Ми треба одмор. Е сега ко што сум јас комплицирана, толку ми е едноставна мојата замисла за одмор. Според мене, не е одмор да пливаш во море, ниту да се искачуваш по планина. Не, тоа ме заморува десет пати повеќе од готвењето. За одмор го сметам лежењето во кревет додека пеат тивки песно, кои нормално ве враќаат назад низ минатото, или ме носат во светот на фантазиите. Таков одмор имав по неколку пати дневно летово. Но, сакам пак. Во шест часот? Зошто да не? Само музиката ми е спасот.
синоќа пред спиење си фантазирав малце за мојот омилен спортист ама изгледа имав толкава грижа на совест што ме смачка лифт во сон. Добро утро.
Сакам да кажам дека конечно осетив на своја кожа што е да се изморен да ти е мака... бев во планина со друштво спиевме во шатори 2 дена. Па луѓе музика трешти во 5 часот наутро е како да спијам јас си велам.еее ама пак затоа вчера во 19 легнав во кревет и дури во 8 станав абе прав топ. Друго каки луѓе уште не постојат бе. Што не видов овие два дена.. се чудам каде им е умот !!
Вчера пред зграда, си играа комшивчињава.. и така си викам чек да ги погледам малце, па шо види ги какви се срцки (а уствари боље да не ги гледав искрено)... и си ги гледам јас така и таман почнав да си се присеќавам на времето кога бев јас колку нив (5 години имаат децава иначе).. и све си играат со топка вака, кога машково си се наведна за да ја земе топката, кога оваа му доаѓа од позади и боље да си преќутам кај го фати, па уште и си писка: ЕЕЈЈ Г‘З, ЕЈЈ К*Р, КУРАЈБЕР, КУРАЈБЕРР СИ ТИИИ ! ... за после тоа да земе овој да и се сврти и нејзе да почне да ја пипа.. (и ја ваква останав), и фино лепо си се откажав од гледање.. видов и повеќе од доволно, имаше и што да видам... И си викам у себе.. ехх Луци, Луци, колку се напредни денешниве деца.. ти на нивни години со Покемони се занимаваше, а види ги сега шо прават! Жалноо!
Богами, како што тргнала работава.. не би ме зачудило ич ... него незнам шо ќе биде еден ден, јас кога ќе имам деца.. Страшно, не сакам ни да помислам!
^ Не мора да значи. Колку од нас имало само што како мали сме се потекуеле од зборење безобразно одреден период од нашето детство... Па, тоа не ги спречило да пораснат во здрави, културни и воспитани личности коишто сигурно не ги воспитуваат така нивните деца. Зборењето безобразни работи е интересно кај многу деца затоа што е забрането. Како и ред други забранети работи кои им се баш поради тоа најинтересни. На мало дете да му речеш „Ииии немој срамота“ ќе почне возбудено да се смее и баш спротивното од твоите поучувања ќе го направи. Некад мислам дека со тоа уште повеќе се жести за така да се однесува. A го има и спротивното, мирни, мирни, воспитани, културни повлечени иии при прва слободна влезница, јуриш, ко од ланец пуштени.
Петнаесетгодишна си ги сликала градите и одма на фејсбук.За 30 минути 300 лајкови.И кога ќе видеш 96% од лајковите се машки.А малите ги гледат поголемите и кусо да не се.Моите комшивчиња да ги видеш какви се .Ај оваа петнаесетгодишната више е пропуштена,ама мене не ми е јасно што домашните превземаат на овие помалите.Нели гледат децата што и прават. tessie на сите како мали ни претставувало некое огромно задоволство да збореме безобразности и баба ни да ни вика дека тоа е срамота ,али овие денешните деца се ептен безобразни,се пипаат удараат дека не треба.А секако тоа потекнува од оние постарите (брат,сетра).Па често пати ми се случувало да отидам некаде на гости и мали деца се има во куќа а на масата плејбој магазин .
^^ Да де, плејбој магазин. Може навечер пред спиење и порно им пуштаат родителите. Многу претерувате со муабети, како стари баби на вода. Инаку сум зачудена колку млади девојки, жени од 30 тина години се зависни од апчиња за смирување. Анксиозност, паники, депресии во поблаги форми, ми се чини секоја втора, трета на хелекс е. Се стиснале во себе, страв да проговорат, да кажат, да викнат, да им олесни. Зошто збираш во себе, од што се плашиш, зошто мислиш толку за работи што ниту те занимаат директно ниту ти се од корист? Оддалечи се емотивно од се што не ти годи и те уништува, не ги трупај проблемите, не ги голтај навредите, решавај во моментот, не мисли толку на последиците. Полоши нема да бидат од тоа што следи по долги години ќутење, трпење и мислење само на проблемите. Знам дека инстант психологии не ви требаат, ама млади сме, сега ако немаме енергија и храброст за справување со проблеми, кога?
Сакам да се случи нешто толку големо и среќно, што ќе ме истресе од гаќи. Еднаш во животот сите заслужуваме таков апансас од среќа. Е сега може да ти дојде на 80 години и тоа баш и не ти е по ќејф...
Сакам да кажам дека сум осамена. ДА ДА ДА осамена, бескрајно, и ете ти, таа пуста осаменост не ме однесе во очај да се трудам да излегувам да барам луѓе туку напротив полошо, ме направи некомуникативна невообичаено ненасмеана, затворена....Знам што ми треба, ми треба инспирација, ми треба мотив, ми треба љубов ми треба жар. Епа нема, а ако нема и без тоа ќе се живее...Само нека помине проклетава настинка ме убива!
Рано будење,здрав појадок и сокче,утринско вежбање и купка и цвеќе од ретко внимателно момче. Може ли денов да стане подобар,а уште не е ни пладне?
http://prvi.mk/2014/08/29/foto-skopjani ... a-bilbord/ Демек на колку поголема икона се поклонувате, толку повеќе господова наклонетост од господ ќе имате? Е лижигзови бреееееее!!! Јас не знам како луѓево не ги гледаат суптилните потези на себичност во ваквите работи. Мислат дека Господ е некој кој навистина ги гледа што прават и како на шефот на работа, така ќе ја освојуваат неговата љубов, до степен да посакаат да се единствени и признаени верници кои ќе бидат во рајот, а на земјата ќе го имаат најубавиот живот...
Мислам срамота! Со ова не покажуваат колку им е господовата наклонетост, туку колку се примитивни и необразовани. Ало, на билборд! Жално е тоа што своите турбо-фолк адети ги пренесуваат во црквите и духовните учења.
Имам преголема грижа на совеста. Кажав претешки зборови, остри, зборови кои болат до срж. А со право ги кажав..
Се надевам текстов за брзо време во медиумско катче ќе го читаме кај трендо.... извор: http://kadevecer.com.mk/shakira-e-povtorno-bremena/
ВЦто отсекогаш ми била омилената соба од куќата. Во него можам буквално да се распаднам, без никој да ме виде, освен мојот одраз во огледалото. Како ли можев да бидам толкава идиотка? Како ли ќе поднесам уште една личност да остане во минатото? Не, не може тука да е крајот! Како ги расипав работите, така морам да ги поправам, по ѓаволите. Не можам да поднесам уште спомени. Се чувствувам како една половина од мене да се откачи и да замина. Јас сум лоша личност и ќе горам во пеколот.
На некои луѓе им фали памет. Ама сериозно! Толку се нервирам што стварно ќе пукнам веќе... Си викам, смири се ајде, не вреди, ова-она, трт-прт, ама не се трпи веќе. И кога ќе ми текне дека секој ден треба да се трпи...капак! Ај да можев да ги променам, ама не! Се` што можам е јас да се прилагодам на нив, како и секогаш, нели... Ајде, диши, ќе помине. Само нека биде брзо!
Четири години како заспивам и се бидам покрај него. Во овие четири години нема ден да излегол низ вратата без мојот бакнеж на неговите усни. Нема ноќ да сме заспале, а да не сме се бакнале за добра ноќ и убави сништа. Со ризик да звучам како стара тетка, се надевам дека уште дооолго, долго ќе си ја делиме среќата, и доброто и лошото, многу бакнежи, па и по некое лошо зборче кажано во лутина кое потоа ќе биде избришано со насмевка... Наздравје, за уште многу години полни со љубов.