Аманет" е нова семејна комедија која својата премиера надвор од Турција ќе ја има најпрвин во Македонија. Главните улоги во серијата ги толкуваат добропознати турски актери од други серии (Кога лисјата паѓаат, Имотот на дамата, Зет домазет), а музичката тема "Yadigar" ја изведува Yonca Lodi. Снимањето на серијата е планирано да заврши следната година. Овој период завршуваат турските серии "Една силна жена", "Приказната за девојката од планината" и "Страдалничка", па така освен "Аманет" очекувајте и други турски серии на Канал 5. Содржина: Јадиѓар е млада, убава, своеглава, бунтовна и силна девојка која живее во Антеп со сопругот и двете деца. Еден ден, таа дознава дека сопругот ја изневерува веќе подолго време и решава да го напушти и со дечињата да се врати во семејната куќа на својот татко. Нејзиниот татко ја убедува Јадиѓар да се врати кај мажот, иако таа не ни помислува да му прости. Во куќата на татко и, Јадиѓар наидува и на ладно однесување од нејзината маќеа, која не ја сака девојката во куќата. Но тогаш се случува нешто што го менува животот на младата хероина. Јадиѓар наоѓа писмо од нејзината покојна мајка која вели дека и оставила некаков аманет кај пријателката Хусне, аманет за нејзината ќерка која треба да го побара во тешки времиња. Па така, Јадиѓар заминува во Истанбул во куќата на Хусне да го побара наследството од мајка и. Тој аманет го менува не само животот на Јадиѓар, туку и животот на сите оние кои живеат и ќе живеат во таа голема куќа. Смешната Хусне живее среќно заедно со нејзиниот маж Бахатин, двете ќерки Арифе и Џејлан, двете братучетки Салиха и Елмас и слугинката Хаџик. Животот на Јадиѓар и веселото семејство станува уште покомплициран кога во куќата се враќа братот на Хусне, Џиван кој работел како готвач во Италија и сега доаѓа да живее во Истанбул. Тој се вљубува во Јадиѓар, а и таа во него. Но Хусне и Бахатин кријат една голема тајна од девојката, една тајна која е поврзана со аманетот од мајката и која се заканува дека ќе ги разгори пријателствата и семејните односи. Улоги: Gökçe Bahadır (Јадиѓар), Caner Cindoruk (Џиван), Uğur Yücel (Бахатин), Binnur Kaya (Хусне), Ayça Damgacı (Хаџик), Bilge Şen (Елмас) и др.
Аманет(Канал 5) Пак грешка во превод на серијата. Серијата се вика “Aramızda Kalsın “ - во превод “ Помеѓу мене и тебе" https://www.youtube.com/watch?v=vIjnjmPbcTM
Аманет(Канал 5) Како за почеток добар е филмот онака комичен, само имињата им се многу смешни на сите, не се некои познати имиња кои сме ги сретнувале во други серии Главната хероина Јадигар ми е многу убав пар со Џиван , пред некое време гледав нивна заедничка реклама..ајде нека се спојат и во реалниот живот ионака се сингл
Мене едно не ми е јасно, нели ги спојуваат оваа Јадигар и Џиван, а велат дека Џиван е брат на Хусне а мајка и на Јадигар сестра на Хусне.. По некоја логика овој и доаѓа вујко на Јадигар
i mene ova ne mi bese jasno ama pogore vo tekstot pisuva "kako sestra" za Husne i majkata na Jadigar Amanetot e dukanot izgleda
Исто и јас мислам деκа аманетот е дуќанот, нели во вчеρашната епизода тој бρојот од мапата бил дуќанот.
Или изгледа плацот бил нејзин па тие го искористиле, што е полошо Она девојчето, не знам како се вика глумеше во Величествениот како Михримах, многу е слатка На Џиван не можам да му се изнагледам, па и кога ќе се насмее
Серијата е од оние ретките (турски) што ги гледам и многу ми е интерсна, смешна а и Џиван е срцка..насмевката му вреди милиони
Најјаки ми се Хусне и малиот дефинитивно... Се изнасмеав кога на веридбата од Џејлан едната од тетките облече кафтан за да била како Хурем султан Исто и со меленото месо Оние двата па секој ден во исти тренерки како договорени!
Секој ден ја гледам серијава...ептен е смешна хехеххе....Посебно Хусне...само нешто јаде, само прави некакви глупости....преска во сауната ем не може ем тера инат нејќе да излезе, па слугинката кога прави некои фаци при зборење ..хахаххахахха Ептен е смешна сега за сега серијава
Колку епизоди е филмов? Што че се случи понатаму??? https://scontent-b-fra.xx.fbcdn.net/hph ... 5662_o.jpg тренерките ќе имаат струја-бакнежи хусне ќе е бремена слугинката ќее со тој што ќе биде со онаа што се откажа веридбата?
Од Турски серии СКРОЗ се откачив, ама серијава знам да ја заглеам чат-пат ради Назира/Хусне. Јака актерка е, права комичарка нема што
Хусне е пријателка на мајка и на Јадигар.Наследтвото е во градот каде мајка и на Јадигар е родена а потоа се омажила во друг град каде што живееше Јадигар со мажот и и каде што живееше и татко и со маќеата. Јадигар била мала кога мајка и се разболела и свесна дека мажот и (таткото на Јадигар) ке се прежени наследството од градот каде била родена го остава на пријателката Хусне да се грижи за дуќанот се до пололетството на Јадигар.Јадигар живеела со маќеата и таткото се до незината мажачка а Хусне и Џиван ги познавала додека била мала и додека мајка и била жива и ја носела на гости.Така да Џиван не и е вујко на Јадигар. Инаку Јадигар е Лејла од “Лисјата паѓаат“ а Џиван е Кемал од “Имотот на дамата“ само со поинаков имиџ од Кемал кој беше селанец. Кемал Џиван