Кога пред пријателите наместо "мојата сопруга" викаш "онаа мојана" Кога баба ти и дедо ти носат по три дебели блузи без разлика кое годишно време е Кога живееш со твоите додека да се ожениш/омажиш,или цел живот
Кога праќаш.. Поздрав до дедо ми кој инаку е глув со песната “Cлушај кај шумат шумите” ✔ - Поздрав до комшијата и неговиот новороден син со песната “Сине мој” ✔ - Поздрав до сите пожарникари со песната “Запаличу пола града” ✔ - Поздрав до мојот сосед кој има 70год. и е неженет со песната “Кад права љубов закасни” ✔ - Ги поздравувам сите лустер со песната “Во коси да ти спијам” ✔ - Го поздравувам мојот прадедо кој полни 101год. со песната “Сунце мое драго” ✔ - Го поздравувам комшијата со ново изградената куќа со песната “Удри гром у твој дом” ✔
Кога..родителот ќе ти рече:Аииии кај туку ојш мори по темнициве..глеаш надвор се замрачи ај идај дома, кај туку скиташ мории знајш што мојт да ти се десит или незнајш!!одма идај дома, ќе се степаат некои бомба ќе ви подметнат,глеаш на вести само се тепаат,пукаат онадат ахахха ги има ваквии и тоа полно што им е застанат сатот(незнаат кое време сме ) уште од четрстурската им е застанат и тие заедно во склоп со него..никако да се сетат дека 21 век сме!
Знаеш СЕ за сите, и за оние кои ги познаваш и за оние кои не ги познаваш. Зградите се обавезно "обвиени" во Графити. Сите другарки и другари ти се: "Брааат"!
Советуваш други за истите проблеми кои ги имаш и воедно не ги применуваш. Кога у веце носиш нешто за читање. Переш чорапи на рака зошо мислиш дека во машина ќе ти се заглават.
...го слушаш старо купујем под прозор од црни темници и кога потоа гледаш како го партали штотуку фрленото ѓубре а ти неможеш ама баш ништо да превземеш, или, ќе препознаеш дека си на македонско тло кога на пример и некој со врзани очи те довел тука од некаде и ти ги отвараш очите и гледаш како е тоа нормално да се ркне и пљукне зелен шлаем на улица или да се исекне носот со два прста и да се почеша таму долу..., потоа, кога ке те накодошка некој некаде погоре, чисто за да ти расипе некоја работа која нему не му иде, зашто нели, кодоштвото е во крвта на оваа нација...кога ќе застанеш кај полицата со лебови и видиш баби кои ги пипаат штотуку донесените лебови, пребирајќи ги, ти одмилува да купиш леб и си помислуваш, да, знам дека со име припаѓам на оваа нација . Ма многу ситуации се...