Во денешно време никој не цени добрина, но јас сепак мислам дека вреди да се биде добар затоа што самите се покажуваме какви сме како личности, не треба да паѓаме во нивото на лошите. Запамтете дека се се враќа, се се плаќа. Ние ќе останеме запаметени како добри, а лошите како лоши. Сума сумарум не би сакале некој да ве памети по лошо, нели?
Дефинитивно вреди. Постојат луѓе кои знаат да го ценат тоа, но и да нема такви биди добар за себе и својата совест, не за да забележат другите. Е сега, неможе со секого, нели? Има луѓе кои крајно не го заслужуваат тоа, но генерално подобро е да си добар. Големината е во добрината, џабе е се ако те знаат како лош човек.
Вреди, но не секогаш. Секој треба да знае со кого како да се однесува. Не можеш да бидеш добар со непријателите, или лош со пријателите. А и со пријателите треба да се има граница, тие најлошо можат да те зезнат ако не ги процениш добро
викаат добрината се враќа.. има многу луѓе кои незнаат да ценат ништо . сепак треба да бидеш добар и паметен да знаеш како треба да постапиш во ситуација. добрината и трудот секогаш се враќаат иако некои не го забележуваат тоа
Вреди, но со тие кои заслужуваат. Замислете го ангелов на сликава како да сте вие (добри). Прекрасен цртеж кој дава добар одговор на темава.
Има разлика да бидеш добар и да бидеш наивен ..... Не може да речеш јас сум многу добар човек ( да се лажеш себеси) и поради тоа ми се случија овие работи кои ме направија несреќна... не е точно тоа, само се залажуваме и бараме оправдание.... Што ако од комшии слушам еее ти девојче си многу добра , не ја рабирам целта која е , ако така кажат мене крилја да не ќе ми пораснат и обратно ако речат ееее таа е лоша што рогови ќе ми пораснат... не сме ние на овој свет за да правиме работи кои ќе не отсликаат кај другите луѓе, на народот устата не му се затвора, важно е да не бидеш смотан и наивен,.... Кога ќе размислиш малку подлабоко ќе сфатиш дека тежок е животт кој го живееш , дома се однесуваш на еден начин само што ќе го пречекориш прагот веќе си друга личност, во маало трета, на факс четврта итн, на крај краева нема да можеш цел живот да го поминеш преправајќи се , еден ден ќе ти се смачи и ќе ја изгубиш смислата за тоа која си ти всушност???? Единствено важно е овој пат кој е привилегија дадена од Бога да го поминеш на свој начин, со искреност, чесност, гледајќи ја својата работа, не тргајќи ја туѓата мака....
Не вреди. 5 пати ќе им направиш добро, еднаш лошо ама лошото сите го паметат доброто веднаш се заборава. Не вреди сум помагала во секоја смисла на зборот на луѓе кои буквално не заслужиле ни П од зборот помош. Доста често знаев да им прогледма на некои личности низ прсти и да им пружам втора шанса да ми докажат дека можат и подобро но тие ми докажувале дека многу сум згрешила. Така да веќе за себе сум си добра за другите не ми е гајле.
Според мене добрината треба да доаѓа од срце. Кога ќе правиш добро, всушност да резултира со тоа што ќе бидеш задоволен и среќен од твоето дело. А ако правиш добро и очекуваш нешто да ти се врати, тогаш ни ти самиот не си толку добар.
Според мене вреди. Не за друго, туку јас се осеќам подобро како личност, а и немам после грижа на совест. Нормално дека некој тоа не го гледа, имам слушнато дека ако на слеп му помогнеш да прогледа, сите ќе ги види од околу само тебе нема.
Секогаш, ама баш секогаш и со секого, вреди да се биде добар. Најдобро би било дури и кога не понижуваат и не вреѓаат да бидеме добри за да ги исплатиме нашите гревови. Да речеме дека сум направил голема грешка и сум сурово критикуван заради тоа. Ако тоа го прифатам со добрина, тогаш после одредено време на трпење другите ке станат помеки и попријателски а ако се бунам и се карам ке направам поголеми проблеми. Затоа, вреди да се биде добар зошто ако сме лоши ќе си направиме поголеми проблеми.
Во овој свет кадешто постојат секакви луге и добри и лоши, кадешто повекето се лоши, многу би рекле дека не вреди да си добар. Според мене, треба секогаш најпрво да гледаме за себе а потоа за другите. Верувам во карма. Зошто да не му помогнеш на некој ако можеш? Некогаш и на тебе ке ти биде потребна помош па можеби истата личност ке ти помогне. А дури и да не ти помогне истата личност, сепак ке добиеш помош од некој друг. Точно е дека светот е сменет и дека лугето се станати неблагодарни, но зошто да бидеме и ние такви? Па дури и да ни вратат со лошо, на нив ке им се врати со лошо. Нешто што сакаат нема да им се оствари, некоја работа нема да може им да се заврши итн. Убаво е да правиш добри дела, бидејки не само што ке се почуствуваш исполнето, туку и на тебе ке ти се врати со добро еден ден .
Колку пати само ми се има случено да ми забодат нож во грб луѓе на кои сум им помогнала, секогаш тука за нив и од мене само добро виделе. Потоа јас дома плачи, нервирај се зошто така ми направиле. Па кога си глупа, нека ти прават. Колку само лицемерни луѓе има, луѓе кои гледаат само корист да извлечат, а се скриваат зад маската на добри и невини суштества. Затоа, навистина вреди да си добар со луѓе што заслужуваат. А со оние другите, покажи малце заби и ќе видиш како ќе биде. Што дека ќе бидеш добар, добрите луѓе секогаш остануваат најповредени.
Колку си добар толку и си повредуван.Кога луѓето ќе видат дека си добар ќе почнат да злоупотребуваат,а ти ќе бидеш повреден затоа што си сепак добар.Затоа мислам,дека во овој живот најдобро е да бидеш строг затоа што така САМО така ќе те почитуваат.
После мислам дека не вреди. И мене не ми доаѓа памет да се сменам. Но затоа многу си го кревам носот кон непознати. А со блиските сум добра.