1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    7.731
    И јас почнувам од утре со постот. До вторник без зејтин, а потоа по причест со зејтин до 28. Така знам и така сум постела и порано. Ми имаат кажано дека не се јаде грозје на овој пост, само не знам дали беше цели две недели или до вторник. Риба може да се јаде по причест или? Оти за Велигденските пости е дозволено само на Благовец и Цветници.
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Грозје од новата берба, не се јаде до Преображение, кога истото се благословува. После може да се јаде. Ако некој/а јадел/а грозје, а сака да се причести, на исповедта нека го каже и тоа.
    Риба во овие пости се јаде само на свето Преображение. Погрешен е постот, без масло со варена/печена риба.
     
    На galapce, Mama25, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Со лесно нека ни е постот на сите што од денес ќе постиме
     
    На Mama25, Orthophill и Serafima им се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Убаво кажа и братот Ортофил, најважно е да се покаеме за гревовите, да ги исповедаме и достојно да се Причестиме, ако благослови Бог. Постот како пост е само средство, но не и цел.

    Нешто за овој пост.
    По правило овие пости се постат од понеделник до петок без масло, само во сабота и недела се јаде масло. Риба се благословува да се јаде само за Св. Преображение, а исто и грозјето (од оваа година) се јаде од Св. Преображение па натаму, односно откако ќе се благослови.
    Но, ако од одредени причини, пример здравствени, или кај бремени, доилки... со благолсов
    никако на своја волја, духовникот може да се разреши и поблаг пост.

    Лесен и богоугоден пост на сите :) .
     
    На galapce, stylishh, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите и лесен нека ни` е постот. Не заборавајте да внесувате многу течности како и почорбести оброци со оглед на тоа што постов е летен, а и знаат да го убијат чувството на глад.

    Јас сакам да прашам дали смеам да јадам кечап со оглед на тоа што во составот пишува дека имал и алкохолен оцет? А што со соковите (купечки) во чијшто состав пишува дека имаат и растителни масла?

    Зборувам за преку недела кога се пости без масло.
     
    На galapce, Serafima и Mama25 им се допаѓа ова.
  6. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ви посакувам лесен пост.И не само на храната,внимавајте и на добрата мисла,помагајте на сиромашните и посетувајте ги болните.
     
    На galapce, Serafima, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    tessie ако пишува дека има алкохолен оцет тогаш не се конзумира,инаку замена за кечап Томатело од Нектар или некој сличен (каде-каде поздрав од кечапот кој воедно содржи шеќери и куп емулгатори,ако ти е за вкус има исто на Нектар Италијана кој е одличен).
    А во кои сокови има растителни масла ? Ова првпат слушам :o И ако има се разбира дека не.
    Лесен и богоуден пост на сите што постат :angel:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Да, кога земаш сокови овој период, прочитај на амбалажата за составот. Тука ако не најдеш „растителни масла“ значи посен е.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.983
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали и денешниов ден се пости?
     
  10. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Не, денес е причесната за Богородичните пости и се завршува со постите.
     
    На tessie и lunicka им се допаѓа ова.
  11. mi29

    mi29 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали некој може да ми каже како се прави петтолебие, мислам на рецептот.

    Поздрав
     
  12. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Gleadam na temava za postot se diskutira samo za sto treba da se jade a sto ne,duhovnata hrana nikoj ne ja spomnuva sto e I najvazna za eden post,ako se ima necista misla ozboruvanje klevetehje, mrazenje, osuduvanje I tn.znaci badijala postis so hranata na teloto ako ja nemas duhovnata hrana
    .Koga postis ne falise oti postis I neka ne ti bide postot kako izmacuvanje ,zasto cistam nekoj pisat ajde so lesno neka e postot |( ,dali ne ja znaat nekoi luge sustinata na postot? ili ne neznam sto e rabotata
     
    На hermosa, okcenzi и theboy им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    А ти дека заврши постов, па бргу бргу зеде да осудуваш. :lol: Инаку и денес е строг пост (петок). ;)
    A зошто велиме лесен нека е постот? Па токму затоа, да имаме сила со радост да го постиме, да не не` измачи, да не потпаднеме под искушение, за што и се молиме кога ја кажуваме „Оче наш“. Kaко и за секоја работа, обврска што се вели. Сме се фалеле, пих. На анонимен форум шо фајде од фалење. Баш учиме што треба, а што не од тој аспект. Духовното воздржување од навреди, пцовки, осуди, озборувања, клевети треба да се практикува секој ден без разлика дали е пост или не. Треба секогаш да бидеме свесни за нашата грешност и да се стремиме кон подобро. И што е најважно, да не изигруваме Господ, туку да учиме едни од други, затоа што уште многу нешта постојат што ние, ниту ги знаеме, ниту се поимливи за нас.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    jas ne osuduvam nikogo ,samo go zboruvam ona sto treba da se znae za vreme na postot ,a sekako deka i ponataka treba da se primenuva ne samo za vreme na postot ama retko koj go pravi toa, ne kazav za falenje na temava :D ako taka si me svatila :D


    [mod-kirilica:7fiagetk][/mod-kirilica:7fiagetk]
     
  15. emaus

    emaus Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prosfora.asp
     
    На mi29 и Serafima им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Мало потсетување за оние коишто постат. Покрај редовните среда и петок, утре (четврток) е строг пост (Отсекување на глава на Јован Крстител).

    Кога сум веќе тука, да си прашам. Некаде читам дека во сабота (Празник на појасот на Пресвета Богородица) е пост на масло, а некаде дека се мрси тој ден. Како е правилно? Ви благодарам.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. emaus

    emaus Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Се пости на масло доколку празникот се падне во среда или петок, во другите денови се мрси.
     
    На galapce и tessie им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    На Serafima, mal.ecka и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    За постот


    Свети Јован Златоуст вели: „Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е страшен за нас, туку за лошите духови. Ако те обзел лошиот дух, покажи му го лицето на постот, а тој окован со страв и врзан како со железни синџири ќе стане понеподвижен и од каменот, особено кога ќе ја види со него и неговата другарка молитвата.“ Затоа и Христос вели: „Овој род се истерува само со пост и со молитва“ (Матеј 17, 21). Па тогаш, штом е постот толку страшен за нашите непријатели и ги прогонува, потребно е да го сакаме и радосно да го примиме, а не да се плашиме од него.

    Како се прави просфора...Постот и молитвата ни се голем дар Божји, без кој за нас луѓето нема обожување и спасение. Тие се наше благодатно учество во Крстот Христов, па затоа и во Неговото Воскресение. Постот и молитвата ги осветил и ни ги подарил во Црквата Самиот Господ, Богочовекот Исус Христос, преку севкупниот Свој живот во тело меѓу нас луѓето. Господ постеше во пустината четириесет дена и четириесет ноќи и често се повлекуваше насамо на молитва. Оттогаш пa наваму, постот и молитвата во Црквата се запазуваат и се живеат како една од нашите најголеми светости. Доволен показател за спомнатото е животот на кој било од нашите Светии од Пресвета Богородица и Светите Апостоли, па до денес.

    Вистински пост и молитва како благодатни дарови Божји постојат само во Црквата и никогаш надвор од неа. Тоа значи дека тој што пости и се моли треба да е крстен, да се причестува, да се исповеда, да ги почитува и да учествува во сите други Свети Тајни на Црквата.

    Под пост, во поширока смисла на зборот, се подразбира севкупниот наш христијански живот и начин на постоење во Црквата, опфаќајќи ја тука и молитвата. Затоа, условно, постот можеме да го поделиме на телесен и духовен. Во потесна смисла под зборот пост најчесто го подразбираме телесниот пост, којшто е воздржува-ње од некои јадења во деновите и временските периоди што Црквата ги одредила во текот на годината. Овие денови точно треба да се запазат и никој да не измислува, без благослов, повеќе или помалку од она што Црквата од Светиот Дух вдахновена го определила.

    При определувањето на телесниот пост треба многу да се внимава. Не е можно секој човек, секоја конкретна личност да си наложува и да се оптоварува со иста тежина. Во Црквата живеат, се спасуваат и деца во развој (од кои до нивната седумгодишна возраст воопшто не се бара телесен пост како подготовка за Причест) и изнемоштени, остарени луѓе, потоа луѓе болни или оптоварени со тешка физичка работа, како и жени, бремени или со доенчиња. На сите овие духовниот отец, свештеникот, ќе им определи пост според нивните телесни сили или ако треба и сосема ќе ги ослободи од него.

    Постојат и луѓе коишто иако можеби немаат телесна слабост, духовно се слаби и не можат да го издржат целото правило на постот. Меѓу нив има и такви коишто допрва приоѓаат кон Црквата или после подолг период и се враќаат. Духовниот отец треба да биде многу внимателен со овие браќа и сестри христијани и да не ги оптовари со пост којшто е поголем од она што тие можат слободно и љубовно да го поднесат и да го прифатат. Одредувајќи им ја на овие луѓе вистинската мера на постот, но и пристапувањето кон Светите Тајни, ние многу ќе им помогнеме во понатамошното духовно растење. Од друга страна, пак, претераноста, неодмереноста во постот може да го парализира и запре нивниот духовен развој. Знаеме дека ни на новороденото дете не му се дава веднаш тврда храна, туку најнапред млеко. Ако оваа претпазливост е потребна за телесното растење дотолку повеќе е значајна и за духовното.

    Еве што за ова пишува нашиот светогорски монах, големиот испосник и духовен отец, Епископот Велички Гаврил од Лесновскиот манастир, кој постојано живееше во најстрог пост: „Оние што воопшто не постат нека почнат да постат, ако мислат да се спасат и душата да им влезе во Царството Небесно. Но тие не можат веднаш да го усвојат целото правило, туку најнапред нека постат во среда и во петок, во првата и во последната недела од постот, а потоа со текот на времето ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат полното правило, така што по некое време и тие ќе постат уредно... Освен тоа, почетникот најнапред може во посните дни да не јаде месо и маст, а да јаде сирење и јајца, така што со текот на времето ќе мине на целосен пост.“ („Правила и одредби на Право-славната Црква за постот“, Епископ Велички Гаврил Светогорец). Како што можеме да забе-лежиме, карактеристика на светите луѓе од Црквата е голема строгост спрема себеси и големо снисходење и милост спрема послабите браќа и сестри.

    Телесниот пост е неразделно поврзан со духовниот пост. Нема вистински пост без покајание и плач, без смирение, без молитва, без трпение, без љубов и милост кон ближните и без другите Свети Добродетели. Од телесниот пост духовниот отец, како што видовме, може да неразреши, но од духовниот пост - никој, па дури ни ангел од небото. Затоа, телесниот пост не е секогаш неопходен како подготовка за Света Причест, додека пак, духовниот е неопходен. Духовниот пост е самата суштина на христијанското живеење и постоење во Црквата. Сепак и телесниот пост многу го помага духовниот. На пример, многу помага за да се вежбаме во трпение, смирение и молитва, да владее во нас дух на покајание, а покрај тоа, од она што би го заштедиле постејќи, можеме да им дадеме милост и помош на сиромасите. Кога вака правилно би се разбрал постот, веруваме дека не би постоел христијанин кој би можел да се оправда ако не го држи постот.1

    Оние пак, што побожно и редовно го запазуваат постот, секогаш треба да го почувствуваат како подготовка за Света Причест со Телото и Крвта Христови.

    (извадок од Посланието „За постот, за молитвата, за исповедта и за Светата Причест“, од книгата „Слово од Елеуса“)



    '64. Апостолско правило одШестиот Вселенски Собор:

    Ако некој клирик се најде дека пости во ден Господов (не-дела) или во сабота, освен во едната (Великата) сабота, да би-де расчинет; а ако е мирјанин да биде одлачен.

    69. Апостолско правило одШестиот Вселенски Собор:

    Ако некој епископ, презвитер, ѓакон, ипоѓакон, чтец или пе-вец не пости во Светата Четириесетница или во среда и петок, освен кога за тоа му пречи телесна немоќ, нека биде расчинет, а мирјанин да биде одлачен.




    Кога се пости
    Помени
    Православната Црква има еднодневни и повеќедневни пости.
    Во Календарот овие денови се означени со рамка околу датумот.

    Еднодневни пости:

    Среда и петок (освен т.н. редовни седмици)

    Водокрст (спроти Богојавление) – 18 јануари
    Отсекување на Главата на Св. Јован Крстител – 11 септември
    Крстовден – 27 септември
    Повеќедневни пости:

    Велигденски пости
    (од 03.03 до 19.04)
    Петровденски пости
    (од 16.06 до 11.07)
    Богородични пости
    (од 14.08. до 27.08.)
    Божиќни пости
    (од 28.11. до 06.01.)
    Редовни седмици:

    Во среда и петок се блажи во следниве седмици:

    Од Божиќ до Водокрст
    – од 07.01 до 17.01
    Седмицата на митарот и фарисејот – од 24.01 до 31.01
    Месопусната седмица
    - од 07.02 до 28.02
    Светлата седмица
    - од 04.04 до 11.04
    Духовденската седмица
    – од 24.05 до 30.05
     
    На Orthophill и tessie им се допаѓа ова.