Преубав ден,нека е за многу години празникот Насмевки,гушкања,кафенце и муабет кој нема крај.Посовршен неможе да биде денов За прв пат сум кај него како негова вереница,порано велев: еве кај дечко ми на гости, но сега ми забрани да кажувам дека сум на гости туку дека сум дома во нашиот заеднички дом Ви посакувам убаво да го завршите денешниов ден,ваквите денови се за да ги поминеме со оние што најмногу ги сакаме- со нашите најблиски Уживајте каде и да сте и ширете насмевки околу вас
Има ли нешто поубаво од тоа да видиш дека некоја блиска личност е среќна а со тоа и тебе те прави среќна? Епа мислам дека нема..
Незнам зошто, но покрај толку многу луѓе до мене кои навистина ме сакаат и кои јас ги сакам се чувствувам многу осамено и тажно, еве го пишувам оваа и плачам. Незнам зошто вака ми се случува
СДК ... само со вистински пријатели животот има убава страна. Јас сум среќна личност затоа што ги имам, а не се малку ... И затоа што ме исполнуваат до максимум.
Што се нема да видам на фб... *смајлиштосекрсти* Се сликале како пијат виски со чаши од Нутела омфг хахаха битно им почнал продолжен викенд
Еве ме и мене.... Бев нна одмор. Кажав ДА на понудата за брак. Среќна сум со човекот кој го сакам што уште да кажам ? Го испратив пак во тугина тешко ми е претешко но што се може , ајде барем уште малку време да си направиме свадбата па после ке си се прибериме... Вие како сте ми ? Од утре повеќе ке се дружиме ПОЗЗ
Многу е тешко да ги прочиташ машките и нивните знаци - дали те свиѓа или не... ама тоа е така, тие нас не не сфаќаат, а ние тврдиме дека сме лесни за разбирање и обратно. Едноставно двата пола немаат исти размислувања. И како да се стигне до главниот одговор на прашањето: Дали ме свиѓаш? И тоа беа да звучиш како психо? Никако, ќе си молчиш и надеваш дека еден ден можеби мистериозно ќе дознаеш.
Му реков дека сакам пердув од паун, и по 3 минути го снема... 25 минути одеше по паунот да не му паднел некој за да го земе. Маж ако те сака искрено, се ќе направи да те види насмеана и спокојна...
Последниот пост напишан пред точно пола година. Овде имам пишувано и во најубави и во најтажни периоди, викаат кај и да одиш на крај пак дома се враќаш, па така некако ќе му дојде моето "враќање" овде. Порано фемина ми беше 24/7 приклучена, ама тоа се смени, повеќе нема да биде така. Немам време за пишување, ама да се издвои пола час за да се ѕирнат некои теми се може и тоа како. Не знам како стојат работите, гледам промени нема, а беа најавувани. Сигурно има многу новозачленети, а гледам и некои стари членови се сеуште активни. Нека е за многу години празникот, толку од мене за вечерва.
Феминки, ај да Ви се пожалам јас. Две и пол недели во мојот кревет не сум легнала Ми се смачи веќе да менувам кревети и да одам по гости. Прво, кај тетка ми, сега кај баба ми и наредно кај е следно Во двор, можеби Ова реновирање на мојата куќа ми стана ноќна мора и измачување. Кај тетка ми морав од 8 саат да станам, се поради внуката која како да имаше будлиник и секој ден во исто време стануваше. Значи будење или со плачење и со прегратка Следеше измачување од типот: фризури правење, лакирање, шминкањи и во најлоша варијата бањање во када најмалку 1 час со полна када. Ми беше срам тамо повеќе да одам и сега се префрлив кај мојата баба. Инаку живее на прв спрат , а јас на втор. Кај баба ми креветот е катастрофа, како и да се свртиш на половината од креветот се наоѓаш, во 07 часот наутро започнуваат мајсторите со нивното тропање и работење. Крај се нема, верувајте некако им се погоди на мајсториве кај нас и не сакаат да си одат Оваа моја мака до недела ке ја трпам. Сакам само да кажам дека дома си е дома и никаде не е како дома. Си го сакам мојот кревет, мојата соба и мојата слобода. Незаменливи се
Многу ми е мило што има голем број на личности кои ги пратам на форумов и кои ми се многу мили.Ако станува збор за личности кои не ги познавам и кои се затскриени зад некои секси,необични,смешни,обични и таинствени аватари,сепак многу ми се мили. Толкава подршка,желба да се помогне,да се охрабри и во потешките моменти,па дури и да те расположат со некој ненормален пост онака без врска или како одговор на некое уште побезвезно прашање го има само на фемина. Како едно големо семејство.Фала ви на тоа. Убаво е чувството кога знаеш дека има добри луѓе,па макар тоа било и на форум.
...Деκа сум сρеќна. И постојано и се ρадувам на сопствената ρадост. И тоа воопшто не е мала ρабота! Од таа сρеќа цρпам самодовеρба и инспиρација.
Нека дигне раче која будала до 4 саат сабајле сама разместува покуќнина. Не знам колку пати го сменив распоредот. Нема да престанам, се' додека не го осетам чувството дека - тоа е тоа! Дека тој е вистинскиот распоред. Нели така викаат кога ќе видиш венчаница, дечко... шта ти ја знам. Мислам така викаат, демек постоело такво чувство. Е па ја го барам! Се препотив, ебаго. Да му спомнам уште нешто на татко ми да размести, мислам дека ќе ме фрли низ прозор со се' цела соба. Вака, додека сите спијат, јас си разместувам. Сите спијат, а јас сум самааа. О, зошто не си крај менеeee? Преместувај, разместувај, бескрајнооо. Волшебна е ноќ за местење. Сите маички, наметки, дуксери и дрндупки ми стоеа во еден шифуњер на закачалки. Нит диплење, нит бутур. Само закачи и уживај. Ама сега ме удрил некој со мокра чорапа, да ги преместам на полици, па да ги преместам. И диплев, што ќе праиш... Со двете раце потпишувам дека за два дена, полиците ќе бидат растур систем. Ама што знаеш, можеби пак ќе ме удри некој со мокра чорапа, па пак ќе си ги ставам на закачалка. Како викаат? Си ги средив фиоките, сега очекувам цел живот да ми се среди. Не дека нешто посебно ме мачи... али ова диетава ептен ме мачи! У ствари диетата не ме мачи, диетата ја нема! Да можам да се разбудам и ПУФ, да се стопам. Многу вицови со златни рипки имам читано изгледа, затоа вака барам желби. Ама само една барам, не се трии. И рипчето се скри. Ама како сум изгланцала... Леле луѓеее, лелееее што напраив. Фалете ме прсти, оти ќе ве раскрцкам. Ги вртев креветите наглавачки, ги усисував од сите можни страни, па со прашок за перење алишта ги триев, па со влажна крпа, па со сува крпа. И сеа можеш слободно да ги лижеш. Може ќе горчат, ама шо... Нешто како: Код: http://youtu.be/oviJcOru6r4?t=2m32s За шифуњерот да не зборам, цел го расклопив. Иначе најдовме фиКсални сметки од 2007 година. Уште од тогаш сме се спремале за фиКсална во рака, награда без мака. Значи и фиКсалниве сметки можеле да ти вратат меморија, еј. Ехеее, што се' сме чувале... И така... ако сам не му текне утре на татко ми, јас ќе си ги закачам полиците. Па криви биле, прави биле, шаимавезе. У ствари не знам кај му е бормашината. Не бе бегај, некоја беља ќе напраам, после Цацко ќе ми биде крив. Пред некој ден се сопнав на приклучен кабел и цел штекер го откорнав. Aма реформите ќе продолжат! Промени за нов почеток! Пишав и од двете страни слогани, да не речете после Миле вака, Миле онака.