се ми е добродојдено.