1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека налетувам.
     
  2. SleepyBeauty

    SleepyBeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    58
    Најпрво едно здраво. Не знаев каде да го пишам ова. :D Сакам советче и од машка и од женска страна. :lol:

    Се запознав со еден дечко. Работеше кај мене во комшии и кога ќе се сретневме имавме по некој ред муабет. Еден ден го викнав на кафе и дојде. Си се расприкажавме и после мораше да оди да не го чекаат.
    Му дознав име едно друго и го најдов на фејс. Не го додадов пошто видов дека има девојка и заклучив дека идат неколку години и глупаво ми беше.
    Вчера му беше последен ден тука на работа и како здраво здраво едно друго, ме праша што правам, викам пијам кафе, наздравје, фала и повели и ми вика ако имаш време стави едно. И пак муабет едно друго. Еден куп работи си кажа за него, ептен отворен муабет си правевме, а во ниеден контекст не спомна дека има женска, па дури и за на одмор кога кажуваше што како бил...
    Ми остана во мисла, ептен ми се допадна и карактерно и физички, а не знам дали да се обидам да задржам контакт со него, да го додадам на фејс или нешто такво. Сакав да му побарам некаков контакт ама викам ај да не се изглупирам само. Може само му се допаднал муабетот, може не осетил симпатии да речам, како јас што осетив за него.... Малку сум во збунка и сакам да слушнам и други мислења. Ептен, ептен ми се допадна. Додека беше тука постојано паметот ми беше на него... Ама...зафатен си е.... :geek:
    Кој е расположен нека даде некое мислење. Фала :)
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Едно друго батали го.
    Не трза на тебе, или можеби ама не за озбилно :o
    Кога бре ќе се научите да се изразувате?
     
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека си има женска и пак прашуваш.
    И не сум сретнала машко кое отворени ќе признае дека е во врска/брак.
    Ако ти е за другарство ок, но тој си има женска и најдобро е да не се мешаш таму.
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Абе кое другарство, сакаат да се опнат.
     
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Епа нека се опнат тогаш шо сега, на крај пак таа ќе биде повредената.
    Тој секако ќе си се врати со женската, затоа не треба да се заплеткува во вакви работи.
    И кое е тоа машко што ќе признае дека има женска? Никое.
     
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Веќе не ме ни изненадуваат вакви смешни мислења. Би рекол глупави, ама не сакам да се навредиш. :( (за болдот)

    Како тоа кое машко ќе признае дека има женска? Секое машко кое има женска ќе признае. Еве јас на пример заедно со сите машки кои имаат женска. Женска не е дијареа па да се срамиш од нејзе.

    Сепак, она кое е важно за муабетот на Заспаната убавица е дека многу често и јас не кажувам дека имам девојка во одредени моменти, бидејќи никој тоа од мене не го бара. Не приоѓаме кон девојките со единствена цел да ги изебеме во следните 25 минути и да си одиме. Комшика му е, прави муабет со неа како со секоја друга личност во маало.

    Ако го прашаш директно, сигурно ќе ти каже дека има девојка. Ако го прашаш директно, ама ти каже дека нема, односно те излаже, тогаш лесно е. Одлучи дали сакаш да го легнеш и да пробаш да го здиплиш од друга девојка или ќе се потпреш на морал и ќе го оставиш на страна. Како и да е, дечко у којшто лежи добар муабет не се остава. Не мора да сте интимни, добар чоек за муабет е злато у денешно време, па дружи се и чекај да видиш каде ќе одат нештата. :emo:
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Еловес има машки што си кажуваат дека имаат девојки, а има и машки што кријат. Така да неможеш да бидеш толку сигурна.
     
    На Baby-bubu му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Прашањето не е да го дискутираме дечкото и тоа дали има девојка туку девојчето праша нешто друго. Јас си го кажав моето мислење а немора секој да се согласи со него. Јас си зборам до моја гледна точка оти од сите машки што сум ги видела а се во врска никој не го признава тоа. Братучедка ми е, роднина, другарка, само на фб, одамна раскинаме ама врската стое бла бла бла илјада изговори. Сигурно дека има и кои признаваат ти ако ја сакаш девојка ти може ќе признаеш ама да ти напоменам дека има девојки кои се маваат и со женети, а не пак во врска бил. И таа веќе ко видела на фб можела да го праша за да си знае за сигурно. Е сега машко како машко не спомнал ништо ама ако виде дека таа е заинтересирана за него нема ни да спомне. Има секакви машки ама има и секакви девојки. И тоа што не признава не значи дека се срами од неа значи дека може ја сака, може и не (му минал меракот) и си вика ако имам шанси со некоја друга зошто па да не. Со женска ми ќе си се вратам кад тад она ми е сигурна. Мислам реално малку да погледнеме. Незнам колку години имаш ама денешните млади барем повеќето ти се такви. Ако ти кажам дека продавачот овде од кај нас од продавницата женет е околу 30 години ми се удвараше на сред улица како ќе реагираш? Ако му кажав добар ден му кажав од култура не за друго. Дури ми рече "знам дека ме сакаш" :puke: Така да конкретно за девојчето ако мисли нешто со него нека си се откаже дур и е време, човекот си е зафатен.
     
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Eloves види, момак што е возрасен, а патем и вистински зрел, кој има карактер, кој знае што има до себе, кој има сериозна врска, кој си ја сака и почитува вистински својата девојка, со која планира иднина, никогаш и од никого нема да ја скрие. Баш напротив, да може на сите ќе раскаже дека има девојка и со гордост ќе збори за неа и ќе ја покажува.

    Оние што кријат, искрено да ви кажам мене лично секогаш ми биле сељаци, неизживеани кукавици, луѓе без карактер и сум сакала да бидат што подалеку од мене. Во ред, јас разбирам дека на секој може да му се случи да заврши љубовта во една врска. Ама биди маж бре, земи раскини и' на таа кутра девојка, па прави што ќе правиш. А не, подмукли игри, лажење, лигавење... Бљак...
     
    На glosipgirl, Rose96, Baby-bubu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Го спомнав и јас тоа само зависи кој како ме сфати. Како и да е намерата не ми беше да се караме туку само да кажам дека има секакви момци. Точно дека има и сериозни и се, ама реално зборено има и некои кои се во врска а трча по првата што ќе ја сретне на улица. Има такви и кои и се во брак па се мава лево десно додека дома жена му пере, чисти, готви. Има секакви. Тоа што тој не и спомнал дека е во врска немора да значи дека се крие ама па и се е можно. Таа може требала уз муабет да го праша одоколу да види како ќе изреагира, чисто онака. А ако речел дека е слободен? А на фб видела дека е во врска или пример некој друг и кажал. Дали и тогаш на Капетанот моето мислење ќе му беше смешно и глупо незнам.
     
  12. nikolija26

    nikolija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    590
    Здраво на сите сакам да ве поздравам сите, јас сум нова на форумов и се надевам дека ќе се дружиме.
    Вака имам еден проблем и ми требаат вашите мислења и совет. Имам 18 години и бев во врска 2 години.
    На почетокот се беше во ред, но последната година се се промени. Тој е многу љубоморен, но и со тоа се справував некако.. ме навредуваше секогаш му простував и се враќав кај него. Ми раскинуваше за глупости но ајде на крај пак ќе се смиревме и сега последниот пат ми раскина бидејќи се мисли дека јас го изневерувам и незнам што, а тоа воопшто не е точно никогаш и не сум помислила на тоа. Му велам прво дознај дали тоа е вистина а тој нема што да дознавам така е а и да не е поарно сега оти кога и да е ќе ме изневериш. А од друга страна ми вели те сакам, јас навистина незнам што е проблемот и еве со денови се мачам, но знам дека не сум виновна. Разочарана сум и тешко ми е многу ве молам помогнете ми. Ви благодарам
     
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.464
    Па тој убаво ти кажал,и да не раскинете сега тој секогаш ќе те измачува со тоа дека си го изневерила.Прилично си млада,зарем треба на 18 год да поминуваш низ ова,наместо да уживаш во животот во период кога не би требало да имаш некакви грижи.И да,ова ама воопшто не личи на љубов.Дечкото е без трошка самодоверба и веројатно полн со фрустрации,така да не ти го треба.
     
    На nikolija26 и Rose96 им се допаѓа ова.
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да трпиш цел живот да те измачува, врати му се.
    Љубомората е опасна работа за секоја врска. Постојано ќе те малтретира и нервира.
    Болдираното што ти кажува?
    Батали го сега отколку кога ќе биде доцна. Таков човек не ти треба.
    Тешко ќе ти е одреден период, ама затоа после мирна глава.
     
    На nikolija26 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Од моја гледна точка сама си си виновна. Што бараш со таков човек? 18 години најубавиот период од животот кога треба да уживаш, да излегуваш, да се забавуваш а не да дозволуваш некој да те малтретира на ваков начин. Ако тој сега е болно љубоморен и постојано му се вртат некои филмови низ глава замисли што ќе ти прави ако бидеш во брак со него. Тргни се од таа врска. Зар немаш ни малку гордост и дозволуваш некој да те навредува и да си игра со тебе како ќе му текне. Па ти на улица ли си најдена? Дали те сака неможам да проценам ама љубомората е болест. Ако останеш со него тој пак ќе те малтретира и самиот ти кажал дека мисли дека ќе го изневериш и поради тоа пак ќе ги прави филмови. Не се понижувај до толку и не дозволувај вакви работи имај си свое ЈАС и раскини му и не се враќај тој не ти треба.
     
    На nikolija26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Ај Ај, не си 15годишна па да бидеш збунка. Убаво си кажа, има женска и сигурно му е сериозна и долга. Треба одма што видиш дека има женска, тука треба едно големо СТОП да си кажеш и да си продолжиш, Едно здраво е добро. Зошто би осетил симпатии ако има веќе женска?
     
  17. nikolija26

    nikolija26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2014
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    590
    Ви благодарам за советите, јас ќе можам да го преболам ама многу ми е тешко ајде да направив нешто за да го заслужам оваа, ама јас ништо не направив. Ете тоа е што највеќе ме боли :(
     
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Свесна си за ситуацијата. Ако ти самата себе не се почитуваш доволно и му дозволуваш тој да си игра со тебе како ќе му текне, не верувај дека некогаш тој ќе те почитува. Таквите луѓе никогаш нема да се сменат.
     
    На nikolija26 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Искрено, не треба ништо да направиш да дојдеш во оваа ситуација. Едноставно некој луѓе се такви. Млада си ќе си најдеш некој идеален за тебе.
     
    На eloves и nikolija26 им се допаѓа ова.
  20. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Дечко ти е посесивен манијак. Љубомората е добра во мала мера ама тоа што тој го прави е веќе болест. И колку и да ти кажува дека те сака, се однесува како кретен. Малку контрадикторно е сето тоа. А ти запрашај се дали на 18 години вреди да си ја чукаш главата за некој кој не заслужил. Тоа неговото не поминува така, на таквите лица има треба професионална помош за да си ги излечат своите комплекси на инфериорност (затоа што нели, љубомората најпрво потекнува од ниското мислење за себе, односно тоа дека сите се подобри од тебе, па зошто да е со мене кога може со некој подобар).

    А ти се додека си трпиш, никогаш нема да се промени ништо. Сите се срцки на почеток на врска, дури покасно се покажува кој каков е стварно. Тие најсрцкастите на почеток често се и најлоши.
     
    На SparkyAngel и nikolija26 им се допаѓа ова.