После 6 недели и сега не ме болеше ама имав само едно конче ( немав голема рана) а со првото повеќе бев шиена и ме болеше. Мој совет ако можеш сега со брич и огледало среди се оти не знам со што сакаш да се издепилираш, нека ти потврди гинекологот дека е во ред се, макар што надворешно е, не би требало да има проблем
Јас добив 2 дена откако ми заврши крвавењето. Крвавев 3 недели и после 2 дена ми дојде циклусот и тоа убаво свежа крв црвена. А обично циклусот ми иде на 2-3 месеци, т.е.немам редовен циклус. Ќе видам следниот месец дали ќе ми дојде или ќе почнеме по старо
исто и јас 2/3 дена по крвавењето и добив и до ден денес секој месец си добивам а таман мислев ке си одмара уште од менс......
Мами дали менструацијата по породувањето ви е редовна? Јас минатиот месец добив за прв пат, а сега ми доцни 10 дена.. Пред да забременам имав редовен менструален циклус, па сега малку сум загрижена.
Јагода мене ми е исто како и пред да забременам. Добив месец ипол откако се породив и секој месец редовно си добивам. Јас добивам на 30 дена и секој месец во исто време ми иде. Инаку не значи дека твојата ситуација не е нормална. Кај секого е различно. Ако си загрижена појди на гинеколог за да бидеш сигурна и да не се секираш.
јас добив првпат после 7 месеци од породуванјето а доев до 10,5 месеци.првите пати добивав на две недели мало крваренје кое траеше 2-3 дена.испаничив малку оти ми беше точна и обилна претходно.на гинеколог се во ред и добив објаснуванје дека е нормално дури се дои а и после тоа да е различно и нередовно поради хормоните.еве два месеци како не дојам и двапати нормална менструација добивам и на 29 дена ко пред тоа.
Mene 4 meseci mi doagja redovno na 28 dena. Duri ovoj mesec si gi vidov plodnite denovi na kalendarot na Femina i mu vekam na mm, eve deneska mi e ploden den, da se dzitnime na rabota za vtoro
Јас сеуште дојам и менструацијата не се знае кога ми доаѓа кога ми завршува. Се породив на 26ти ное '13 Првата менструација ми дојде на 12.04.'14 Втората на 31.07.'14 (со каснење од 107 дена). Третата на 30.08.'14 И сега пак немам, веќе 27 дена ми касни. Нормално ли е тоа? (во никој случај не сум имала незаштитен однос)
Јас исто го дојам синко. Прв пат добив 5 месеци по породувањето, па два месеци немав и дури сега пред два дена добив пак.. Веројатно нормално е.. Девојче честитки за храброста и решителноста толку брзо да работите на случајот второ бебенце! Мене два месеци ми доцнеше и упрпав
После 7 месеци од пораѓај, а јас сеуште немам добиено менструација. Хормониве ми лудуваат, чувствувам, многу сум нервозна, постојано ме облеваат бранови на топлина. Се прашувам дали ова е нормално? Претходно имав редовна менструација. После 2 месеци од пораѓај бев на гинеколог и ми рече дека е рано за да добијам, ама еве поминаа 7 и уште немам, а односи сум немала што значи не сум пак бремена а и не дека многу ми се брза, раат сум од болки секој месец. Дали треба да се грижам или се е во ред?
8 месеци од породување то а јас нни М од менструација. Два месеци по ред имам така малце како болки за добивање и по малце црвен исцедок и толку. Гинекологот ми рече ако не добијаам по 7 месеци да отидам на контрола, ама пусто немам време.
И јас некаде 2-3 месеци после породувањето али обилно и по 10 дена и секој мееец се порано и порано добивам. Само што ќе помислам завршила ете пак сум добила
Јас конечно добив, после скоро 5 месеци, а крварењето првите 40 дена не го рачунам. Па ќе видиме како ќе биде понатаму, важно немам болки како што немав ни претходно.
Јас добив кога синко имаше 3 месеци и сега си добивам еве два пати редовно.Само што првиот пат кога добив имав доста крварење а сега ми е најнормално.А бебево си цица.Значи нема врска цицањето зашто и со првото синче исто добив додека цицаше.