1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мамографија

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Waka-waka, 9 март 2014.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Пребарував по форумот и видов дека на женски форум,немаме тема за мамографија,односно преглед на дојките,за рана дијагностика на рак.

    Мамографијата претставува испитување на дојките со снимање кое користи рентген зраци. Се користи за откривање и оценка на промени во дојките. Најчесто се користи за откривање на рак кај жени кои немаат симптоми и ова се нарекува СКРИНИНГ МАМОГРАФИЈА. Исто така мамографијата се користи и кај жени кои имаат симптоми од дојките, како палпабилна грутка, болка, исцедок од брадавицата или имаат сoмнителна промена која се гледа на скрининг мамографијата и ова се нарекува ДИЈАГНОСТИЧКА МАМОГРАФИЈА.

    Многу пациентки се загрижени поради изложеноста на рентген зраци. Модерните мамографски машини користат ниски дози на зрачење за производство на х-зраци за снимање на дојката и добивање висок квалитет на слика. Денешната мамографска техника не носи зголемен ризик за појава на карцином на дојка кај жени кои правеле редовни, годишни мамографски снимања. Дозата на зрачење што се прима при една мамографија е еднаква на таа што телото ја прима од природата во тек на три месеци.



    Совети за пациентите за изведување на мамографскиот преглед



    - Користете установа која е специјализирана за мамографија и не изведува премногу мамографии на ден

    - Ако сте задоволни од установата која е со висок квалитет, продолжете таму да одите на редовните контроли, така што вашиот мамограм ке биде сочуван во компјутерската архива и ќе може да се спореди од година во година

    - Ако ви се случи да сте во одредена установа за прв пат, понесете ги со себе сите претходни мамографии и резултати од биопсии или претходни третмани и наоди на дојките.

    - На денот на прегледот не употребувајте дезодоранси или антиперспиранти. Некои од овие супстанци може да се појават на снимките како бели точки.

    - Носете соодветна облека, полесна или поудобна за пресоблекување, сукња или панталони.

    - Ако сеуште имате менструација, обидете се прегледот да не го закажете неделата пред вашиот период. Се препорачува мамографијата да се прави една недела после менструацијата кога дојките не се толку отечени и осетливи, што ке ја намали непријатноста од снимањето и ке се добие подобра слика.

    - Секогаш на докторот или радиолошкиот технолог опишете му ги симптомите или проблемите во врска со дојките. Бидете подготвени да дадете податоци од вашата медицинска историја, како што се операции, хормонска терапија, карцином на дојка кај вас или во вашата фамилија.

    - Пред да правите било какво снимање, кажете му на радиолошкиот технолог ако доите или ако мислите дека би можело да сте бремени

    - Што ве очекува при самото мамографско снимање

    - Ке треба да се соблечете од половина нагоре.

    - Радиолошкиот технолог ке ве упати и намести во позициите за снимање. Повеќето технолози се жени. Вие и технологот сте единствени во собата во текот на мамографијата.

    - Целата процедура трае околу 20 минути. Вистинската компресија (притисок) на дојката трае неколку секунди.

    - Може да почувствувата некоја непријатност или мала болка кога дојките се притиснати. Ако болката е поинтензивна кажете му на технологот кој ке се обиде да ја направи компресијата поудобна за вас, а сепак да добие добра слика.

    - Во просек само 2-4 скрининг мамографии од секои 1000 покажуваат дијагноза на рак на дојка. Околу 10% од жените кои имаат мамографија ке треба да направат и дополнителни испитувања, но кај повеќето ќе треба да се направат дополнителни мамографски слики во други позиции или целни мамографии на дел на дојката. Не треба да се паничи ако ова се случи кај вас. Само 8-10% од тие жени ке треба да одат на биопсија, а повќето (80%) од тие биопсии ке бидат со негативен резултат за канцер.

    - Ако сте на возраст над 40год ќе треба да се прави мамографија на една до две години. Затоа може да го испланирате датумот на следното снимање додека сте таму во објектот и евентуално да си закажете термин.

    Мислам дека ова се корисни совети,што треба да ги знае секоја жена/девојка. После 30тата година од животот се препорачува да се направи првата мамографија.

    Темата е сериозна и често жените ја избегнуваат исто како и самиот преглед,затоа што буди неубави чувства во нас,ама тоа е нешто за кое мора да сме информирани и да го применуваме.
     
  2. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Девојки дали знаете некоја клиника каде може да се врши мамографија, приватно или државно не е битно.
     
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Еве линк од Универзитетската клиника за Радиологија за повеќе информации. www.radiologija.org.mk
    Инаку може и во приватните установи ,Систина,Ремедика и слични.
     
    На Sramezlivoto му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.789
    Допаѓања:
    17.755
    Некој што се разбира во ова, да ми помогне. Се работи за ’’ дешифрирање’’ на наодот од мамографија.
     
  5. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    191
    Девојки денес кога се туширав мислев на ова, и сега кога ја видов темата помислив дека морсм околу тоа да се распрашам, јас уште неколку дена полнам 21 год, и имам проблем на левата дојка еве скоро 4 год, имам болки и осеќам да имам грута на лева града, бев 4 пати на ехо досега, прв пат ми рекоа проширени канали што е тоа за тие што се бремени или дојат , а јас уште не сум мажена, а другиот пат на друго место ми рекоа масно ткиво 5 со 7 см или незнам а после некочку месеци на исто место бев ми рече дека се намалило на 4 со 7 така нешто,, и така рече ставај зелка свежа стално и јас се утепав и ништо пак имам болки, и ми пукна филмот и реков ај да направам термин во државна, и што да видам после 3 месеци мој термин, и си реков да се јавам во систина, бев тамо лани тоа беше и ме прегледа докторката вика имаш дечко, мажена односи имаш???? и јас ништо само имам дечко друго ни мажена ни односи, и ми вика ништо не е само имаш повеќе жлезди на лева града ќе имаш болки пред добивање, и на крај вика треба да се мажиш за да ти се болките намалат !!!! и јас вака :o, што има врска тоа.. :( и така јас уште осеќам да имам болки на левата и има нешто тврдо, и си викам за на мамографија ама сите викаат дека сум млада и не е здраво ама психата ме уби стварно ќе сфаќат тие што имат сличен проблем, ве молам ако нешто знае или би можел да ме посовети некој да ми каже. извинете на рефератот ама напишав се како е :(
    тешко ми е се правам ај ништо не е ама кога сама ќе останам знаете и самите лоши мисли ви се на прво место.
     
  6. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    ^ Добро сум запозната со оваа работа и сакам да ти кажам дека нема место за паника.
    Доколку имаше некаков проблем ќе се откриеше со ехо. Потреба од мамографија нема, бидејќи си многу млада и е штетна. Најчесто се прави кај жени над 40 години, и во случаи кога постои сомневање за рак на дојка.
    Имам братучетка која го има истиов проблем. И ттаа паничеше како тебе, но докторот и кажа дека нема ништо. Пиеше таблети и ставаше листови од зелка. И помина, па после некое време и се појави болка и грутки при допир на градата.
    Затоа, не се плаши. Штом докторите ти рекле дека нема ништо, биди сигурна дека е така.
    Не верувам дека доколку би имало потреба од мамографија би те спречувале да ја направиш само затоа што е штетна.
    Доколку беше неопходна ќе ти кажеа да направиш, без разлика колку години имаш.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    Дали може да направам мамографија?
    Ме чешаат брадавиците и повремено имам топче на десната града.
    Имам 25 год.
     
    На Maremama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maremama

    Maremama Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Здр ме интересира искуство за мамографија и дали некој имал искуство во ск каде да се направи..имам 25 год некои велат се прави после 35 год. .имам некоја промена на кожата бев на дерматолог и ми препорача да се направи мамографија...дали ехо само да направам е доволно незнам ..
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Направи и ехо кај добар радиолог, после ако има препорака, ќе направиш и мамографија. Точно е дека си млада, ама ако мора, ќе ја направиш.
     
    На Maremama и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Maremama

    Maremama Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Благодарам на одговорот..се надевам ако е добро на ехо нема да има потреба од мамографија.
     
  11. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    118.143
    Пол:
    Женски
    Мораш ехо да направиш прво, и хормонски статус да испиташ.
    На 25 год не прават мамографија самоволно, освен ако одлучи доктор по направено ехо или доколку во фамилија си имала мајка, тетка, баба со историја на карцином на дојка. Во тој случај пожелно е да се направи и мамографија
     
    На Gajgurce и Adorabela им се допаѓа ова.
  12. sezen

    sezen Нов член

    Се зачлени на:
    14 септември 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    сакав да ве прашам да ли некој може да ми чита резултатите
    бев во систина и др.ми рече имаш тумор и треба да се прави биопсија ми вика 98% немаш рак само 2% можда понатаму да се случи сакам совет од вас
     

    Прикачени фајлови:

  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Каде е ок од приватниве да се прави ехо на дојка и мамографија?
    Центар за дојка или така нешто, како е таму?
     
  14. Majasss

    Majasss Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Vo sistina, kaj dr Capova
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    670
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.Сакам да прашам др Топовски дали се добри за ехо на дојка
     
  16. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    670
    Пол:
    Женски
    Толовски се извинувам