Ќе си го поделат де, толку ли е тешко? Сликите неа, статусите него... Само со лајковите од чекирањата што ќе биде? Да не се потепаат и за нив...
Не разбирам зошто постојат тушеви на плажите, а уште помалку ги разбирам луѓето кои кога ќе искочат од море и трчаат одма под туш. Зар не сакате да го чувствувате мирисот на морето врз вашата кожа, зарем несакате да ги гледате трагите од сол како ви се сушат на кожата и стануваат бели, зар не сакате телото да ви има солен вкус??? Зошто тогаш сте отишле на море? Јас ја сакам солта од морето дури и кога ќе ми се исуши во косата и ја прави крута па и кога изгледа како првут, не ми е грижа, сакам да сум солена! И така сега прекрасно се чувствувам. Златни прамени во косата, осветлени од сонцето, а таа станала нескротливо виткана и волуменозна, бронзен тен на кожата, сјајна и мазна, нокти и ѓердан со каменчиња во бела боја, бела лелеава кошула, очите изгледаат посветли како резултат на контрастот, само малку маскара да ги истакне очите и сјај во корална боја кој ги прави усните сочни и уште толку го истакнува бронзениот тен. Мирис на кокос и маслиново масло. Кога вака ќе се вратам од одмор сите ми викаат дека изгледам како Бразилка, me like it! Будење од сонот и соочување со обврските, убаво е и ќе биде. Среќна сум што сум опкружена со луѓе кои искрено ми ја посакуваат сета среќа на светот и неизмерно ме поддржуваат и веруваат во мене. Ќе биде си викам, ќе успеам и верувам.
Дали некогаш ќе почнам конечно да живеам? Дали некогаш конечно ќе тргне на подобро? Болни ми стануваат сите соништа. Иако почесто ми се насолзени во последно време, очиве ми сјаат. Љубов имам. Барем на срцево му е топло, ако душава ми е веќе замрзната.
Можеби ќе ми се смеете и ќе мислите дека сум луда ама да си кажам Моментално читам една книга, ја купив од книжарница ТРИ. Читав и гледам има 3-4 страници кои се повторуваат и потоа 3-4 кои ги нема и целата бев разочарана, мислев да им ја вратам и да си земам нова, ама сметката ја имав фрлено После тоа ми се јавува другарка ми и ми вика ајде со мене до Џамбо, ќе се прошетаме, ќе јадеме и треба да си купам нешто. Ок отидовме, прошетавме, си купи она, пробавме нешто таму, седнавме на сладолед и после отидовме до Веро таму да купам нешто за грицкање И бидејќи сум вљубена во книгата, а таму има и книги, секако дека одма им се нафрлам да ги разгледувам, а другарка ми отиде да купи чипс. Разгледувам јас и оп, книгата што ја читам и што фалат страници ја гледам. Имав запамтено која страница фали, си ја земав книгата и ги прочитав тие 3-4 страни додека другарка ми купуваше. Па многу ми е гајле кој ме гледа и онака се трудев побрзо да ја прочитам Друг пат детално ќе ја прегледам книгата пред да ја купам А на вас ви посакувам пријатна вечер
Се прашувам колку треба човек да биде глупав за 1000 пати да ја направи истата грешка, бидејќи додека ја прави it feels so damn good?! Најтешко е сам себеси да се сфатиш.
Се имате почустувано непријатно во својата кожа ? Баш денес јас така се чустувувам. Како да се плашам да се'. Се плашам од сопственото јас.
Само една личнот секогаш најмногу ќе се грижи за мене и ќе и биде галје за тоа што се случува секој момент во мојот живот.Само таа знае да ме препознае кога сум тажна и кога ми е потребен совет...Нејзините јадења никој неможе да ги замени и нејзиното гушкање секогаш е најубаво и најтопло. Се би направила само мамичка да е среќна,да е насмеана и горда што ме имам за нејзина ќерка. Мамичке нека ти е најсреќен роденденот ти посакувам уште многу многу години да го славиш овој ден. Ти посакувам многу здравје,секогаш да бидеш насмеана и силна да издржиш се. Ги сакам ваквите денови кога сите славиме и се радуваме.Кога слушам како и упатуваат желби за роденденот а таа само се смешка и се заблагодарува. Направивме 2 торти за овој роденден Едната за гостите кои ќе доаѓаат дома а другата за луѓето кои денеска ја посетија на работа Абе срцка е ,цела ден сечеше и делеше парче торта на сите. Најмила моја мајка Во нејзина чест ве частам парче торта и вас
Ете тоа сум јас Се можам да научам али имете Ѓоко НЕ Еве и сега не знам како го искуцавввв Ѕвони фиксниот и од таму ми вика Ѓоко на тел,татко ти дома е ,дај ми го Татко ми спиеше и ја ко уште позаспана му викам Тато,Гоќо те бара Татко ми цел зачуден во пола сон,кој? Ѓ-о-к-о И колку да се трудам се на Гоќо ми иде,не дај боже да ме чул преку телефон човекот,резили добро човекккк Ѓокоооооооооо,каков Гоќооо моррр Богами расеана сум деновиве Ајде имајте убава ноќ феминки ЃЃЃЃЃЃЃЃЃЃЃЃоко
Не,не ми се јасни оние кои местат врска. Можам и сама да си фатам момче ако сакам,ти не ми требаш,извини.
Е кога сите ме прашуваат каков дечко сакам па каков сакам. Ко кукла да е, па каква кукла сакам, нејќам кукла сакам КОЊ, да бе КОЊ ете кажав да можам да го јавам само јас. Нека пари друга коњарка ама јас пак ќе го јавам. Па, што сака нека биде. Шала на страна, таков дечко каков што сакам јас. Еве ќе ти кажам пак по втор пат. Сакам дечко што вреди, што знае како да се постави спрема девојката, што знае да ја изведе некаде на прошетка, што знае да ја претстави пред друшството, што знае дека има девојка а не ја вара со друга. Што знае како да ја изненади и така се по ред. И ќе речете не постои. Абе постои дечкии, постои само се кријат зад маската на мачо фраери и јаки типци. Зошто нивните другари им го хранат егото со ѓаволски мисли. И така слушајќи други умираат правите машки. Дека папучарството и правење пичка пред другарите е табу тема, ама барем сите ќе го видат колку е јак е*ач. А во душа се би дале некоја девојка да го чува. И затоа поарно коњ, барем го јаваш неколку пати на ден, ама кога ќе му свирнеш доаѓа.
Абе гладна сум се родила и гладна ќе си умрам. Некој од страна да гледа ќе си помисли дека дома не ми даваат да јадам. Еве, дури и сеа у моментов ми текнува на некои чоколадирани бисквити со шлаг...мммм. Ако, ако, си се тешам ја, до пмс-от е. Само чудна работа бе, ко нон стоп да имам пмс. Прееска ја слушам мајка ми, раскажува жената како кога сум била бебе ме ранела со тарана оти не сум сакала да јадам леб. И многу сум си сакал благо. Па и ден денеска сакам бе. Ооо муко моја, ај ја да одам, не ќе биде лошо да легнам оти ќе почнат некои свемирски чоколада да ми испаѓаат пред очи. Добра ноќ феминки.
Јас не знам како не им е незгодно да ставаат фотки на интернет, каде што вратот им е црн, а во лицето се како Каспер. Па и тоа блицот како ја осветлува пудрата... секундарно ми се одјадува и еурокрем и све. А бе алооо! Пудра е тоа, не е еурокрем.
Човечки е да се греши. Но, некогаш претеруваме. Во случајов јас. Кога најпосле го добив тоа што го сакав и кога конечно бев среќна, упорно грешев и истата грешка ја повторував по сто пати бидејќи бев сигурна дека нема ништо да изгубам и не мислејќи како другата страна се чувствува. Сега, кога сфатив дека можам да го изгубам и да останам без него , сфатив и каде грешам и дека веќе досадна станав со повторување на истите работи. Не знам дали после ова паметот конечно ќе ми дојде или ќе продолжам да грешам се додека не изгубам се` што имам, но важно ја научив лекцијата од таквото однесување и можниот исход од истото. Сега се` зависи од мене и моето однесување.
И јас ја сакам солта од морето, ама морам да трчам под туш за да не изгорам. Со сол на мене ни 50ка фактор не ме спасува.
Некогаш е потребно да се тргниме од работите или ЛУЃЕТО што не уништуваат. Од старт звучи страшно и ужасно ама со тек на време почнуваш да сфаќаш дека не е се црно. Далеку од очите, далеку од срцето рекле и стварно така е. Кога не гледаш и си изолирана од секакви видови на болки, можиш да дишиш порелаксирано. Секој со свое размислување, не секој се нафаќа на таков чекор. You get what you deserve, како дробиш така ќе сркаш. Кога упорно се трудиш да му наштетиш на некого, на крај го добиваш тоа што го сакаш - да го снема од твојот живот. Но дали е тоа што навистина си го посакал или игричките биле интересниот дел? Е нема повеќе игри, GAME OVER. Нова академска година, ново место, нова околина, нови мисли - не гледам место за тебе тука
Порано станував порано и сакав да станувам покасно. Сега станувам покасно и сакам да станувам порано. Во лето сакам зима, а во зима сакам лето. Крај ми нема. Во вечен ПМС сум