Понекогаш мислам дека моите желби им се исполнуваат на други луѓе. Ако, барем да не пропаднат, убави желби беа...
Koлку само светот би бил поубаво место кога луѓето не би се оптеретувале со онаа позната фраза „што ќе кажат комшиите“ и кога ниедна одлука не би зависела од истата...
Блазе си Ана Јас пред малце собирав алишта од надвор и дома сум си донела скакулец од оние огромните - Ска-ку-ли-ште, па коа ме погоди во чело немав време да се свестам дали ме боли шо ме перна така јако или да скокнам од фотеља. Добро сум, арна сум ама следниот пат САкам И Јас Пеперутче да си внесам дома
Знаете што? Не можам веќе да чекам. Сакам да одам на школо бе! Не е интересно дома. Ќе ми недостасува летото и сето тоа, ама школо си е школо бе. Има што да правиш, има со што да ти се занимава мозокот, а вака без обврски, цело време на глупости мислам. Сакам лето, нејќам распуст. Ете така. Ама не бе. Мене не може да ми се погоди. Гарант ќе ме читате цела година како малекам дека ми е преку глава од школото, едвај чекам распуст енд ол дет. Еве сред лето, а јас некако сакам да биде ладничко, и да се мушнам под јорганче да се стоплам. Дури со чорапи спиев за да го доловам тој ефек(а)т. Секако, несвесно сум ги соблекла преку ноќта. Ама не, стварно, цел биоритам ми се расипа за време на распустов. Си легнувам во 3, станувам во 12 ипол, поточно цел ден го преспивам. А ги обожавам утрата. Летните утра. Причина плус зошто со душа чекам 1 Септември. Како и да е, мене не ми се погодува. То е. *** Ептен сакам кога се туширам. Најмногу поради водата. Си пуштам ладна вода, само ладна вода може да те разбуди до коска. А најмногу сакам кога со ладна вода си ја мијам косата. Тоа чувство е неописливо. Ладна вода е решението на сите проблеми. :up: *** Не знам дали сум спомнала. Имам бебче, второ братучедче, до нас живеат. Срце тоа. Има три ипол месеци и затоа тешко е да го насмееш. Го возев прееска во количката, па го фаќам, го шепкам, му ги кревам рачињата, му зборувам и никако да се насмее. Тогаш ми текна како се смееше на баба ми, му правеше неприродни фаци и му викаше бум, бум, бум, бум... И јас ја фатив косата назад (бидејќи сум сигурна дека личам на чудовиште така со косата над него ) и со другата рака го штипкам насекаде, и најважен дел изгледам вака некако: Спојлер И верувале или не, се уби од смеење, па со тоа устичето без запчиња Се надевам дека нема да ги памети фаците што ги правев. Душиче мое.
Бесна сум. За првпат во животот чувствувам бес. Тоа е најодвратното чувство кое некогаш сум го почувствувала. Те обзема целосно. Те мота со огромен црн шал. Се гушиш. Ги стискаш забите. Пискаш. Се мразиш себеси. Го мразиш светот. Срцето ти е украдено од темната кралица. За момент се враќаш, го посакуваш назад од неа, но не може да го добиеш. Вдишуваш и издишуваш гласно, тешко. Го добиваш твоето срце. Но веќе не е истото. Доаѓа и омразата. Те нашминкува подобро од најпрофесионалниот шминкер. Веќе не си истата. Не. И никогаш нема да бидеш.
Ги бројам ситно деновите кои преостануваат за мојот одмор кој пристигнува. Нестрпливо ги чекам деновите кога ќе се будам покрај мојата љубов, кога Тој ќе биде последното нешто што ќе го видам пред да заспијам. Кога неизмерно нашата љубов ќе порасне и зацврсти уште повеќе. Уште еднаш ќе потврдиме дека тоа е тоа, дека јас ја гледам мојата иднина со него, а тој со мене. Несакам да мислам дека броените денови поминуваат, и несакам да мислам на денот кога ќе се вратиме...кога нема да сакам да си легнам, бидејќи не е до мене. Ќе мислам на сонцето, морето, вечерните прошетки и попладневните одмори. На игрите во вода под брановите, на новите слики и спомени кои ќе ги направиме и на кои еден ден ќе се сеќаваме и ќе ги бараме назад.
Сакам да кажам дека QweenSM ме зарази со тие нејзините брзи колачи кои што беше ги објавила пред некој ден во Фемина Инстаграм Многу сакам да готвам а голем плус ми е тоа што кога готвам не јадам И синоќа на моите дома им правев од колачот да си каснат после кафенцето,абе како сум им издекорирала мф мф Вчерва правев пак али си додавав од мене нови остојки да видам како ќе излезе.И ги покажувам на мајка ми и вели : несакам секоја вечер правиш по нешто ќе се здебелееме ако продолжиме така со јадење А јас пак: абе мамо пробај убаво е Абе не бе Не несака и готово.Доброоо од тука ги спакував и решив да си ја изненадам комшивката Абе радости беее по мене си знам колку ми е убаво кога некој ќе ме изненади со некој таков гест. И сеа убаво ми е на душичката радосна сум си како да сум направила којзнае што. Не е ништо посебно ама битно е да се доживее таквиот момент
На маж ми му направив козметички третман... чистење на лице, пил-оф маска (тоа му беше посебно искуство ), потоа хидратантна крема со масажа. Ми кажаа дека ќе ми плати 500 денари. Започнав "семеен" бизнис
Што научив од Америте за мојот престој тука. Дека сум многу понормална и попаметна неголи што мислев. Дека е нормално да читаш и да се едуцираш. Дека е сосема природно да не живееш како што сакаат другите, туку ти како што сакаш. Ми потврдија дека мојата теорија за почесто бањање е најнормална, само неандерталци може да трошат еден сапун годишно. Заклучив дека мојата потреба да се шетам сама, да одам некаде сама и да бидам сама, е оправдана - сам си се усреќуваш најмногу. Ме разубедија дека се глупави и неуки - запознав професори, доктори на науки, сметководители, лекари, информатичари, многу стеј-хоум домаќинки, запознав се' тоа, па до поранешни собарки и чистачки. Ќе се зачудите колку беа сите до еден начитани и прошетани, делумно е точно дека парата го врти светот и те носи чекор поблиску до слободата која ти е потребна за среќа... Ама горниот дел од општеството, оној кој можев да го забележам, може само вечно да ми остане за пример. Се восхитувам на постари жени кои ги користат истите шминки со мене, се одржуваат и мирисаат прекрасно дури и откако ќе испаднат од просторијата. Браво за нивната гостопримливост и љубезност, можеби и лицемерност, но барем е промена од мрштењето кај нас. Имав полна глава стереотипи кои ми ги срушија, полека, еден по еден. Дали јас имав таква среќа оваа годинс, но запознав внимателен народ, белосветски, со осет и стандарди кои јас мислев дека ако ги имам се премногу високи. А да, поголеми џентлмени и кавалери немам видено, нашиве можат часови да зимаат за да преминат од неартикулисани телиња во мажи. Со големо М! А од Македонци и општо од Балканци заклучив дека поголеми штетници ретко има, дека не треба ништо да ни се даде, дека се нема осет, желба за нешто плус од зелените банкноти и дека голема е шансата да преживеете ако јадете нешто различно 3 месеци од животот од тоа што сте го јаделе дома. Дека родителите во Македонија одгледуваат одлични паразити, неработници и мрзи, и си ги осакатуваат за цел живот. И штом тука успеав, успеав да отскокнам, да бидам меѓу најдобрите и најснаодливите, за мене небото е граница. Ма ни тоа не е. Како ќе ми фали оваа цивилизација за некојс недела, не сте свесни...
СДК дали сум само јас таква да се чувстувам навредено на пример ако некој дојде што одамна се немаме видено и не ме праша ништо,само едно здраво и да се сврти да прави муабет со друг? Дали само јас не можам да поднесам кога некој зборува само за себеси и не те прашува,а ти?
Па види да ти кажам, не, ама немам ни посебна желба. Бришам гомна пола ден - некој и тоа не знае да го прави како што треба и ме плаќаат како да работам во Собрание, а другата половина ја трошам да земам екстра денар. Мада што не сумњам дека и таму да се вработам ќе работам како што треба. Кај и да работам и со кого, па презадоволни се од мене и мене ми е супер. Дека секогаш тој што е вреден и работи како што треба, веднаш се приметува и отскокнува од другите, па после Петко е крив. Петко е крив што паѓаат на испити, што немаат работа, што немаат пари а никој не го мрда газот. Впрочем, и очекував некој ваков коментар, ама немам многу време - искрено ни желба - да се докажувам. Заработувам сама втора година по ред, видов повеќе од 90% на моја возраст, мене ми е прекрасно, па за тебе не знам.
Не знам да готвам во мало тенџере. Без разлика дали сме двајца или дваесетмина, си имам јас едно големо тенџере (не како за ајвар), троа помало и бутааааааај. Е баш тоа тенџере му е крв пред очи на моето мажуле, зашто штом го види, знае дека за ручек има манџа, а тој е еден од „обожавателите“ на ваков тип храна. Оној ден решив лажицата да заигра и после сите суви стрвулини, месишта и пржени макала, направив боранија. Знам дека на повеќето не ви е на список на омилените јадења, меѓутоа мм нејќе ни у бавча да ја види, а камоли на трпеза. Следува момент на вистината - доаѓа мртов гладен од работа, се вртка околу шпоретот, ја крева црпалката и констатира дека е среќен што ми текнало да направам чорба со макарони, оти не јадел уште од градинка. А јас со еден благотелеќи осмех -WTF??? Аааааааа, значи се соочи со неговиот најголем страв и ужас, а не го препозна. Супер! Чекам реакција...Си наполни чинија и си срка, јас гледам под едно око, не ми се верува дека јаде и му викам: „Земи си леб со чорбата!“, а тој ми возвраќа дека чорба макарони и леб не му ишле у комбинација. Изеде една чинија, прашува дали уште некој ќе јаде, да го дојаде остатокот. Мене веќе ми станува смешно и пак го нудам леб да земе, а он упорен НЕ, не одело леб со макарони. И некаде на среде на втората чинија го прашувам како му се допаѓа ручекот, тој мљацка, задоволен, па и ми вика да сум правела пак и му кога му кажав дека јаде боранија И многу ме нервира кога ќе тврди дека нешто не јаде, а всушност никогаш и не пробал.
Повеќето што ги познавам се вратија од одмор со прстени на рацете (верени, со среќа нека им е), со сувенири и слично, само јас се вратив со лонгета на ногата и со камен во бубрегот... Је*и га да не бидам со празни раце
Кога бев мала и одев на одмор со моите и кога ги гледав заљубените парови на одмор, си замишљав како еден ден ќе имам некој таков романтичен дечко, што ќе ме држи за рака и ќе биде љубовна врска ко Плажата на залезот да му се невиди. И после пораснав и сфатив дека уствари не те држи само за рака на одмор, а и дека понекогаш се јавува чувството за потреба од своја приватност пред потоа пак да си се споите. Ама ете тогаш мислев нон стоп се држиш за рака и се БАЦУВАШ. И да, ми делуваа многу возрасно и сериозно, иако можеби биле на моја возраст сега. Дали само јас се уште не се чувствувам толку сериозно и возрасно туку и други го имаат овој проблем?