1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Мислам дека џабе ви е пауза ако не седнете и ги решите тие кавги и недоразбирања. Што после тие 2-3 недели? Пак ќе се карате вака?
    И не е важно дали тој ќе ти се јави или ти него, најважно е да најде решение за тие кавги, пример од што потекнуваат, за што најчесто се карате, како да ги решите без викање и лутење, кој ги предизвикува караниците и зошто. Учете се еден со друг на толеранција и разбирање, без јазикот да ви биде побрз од мислата.
     
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    Aко имате недоразбирања седнете и решете ги како луѓе никакви паузи не помагаат тука. Седнете позборувајте за проблемите и недоразбињата и толку ако оди натаму добро ако не пак добро, здравје. Вие се сакате ајде ама џабе е тоа ако неможете да најдете заеднички јазик да се разберете и постојано се карате. Викаш дека го сакаш тогаш барај го ти, видете се и позборувајте. Дај му до знаење дека го сакаш и несакаш оваа врска да заврши.
     
  3. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    60
    Ми треба мислење...
    Прво мислев дека дечкото на најверната другарка ми се пушта, од ко се скараа навистина испадна така. Јас се дистанцирав од него (го осеќав близок како другар ама поради случките бидна што бидна). Но продолжив да пак излегувам со тоа негово друштво во кое спаѓа и дечко ми.
    Пред една недела, братучед на еден од друштвото почна да излегува со нас. Толку ми е пријатен за муабет што буквално се заљубив во неговиот карактер. Ама тоа не е се... ;( Почна и физички да ме привлекува. Денес кога седна до мене осетив ко да сум на седмо небо. Не можам да ви го опишам тоа прекрасно чувство. Полетав буквално...
    Не знам што ми се случува и зошто вака осеќам, премногу сум збунета.
    Дали е страст? Не знам, ама се надевам дека е.
    Уживам во негова близина. Ме хипнотизира. Што повеќе сум во негова близина, толку повеќе ме привлекува.
    Што е ова и зошто вака ми се случува? :(
     
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ти имаш дечко да те потсетам само. И ова што се случува е само физичка привлечност одалечи се од него и за 1 недела ќе ти помине. Незнам врската каква ти е ама не вреди да ја уништуваш за ваква глупости.
     
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.246
    А што има врска бившиот од твојата другарка во муабетов? :^)
    Си имаш дечко и тука мислам завршува приказната. Ако и натака чувствуваш дека сакаш нешто со типот - раскини и терај си работа со новиот.
    Чиста сметка, долга љубов.
    Али во денешно време луѓето сакаат да комплицираат кога СЕ е кристално ЈАСНО и едноставно.
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Логично е да се побара совет и мислење за некој проблем.Но,твојот случај не претставува љубовен проблем за кој ти треба туѓо мислење.Луѓето се толку незадоволни од својот живот или пак не знаат што сакаат, па почнуваат да ги комплицираат нештата и да создаваат проблеми таму каде што ги нема.
    Ако секој еден дечко што ќе илзезе со вашето друштво за толку кратко време те привлече до степен да размислуваш што да правиш, кого да го откачиш, а со кој да продолжиш, треба сериозно да размислиш каде го насочуваш твојот љубовен живот за да не ги третираш другите како виновници кога самата може да бидеш причина за тоа.
    Донесувањето на вистинска или погрешна одлука во голема мера зависи од степенот на расудување на личноста што не секој може да го стори во граници на потребното.
     
  7. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    ^^Епа ке мора да ризикуваш. Ако му раскинеш на дечкото заради овој знај уште сега дека и ова може да не потрае долго. Ако си спремна да ги изгубиш и двајцата и нема да ти биде криво за одлуката што си раскинала со дечко ти не му губи времето(а и твоето) кога не го сакаш.
     
  8. mare.123

    mare.123 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    дечки дај помагајте. Веќе досадна станав со моиве прашања ама стварно ми е многу тешко
    вака сега : Има еден дечко што излегувавме, ама не се мувавме,јас знаев дека он ме свиѓа ама јас бев збунета,му кажав, се разделивме и јас излегов со друг ама ништо не се случи со тој, додека тој излегол со друга и дури е во врска со неа.. ама ќе раскинел да биде со мене бидејќи не ја сакал и мене многу демек ме сакал.. Ама мене од друга страна ми е многу жал бидејќи така ја искористил , ама не дека таа го сака |(
    Патем, знам дека ме сака мене, што веќе не издржа за мене и плус тоа се гледа неможе да се сокрие нешто такво.
    Дали вие би ме советувале да бидам со него или? ПОЗДРАВ
     
  9. mare.123

    mare.123 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    патем не напоменав во претходното мислење дека бил со неа од инает .. :^)
     
  10. chicaboom3

    chicaboom3 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    ако си сигурна прво во своите чуства, па потоа ако си сигурна дека тој навистина има искрени чуства спрема тебе како што си напишала, пружи му шанса нему, а и себе, па времето ќе покаже
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Не биди толку сигурна да те сакал тебе не ќе бил во врска со друга, ама мене работата ми изгледа дека сака и тебе и таа неговата да ве искористи и шутне. Ако го прашаш сигурно нема вистина да ти каже сигурно ќе си измислува муабети од инает, ова тоа сепак е машко тоа.
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.246
    Не си ласкај дотолку затоа што ако те сакал колку што вика, ќе е со тебе во врска сега. Имам искуство за оваа ситуација, тргни се од него. Не очекувај дека ќе ја остави женската без разлика колку не ја сакал, грда ваква таква.
     
  13. mare.123

    mare.123 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    врцката им трае неколку дена инаку.. фала на советите , а ако сака со мене ќе го измачам добро да ми докаже дека ме сака.. нема заебавање веќе ! :^) :^)
     
  14. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Само внимај да не испадне мислејки дека ти го мачиш, тој да прави будала од тебе. Одиграј паметно. :^)
    Мада и јас се слагам со претходните 2 мислења. :)
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Искрено, мене ми е жал за тебе, што си вака наивна. Како прво, тој ако сакал да биде со тебе и ако те сакал како што ти викал, ќе бил со тебе до сега милион пати. А како те сакал ако не се се мувале? Значи одредено те свиѓал нели. Тука има разлика. Искрено, ми е жал пак за тебе и за неа што сте потпаднале на неговите стари финти. Те сакам, маче колку да сте му на број.
    Како што кажа eloves не биди толку сигурна дека те сака како наводно. Бидејќи како што викаш дека неа ја искористил истото и на тебе ќе ти го направи. Најди си друг.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Бубачке некогаш мислам дека само ти ме сфаќаш овде на форумот. :?:
    Машко како машко ако види дека му се допаѓаш тој веднаш те сака тука нема 5/6. Може да ја свиѓал ама од свигање до сфаќаше ехее има голема разлика. Ќе кажам еден пример. Пред некој ден седима кај една другарка и таа има лажен профил за да следи кај бившиот што се случувало (глупости у боја :fubar: ) и и викам дај да видам нешти и гледма низ чатот еден што го познавам го имала за пријател и му пишувам ме сакаш? и тој а ти која си и јас викам Јована и тој да те сакам ти ме сакаш :fubar: Ете лесен памет. И не ми кажувајте дека се шегувал оти после тоа другарката ми прати разговор пишувал кај живееш, дај број и уште што не дечкото работата сериозно ја сфатил.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Queen23

    Queen23 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Здраво членки само што ви се придружив, нова сум и се надевам дека ќе се дружиме, малку ми се нејасни уште овде работите и незнам тоа што сега ќе го напишам дали треба да е овде :)
    --Па такаа да почнам на Струмица Опен се запознав со едно дете и знаеш муабет ова она се дружевме цела вечер и така остана. Другиот ден кога станав се окл на фб гледам ме адднал и од тогаш си пишаме, ми го зема бројчето, и некни во сабота се видовме прво седевме на кафе и потоа се шетавмее и тој ме бакнаа а јас неискусна не сум имала дечко ниту пак се имам мувано,и така како здрвена бев :sweat: и ништо на тоа остана после ме испрати докај другарките, и сега он пак ми пише на фб но не знам некако ништо не ми зборува за фаќање, само онака како да кажам другарски :^) јас сакам озбилна врска не за една вечер и он го знае тоа, но зошто не ме прашува дали сакам да му бидам девојка!! ;( или сеуште е брзо можеби треба да почекам уште малку ве молам за ваше мислење! :*
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Е ти сакаш одма во тавче да рипнеш. До сега не си имала дечко, па сериозна врска. Чекај бе малце, знаеш ли ти што е сериозна врска? Јас ти давам 15 години, гарант. Остај тоа. Рече се немаш ни мувано, па еве он ти е прв, мора ли да ти е дечко за сериозно. Абе многу го сфаќате сериозно тоа бакнежот.
    Е сега ако сакаш да го изгубиш, пак кажи му дека сакаш сериозна врска. Дајте бе, ве молам. Може тој не сака со тебе да има сериозна врска. Ако сакал немало да чека. Ти не го ни знаеш ни познаваш, па како одма влетуваш во сериозна врска со него??? Чекај бе девојче, запознај го види каков е што е, дали е за тебе или не е. А не одма се бацивте и во сериозна врска сте утре свадба ќе прајте.

    Еловес машко кога ќе види убава женска истите финти и на неа ќе им ги врти. Така да, кога би знаел дека тоа е лажен профил,во ѓаки ќе се помоча.
     
    На eloves и Queen23 им се допаѓа ова.
  19. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Зошто би била во врска со некој што едвај го знаеш? Излезете неколку пати, запознај го подобро, па види што понатака.
     
    На chicaboom3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    На профил ти пишува дека имаш 17 години ама се обложувам дека имаш помалку. Па и на 17 години да си колку сериозна може да ти биде врската со некој што го знаеш 2 дена? Башка други врски си немала и незнаеш како функционираат тие работи. Некогаш подобро е да излегувате некои време за да сфатите како ќе ви биде заедно, отколку да сте во врска и да раскинете поради несогласувања тоа е поболно.

    Бубачке другарка ми профилот го има од 2012 и повеќе виси на него отколку на нејзиниот. Цел ден слики, песни, статуси така да дечкото не се посомнева туку веднаш се вљуби на прв поглед знаеш. И дури пишувал дај број, каде живееш, време за кафе кога имаш и уште што не а ако не се лажам има женска. Така да ..
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.