Не можам да опишам колку не ми се прифаќа статусот сингл. Одамна не си ми бил 24/7 на ум како денес и вчера. Не знам дали грешам, не знам ни што сакам, и не ми е јасно дали е од навика, иако јас сум таа која стави крај, по милион пати проверувам дали си ми пишал, ми се враќат спомени, убавите моменти ги надвладеаа лошите поради кои и се решив на ова, и сфаќам сега нешто додека го пишувам ова... http://www.youtube.com/watch?v=kWakZcEGB38
Те сакав најмногу на свет и уште те сакам.Но решив да престанам да се борам и да ги ставам моите интереси пред твоите како што ти правеше.Твоите дела ме повредија,но зборовите уште повеќе.Некако си ми изладен,а ако ме сакаш повеќе од се како што велиш ПОВЕЛИ во твои раце е нашата врска,бори се..јас веќе се изморив.Може имаш уште време да ги поправиме работите и да биде како порано..а не ми е сеедно признавам,но морам да се оладам така најдобро ќе увидам до каде си спремен да одиш за мене и колкава е твојата љубов.
https://www.youtube.com/watch?v=poy2WkxBbcw Jos uvijek sanjam da smo zajedno.. 'Ko nekad davno ti i ja...
Се радувам за утрешниот ден,и за тој после него,се радувам и за наредната недела...Се радувам за наредниот месец и за секој нареден по него ... се радувам што те имам до мене во секој нареден ден
Теле ајде станувај, стануваааааај алоо Ми иди да ти дојдам дома да те разбудам па шо спиеш олку, аи ич не си на мене вака ранобуден :geek:
Дали го направив она што требаше или.....сепак не.А неможам без тебе,знам дека нема да издржам ама нема да те побарам..немам храброст,немам лице за тоа после се.И ништо нема да биде како порано,деновите ќе поминуваат прашувајќи се ''што ако,,?... потајно ќе се надевам дека ќе ме побараш а знам дека нема..ама сепак ќе се надевам. Ќе мечтаам за твоите прегратки и бакнежи,за тебе..ама нема да се јавам. Вака е подобро за тебе,лесно ќе се одвикнеш од мене,ќе запознаеш друга и ќе ја сакаш како никоја друга. А јас?.. ххах не е важно,јас можам и вака ..се навикнав да те губам. Може ќе помине,а може и не..сакам само да бидеш среќен,а знам дека со мене неможеш да бидеш..затоа е подобро вака. Ќе се заљубиш ти пак во некоја друга,ќе и пружиш неизмерна љубов..ќе има се што неможеше со мене..и знам дека ќе бидеш среќен. А за мене не е ни важно,ќе го поминам и ова ваљда..или сепак нема..
28.08.2012 Две години..ти се верува ли? Две години поминаа од датумот кој толку време ми беше лозинка на сите телефони,социјални мрежи,форуми. Кога би ти го кажала ова,сигурно би ти било смешно. Како што ти беа сите мои чувства и малечки потреби кои само ти беше способен да ги задоволиш. Но ете гледаш,после се,не си бил способен. А некој друг е,совршено. Знаеш,кога го засакав него мислев дека конечно сум се ослободила од љубовта која пет години со истата динамика ја чувствував кон тебе и која никогаш не сакаше ни малку да ме остави насамо со останатите мои чувства. Но дури сега сфаќам дека,никогаш не може да ти недостасува некој кој знаеш дека ретко помислува на тебе,а кога помислува,не чувствува кнедла во грлото и не му навираат солзи во очите. Можеш да ги сакаш оние кои тебе не те сакаат,но не можат да ти недостасуваат оние кои те повредувале толку многу. Кога ќе го чујам твоето име,или кога некој ќе те спомне сеуште чувствувам како нешто во мене се стишува и сосема тивко и нежно умира. Можеби тоа е некоја од неколкуте клетки во мене на кои сеуште им значиш нешто. Но тоа не е ништо,мил мој. Знаеш ти колку силно јас знам да љубам. Со целото свое битие. Знам целото свое постоење да и го подарам на само една личност и безусловно да ги љубам сите маани и црнила во нејзината душа. Знаеш што? Среќна сум. Се надевам дека и ти си. Се надевам дека ја чуваш,онака како што јас заслужував да бидам чувана. Се надевам дека и дозволи да ти биде се. Се надевам дека,целосно и се предаде и почувствува како е да зависиш од нечива љубов и да се чувствуваш како ништо дури и при самата помисла дека можеш да ја загубиш. Прекрасно чувство е токму таа слатка болка,кога знаеш дека би страдал само за насмевка на нечиво лице. Јас не го чувствувам веќе. Знам дека покрај прекрасна личност како него,никогаш нема да страдам. Тој ми пружи сигурност,и во неговите раце се чувствувам како најмалечката девојка на светот. Нема да страдам. Можеби конечно и јас ја добив таа,посакувана,љубов од соништата. И ќе ја чувам. Учам од твоите грешки. Знам дека никогаш нема да те заборавам. Но,зарем можеш да заборавиш некого кој во некој период од својот живот си го сакал повеќе и од што си се сакал себеси? Но,знаев дека сум те преболела кога веќе не ни сакав да те заборавам,не чувствував потреба да те избришам од сеќавањево и срцево. Бидејќи во тој момент ти се претвори само во спомен. Прекрасен спомен од една прекрасна љубов,која заврши,но признавам,заврши на прекрасен начин. Ти благодарам што ме научи на толку многу работи и ми покажа каков е светот кога си вљубен. Беше неверојатно искуство и неверојатен човек. Засекогаш ќе останеш запечатен во мојата младост и никогаш не сакам да го тргнам тој жиг од својата кожа. Знаеш зошто? Бидејќи веќе не ме пече.
Се надевам дека има благо, за да не идам за џабе. Се шалам душо. Многу ми е мило што ќе го поминиме денот заедно.
Не, не бев затрескана во тебе,сепак не се знаевме долго за да дојде до тоа. Ама сепак имам некое чудно,несфатливо чувство во врска со тебе..од глава не ми излагаш. Јас ќе си терам по старо,сакала-неќела ќе морам да се навикнам на твоето отсуство. Се ќе биде како и порано. Ама тоа што те запознав.. Само ќе ми фалиш многу, тоа е тоа. И се надевам дека некогаш пак ќе те сретнам, а дотогаш се надевам нема да ме заборавиш.
Толку многу те сакам што никогаш не би дозволила некој да не раздвои засекогаш. Толку многу ми требаш, што никогаш не би продолжила без тебе. Толку многу ми фалиш кога те нема. А најбитно од се, толку многу ме правиш срекна што посакувам засекогаш да бидеш мој. Само мој и само ние двајца. Далеку од сите, далеку од секој лош збор.