Листерија, жолтица, син јазик меѓу домашните животни, дури ни тие не се поштедени Дали постојат служби за превенција, дали е нормално за толку краток период да се појават толку болести? Воопшто не се чувствувам безбедно и удобно во сопствената земја, како да сум во Африка.
Ја на пример батка... коса ми се крева кога ќе видам дека некој во брич, спарил 6 лист - 6 детелина - 6 срце. Значи се знае, срцето оди во средина! Или баклава, сеедно. Црно, црвено и црно. Не може ти да спариш црно, црно и на крај црвено. Не иде едноставно. И се знае дека црн џоџо иде измеѓу црни карти. Не може сеа цела спарка црвена од 1 до 5, а џоџото да ти е црн. Штрчи. Ако имаш две црни шестки и црвен џоџо - џоџото иде во средина. Не може на крај. Да имаше две различни шестки, црвена и црна. Тогаш ќе можеше на крај, на пример. Ама пред црната. И не може ти да спариш 5, 4, 3. Не се брои од назачки. Се оди од 3, па 4, па 5. Не ми пречи тоа што тепихот во детска не е усисан не памтам од кога, ама ми пречи ова.
Во слаткарницата вечерава до нашата маса седеше една постара жена,на околу 70-на години.Скромно и убаво облечена.Јадеше парче торта.Со фини ,одмерени движења ги земаше малите залачиња со лажичка и ги бришеше краевите на усните.Седеше сама,а околу неа буквално сите маси зафатени.Можеби има некој дома.Можеби нема.А мене ми остана некоја грутка во градиве. Татко ми го нема,мајка ми старее секој ден.Се запрепастувам кога ја гледам како се смалува и секој ден добива некоја брчка.Им бев ли добра ќерка?Нема зошто да се гордеат со мене,како братучетката на мајка ми која со полна уста се фали за нејзината ќерка,за нејзиниот успех,сопруг,школувани деца. Уште колку време ни останува?И си замерувам сама на себе,што понекогаш не сум пострплива,што некогаш не знам да си го гризнам јазикот кога ме изнервира и налути.И што не ја гушкам повеќе и посилно секојдневно.
Официјално се прогласувам себеси за невидлива личност. Штом покрај 50 луѓе околу мене и 4 фотографи, ниту еден ме успеал да ме види, ниту ме има на фотографија, што друго ми преостанува?
Овие инсективе во лето ама се досадни. Сабајле утепав еден скакулец, вечерва во времетраење од 1ч утепав 2 смрдливки, 3 одвратни пеперутки од оние темнине, 4 лебарки и 5 комарци. Смрдливките лесно е да ги утепаш, само што проблемот е што откако ќе ги утепаш, шират многу пријатен мирис. Брат ми ми рече браво бе дадо херој си. Доколку ви треба помош нешто за вакви штетници по куќи само ! Поздрав, одам да уловам уште некој ваков непожелен гостин.
^Повели кај мене. Добредојдена си. Ако нема 20 комарци во дневнава, глава сечам! Се е изгасено, само компјутеров свети и ете ти ги пак! Многу се досадни... *** Знаете што сакам? Сакам ветер. Да дува силно. За момент, студот да ми допре до коските. Несакам облаци и дожд. Сакам само малку ветер. Да ме освежи, да ме наполни со надеж, желби и трпение. Малку да одморам од ова досадно, тесно и топло секојдневие...
Ехх,времињата кога „гулабица’’ не беше навреда. Носталгија ме фаќа. Се спремам за излегување,и баба ми ме гледа и ми вика дека сум била како гулабица. Абе се надурлив Ми идеше да и ја испеам Џони Далавера Дали ти си таа,таа баба Вера која да јадам постојано ме тера за тебе се збори добар ајвар правиш пиперките ги сечеш мува не те лази,сега почнувам четврта,следна година матура,дај некој денар чисто од култура,не мора денар,сепак од Македонија си,мала пензија имаш,само ајвар подај ми,со сиренце и лебче,на Хрватски „круг’’,мене ми треба само еден ајвар лут. Абе детенце сум. Ми одеа стихотворбите кога бев прваче Ме фаќа носталгија некоја бе. Сакам да сум прваче пак. Некој на фб ставил слика со чунга лунга цигара,и напишал smoke weed everyday. И ме фати носталгија по чунга лунга цигарите бе Косава ми се мрси во последно време,и кога бев мала исто така ми се правеше,и си викав дека некој пајак ми ја плетка навечер,и сега пак се сетив на тоа. The return of the пајак. Spiderfrizer 2 Нејќам на факултет. Сакам назад во градинка.
Барам, барам. Aма џабе И стваро се чудам како може да нема чипс Kако дојде до оваа ситуација јас не знам, ама сега знам дека уште толку се изморив барајќи пола саат чипс дома, што сега поише ми се пријаде Ќе се разбудам сабајле со радоста во мене дека ќе идам во продавница и чипс ќе си земам Eдвај чекам
Е сон не ме фаќа Утре сум на свадба на другарка ми, ај што е таа возбудена, на моменти нервозна, ами јас? Тек сеа нокти правев, ми умее па, ( не умрела ѓупката и не се фалам ) ама стварно, со неа секогаш си ги правиме една на друга и баш ни се убави. Само тоа сакав да кажам, среќна сум за неа многуууу. Ќе пијаам ќе лумпуваааам . Се шалам какво пиење, трезна дали ќе издржам на тоа штиклине од утро до којзнае кога. Пријатна ви вечер феминки.
^^ Да ти пратам чипс од кај мене дома, и така никој не го јаде. Да, такво семејство сме, никој не јаде чипс, смоки или било какви други солени грицки. Ако се купи некое пакетче стои така со недели, а може и месеци се додека не дојдат гости па да го отвориме. Може чудно ќе ви биде Иначе сдк дека сфаќам колку е тешко кога созреваш и стануваш возрасен. Кога најтешките одлуки за својот живот мораш да ги донесеш сам. И сам ќе си бидеш крив ако не си одлучил добро. И сам ќе си ги сносиш последиците... Незнам веќе главата кај ми е, шубаво ми беше кога мама и тато ми одлучуваа за се
Утре ќе биде напорен ден. Кога сите беа на одмори одвај наоѓав со кој да излезам навечер,сега сите нападнаа се вратија во исто време со кој попрво. Па уште почнале да се лутат. Утре три средби,излагам во 12 на пладне се враќам во 2 навечер. Ама едноставно така функционирам јас,цело време мора исполнето да биде,ми се смачи од излежавање по цел ден. Сега за сега добро оди диетава,еве денес е веќе 4 ден како ја држам,и има напредок. Имам уште многу ама битно се решив и конечно почнав од негде. Сега се мислам што спорт да почнам од септември. Изгледа ќе биде пливање,ќе видиме. До мене е,или Пиволенд е тапа годинава? Бев вечерва и го фатив Тајзи,незнам зошто ама неможам да му ги поднесам песните... Не додржав до Тамара,досадно ми беше па сменив локација. Утре викаат подобра ќе била програмата ама според мене минати години било подобро
Напорна работа е пмс, живчана, се живо и диво да шетало по нерви, те на лево, те на десно и опет иста постапка
Има ли нешто пострашно од скакулец, и тоа дома?? Никогаш, никогаш, ама ни за милион години, ни ако имам црн појас во карате, ни ако Чак Норис ми е дедо, нема да престанам да се плашам од инсекти.. Никогаш!
Од засега непознати причини се чувствувам како идиот. Сериозно се чувствувам како peace of shit, глупава, проста, грда, најголемата будала и не ја знам причината за тоа. Всушност, ми се јаде, ама слабеам
Пиши ми адреса на живеење или телефонски број и стижем одма! Хахаха најмете ме бе бесплатно за вас феминки, а можеби и ќе си почнам бизнис што ќе ми фали.
Постои ли тој херој на светов? Немам зборови.. Блазе си ти бе девојче, алал да ти е! Јас мислам дека треба да си направиш една служба за истерување на скакулци од домовите на кутрите плашливи феминки... Па можеш ли да замислиш на колку од нив сега му смета скакулецот и не можат да си постираат ништо зошто му застанал на монитор??? Тоа ќе биде голем плус и за форумот, остај друго.. Ништо, од денеска те прогласувам за херој! Како е почнато да му се прави споменик на се и сешто, ваљда ќе може и тебе да ти подигнеме еден... Ајде, прво докажи се, па за другото не му се секирај.. Фамата ќе си дојде сама по себе
^Абе мене ко хоби ми е да ги тепам, кога ми е досадно ау рај. Интересно ми е да ги тепам. Е не сакам споменик не не, ни слава. Онака ќе си ги тепам јас, for fun.
I am back! Одморена, поправена 2 кг, освежена со убав тен спремна за нови предизвици. Морам да признаам одморот ми годеше. Моментално баш и немам некоја инспирација да пишам нешто уште впечатоците си ги средувам. Онака сакав само да Ве поздравам и да пишам дека периодов почесто ќе бидам активна на фемина. Останете ми во добро расположение, Добра ноќ