Е алал да ви е ,како ви текна ?!! Се прашувам што ако некој толку пари тебе ти украдеше ? Ќе кукаше и тек тогаш дали ќе се смееше? Сешто трпи светов!Сешто!
Спојлер Па уште и жената е крива што не се вратила. Е браво, што да кажам уште. И слатко ли ви било тоа што сте го јаделе од тие пари, или пак среќни ли сте биле кога сте си купиле нешто со нив. Колку да не сум офтопик еднаш голтнав мува.
Денес ми беше многу досадно и ајде ми текна нешто- влегов во спалната кај мајка ми и татко ми и им велам јас до уши насмеана ве очекуваме денеска во шеснаесет и триесет часот таму и таму, ве очекуваме. Истото и на сетра ми и го кажувам. И потоа се- шминки, пудри, кармини, 300 чуда и ги оставив во дневната на маса и ајде мајка ми, татко ми и сестра ми доаѓаат, седнуваат и јас велам- гледајте драги гледачи и уживајте, и ја пуштив селфи песната и цела се трескам, скокам по дневната ко ретардирана бев, мајка ми гледа и слатко си се изнасмеа. Потоа целата се рашлакав со шминките по лице и така уште се трескав, па кога заврши песната викам ви благодариме што присуствувавте на шоуто за селфи, имајте убав ден, пријатно, и мајка ми тогаш вика ај едно рашлакано селфи хаха. Потоа 15 минути се чистев од рашлаканото. Ми текнува еднаш ко помала го зедов црвениот кармин од мама, се намачкав со него и почнував да ги бакнувам плочките во веце, па потоа мајка ми викаше изгледа некој се заљубил во вецето и јас си признав што направив и ми даде крпче и ми вика штом толку го сакаш вецето сега ќе си го чистиш. Кутрото крпче, целото беше црвено од карминот хахахахахаха.
1. ко мала имам застанато една кола на сред главана улица верета 23 часот и да земам да играм да се тресам пред неа. Колата знам ми свиреше, и полсе од кога се тргнав, знам возачот зема да ми се дере и тоа со право.. али добро и дома ми се дереа пак кој ум сум? -детски ум.. 2. ги "отрув" мравките со сол, кога го посолив цел двор со солта на баба ми.. 3. хаха исто и си имам одено со тријаголни шишки едно пола година детска кул флизура.. значи со ножичките за да ги испобам како функцјонираат си направив такви шишки во форма на разностран тријаголник и после сите се зезаа со мене.. лошо функцјонирале ножичкиве, не ги користам веќе толку ............................................................
Кога бев помала 1во одделение бев кај баба ми инаку на 3 спрата ни е кукава она ни е прва и најчесто времето го поминував со нејзе и си седев со нејзе а она седеше до шпоретот и носеше плетен елек елекот и се залепи на кумбето и јас кога видов дека елекот и е запален намерно почнав да ја буткам по натакај за скроз да се запали наеднаш и прижеже го соблече елекот зш неможеше да го извади јас се утепав смеејки секако следуваше и котек...
кучето не сакаше да јаде сув леб а јас требаше да му го направам со млеко и ме мрзеше и го фрлив преку тераса о 4 кат и за малку ке му паднеше на едно машко на глава со шприц ги прскав сите кои ке ми поминеа под тераса или пак ке и ги фрлав на мајка ми штипките право долу со цел да плашам луѓе и што уште не
пред две години бев на свадба и јас тие народни песни многу многу не ги знам и сега невестава заминува и се пее черешна се од корен корнеше или како и да беше и јас на мојот најубав дел на цел глас а омилен дел ми е черешна се од корен корнеше и јас наместо да викам така јас распеана ЧЕШМА СЕ ОД КОРЕН КОРНЕШЕ И и мајка ми од таму ми се пули леле мајко и јас уште велам што е работава и таа ми вели не е така туку е вака и нетуку се дери како некоја мрдната и повеке не отворив уста
Gi frliv jatkite od orevite mesto luspite. I sea? Me prajte zdrava? Sluckava e od denes....ahhh...aj ne bea mnogu eden tanjir
беше први април ... и сакав нешто на сестрами да и направа и барав идеи на интернет и најдов нешто во фен да ставиш бебешка пудра ... и сестра ми стана и по обичај на сабајле се тушира или капи и само го пуста и цлео во фаца ..... исто така исио ден јајцата од фризидерот ги сварив и ги вратив назад сите со беа и мајка ми знам ќе правеше некаква торта и смао малку повика и ме прати до продавница... а продавницата не е толку блиску
што ми текна пред некој ден кога си јадев мусли од виталиа Кога бев мала одев во основно школо, мислам 5 или 6 одделение бев, обожавав да ги јадам бебешките каши на Чоколино особено тие од чоколадо, секој ден за појадок јадев тоа. И така ми текна една ( сега веќе преглупа) идеја да ги прашувам другарките и другарите од класот што јадат за појадок? Идам така еден ден го прашав првин другарми: "Петко што јадеш за појадок?! Петко: ",сендвич зашто?" Jас: "Е јас чоколино каша!" Ми се смееја сите, ама мене тоа ми се виде интересно, ете хахахаха денес се смејам уште повеќе
Не е најголема ама сепак. Ми се скрши ноктот и сеа да го испробам трикот со ќесичката за чај (да го залепам ноктот). Залепив што залепив и ги земам ножиците да го исечам вишокот ќесичка. И во тој момент некако успеав да ги залепам ножиците за мене. Зборувајте ми за антиталент.
Не знам дали е најголема ама... Бев прва година средно. Сакав шишки ама не знам што ми текна да ги направам сама, ме мрзеше да одам по фризерници. И така после капење ги земам ножиците и сечам. Сечам уште. Уште. Додека не ги направив ептен кратки и не личев на ништо. Па и рамни не беа. На училиште не ми се смееја онака во фаца ама викаа Еј, Битер има нова фризура. Еден другар дури и на професор му рече Видете ја Битер. Што да правам, тоа е, после со шнола ги фаќав и тргав настрана. Ама ако, ми одговараа со стилот.
Истото ми се деси само мене во основно..па не беа рамни де сечи сечи како тенџере дојдов и таква си идев на училиште и сите на криво ме гледаат Шо и се дешава на оваа?...И после ми дадоа шнолче да ги соберам
Мислам дека е најголемата глупост!!! Еденн ден на час по физичко многу ми се одеше во тоалет,но не успеав.И на среде час се помочав во гаќи
Средно. Си патам јас од мрсна коса што си патам, се договоривме со другарка да ставиме јаболков оцет на коса затоа што некаде слушнала дека "помагало". И си ја исушив и си легнав. Утре дента на школо кога ме мавна еден дожд, а јас заборавив што сум правела и си влегов во училна. Убаво си се посрамив кога некој праша што мириса на оцет. Срам ми беше и во автобус да влезам па си одев пешки до дома
Пред свадбата шетав со свекрвами и мм по бутици за венчаници. Влегов внатре, мм остана надвор за да не ме види нели и се соблакам за да ја облечам венчаницата, поминуваат некој си 5 минути ништо не ми се допадна како ми стоеше и ајде да си одиме си се пресоблеков и искочивме по некој си 15 минути мм ми вика абе Бокаче кај ти е прслукот...? Леле луѓе пропаднав во земја, каква глупост направив хахахаха го заборавив прслукот закачен за вратата и потоа морав да се вратам по него ххаха ден денес се смеам на тоа кога ќе ми текне.
Дали е најголема ... да најголема е ! Втора година средно , јас и трите школски , моја другарка од друго школо , и двајца другари на една од школскиве , седиме на кафе после часови у кафич .. Една од девојкиве , инаку школска се вика Вале , и се јави дечко и на телефон , ке дошол на кафе со нас , ОК , доага дечкото и ајде да се направи место да седне човеков нема место каде .. Се стискаме а јас не приметив дека сум на крај скроз .. И оп , Крејзи на земја , бара мравки на подот остај цело друштво , па и цел кафич , заедно со келнерите и случајните минувачи кои ме видоа , се изгазија од смеење .. А јас умрев од срам Благодарам за вниманието , Мр. Бин ми е близок роднина Јас и моите лапсуси
Мораш да си помогнеш ,тоа е лоша болест ке ти го уништи живототПоправи ја грешката како што кажа не е глупост туку болест е ..пробај да си помогнеш додека не се упропастиш! сигурно не е касно за вистинста..
Мислам бев 3 година тогаш,памтам си купив нови тренерки и отидов во вц да ги оставам да се киснат и наместо ленор сум ставила средство за плочките.