Здраво Менелеле, јас сум моментално 29та недела, па да ти го раскажам моето искуство со хематомот. Уште во 7ма, 8ма недела ми кажаа дека имам веднаш до ембрионот нешто како собрана крв, но не беа сигурни дали е второ бебе (што не успеало) или хематом (згрутчена крв). Битно е што препорака ми беше до 12та недела да одмарам и да се чувам и си пиев терапија Дабростон по 2, наутро и навечер. Така и правев, се беше во ред, точно во полна 12та недела бев на преглед, со бебчето се беше во ред и ми рекоа дека тоа што било веќе се повлекувало и не е ништо страшно. Само 2-3 саати после прегледот, кога си отидов дома, и гледам крв извира од мене, како да сум добила менструација....се испаничив максимално, се јавив на докторката и веднаш ме смири, ми рече иц не се плаши, немај гајле, тоа е тоа што го гледавме, веројатно е хематом, и тоа или ќе го исфрлиш или организмот ќе си го апсорбира и ќе си исчезне внатрешно. Ми рече легни со нозете нагоре, ако за еден саат не престане крварењето, ќе дојдеш. И бидејќи не престана, отидов на дежурен гинеколог, ме виде, ми стави инекција Утрогестан и ми препорача ноќта да останам таму, за да го следат крварењето. Иначе ми потврди дека нема никаков допир со бебето, тоа си беше супер го виде на ехо, и дека е подобро што на хематомот истечил за да не ми направи внатре некои компликации. Ме следеа дали бојата на крвта е свежо црвена или темна кафенкаста, каква што треба да биде, зашто хематомот е стара згрутчена крв. Цела ноќ лежев таму со карлицата крената нагоре, и до утредента крварењето престана и ме пуштија дома, но со препорака за 2 недели боледување и мирување, што е можно повеќе лежење и одмарање, станување од кревет само за во вц и за јадење. Така и направив, тие 2 недели и уште една после тоа, крварењето престана но на секое бришење во вц имав кафенккасто на хартијата и со тек на време тоа престана. Во меѓувреме си пиев Дабростон кој морам да признаам дека цела бременост осеќав како ми помага. Сега сум 29та недела, освен тој проблем до сега не ми се јавило ништо после тоа, така да сакам да ти кажам да не се плашиш ако е обичен хематом, многу трудници го имаат тоа, и да добиеш крварење, не дај Боже, да не се плашиш и да ги следиш упатствата на лекарите, зашто во мојот случај и во сите други што се распрашав и знам, тоа е нормално и ако се одмара и лежи во тој период, се ќе помине како што треба. Дај Боже кај тебе да си помине сам по себе, што помалку нервози да имаш околу хематомот, ама сепак, не се плаши, и инсистирај да се следи, до каде е, како е, дали уште е таму...и пиј обавезно нешто како Дабростон, на таа база, многу помага. Одмарај повеќе, не кревај тешко и без нервози. Со лесно нека ти е, ти посакувам релаксирана и пријатна бременост.
фала ти многу што се ми кажа фала ти. Зошто ја имав лани спонатан и сега сум оптоварена со тоа само бели гаќи носам и само проверувам. Ама сега ме утеши дури и да имам нешто барем да не паничам. Инаку од денес ќе почнам со Утрогестан вагинално, а досега пиев добростон. Фала ти уште еднаш и со леснооооо
јас зошто добивав или на 25 или 27 ден, мене на 25 ден ми дојде менструација такво кафеаво приквечерта на мала улошка. Се утепав од плачење цела вечер и кога станувам сабајле немам ништо и во текот на целиот ден само две капки кафеавко. На 27 ден немав ништо и веќе утредента правев тест и бремена. Нешто како лажна менструација. Тоа е моето искуство. Поз
Мешиња знам дека има ваква тема посебно ама не е толку активна како оваа па затоа реков овде ќе прашам,ако знае или има совет некоја феминка нека ми помогне.Со забите имам голем проблем,пред да останам бремена имав некој расипан ама мн малку,до кај 3 месец се беше во ред ама навака ми се расипаа 3-4 здрави заби и тоа немаше каде туку долу во непцето,досега имав само понекогаш како тапи болки но издржливи,се надевав дека така ке остане барем додека родам,па после да одам да ги средам.Ама од синојка ме фати таква ужасна болка немам око склопено цела ноќ,ми идеше да ја фатам главата и од ѕид да ја удирам,помина некако ноќта ама мораше да дојдам на работа до 3 сум тука па после ќе одам на стоматолог да видам што ќе ми кажат,ама мн е болно не се издржува,идејќи за на работа бев до аптека и побарав нешто за забоболка ми дадоа едни капки прашав дали може да ги користат бремени ми рече аптекарката дека може,ама кога ги отворив на работа во упатството пишува дека бремени и доилки никако да не ги користат.И не ставив...Ама болката е страшна.Ве молам нека ме советува некој нешто.Се извинувам за предолгиов пост ама стварно имам мака.
^^ tincemajmunce, оди слободно на стоматолог. Имам пишано и јас, и други девојки во таа тема-во второ тромесечие е дозволено да се оди на заболекар и да се поправаат заби. Полошо е постојано да ја трпиш болката од забот. Јас поправив неколку заби додека бев 4-ти и 5-ти месец, и тоа со безадреналинска анестезија, која матичната ми ја дозволи. Јави се кај матичната ако си во можност, кажи' и дека имаш големи болки и проблеми со забите, ќе те посоветува дали да одиш (а претпоставувам ќе ти дозволи да одиш и да се спасиш од болката). Не се плаши, се' е безбедно за бебето, смеат да се поправаат заби, не смеат да се вадат и да се снимаат, барем мене мојата матична така ми кажа. Ќе биде се' во ред, само консултирај се со матичната и правец на стоматолог. п.с. Како ќе одминува бременоста, бебето се' повеќе и повеќе калциум ќе зема од тебе, така што би било добро да ги средиш проблемите со забите, не дај Боже, и повеќе може да се расипат.
green.eyes фала ти премногу,матичната ја имам прашано уште на почетокот кога останав бремена ми рече после 3 месец ако ми е се во ред со бременоста може слободно да одам,ама некако нон стоп одложував бидејки се трпеше болката,и ми беше некако шубе да не му наштетам на бебенцето ама ова вчера и денес е веќе неподносливо после работа обавезно одам на стоматолог па ќе видиме што ќе биде.уште еднаш фала ми значи ваква подршка
Јас уште во 6-7 недела бев на забар за непцата. Ми се воспалија, крвареја и болеа ненормално. После 2-3 недели па ми се скрши заб на пола. Ми ставија лек, по 1 недела и пломба. Толку болки имав што не ми ни текна дека може да е штетно за бебчо, напротив верував дека болката е штетна. Оди си на забар, олесни се
Некаде прочитав дека во 8 ми месец несмее да се вади заб, имај го тоа на ум и секако бегај подалеку од собата каде што вршат ренген (иако секаде пишува дека е штетно само во првите 12 недели)...мене би ми било шубе...Поздрав
женски последниот недела од седми месец односно на 7 ми септември имам лет кој трае еден час, ама мн.сум загрижена како ке го поминам летот,зборував со мојата докторка и ми рече дека не е баш препорачливо и дека има минимален ризик и тоа нон стоп ми се врти во глава. Морам да патувам ама мн ме стресува помислата,дали некој бил во слична ситуација како мене,барем да ме утеши
Еве женски на рапорт бев на стоматолог ми отворија 3 заби и ми ставија лекови на сите три да седам со нив два месеци па после да ми ги пломбираат.Иначе ми ги стружеа и бушеа без анестезија болеше ама издржавме со синко.Сега го чекам да ми мрдне во стомак оти некако ми е шубе,иначе ве поздравувам и имајте убав ден.
N.Kety jas vo osmi mesec patuvav so avion a letot traese 2 casa, pa si patuvav mnogu ubavo. Edinatveno sto ti treba e da si bides ubavo opustena i vo avion da pies tecnosti. Ne e nisto strasno, ako ti e bremenosta okk. Jas si izvadiv za sekoj slucaj patnicko osiguruvanje i potvrda od maticniot za uredna bremenost deka mozam da patuvam.
Dobro utro mamichki, kako ste deneska? Nas do utre ni e terminot, ama izgleda kaj mama vo meshe e poubavo. se izvinuvam shto pishuvam lat, od mob se ukluchuvam.
некоја можи да ми кажи за плодовата вода... два пати имам пишано и нити едно мислење нема околу тоа, во мисла ми е..... денес е државен, матичната не работи с и неможам упут да земам :/
Не можам да најдам што за плодовата вода, ама ако нешто ти е на мисла, одма до државна, ќе кажеш дека ти е итно, ти се слошило, празник е, ќе те примат.
Неможам да најдам што си пишала, ама пиши пак, се надевам ќе помогнам пошто јас на секој 4 ден идам на контрола за плодовата вода
Мислиш дека истекува? Нормално е што имаш засилен секрет, баш како вода, жлездите си лачат и се припрема каналот за раѓање. И јас бев во недоумица, но откако ме прегледа матичниот виде дека се е во ред. Ако толку те мачи, оди на дежурно нека ти направат едно ехо. А за што ти треба упат?