Aко на некого пуштите позната стара инструментална песна и ви изреагира со „Ааа, значи вака се викаше песнава!“ со ја открив Америка тон, можеби тоа сум јас... Кога би почнала да водам евиденција за сите песни коишто некогаш и негде сум ги слушнала и чиј рефрен ми е познат, а за насловот некој ме просветлил после неколку години, волкава книга не би ми била доволна. E така!
Сакам да ви ја кажам мојата глупа навика. Значи, секое утро кога станувам, прво што правам е одам до фрижидер. Ќе го отворам, и веднаш ќе го затворам. Онака, без причина. А не ми се јаде. Единствена ли сум?!
Од секогаш сум сакала да добијам некогаш поклон книга. Не ми е битен насловот,дали е позната или не.Сакав само да добијам книга Денес добив една на подаркот Чуството е преркасно,дури не описливо!
Колку се понижуваат некои девојчиња, значи не е можно ilent: Поготово бившата на дечко ми, девојчево е за грев. Немам ништо против неа, не ми пречи воопшто, не сум љубоморна на неа ни малку, зошто ако се било во ред сега би биле заедно, но колку се понижува не е свесна
мене + машина за шиење = disaster си се смеам самата на себе на час сите шијат јас уште незнам како да ја пуштам Спојлер is this не не ми е наследно бабо кај си ко ќе ми требаш ?
Има некои луѓе на коишто тоа устата им смрди, копа, труе на фекалии.. а притоа не преземаат ништо.. стварно не ги разбирам, па нели е малце непријатно да збориш со некого и да му дишиш у сурат, а тоа устата да ти смрди, труе.. уфф. бљак исто како да земам и со ВЦ шољата да си праам муабет, па стварно нема смисла!
Одам до сендвичара да си купам за јадење,и една баба пред мене си нарачува за внукот „Едно хокле докле како за беќарче’’ Made my day.
Не живееме повеќе. Само... живуркаме, по малце онака, колку да се рече, колку да не биде дека сме умреле. Петок вечер, улициве празни, за два дена почнува школска година, надвор само слушам некој комшија како си ја поправа колата. Овој викенд, последниот пред први септември, некогаш беше погласен од концертите на школка во парк. Минатиот викенд, едни деца застанати кај мене под прозор, галамат за нешто кое го гледаат кај едниот од нив на мобилен, па се смеат и гледаат кај еден од другите. Погледите не им се спојуваат воопшто, а околината не ни постои. Да ги праша човек, сигурно не ни знаат дали има куќи или згради околу нив. Сте го гледале на Пиксар, Wall-E? Епа тоа не чека. Купче дебели глуперди кои без асистенција на стручни роботи не можат ниту да се вратат во столчето пред мониторот и воопшто и не знаат како изгледаат. И ми велат „треба детенце да имаш, знаеш колку ќе го сакаш и убаво ќе ти биде“, а јас не смеам ниту да им одговорам дека премногу го сакам уште неродено, зашто страв ми е во кој свет ќе расте. Не смеам, зашто ќе ме направат луд. Веројатно луд и сум. Дневно поминувам околу 15 часови гледајќи во различни типови на монитори. Компјутер, телевизор, телефон, константно поврзан на интернет, претрупан со информации од секаков вид, а чудесно, никогаш порано не ми било толку тешко да форулирам реченица, да се разберам со луѓето или воопшто, да одржам нормален контакт со друго човечко битие на улица. Порано размислував да баталам сè и да купам куќа некаде во планина, да уживам во природата, ама така се чувствував ненормален со мислите. Сега ми се чини како тоа да е единствениот начин да останам нормален.
Епа аман веќе од комшикиве-другаркиве на баба Секој ден доаѓаат на кафе. Добро тоа не ми смета, има право жената да си се дружи и мене ми доаѓаат другарки, ама овие нејзиниве.. Сами се влегуваат, без да заѕвонат на вратата. Ајде да им се случи еднаш, ама секој ден ли бе.. Што е најлошото ни баба ми не ги сака цел ден, си има работа жената ама ги трпи. Прееска си седам јас на комјутер, а баба ми си легна во соба да се одмори, оваа си влегла, а јас со слушалките во уши не сум ја ни слушнала. Баба ми ја разбудила и си зборела она, а баба демек ја слушала Умрев од смеа кога ми кажуваше
Колку пати сите ми викаат не се приврзувај толку со животни немаат тие век, само гледај ги и чувај ги штом ти се убави, без приврзување, ама неможам јас таква сум, многу ги сакам сите животни. И ради тоа денес си се изнаплакав поштено Ми избега папагалчето Душичката мала, се научи и да зборува, се припитоми скроз, и се, и да ми избега е ај да не се секирам и да не плачам Го видовме кога избега и сите одма го баравме тука во близина, узбуна направив Среќа го најдовме, после пак плачев ама од среќа (будала сум, знам) Далеку и високо можело да лета бре, јас го мислев папагал неможе, а тоа до кај другарка ми да ти заминало во двор на цреша кај неа :geek: А пред тоа ја исконтактирав да бара и таа натака што му знаеш си викам, и ми се јавува по неколку минути ми вели тука е го слушам црцори, тоа е, плаво е, брзо кај мене Другарка ми ја доби најголемата гушка
Од оној ден кога клекна пред мене и ми даде прстен ми го разубави животот. Ме избра баш мене за негова доживотна совпатничка. Можеше да одбере друга , било која , има милиони , ..... но јас сум таа која му го украде срцето како и тој моето. Постојано ме изненадува и ми го разубавува животот. Тој е најважното нешто во мојот живот , деталот на мене без кој неможам да живеам и несакам. Уште кога прв пат го погледнав знаев дека тоа се очите кои сакам цел живот да ми го осветлуваат патот.Не верував никогаш во обострана љубов но ете ја почувствував. Никогаш не верував дека ке посакувам на некого толку подобро дури подобро одколку што посакувам за самата себе.Тој ми го даде срцето и јас му го дадов. Неговата рака нека ме води цел живот .Ти благодарам љубов моја
Леле ,колку ли ни е на нас добро во животот кога стигнеме да зборуваме за Цацко и Маца.Струјата не поскапува,вработување има,платите и пензиите растат,стандардот ни е зајакнат,инфлација има неприметна,па кога ни се така убаво ајде да видиме што се случува по чаршијата.Се разведуваат Цацко и Маца?Навистина?А зошто?А кој е крив?Тој ја преварил?ЛЕЛЕ...Има ли доказ?Ама и таа него го превари ама тој не знае.Пих..кој му е крив кога е глуп.Со кога го преварила?Со Зоран?Не слушам?Со Зоран или Горан?И двајцата??Па што да кажам....?! Блазеси и на неа,а блазе си ни и на нас кога ова ни е топ тема.Страшно! Ограниченост!