1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Глупости што ги прават нашите миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од Dala, 13 октомври 2012.

  1. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    6.907
    Пол:
    Женски
    Малиов мој пријатно ме изненади кога си дојдов дома од име денес!
    Имав оставено тоалетна на креветот кај што се шминкав и си ја дофатил и си играаал си кинел на големи на мали парченца и влегваме дома кога ќе видам што ќе видам шокк :headbang: :shake:
    Го искарав и го извадив во салонот ама кутричкиот изгледа му се имаше залепено тоалетна на грлцето се отепа од гадење и на крајот поврати!
    И ми падна жал си го изгушкав!
    Еве го сега омалекцан на грб и со ноџината предни подсвиткани пред камин ужива и ми иди да го исцрцкам из љубави :inlove:
    Иии да,алиштата си ги перам по неколку пати оти си има навика да ми ги истрга од сушална и душа негова да ми ги извај силиконските влошки од штиклите и секогаш си ѓи наоѓам в куќарка :D
     
    На SV1911, Salome и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Му ги гледав карактеристиките на Феликс, и навистина, кучево е необично...
    Прво тест за агресивност.
    Му дадов топло млеко со вода и се обидував да му ја земам. Ова ни заржа, ни отстапи место. Само се туркаше да пие.
    После, тест за издржливост. Му ја држев шепата и требаше или да ми ја лиже или да ми ја каса раката. Ова, ни лиже ни каса, само ја мавташе шепата и како да ми кажува „Што забога правиш, девојче?! Пушти шепата, не те гризам, а најмалку да те лижам за еден тест!„
     
    На CameliaMiller, 1209 и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  3. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Еее мачката моја забегана,си влегла во кујната в село додека јас му носев вода на дедо ми,си се качила на маса си ги изела мевцињата...и тоа најголемото парче го изела,тие поситните ги оставила,влегувам јас и само ме гледа чудно и се оближува-ја сетив веднаш што направила,ја знам дека е забегана...
    Уште еднаш,се качила на вратничето од рерната и замислете-изела една чинија гравче-тавче! Е.будала мачка,скроз на скроз е забегана...
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам,ја заборавив уште една од глупостите кои ги правеше мојата мачка...Ја чував в раце,ја галев и оваа паметнава тушна :puke: абре луѓе,кога сосмрде аууу ми се чинеше како да сум во една од гасните комори во Аушвиц,очи да ти се исушат од толку што смрдеше...Прдла низаедна :D :rofl:
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dimkovska123

    Dimkovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Баки мој, земал денес папучите на мајка ми ги гризел, па и од комшикатааа..
    И јас доаѓам од школото, и мајка ми вика удри го со папушчата, и јас почнав да го карам го удрив 2-3 пати и се помоча од страв :tmi:
    греоткааа, ама ако и послем пола саат ми беше жал, отидов го погалив и ми цимолеше, се жалеше :D
    цуцее :*
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    Лабрадорот го чувам надвор,а пикинезерот внатре.Кога се двајцата дома се лизгаат на паркетот и се многу добар тим 8) Ако во купатило вратата е отворена Лео (лабрадорот) го зема тоалетот и го кинат и го разнесуваат низ цела куќа |( :rofl: Пикинезерчето многу е лаком,јаде се што ке најде (домати,краставица,пиперка,месо,зелка...Буквално се) кога јаде смокички крцка со забите и кога сме во друвштво или семејно собрани знае да пртка и тртка и малце да ни го згорчи воздухот :rofl: А лабрадорчето мнооогу сака да се гушка,додека беше мал кога го земеш на рамена те поклопува со двете раце(нозе :?: ),а сега е поголем па малце потешко ни оди земање во раце и многу сака да ги гледа рипките како мрдаат во аквариумот :lol: Срцки се :inlove:
     
  7. An4e24

    An4e24 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    1.436
    Пол:
    Женски
    Што имав едно маче порано нон стоп се криеше во живата ограда и кога ке поминеше некој ќе му скокнеше да го гушне за нога и така да го носи до крајот на уличката, после сама се пушташе и чекаше нова жртва :D Баба ми само дежураше и им кажуваше на луѓето да не се плашат сама ќе се пушти :D
     
    На LittlePinky, SV1911 и Lella им се допаѓа ова.
  8. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Малава моја (кутрето) беше два дена во соба кај мене (тука и спиеше една ноќ).. Заврати, наврати, гледа дека не ѝ обрнувам внимание (учев) и ај ќе се качува сама на креветот. Оп, го скина прекривачот. Ај, малку беше скинато па не ја ни скарав.
    По некоја минутка, на масичката имав книги, а таа:што докачи, расцепи. Сега книгите ми немаат корици :D . А таа веќе не е во соба :)
     
  9. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Може и не беше мое , ама го сакам како мое.. Летово ,кога бев на одмор имаше едно кученце. И никој не му даваше храна само ние. И кај нас си заседе..и секогаш спиеше под маса. Многу беше мило ..со нас одеше до продавница ,на плажа..абе сонце. :inlove:
    :!: Арно ама, многу сакаше да носи апостолки . Штом ке најде апостолка , одма во уста и да го нема!
    Трча кај ке стигне! Хахахах смешки беше. На дечко ми ,еден ден му ги зема и двете апостолки и си ги одвлече кај едни други луѓе. Ист случај и со мојата апостолка ама ноќе! Иди па сега ти Твинклс барај си ја.. :P
    *
    А мојот мачор..што знам..ништо посебно не прави ..само шета ..дома не се прибира ..иде само за јадење :D Ама мене најмногу ме сака , со него сум јас од бебе кога беше, и со мене го имаше првиот контакт..само што ке ми го чуе гласот трча од некаде како споулавено. :lol:
    :l:
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Денес ги ставам садовите за миење во машина и Беки доаѓа и ги долижува садовите што имале остатоци од храната. :D Требаше да и наплатам, работа ми заврши. :rofl:
    И секогаш кога лежам на кревет/кауч доаѓа и ја става муцката да ја галам.
     

    Прикачени фајлови:

    На CameliaMiller, SV1911 и Mahidevranfan им се допаѓа ова.
  11. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    некогаш кутрево мое има луди минути трча насекаде се треска од ѕидови и дека дома немаме тепих се лизга по паркет и кога не му обрнуваш внимание ја зема од детска кај мене мојата перница и ја влечка насекаде и еднаш сум заборавила да ги кренам штиклите на кумата која беше дојдена од германија и ги земал се качил на кревет и и ги изгризала штиклите скроз и кога видов ми доагаше да го отепам ама кога ми се испули тажно и ги покри очите со шепите немав храброст да го удрам исто и дома оставив торта на маса и отидов да земам нешто од кај комшивката и кога се вракам гледам вратата отворена и помислив артур(кучето) дека избегал и одам до дневна и го гледам целиот намачкан со шлаг лелелел(ми идеше и да плачам и да се смеам) не ми беше за тортата туку ми неше за тоа што може да ослепи
     
  12. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Фаќа муви во летање. ]:) :lol: :rofl:
     
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    20.824
    Моето најубаво мачорче секој фатен глушец го донесува дома пред врата,го игра и го става во патика која ќе му се најде во близина.Последното глувче заврши во мојата патика,јас требаше да излегувам,протнувам нога во патиката,неќе да влезе,ја истресов кога испадна глушец од неа.Ме извади од памет,ама и ме насмеа ептен.Среќа во последно време не наоѓа глувци :D
     
  14. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Моето маче што сега го нема,секој пат кога мајка ми си доаѓаше од работа моето маче ја пречекуваше од работа и мајка ми ке си дојде дома мачево по неа.Но сега не е со мене незнам каде е го снема ;( :inlove:
     
  15. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Хрчачето,женско е,некогаш се закачува за завеса и се ниша,или простор меѓу ѕид и врата се пика измеѓу и ако ја отвориш вратата ќе падне :lol:
    Лудача моја :D
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден, од сабајлето кога татко ми ја шетал, Беки почнала да повраќа... повраќала некоја бела лигава течност. Но, после тоа, повратила цела семка од праска. :x Како ја проголтала, како ја повратила... Невозможното го прави возможно. :rofl: Луда кучка, сега е супер за среќа. :D
     
  17. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Чувам зајче...Сите полначи за телефон ми ги прецвика :) Останатите кабли по дома ги соголе до гола жица :) Како никогаш не го мавна струја не ми е јасно :)
    Во секој случај и покрај глупостите неодолив е :) По мило суштество не постои на светов :) Кога јадам застанува на 2 нозе и со предните ме моли да му фрлам да грицне нешто :) Душа...
     
    На SV1911 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Вчера сечам лубеница и нешто ми квичи покрај нозе, се вртам и го гледам моево будалче (малтезер) со оптегнат врат се тресе и цимоли, моли за лубеница.
    Ех бре што уште нема да напика во тоа устата, сите видови на овошја и зелнчуци.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Порано кога немав куче, им се восхитував на видеата на интернет и на толкуте паметни миленичиња. Но, сега кога имам сфаќам дека сите се паметни на свој начин и понекогаш не можам да се начудам на тој памет. Кога си одам (студирам во друг град), не може да ми се изнарадува, веднаш скока и се врти во круг, ловејќи си го опашот (порано ме загрижуваше ова, но со време сфатив дека тоа го прави кога е среќна) и никако не престанува додека не го фати, многу пати сама и го подавам за да престане, ова и е некој чуден ритуал. Кога и речам - каде е топката, гледа лево - десно и почнува да ја бара, исто е и ако и речам каде е мачето (мразе мачки). Веднаш оди по топката и со неа во уста ми се бута во нозете. Обожава моркови, краставици, па дури и тие од туршија. Секогаш кога спаѓам во подрумот, таа е прва и одма трча до кофата со краставици и чека, па понекогаш ако е затворена втората врата, гребе по неа. Избегнувам да и давам, но понекогаш ме фате жал, па изгрицка една набрзина. А да напоменам дека е и толку паметна што живо месо не јаде (си знае како треба), го помирисува и се трга, а откако ќе го сварам или испечам, е тоа е веќе друга приказна. Кога ме виде дека ќе излегувам, ми го загризува јазикот или врвците од патиката и со нозете ми го прифане стапалото и не ме пушта да излезам, па многу пати така се влечеме до портата. Бидејќи ја чуваме во двор, секогаш кога влегува дома, ушите и се наназад (виновна е, знае што смее, а што не). Летово чергичето што ни стои пред врата, насабајле го наоѓавме некаде во дворот, се додека не ја фатија како го носи во уста, си го сместува на тревата и си легнува врз него. И ден денес го прави истото, но сега си има само свое. А и ќе заборавев, таа е и нашата голманка. Понекогаш кога ќе ја донесе топката ја остава пред моите нозе и застанува еден чекор позади неа и чека да ја шутнам, како што ја залажувам де лево, де десно, така и таа се мрда. Откако ќе ја шутнам, ја враќа, ја остава и пак од почеток. Неизмерно ја сакам и неа и сите нејзини измишљотини.
     
    На Lella, SV1911 и Sunflowers им се допаѓа ова.
  20. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Еве го врвот на сите глупости што можеше да ги изработе мојот мајмун (кучето). Во неделата нели убав беше денот и отворени сите врати да влезе воздух дома. го гледам Принцот носе нешто во устата така пуфкасто и си викам пак има украдено некоја играчка на децата. И кога му свикав пуштај ја играчкатааа!!! И овој ни две, ни три, во ходникот ја остава ``играчката`` и таа почнува да се движи... ГЛУВЧЕ.....
    Јас бегам, кучето бега, глувчето бега. Јас у дневна, кучето надвор, глувчето у детската......
    И сеа имам ново милениче.. Таман мачорот ми се вика Томсон и е сив, ова ке биде Џерсон....
    Луѓе цела соба ја поместив, мебелот е во средината на собата, алиштата и душеците на децата ги извадив и сега дома е како да паднала бомба...

    Ааа и друго... Паметниот мој маж ставил стапица за глувци со чајна како мамка(повеќе мирисала) и плус го пуштил и мачорот во собата, без да помисле дека мачката ке тргне по саламата а не по глушецот. Леле кога ми кажа.. :o
     
    На CameliaMiller, Sunshine.Sunshine, Sunflowers и 1 друга личност им се допаѓа ова.