Дали на некоја од вас после подолго фарбање почнала да и станува косата ваква? Спојлер Мојата коса е права, се фарбав некое време и почнав а забележувам дека во некои делови косата почнала да станува таква „виткана“. Сега веќе подолго време не се фарбам и немам такви влакна.
Ја се фарбам плава веќе 5 години и косата ми е уште права каква што ми беше и претходно. Тоа може да е од нешто друго, ама од фарба сигурно не е.
Јас денес се офарбав црна. Најцрната ја земав од Гарниер, ваква: Ептен убава ми испадна, дури потемна од паковката со теѓет отсјај, ептен ми се допаџа.
Јас се фарбам 3 години и не ми се случило вакво нешто . Не верувам дека од фарбање може да се направи од права - виткана и обратно, можеби ти е од нешто друго, незнам.
На мојава коса имам забележано такви влакна, инаку имам долга и права коса. Ама не ќе да е од фарбање, инаку се фарбам скоро 5 години, на почетокот скоро секој месец, но сега оладив и на пола година се фарбам. Имам забележано дека имам мн. такви виткани влакна, ама земајќи во предвит дека не сум фарбана 3 месеци тие така си стојат. Инаку мајка ми има виткана коса, па веројатно генот за виткана коса и кај мене малку се разбудил. хехехехе
Pred nekoe vreme se napraviv ombre no primetiv deka eden pogolem.pramen ne mi e dovolno osvetlen pa me interesira dali mozam da go isvetlam so hidrogen (9%,12%)? Ima nekoj vakvo iskustvo ili sepak ke moram da stavam farba?
Црна боја од Гарниер Колор Натуралс има само една, број 1.1.А црно-тегет е 2.1. Бојата има убав сјај поради трите видови масла и косата ја прави мека и свиленкаста.
Девојки дали некој ја користел фарбава и дали е добра дали паѓа брзо? На намаление е во дм па ја купив
Само со хидроген незнам дали ќе може, хидрогенот со бланш се меша па тогаш осветлува. Оди си на фризер најубаво
Ваква земав иста како на сликава, пишува 1+ ultra black така нешто беше.1 беше обична црна, друга црна не видов.
Се разочарав сега никако неможам да си погодам некоја катран црна со убав тегет сјај дајте предлог за долготрајна убава фарба користам гарние ама некако не сум задоволна по две миења црвен сјај добивам
Пробај ги фарбите на Еволушн и не се скапи 240 ден е една хидроген се докупува и не паѓа бојата како другите фарби , јас се фарбам плава и еве скоро месец како не сум фарбана сосем малку ми се гледа коренот
Па читкав низ темава се мислев за еволушн ама ја земав веке таа па сега ке се исфарбам па здравје следен месец ке земам една од тие две, пошто сакам да добијам ептен црна
Јас ја шатирам косата уште од 4то одделение, затоа што имам таква коса што ми се мрси нонстоп и поради тоа и сега немам проблем шатирана ми е и многу си ја сакам