1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се заштедат пари?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од marinapet, 21 април 2010.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Како да заштедиме?

    Темава е за поздрав. Браво. Одлично.

    Јас пред некоја година, мислам 2011 бев кај пријател од татко ми да му однесам некој алат и човекот најкултуро ме покани на кафе. Влегувам во дневна и гледам една голема фазна со фараонски мотив (мејд ин чајна) до горе наполнета со ситни пари. И му викам чичко Перо од кај ти се паричкиве толку многу, а тој ми одговори, па од кусурот кога купувам секојдневни работи. Леле си се засрамив и замислив (пошто малку ми беше глупо прашањето) и си одам накај дома со кутијата за алат и си викам колку е кутијава одлична пошто има катанец и отвор, а клучот татко ми да го чува. Арно ама идејата ми беше ептен лоша пошто алатот немаше кај да седи и си земав една кутија картонска, си ја налепив и исшарав со пеперутки и почнав да си ја полнам. Ја отворив после 17 месеци и имав 5500 и некое денарче, па си се почастив со капутче и ташна. Вториот пат ја отворив за 8 месеци и имав околу 1800 ден, но точно за чизми. Ова ми е трет пат како ја полнам ИСТАТА кутија и за еден месец ке ја отворам ( од март ја поланам) за да си потрошам на алиекспрес.

    Значи веке за кусурот не земам чоколатца, лижавчиња, чипсови и др нездрави глупости кои дебелеат.

    Малската продавница ја посетувам секој ден, ама за производи кои имаат иста цена секаде ( цигари, леб , шампон итн), но најчесто поголемиот дел го купувам во КАМ маркет, и разликата од кам и малската си ја ставам во кутијата.

    Само на овој начин си штедам.

    Ах да, штедам и така што си купив пола кг восок и сама си се депилирам и секој месец си тргам по 500 ден, но тие не ги ставам во кутијата, туку најчесто ги трошам за кафе или фарбаза коса.
     
    На Снегулк@23, babyblond, leona83 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Како да заштедиме?

    Да се купува гардероба на попуст. Еве јас две кошули купив од по 500, а сега гледам истите на попуст се по 350 ден. Да се купува во маркети каде е поефтино. Ако сакате да заштедите ќе го цените секој денар. Кога ќе купувате облека и обувки поминете во сите дуќани, па одлучете каде ќе купите.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Како да заштедиме?

    Во друштвото позната сум како Штедачка :D
    Тие ми викаат од што си стегната за свадбата лист од тетратка ќе ни пуштиш а не покана :lol:
    Вложувам во облека и обувки кои планирам да ги носам 2-3 години,а на се друго штедам. Си штедев цела година и еве сега цело лето си уживам без да се мислам колку ќе ми дадат моите па дали ќе ми стигнат и сл.
    Дечко ми одпочетокот се чудеше ама сега вели и него таква сум го направила.
    Како заштедувам? Епа вака ако ми се пие ладен чај не мора да е нестеа најскапиот туку ќе земам поевтин и онака сите ми се исти. Исто така многу гледам на грамажа, бидејќи некогаш може да е поскапен производот а цената да е иста (ја намалуваат грамажата а не ја зголемуваат цената, никогаш не спиев на часовите по економија и еве ја последицата :lol: ) Кратко кажано доколку ми се јаде чипс не мора да е најскап туку некој поевтин и се така правам. Затоа никогаш не сум била шворц до сега. :D
    Исто така воопшто не се срамам да им кажам на другарките ако нешто сум купила од пренди или од 99ка.
    Најчесто си купувам јадранки(имам преку 10 пара и во сите бои :lol: ) или некое обично маиче од 99ка. Некој ќе рече турски вакви такви ама имам јадранки од 8 одд а сега сум 3 на факултет па видите сега дали турското не е квалитетно или е. :)
    И кога купувам фармерки гледам да се најевтини со можи пошо ми се литат (имам дебели нозе и ми се жулат) и најскапите. Еднаш дадов 2000 и пак за 4 месеци беа излитени ;( . Од тогаш реков повеќе од 500-600 нема шанса да дадам.
     
    На Снегулк@23, okcenzi и lunicka им се допаѓа ова.
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Како да заштедиме?

    Како штедам? Машините за садови и алишта ги пуштам ноќно време- на ефтина струја, понекогаш и бољерот. Кога ќе земам плата тргам одредена сума на пари и не ги чепкам, додека има попусти и распродажби си купувам алишта за наредната сезона, а и за децата и толку. Искрено со бебе и дете не можам да одам подалеку од маркетот до нас што е, за разлика во цена.
    Инаку сметам дека некогаш штедејќи на пр.на обувки на крај три пати повеќе пари сум дала зошто ефтините побрзо се искинале, а да не зборам за неудобност. Значи на кондури, чизми, капути и сл. не штедам. Не ми е поентата да имам 10 пара од кои нозете ќе ми отпаднат:)
     
    На Tanjamm, lunicka и okcenzi им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Како да заштедиме?

    Точно за облека и чевли некогаш вреди повеќе да се инвестира.Особено чевли и чизми.
    Искрено жалам што немам некое парче земја во близина,да можеш сам да си произведеш овошје и зеленчук.Не купувам јадења во конзерви,готови теста и сл.Многу ми е жал што кај нас не може да се купи домашен путер кој го обожувам,а кој сум го купувала од Србија и кој е многу поефтин од купечкиот.Го избегнувам маргаринот максимално.Сезонско овошје и зеленчук купувам кога му е сезона па замрзнувам.Избегнувам да купувам газирани сокови,освем за гости,обично правам лимонада иако цената на лимонот отиде до небо.Разговорите на телефон ги сведов на 0.Единствено ако ми спаѓаат во бесплатни инаку користам скајп и вибер.
    Храна што останува избегнувам да ја фрлам.Со докомбинирање може да се создаде нов оброк.Кога одев на работа и кога бев слободна правев по 2-3 јадења одеднаш и ги замрзнував.Сега не го практикувам тоа зашто сум дома.
    Да спомнам дека моментално во Тинекс на попуст се антиперспиранти и дезодоранси на Фа.Вложив повеќе ама знам дека ќе ми се исплати зашто сите користиме.
    Се фарбам и депилирам сама ,(користам восок и жилети)единствено одам на обликување на веѓи зашто знам да ги направам како запирки.
    Чувам пилиња за товење и секогаш имам пилешко месо.
    Не купувам парфимирана тоалетна хартија.За чистење на лице користам обична вата.Тупферите ми се поскапи.
    Средства за чистење купувам на акција,1+1,2+1 комбинација.Кога немам пари и обична варикина од 20 денари заврши работа.
    Обичните сијалици ги заменив постепено со штедливи.Обично користам и осветлување од ламби.Не палам во секоја соба светло ако немам потреба.
    Се откажав од купување на книги :( зачленета сум со години во библиотека.
     
    На Dentina, okcenzi и leona83 им се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Како да заштедиме?

    И јас штедам од кусурот што ми останува, ги чувам во пластично шише од кола кола
    за леб, цигари и такви некои работи одам во малската продавничка си носам и торба, за ќесе ретко давам пари, 1 денар 1 зошто да ги давам кога дома имам 1000 торби од кафиња кои така стојат.
    Кога треба да се пазари нешто повеќе одам во маркет плус имам и клуб картичка и штедам така пр. ако паста за заби е 50 ден, со клуб картичка е 45 ден и тоа на 80% од производите има по 2,3,5 ден попуст.
    Книги и јас престанав да купувам, сега планирам да се зачленам во библиотеката.
    Чоколадца, лижавчиња и такви глупости не купувам повеќе, од пазар земам влажни марамчиња огромно пакување (250 марамици) за 65 ден.
    Купував ладно нес кафе од 10 ден, ама сега си купувам Арт од 5 ден, кафе си е кафе, 5 ден. не се малку.

    Мајка ми штеди со тоа што рерна, бољер, перална уклучува на евтина струха, сите сијалици ни се штедливи, комјутер се гаси ако некој не седи, готви на плин и за цел месец троши околку 150-200 ден.
     
    На crazylady, okcenzi, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Како да заштедиме?

    Ние ги користиме штедливите сијалици, кои траат и подолго од една година. Имаме и соларно загревање на водата, така да бојлер вклучуваме само кога некој го мрзело денски да се бања. Кога купуваме средства за чистење, речиси секогаш се 2+1. Сокови купуваме во пакети еднаш месечно, или еднаш во два месеци.
    Од месо купуваме само риба, а некогаш и пилешко од причина што во село порано имавме телиња, прасе и овци (кои и сеуште ги имаме), а месо сеуште имаме во огромни залихи.
    Имаме и градина со домати, пиперки, краставици, праз, пченка, грав, грашок, кромид, лук, дињи и лубеници, па заленчук купуваме само кога немаме од нашите, а тоа е во пролет.
    Имаме и неколку дрвца (кајсија, круша, јаболко, црешки), така да од наредната година ќе купуваме само банани, лимони, праски и портокали летно време.
     
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Како да заштедиме?

    Голема заштеда е да не се пушат цигари и да се пие кафе дома или да се носи термос. Многу ми се допаѓа што некои колеги и колешки кога да ги види човек се со термосот в рака, сигурно заштедуваат многу пари на кафе, а уште повеќе кога си носат и сендвич или овошје од дома, оние во бифеата претераа со цените, мислиш хамбургери од Вили или од 7ца продаваат. Дома сите сијалици ми се штедливи и во станот во кој живеам дури студирам сама на свој трошок ги сменав сите сијалици и сега сите се штедливи. Гледам да го топлам бојледот на ефтина струја, но само кога морам и ми е итно знам да го пуштам и на скапа. Имам многу веш , па веш и алишта перам само еднаш месечно и тоа на ефтина струја во недела, за поситна работа и на рака знам да си исперам не ми е проблем воопшто. Од сите можни маркети кои даваат имам картичка за попусти. Ретко готвам, се трудам да јадам повеќе свежа храна или си одмрзнувам готови јадења(знам дека не е многу здраво, ама морам). Дома готвиме на плин имаме добра изолација и квалитетна дограма. Дома јадам исклучиво готвена храна. Облека и обувки купувам на попуст. И не сум скржава ама многу се нервирам кога ќе видам оставена запалена сијалица во соба каде што никој не седи, посебно дома. Во станот кај што живеам дури студирам колку толку сум потолерантна и оставам на таа цимерка што ја оставила да и текни да ја изгасни(максимално избегнувам конфликти за ситници), ама дома редовно ги опоменувам.

    П.С. Ќе ви бидам благодарна ако ми дадете идеја како да заштедам струја кога сакам да стоплам или да сварам нешто, а тоа да не е во микробранова или на мало плинско(страв ми е да не експлодира таа малата боца, не ми се сигурни).
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.592
    Пол:
    Женски
    Како да заштедиме?

    Овие денови баш размислувам за оваа како да заштедам повеќе затоа што навистина ми треба.
    За одредено време ќе се преселам во Ск и така таму ќе ми биде се поскапо.Ќе живееме сами со љубави и ќе мора да се научам да штедам.Досега кога и да одев на повеќе денови кај него трошевме максимално. Ручеци,вечери шетавме кај што ќе ни текне фрлавме пари без врска може да се каже.Но сега полека ќе почнеме да си оформуваме наша фамилија :wasntme: па мора да се научиме да винимаваме а повеќе јас затоа што јас сум поголем трошач.
    Досега се беше од мама и тато но сепак знаев да си заштедам.
    Работам кај нас во дуќан не земам дневница секој ден некогаш моите ми дават неделно пари но повеќе кога ќе ми претребаат за нешто добивам колку што сакам.
    Бидејќи не сум секоја ден испадната на кафиња заштедувам многу има луѓе кои секојдневно за кафе трошат најмалку 150денари.За разлика од сестра ми јас нон стоп си имам некој денар + бидејќи таа е нон стоп излезена и многу троши.
    Си имам и јас касичка во која што собирам пари.Годинава ги собиравме со дечко ми цела година нешто ситно што ќе остане стававме во неа почнавме да ги собираме лани кога се вративме од одмор па се до оваа година пред да заминеме на одмор.Кога ја отворивме касичката и се пребројавме имавме собрано околу 4000 што е супер си ги сменивме во евра и ни се најдоа многу за на одмор. :)

    Бидејќи моите се цело време на работа а и јас и сестра ми им помагаме дома може да се случи по цела ден да нема никој.Порано мајка ми не се замараше со скапа и ефтина струја доаѓаше дома на 1-2 саати да направи ручек да вклучи болјер но сметките секој месец беа поголеми.
    Веќе 2месеци водиме сметка за тоа како да ја намалиме струјата.И успеваме полека .Се готви на ефтина струја да да готвиме навечер после 10саат и јадењето го оставаме за утре да има што да се јаде.Болјер перална исто се вклучува тоа време кога струјата е ефина.Климата се пушта само ако е премногу жешко и ја пуштаме по половина саат колку да се разлади дома и да е пријатно за седење :)
    Со тоа што внимаваме успеавме сметката за струја да ја намалиме за 800-1000 денари што не е малку :)
    Кредит за мобилен трошев многу но сега месечно со 200 денари поминувам супер вибер ми ја олеснува работата :D
    Сијалиците дома сите ни се штедливи и да знаете дека баш се штедливи за разлика од другите :lol:


    Многу и се радувам на темата се надевам дека ќе прочитам многу совети за тоа како да заштедам повеќе :) :clap:
     
  10. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Како да заштедиме?

    Ние дома не знаеме да штедиме. Кога ќе земат моите плата живееме една недела ко царој, а цел месец ко ѓупци. :rofl:
    Да се навратам на темата. Кога ќе ти останат ситни, железни пари, чувај ги. На пример направи една каса за денарчињата од еден денар, друга каса за денарчињата од два денари, трета каса за денарчињата од пет денари, четврта за тие од десет и по можност петта за тие од педесет. Другарка ми вака собра околку 10 000 за 3-4 месеци. И општо гледам многу луѓе берат така пари.
    Ма да мојот став е да не се штедат пари. Да се троши максимално. Нели парите се за трошење, а не за штедење? :lol:
     
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.592
    Пол:
    Женски
    ^
    Парите се за трошење но поубаво е кога си водиш сметка цел месец за се и гледаш да поминеш секој ден добро а не така како што кажа ти.Јас не сум за таков начин на живот 10дена од се до се а останатите 20дена од месецот да немам пари за основни работи.
     
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    lunicka алал да ти е. Браво.
    јас мислам дека највеке ке заштедам, кога ке ги оставам цигарите. Секој ден за цигари трошам 60 денари, а некогаш и 90, но нека биде ете во просек 70, а тоа е месечно 2100( 35 е) - сметка за струја.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Надвор од темата сум, ама морам да прашам, каде ги менувате тие железните пари што ги собирате по денар, два, пет денари....речиси во секој пост читам дека заштедувате по 3-4.000 ден, а каде ви ги сменуваат толку пари и сите во железни монети?
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Мене во локалните маркети,си прашувам дали им требаат ситни пари,претходно нели избројани и завиткани во хартија,и никогаш не ме одбиле.
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Јас моите и ги давам на тетка ми во пошта да ми ги замени (пошто таму работи) или пак во една маалска продавничка. :) Распрашај се до колку би сакале да ти сменат, повеќе од 500-1000 не верувам дека ќе сакаат..
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Мене во малската продавница или на патарина ( блиску ми е)
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    ПСИХОЛОГИЈА НА ТРОШЕЊЕТО И ШТЕДЕЊЕТО
    Дали навиките во штедењето и трошењето се програмирани во нашиот мозок?
    Сигурно барем еднаш сте се запрашале себеси зошто односот што го имате кон парите е таков каков што е или пак истото прашање ве заинтересирало за некоја друга личност. Ако спаѓате во групата на истакнати штедачи веројатно чувствувате задоволство секојпат кога ќе ви порасне контото во банката, а чувствувате незадоволство секогаш кога треба да купите нешто, особено ако сумата е позначителна. Ако сте пак од спротивната страна и спаѓате во трошаџиите, можеби дури сте и компулсивен купувач, веројатно имате став дека во животот треба да се ужива, а не многу да се мисли за тоа што ќе биде утре и дали ќе успеете да врзете крај со крај, па целосно им се препуштате на шопинг импулсите.

    Повеќето луѓе се со верување дека навиките во справувањето со парите ги добиваме од оние што не воспитуваат, односно најмногу од родителите, но истражувањата покажале дека нашите навики не се базираат само на тоа како сме биле научени да се однесуваме кон парите додека сме биле деца. Всушност, и реалноста го демонстрира тоа, постојат штедачи и трошаџии и во рамките на исто семејство, а да не зборуваме за пошироката фамилија. Има луѓе кои се родиле во сиромашни семејства а потоа стигнале до големи богатства заради својот однос кон парите и богати наследници кои буквално го „спискале“ целото богатство што им било оставено од нивното семејство.

    Но, сега се поставува друго прашање, ако не е начинот на кој сме биле воспитувани како деца она што е од пресудно значење за нашиот став кон парите, тогаш што е она кое е клучно за нашиот став кон нив?

    Експертите, по направените истражувања, сметаат дека биохемиските случувања во мозокот имаат најбитна улога во создавањето на нашите финансиски навики. За да утврдат што се случува кога мозокот е вклучен во носење на финансиски одлуки истражувачите ја набљудувале активноста на мозокот, а особено на една област што се нарекува инсула и која се активира кога доживуваме нешто непријатно. Колку повеќе се стимулира инсулата, толку помала е веројатноста дека ќе продолжите да го правите она што сте го правеле дотогаш. Кога се работи за пари, стимулацијата на инсулата може да ве спречи да ги трошите.

    Од друга страна пак, чинот на штедење, или преку зголеменото салдо во банката или преку обезбедување на добра зделка за некој производ или услуга, на штедачите им дава големо задоволство. Тие како победа ја чувствуваат таа добра зделка и ги преплавува едно убаво чувство кое се засилува со помислата дека ја избегнале нелагодноста која ја чувствуваат секогаш кога мора да потрошат нешто. Па така, ценкањето за нив е „повеќе од игра“.

    Ако одите во ресторан и сакате да нарачате јадење кое вообичаено чини 1000 денари, но го добиете за само 100 денари, тоа јадење ќе ви биде многу повкусно со оглед на тоа што сте ја избегнале горчината на цената. Од друга страна пак, ако во истиот ресторан го јадете истото јадење но не знаете колку чини, нема да уживате толку многу. Она што на штедачите им дава огромно задоволство е сознанието за тоа колку многу заштедиле.

    Од набљудувањата на активноста на инсулата и трошачките навики на испитаниците, истражувачите дошле до заклучок дека кај луѓето со поголема активност на инсулата се појавува значително зголемена склоност кон штедењето и обратно, кај оние со помала активност се забележува поголема склоност кон расипништво. Зборувајќи за овие два екстреми, проекцијата за трошаџиите е дека е голема веројатноста дека во животот лесно ќе дојдат во ситуација да влезат во финансиски потешкотии, додека пак штедачите ќе се најдат себеси во ситуација да жалат за голем број нешта. Знаејќи на која група и припаѓате, имате можност да си помогнете себеси преку создавање услови за некаква поздрава рамнотежа при справувањето со финансиските средства. Самата свесност за тоа е добар почеток.

    Да ги разгледаме подетално карактеристиките на двата типа.

    Трошаџии

    Во еден експеримент направен поодамна, во шеесеттите, истражувачите од Универзитетот Стенфорд, на деца од школска возраст им нуделе колачиња при што им рекле дека ако одберат едно и го изедат веднаш, нема да добијат и друго, но ако почекаат неколку минути пред да го изедат ќе им биде дадено и друго колаче. Односно, доколку успеат да ја одложат гратификацијата за релативно кратко време, ќе ја дуплираат добивката. Истражувачите на Стенфорд сериозно му се посветиле на овој експеримент, па ги следеле децата и до возрасно доба при што утврдиле дека оние деца кои успевале да ја одложат гратификацијата во експериментот, подоцна во животот имале поголем успех во однос на парите за разлика од децата кои сакале инстант гратификација, односно колаче сега и веднаш.

    Ако сте трошаџија, вие спаѓате во оние кои не можат да ја одложат гратификацијата. Слично како децата, доколку пред вас стои кеш, нема да можете да се воздржите премногу пред да го потрошите дури и кога постои можност подоцна да добиете двојно повеќе доколку се исконтролирате. Ако сте овој тип, тогаш веројатно немате многу голема заштеда во банка, но рака на срце и не сте премногу загрижени за таа работа. Вам ви причинувало задоволство да купувате разноразни производи и услуги и сте уживале во моментите кога сте го правеле тоа. Било убаво додека траело па со тоа и ви се засилила навиката. Но, ако сте забележале дека се движите кон поекстремно трошење и имате некое чувство во позадина дека сте изгубиле контрола врз ситуацијата, тогаш сигурно имате и потреба да се справите со ваквите навики. Ако е тоа случај, еве што може да направите за да си помогнете при контрола на вашите расипнички навики:

    1.Не употребувајте кредитни картички или слични кредитни линии. Кога користите кеш, принудени сте да размислувате и пресметувате колку точно трошите.
    2.Секогаш сами вадете ги парите од банка, така ќе имате јасна претстава кое е вашето салдо во даден момент.
    3.Плаќајте веднаш и на лице место. Нека не ви држат сметка на запишување во омилениот ресторан, кафетерија или маркет. Исто така, не плаќајте однапред во ситуации кога не морате, така ќе имате подобар преглед врз вашата актуелна финансиска ситуација.
    4.Гласно говорете за вашите штедачки цели. Ако им кажете на вашите блиски колку сакате да заштедите и до кој датум, тие вредно ќе ве потсетат на кажаното.
    5.Наградете се себеси кога ќе ги постигнете вашите цели во штедењето, но тоа не значи трошење на целата сума што сте успеале да ја „спасите“. Наградувањето е битно за да не си предизвикате некакво чувство на аверзија кон самата активност на штедење.
    6.Запрете се и прашајте се себеси пред секое купување дали навистина ви треба тоа што сте наумиле да го купите или само ви се допаднала идејата да го купите и поседувате тој производ.
    7.Одвојте си време да се соочите со иднината без оглед колку тоа да ви е нелагодно. Запрашајте се себеси и пресметувајте колку пари ќе ви требаат понатаму во животот, колку кога ќе се пензионирате или како и колку пари ќе ви требаат за да ги обезбедите децата и пред се нивното школување.

    Штедачи

    Во еден друг исто така во психологијата познат експеримент, на возрасни луѓе им била дадена можност да одберат да добијат веднаш 50 долари или да чекаат една година кога би добиле двојно повеќе, односно 100 долари. Истражувачите пред да го направат експериментот биле убедени дека повеќето луѓе ќе ја одберат втората варијанта, но се изненадиле кога увиделе дека главнината речиси без поголемо размислување сакала да ги земе веднаш оние 50 долари кои им биле понудени. Да ја тргнеме настрана довербата во истражувачите која можеби некои од испитаниците ја немале дека ќе ги добијат парите по една година, бројките биле и повеќе од убедливи. Инстант гратификацијата била многу попримамлива од дуплирањето на добивката. Штедачите се меѓу ретките кои би ја жртвувале инстант гратификацијата за да си ја осигураат двојната добивка.

    Овие луѓе се способни да живеат без многу нешта за кои повеќето сметаат дека се основна потреба, како на пример потопла јакна или мобилен телефон без излижани копчиња. Но, за нив салдото во банката е она кое им причинува најголемо задоволство, многу поголемо од било што кое би можеле да си го купат. Додека многумина мака мачат да врзат крај со крај и да го истуркаат месецот, овие луѓе дури и со просечна плата успеваат да дојдат до неверојатни заштеди.

    Карактеристично е за повеќето луѓе да чувствуваат задоволство кога ќе си купат нешто, но не и штедачите. Наместо тоа, тие се чувствуваат многу неугодно кога ќе треба да одат во шопинг (или поточно кога речиси ќе мораат), па ако им правите друштво во тој „зол час“ за нив, ќе можете да ја почувствувате нивната силната емоционална болка пред касата кога им наплаќаат. Но, кој е тој толку силен порив кој ги тера штедачите да одат понекогаш во екстреми загрозувајќи си го неретко и здравјето само за да заштедат плус уште некој денар? Што им причинува толку големо задоволство што се подготвени да се откажуваат и од обичните и не многу скапи задоволства што ги нуди животот?

    Експертите за оваа проблематика сметаат дека два примарни мотиватори ги придвижуваат штедачите: болката и задоволството. Ако вие спаѓате во оваа група на штедачи, а чувствувате дека немате доволно задоволство во животот, можеби е време малку да го „опуштите“ паричникот и да си дозволите од него да капне некој денар повеќе. Еве неколку практични совети:

    1Кога ќе дојде време да потрошите некој денар за нешто кое ви причинува задоволство, како одмор на пример, дистанцирајте се себеси од кеш плаќањето со тоа што ќе ја употребите кредитната картичка. Сигурно веќе се сте испланирале од финансиски аспект, колку сето тоа ќе чини, колкав ќе ви биде буџетот итн., така што едноставно не мислете повеќе на тоа и опуштете се.
    2.Гласно проговорете за вашите потрошувачки цели. Кажете им на вашите блиски што и кога планирате да го купите, па макар тоа и да е некоја здодевна потребштина која не може да се избегне и обидете се колку толку да уживате во тоа.
    3.Кога купувате нешто третирајте го тоа како награда за вредното штедење што дотогаш сте го направиле. На тој начин купувањето ќе добие на вредност во вашиот ментален концепт во однос на парите.
    4.Размислете за иднината, дали навистина сакате подоцна да жалите за голем број нешта кои сте можеле да си ги приуштите или направите само ако сте си дозволеле да потрошите некој денар повеќе?

    Расипниците и стиснатите луѓе се два екстреми на скалата на односот кон парите, но и да не припаѓаме во едната од овие крајности сигурно познаваме луѓе кои може да ги сместиме таму. Тие се реална појава. Во крајна линија сепак ние самите решаваме за нашиот однос кон парите и се што ни треба за да оствариме некаков баланс по ова прашање е подеднакво присуство на дисциплина и способност за опуштање. Доколку претерате во било која насока, применете некој од погорните совети за да се вратите на вистинскиот пат. Можеби вашата инсула е премногу или премалку активна, но за да воспоставите рамнотежа потребна ви е само поголема волја и свест за вашиот однос кон парите. Се вели дека тие го вртат светот, но не дозволувајте да ви ја поматат свеста во било која насока.
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.238
    Штедам многу, од се што можам.
    Не пушам, откажав цигари, 50 евра во џеб.
    Купувам облека за сите сезони, па можам да ја носам скоро цела година.
    Капути купувам на попуст, кога се на 50%.
    Гардероба во 98% од случаите купувам на попуст. Не патам по марки на алишта, така што гледам да ми стои убаво.
    Железните парички го собирам, уште не знам за што ке ги потрошам. Другите пари, колку и да останат од плата, во банка се, орочени. За да не можам да ги потрошам ако ме фати криза, туку да ја истрпам.
    Гасам лаби, клими кога можам да издржам.
    Книги купувам на попуст.
    Телефон трошам толку колку што ми е ограничено. За се друго, скајп, вибер, смс бесплатни, праќам маилови. Одам на одмор вон сезона, па така со 300 евра топ сме за двајца.
    Одам само пешки, преретко со автобус или такси. Станувам порано и пешачам насекаде.
    Шминка користам минимално, само пудра и маскара, некогаш кармин. Кремите ми се универзалки, за тело и лице и раце.
    Парфемите ми се со нормална цена, не се 100 евра.
    И сигурно уште на нешто штедам, ама не ми текнува на што.
     
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.961
    Допаѓања:
    8.675
    Пол:
    Женски
    За штедење,знам да заштедам пари.Не ги ставам дури ни во каса,туку си ги собирам во еден новчаник.И тоа собирање,може едно 3 години кај мене да биде :$ Ги собирам во новчаник зашто си знам колку ми се собрани,а ако ги ставам во каса (од оние што не се отвараат) ќе ме копка постојано колку имам соберено :tmi: Најпрво ме зафркаваа моиве,како сум можела толку да ги чувам.Па дури и ако имаа нивни заштедени пари,па да не ги истрошат на мене ми ги даваа да им ги чувам :lol:

    За дома пак јас водам евиденција,ми ја препуштија на мене зашто сум била голем штедач :wasntme:
    :!: Е само за книги кога доаѓа само за нив нема штедење.Зачленета сум во библиотека,ама изборот на книги што го има :tmi: ..одам со список од 10 книги,никоја ја нема.Па ми се развикаа,од кај сум ги вадела,..Ги прашувам да препорачат некоја книга,ми вртат зборови одоколу :geek:
    И да,за палта,чизми... исто и за нив се инвестира.
     
    На SparkyAngel, lunicka и LittlePinky им се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    За да заштедам, скоро секогаш морам нешто да си скратам. Дали ќе купам цедевита во кафич, а не нескафе, нема да купам цигари, некогаш нема да јадам во школо или ќе купам нешто поефтино.. Можеби тие 30-40 денари, па и 50 нека се денес не ви значат ништо и си викате, е големата работа не ќе се обогатам ама како викаат, капка по капка - вир. ;)

    Јас или одам од крајност во крајност, или сум трошаџика или штедаџика. Обично кога штедам, штедам за една или две поголеми работи, за одмор, за голем шопинг, за некое искачање кај што ќе се троши многу, пример од кафич во диско, па на јадење. Знам луѓе кои секој ден можат да си приуштат и шопинзи и кафиња, и муабетов им доаѓа чуден, ама јас порадо ќе гледам филм дома со другарка со нескафе од 10 денари, и истата таа 100ка ќе ја трошам некаде кога ќе бидам на одмор, или баш со таа 100ка плус ќе купам некое парче облека.

    А кога трошам нормално, без да се стегам на одмор дневно ми одеа 500 денари, и 100/200 денари плус.Таму и да сакаш, не можеш да штедиш, ти летаат парите ама и не треба. Не ги сфаќам луѓето што ќе се утепаат од штедење за пример да отидат до Грчка, за таму ќе имаат солидна сума на пари и од соба да не излезат, да се стегаат, не требало да се фрлаат пари. Епа, ако е така подобро ич не оди.

    Јас си собирам железни во шише од 1.5 л и имам собрано до пола (желба ми е цело :lol:) околу 2000 денари. Не го трошете кусурот на мастиче, крем банани и слично, баш тие 5-10 денари утре ќе ви свршат работа. А од крупни, сама имам собрано околу 6000 и веднаш ги претворив во евра, за да не можам одма да ги потрошам. Ги собирав за одмор, на крај за нешто друго ги дадов ама нема врска.

    Следен чекор кон собирање на парички ми е откажување од цигари, таму најмногу ми летаат парите и избегнување на купување разно-разни тракатанци, почнувајќи од менѓувчиња и пирсови до благи работи. Тоа само кога ќе сум со мама, од нејзин буџет. :$
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.