Не студирам на Економски Факултет, додуша имав една екскурзија во траење од една година таму, ама добро бе, не го сфаќате како мито тоа што ви наплаќаат буквално за се? Едно уверение за положени испити го плаќате различно ( зависи дали има конкурс за студетски/стипендии ), тогаш е 1000че, иначе по 500. Потврда за редовен студент-100. Те нема на список за полагање, ајде 1000че или 500. Секоја година уплаќате за книжевен фонд по 1000,1500 денари...па студентите на факултетите кои користат лаборатории не плаќаат толку. Ве имаат исцедено до немајкаде.
^ Абе дека не цедат и тоа како Ама не е мито тоа, не ни пишуваат оценки така иако плаќаме милион работи.. Повеќе е крадење пари за безврска. Јас зборев за мито што праша девојчето, ја сфатив дали бараат као за побрзо да завршиш работа или незнам за оценка, а за овие глупостиве да, си плаќаме...
200 евра партиципација но да беа само тие арно ќе беше уште колку уплативме па дури и еден пријавен лист. Само за пари се.
Не, не признаваат и логично зошто не е исто етика и деловна етика, а исто и математика зошто ова е математика за економисти и покрај интеграли, комбинаторика, веројатност, матрици итн. се учи и финансиска математика (ренти, влогови, амортизација итн.) што кај вас не се учело.
Да не ме сватите погрешно знам дека има еден куп други работи што се учат, меѓутоа во архива ми рекоа дека делот со варијации комбинации, пермутации би можел да ми биде признаен само прашав да не има некој/а слично искуство, сепак фала ви за вашите мислења.
Продавам оригинал книги по економија, економика, менаџмент и математика (комплет со збирка и таблица).
Може ли некој што имал искуство со лесни изборни предмети да ги наброе и да каже за секој по нешто, принцио на полагање,лесен,тежок, сватлив за учење и сл.(освен деловна етика, англиски и демографија) Затоа што јас треба да запишам 4 изборни овој семестар, па би ми било од корист доколку ми помогнете. Ви благодарам
Ме интересира како се одвиваат предавањата во прва година, дали сме поделени во групи , по колку студенти и слично
Во прва година сите учите исти предмети, со исклучок на изборните кои сами си ги избирате. Инаку предавањата се од сабајле, убаво испланирани да нема многу дупки т.е огромни паузи меѓу предавањата. Траат по 45 минути и после секое има 10-15 минути пауза, зависи од професорот. На предавања ќе одите како смерови, лани беше Надворешна трговија-Ебизнис-Маркетинг во еден термин заедно, Сметководство и ревизија и Економија во друг термин заедно, Финансиски менаџмент и менаџмент во трет. Ќе бидете по 300 студенти вп амфитеатар, зошто тие предмети во прва се масовни, основни и сите мора да ги поминете.
Аааа ти мислиш тие одредени теми да ти ги признаат... па мислам дека најдобро е да го прашаш професорот, иако не сум слушнала за такво нешто сепак најдобро да му ја кажеш ситуацијата па ќе ти каже он
Не, секогаш сите почнуваат заедно од 15 септември, дури некои професори и со предавања почнуваат истиот ден.