1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Документи за новороденче

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 25 мај 2012.

  1. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    јас да ве прашам едно болно прашање. личната карта со ново презиме ќе ми втаса 3 септември, и тогаш ќе поддадам за здравствена електорнска.. и разбрав дека за нејзе имало многу чекање, со месеци.. Мене терминот ми е до 20 септември.. Кој е најголемиот проблем што ќе ми го направат на болница?? :x
    инаку, старава здравствена ми е на мм, осигурана сум на него, кај него на работа ме осигура со страта лична карта.. само електронската че ми остани со старото презиме.. нема да можам да ме шушнат со старава електорнска? :worried: :)
     
  2. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Јас се породив со стара книшка со моминско презиме, електронската ја чекам веќе една година. Во болница нема да ти направат никаков проблем само што ќе те примат и испуштат со старо презиме. Прашав во ФЗО, ми рекоа немало потреба да поднесувам ново барање за ЕЗК, ќе треба само да однесеш некои образци за да се изврши промена на презиме во систем и во старата здравствена легитимација.
     
    На bebeto93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Мојата електронска е со старо презиме ми рекоа да не ја менувам, само презимето во книшка да ми е сменето тоа во фонд се менува компјутерски , а за пораѓај ке си извадиш плави картони и немај гајле .
     
    На bebeto93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    planiram ovaa nedela da si ja zemam majcinata i da baram uput za drzavno... prezimeto i adresata ce bidat starite vo majcinata.. sto mislite??
     
  5. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Гледај само на упатот да ти е новото презиме , мене мајчината ми остана со старо.
     
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.542
    Пол:
    Женски
    А упот пред порагјај земате?кај нас после порагјај се носи употот :^)
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Кога се пораѓав првиот пат, на личната карта ми стоеше старото презиме. И упатот ми беше со старото презиме. Во болница им кажав дека имам сменето презиме и ми го запишаа. На отпусната листа ми стоеше новото презиме.

    Во вториов случај, здравствената картичка ми е со старото презиме. Направиле некоја грешка во Фондот, ама ми рекоа дека нема да имам проблем при породување. Битен бил ЕЗБО - единствен здравствен број на осигуреникот.

    Bebeto93, кај ќе се пораѓаш? Ако се пораѓаш на ГАК, нема да ти треба мајчина книшка.
     
  8. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    во државна ќе се порајѓам, овде во мојот град :)
     
  9. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    69
    Феминки, јас сеуште сум во дилема да не ми искомплицираат нешто администрацијава после пораѓај. ЛК ми е со ново презиме и адреса а здравствената книшка заедно со електронската картичка ми се со старото. Се јавив во Фонд за Здравство да прашам што да правам, ми викаат немај гајле ние ке те пронајдеме според ЕМБГ. Од друга страна - во општина за пријавување на бебето и за таа некоја парична помош бараат ЛК од мајката и здравствена книшка - па да не ми направат проблем дека ке бидат со различни податоци? Колку не сакам да си комплицирам, ама ај најди им го крајот, а фино лепо си се јавив во ФЗО уште кога ја менував ЛК, и г-ѓата од таму ме уверуваше дека кај нив нема никаков проблем тоа...Некој со слично искуство? Ви благодарам однапред ;)
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    ^^
    Нема да имаш проблем. Имав нова лична карта со ново презиме и адреса, а здравствената и електронската на старо, па го пријавив детето без проблем. И колку се сеќавам, за пријавување на детето и парична помош, не бараа здравствени книшки.
     
  11. DJD

    DJD Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво, првпат сум на форумов, не знаев каде да се обратам,само што се зачленив,ми треба помош не сум сигурна и дали ова е начинот да поставам прашање.
    Значи,јас сум бремена а дечко ми не е од државата,не сме венчани.Тој нема да може да биде присутен за раѓањето на нашето бебе поради документи(му треба виза за Македонија а и мене ми треба виза за да одам таму) и поради работни обврски. Јас ќе се породам во Македонија отприлика во Октомври оваа година а тој нема да може да дојде дури до наредната година март месец можеби а можеби и покасно. Откако ќе се извадат потребни документи и со доволно финансиски средства планираме тој да дојде и да се венчаме.
    Моето прашање е дали некој знае ако може да се даде името на таткото на бебето во ваква ситуација и потоа венчавка и сите други работи.
    И ако е можно дали знаете кои негови документи би ми требале за тоа.
     
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Не мора да сте венчани за да се стави (претпоставувам) презимето на таткото. Само треба таткото да го признава детето дека е негово и мора потпис од двајца родители за изводот на новороденчето кое мора да се извади во рок од еден месец откако ќе се роди.
     
  13. lina-kalina

    lina-kalina Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
  14. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    5.777
    Пол:
    Женски
    А за деца родени во друг град,како оди постапката? Треба мм да го заведи бебево во нашиот град или кај што ќе се породам?
     
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Во градот во кој се раѓа, јас на пример со ќерката се породив во Струга а сум од Охрид, тогаш многу деца така се родени зошто овде немавме гинекологија, и тие генерации се стружани. Сега секое вадење на извод се врши во Струга.
     
    На m.i.g му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DJD

    DJD Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    А колку стар треба да биде изводот од матична книга на родени за да се пријави бебето вовнатрешни?
     
  17. Bradshaw12

    Bradshaw12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Мамички да ја обновиме темава пошто верувам на сите ќе ни се најде..јас полека му спремам инфо за документација на мм па прибирам информации од секаде... Еве за што имам потврда до сега...

    За упис на новороденче родено во брачна заедница потребни документи се:
    1. Копија од лична карта (пасош) од родителите и оригинал за проверка
    2. Извод од матична книга на венчани од родителите (датумот на издавање да не постар од 2007 година)
    3. Барање за издавање на извод од матична книга на родени за новороденче (Барање)
    4. 100 ден. административна такса (Уплатница)
    5. Уплата од 50 ден. на жиро-сметката на Управата за водење на матичните книги (Уплатница)


    НАПОМЕНА: Раѓањето на дете се пријавува во рок од 30 дена од денот на раѓањето, во матичното подрачје на кое се родило детето.

    Бебето треба да се пријави најдоцна 30 дена од раѓањето

    Местото кај што треба да се пријави зависи од тоа во која болница е родено...видете на сликата.

    За бебињата родени во ГАК и Систина сега по најново шалтерот се наоѓа кај Комерцијална банка (дирекцијата до МОБ).

    Ако некој има сигурни информации за како оди процедурата за здравствено осигурување на бебето, отварање породилно, барање за надоместок од општина и сл. плс нека пише.
     

    Прикачени фајлови:

    • Screenshot_1.png
      Screenshot_1.png
      Големина на фајлот:
      159,5 KB
      Прегледи:
      56
    На Lolipop23 и Miss.Sweet им се допаѓа ова.
  18. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.535
    За здравствено осигурување сопругот треба да појде во ФЗО и да однесе:
    Потребна документација
    - пријава за здравствено осигурување (ЗО1 образец )

    - доказ за докажување на сродството со осигуреникот ( извод од венчани, извод за родени, Решение од Центарот за социјални работи за посвоени деца и деца земени на издржување или др. решение од надлежен орган);
    - Здравствена книшка за бебето

    Извод од бебето не треба го повлекуваат електронски.

    За парична помош од МТСП за прво родено дете ти треба:
    - Барање од МТСП
    - лична карта од мајката (копија) и плус оригинал на увид
    - потврда од матичен гинеколог за прво родено дете
    - извод на бебето (копија)
    - државјанство на мајката (копија)
    - лична карта од таткото (на увид)
    Барањето со потребната документација до надлежниот центар се поднесува најдоцна до наполнети три месеци живот на детето.

    За парична помош од општина ти се потребни следниве документи:
    - Барање од општината во која живеете
    - копија од потврда од матичен гинеколог за родено дете
    - извод од бебето (копија)
    - лична карта од мајката (копија)
    - број на трансакциска сметка
     
    Последна измена: 23 февруари 2016
    На Bradshaw12 и irenna им се допаѓа ова.
  19. Bradshaw12

    Bradshaw12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Ау @Miss.Sweet ти благодарам на прекрасниот детален одговор :hug:

    Само уште да те прашам за ова „За парична помош од МТСП за прво родено дете“ каде точно се поднесуваат овие документи?

    И да не знаеш колку изнесуваат овие парични надоместоци?

    Фала ти уште еднаш најмногу :)
     
    Последна измена: 23 февруари 2016
    На Miss.Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.535
    Во подрачна служба на МТСП по општини. Ќе се јавиш телефонски да ти кажат каде да однесеш документи. Инаку од социјално даваат 5017 ден, општина Центар 7000 ден. а другите општини 5000 ден. Исплатата е по два месеци од поднесување.Освен ако не смениле нешто за побрзо.
     
    На Bradshaw12 и irenna им се допаѓа ова.