1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Однос снаа и свекор и мажот како трето лице

Дискусија во 'Брак' започната од OGNOMET, 18 јануари 2012.

  1. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Прилично имам отрпнато во животот, ама ова од Анче што го прочитав ме потресе. Не знам ни дали имам нешто паметно да ти кажам, освен да те потсетам дека ТИ не си виновна, а тој стариот јарец е случај за во тапацирана ќелија. Место да се радуваш на бебето, ти треба со некој лудак да се расправаш, да плачеш и да те плука?! Верувај, јас да го видам ќе го плукнам во твое име, нека не има на вести ако треба после, ама... А и тој маж ти, не знам дали се плаши, дали е несигурен, дали толку му сече, ама во овој момент ни е маж ни е татко. И треба да се засрами од бебево што си му го родила, ако не од тебе! И јас имам прилично нетокму свекор со кој и после едно чудо години не можам едноставно да најдам заеднички јазик, и добро те разбирам. И може не е убаво да потенцирам, ама на сираче нашле да му се силат?! Арам да им е! Ќе ти го плескаат тоа во лице?! Не си сама, да знаеш, еве мене душата ме боли за тебе и за ова што го преживуваш, жалам само што не знам ни како би можела да ти помогнам. Знам дека не ти помагам никако со кажаново, ама... Ако си самостојна, ако имаш шанси да заработуваш и да си најдеш макар и најскромен кров над глава за тебе и за малото ангелче, бегај оттаму. Нека се отрујат сами со својот отров, не дозволувај тебе да те уништат. А маж ти, ако е маж и татко ќе знае што треба да направи, ако е нечовек како тој стариот, ич не ти ни треба. :hug:
     
    На okcenzi, SimonaTino, melanie27 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас сум таа што има повеќе мака од свекорот отколку од свекрвата. во последно време дури и тонот некако многу ми го менува некој ден ќе прснам. море луѓе во се да се мешало ко некоја жена да е
    во манџи во то како и кога машина да се пушти во се, не само мене и на свекрвам, та кутрата незнам како е здрава со паметот уште
    ко празна воденица некоја само си зборува и само си се смеј за нешто. син ми паднал се смее син ми плаче тој пак се смее и за шо треба и за шо не треба. јас на мм му кажав ,,немој умот да те лажи онаков на старост да се прајш те оставам,,

    анче и јас мислам дека треба заби да покажиш и немој да си била будала да плчиш пред него.а мажоти уцени го или е со вас или е со него
     
  3. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    А бе ова маживе како жени да станале анче само храбро и јас те поддржувам да покажеш заби не треба да дозволиш никој да те гази еднаш си застанала на свои нозе така и треба да останеш пред се заради детенцето
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.536
    Пол:
    Женски
    Јас немам проблеми со свекор ми. Тој е многу мирен човек и ретко му се слуша глас. Се случува понекогаш да се пошегуваме, ама се во границите на нормалата. На маж ми многу му е мило што добро се согласуваме.
     
  5. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    189
    Читам и неможам да поверувам какви гнаси од луѓе ја газат земјава :puke: Мила ти мора да побараш помош од некоја институција, сигурно постои некој кој ќе те заштити. Не си ти таму за тој болен човек да си ги лечи своите фрустрации со тебе, па каде тебе те навредува па уште го плука бебето, своето внуче :swear: Твојот маж е првиот од кој што ти треба да добиеш заштита и подршка, но очигледно тој не е прав маж (извини ама така е) штом дозволува некој на ваков начин да ги омаловажува неговата жена и дете :x :x :x
     
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    овој татково на мојов вчера се врати од одмор и мене како да не ме ни гледа јас му зборамкако помина едно друго он само аха и ништо не ми збори,ок :^)
    денес бара некои документи и јас му викам мм е на работа јависе прашај не снам кај се :!: и он кај тебе се во соба што криеш ти злато бла бла бла со онака повишок тон :x лелее кој нерва ми создава човеков не се поднесува веке :devil: јас му викам знам дека се кај мене во соба ама ги има многу ипрашај го ммм кај се поточно и он ми вика ми вика па на телефон на мм се јави и него ми се дере па дере :devil: лелеее луге си викам не знае да зборува смирено како човек да се разбере :^) незнам дали толку му е кејв да дојде и во плакарон кај што ми е облеката да гледа и да растура тука :x пу пу што се има :x
     
  7. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    леле ќе пукнам од нерви :@ :@ :@
    не е салам овај бе, на сред дневна зеде пзар да дроби бе, пола сат дроби не се седи дома, и ене го го остај сега всалон да си поседи така издробен, ќе ја чекал свекрвами незнаел шо да му прај.
    па умп, шо го гибаш ако незнај шо треба со него.
    надвор жешко не се седи, дома очите печат, со син ми вспална седевме а мажотми спие, треба на работа да оди.
    е значи некој вакви работи колку ми одат на нерви некој ден у курац се ќе отерам
    :@ :@ :@ :@
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Фала богу, до сега најкоректен однос.
    Моментално свекор ми е без работа, и со него сме по дома претпкладне сами. Буквално ништо не ми дава да фатам да спремам или чистам. Жими нашава соба...другото се он, или свекрва ми кога ќе се врати од работа. Цело време ми велат: трудна си, грев е од бога да работиш седи уживај....ништо да не си пипнала уживај додека не се роди малото, после те чека работа сакала неќела.
    Пред некој ден земав да спружам алишта, он беше од другата страна на дворот, леле кога ме виде....ми вели не не остај, немој да се оптегаш. Одма ми ги зема алиштата.
    А и со години наназад што го знам секогаш бил реален, знаел и на мм (тогашен дечко) да му звика и да му рече дека не е во право.
     
  9. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Прво нешто што трба да направиш драга Анче е да престаниш да плачиш и да застаниш на свои нозе.Зарем сакаш и твоето бебе да остане сираче?И вреди ли една стара будала повеќе од твоето дете?
    Сум доживеала слична ситуација како твојата и незнаејќи што да направам отидов во црква и поразговарав со свештеник.И знаеш ли што ми кажа?Ми кажа дека јас мора да застанам на свои нозе и да бидам и храбра.Тој човек не ти го дал животот ниту ти го носи во торба.
    Му се плашиш и тој уште повеќе зема сила.Или игнорирај го или почни да му се закануваш со полиција.
     
  10. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Незнам од кај да почнам, ама морам дапишам пак, да се олеснам...
    Пошто сум на породилно, и откако ке средам дома, имам цели денови за анализи на празниот фризидер и односите во семејството--полна сум со заклучоци. :@
    Јас го почитувам свекор ми. Татко на маж ми и тако даље..Ама човекот ме вади од такт секој ден, и незнам уште колку ќе издржам..Последно што направи господинот е тоа што на трудница и држеше предавање како татко ми нечини, и како он ќе идел кај тато ми на гости да му објасни самот дека нечини...ама да сме биле сите тука..демек со слајдови ке му презентира, можеби...уффф

    а татко ми, поради мене, го вработи маж ми, им направи 200 услуги, од кои 15-20 и многу големи...и сега овој се нашол понижен дека татко ми е , да речам способен и влијателен доста во мкд и ќе иде ќе му држи предавања...па ми кажува мене плус, да ме нервира...идиот...

    дури се закани дека ке го извадел маж ми од работа, демек он ке го издржувал...пошто во мкд е мн лесно да се вработиш со решение, па сега он ке го натерал син му да даде отказ...

    се обидувам да не се нервирам, ама не ми оди...

    за парите сум пишувала..се е исто...ние му ги плакаме сметките од мобилен, он стално ја заборава..ние купуваме за јадење, пошто во фрижидер имаме само маргаринче, па ние го полниме...а он продолжува со шемата- нека јаде снашка маргарин, идам ја по нови кондури од пеко...абе кој човек си купува 3 месеци поред нови кондури, а дома да чека се од син му и снаата...мене не ми е за парите( лажам, многу ми е за парите, пошто 8 месеци динар незаштедивме за бебето, од што нашите одат за негови сметки и храна) колку што ме нервираат празните муабети--ова ке правиме, вака ке направам...дрн дрн јариња...а ич нисто не прави..

    сега, реално поголемиот, ако не и едниствен проблем е во маж ми...многу ме чува, грев е да се пожалам...ми чисти, дека јас трудна( они дома ке пукнат, демек папучар сум го направила) и се друго, мн е внимателен...ама кога се неговите во прашање--он не им врака збор..не влага во конфликт со нив..после неспие по цели ноки, го боли глава, ми качува притисок, се нервира и се--ама на нив ништо не им кажува..

    тоа е она што незнам како да го сменам...мора да може да им каже, немам пари, ми требаат за детето..сега нели породилното ке касни,баш се радувам, да видам колку ке им биде тешко да даваат пари,пошто една плата нема да стига се за бебе и за дома...и баш со душа чекам да немам пари на картичка :!:

    freak of the weak сум, знам...ама тешко ми е да живеам со тој човек...а делење доага во обзир само кога мм е љут...ама не ми изгледа о реална можност...

    а само тоа ми е спасот...
     
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.753
    ^ Следна прилика кога ќе се скарате со свекор ти, потруди се да го убедиш маж ти да се иселите. Не разбирам зошто треба да си ја уништувате младоста поради такви искомплексирани луѓе. Не вреди!

    Со свекор ми односите ни се ок. Не правиме муабет нешто посебно, освен основните фрази од типот „како сте?“... живее одделно, ние му носиме вечера и му помагаме финансиски кога има потреба. Не ни се меша во ништо, само кога искачаме навечер по 10 пати ќе му се јави на маж ми да праша каде сме, ама ништо страшно.
     
  12. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    ^ Јас би се направила на Тошо.

    Кога ќе стигнат платите прво си купувам за бебуш што ми е испланирано. После тоа собирам сметки и ги делам на пола (живееш со свекор и свекрва така?). Оп, еве ви пари од нас за сметките. А за јадење ќе им речам - Не не' планирајте нас месециве за јадење (демек ;) ), зашто не знаеме како ќе се организираме со бебушот па решивме ден за ден да купуваме што треба. (сега не баш ден за ден, ама ме сфаќаш што сакам да кажам).
    Ајт чао :)

    Мојот дел е подмирен, ама не дозволувам поради туѓи кефови каде желбата е поголема од можностите, да ми страда семејството.
    Без кавги, без повишен тон, со насмевка на лице и како уз муабет приспомнато.
    Ако било што пререче јас би рекла - Уф не сакаме да ве реметиме на ваши години, ние сега тазе родители па додека си воспоставиме некој распоред и организација не е фер и вие покрај нас да се деранжирате.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.959
    Ух,Енци,гарант е тешко деновите да се минуваат делумно и покрај таков створ како свекор ти.Наместо да му е до небо благодарен на татко ти,ако за ништо друго ,бар за вработувањето на синот,тој изиграва фактор и уште на празен новчаник демонстрира сила...тоа е ,повредено его на обичен пуфкаџија,па сега изиграва јак фактор врз грбот на синот,снаатаа и внучето...себичњак на кој му е поважно светот што ке рече и какви чевли ке има,од комфорот на најблиските..Се надевам не им подлегнавте на перфидните уцени што ве убедувале да лажете дека другиот син нешто ви купил што вие сте го купиле ..Џабе се води инает со такви фрикови,те победуваат на искуство.Со јаки нерви и упорност ,ке се извлечете еден ден..
    Испаѓа дЕка снаите треба пред да се мажат,аудиција да им прават на потенцијалните свекор и свекрва,за унапред да видат со кого ќе имаат работа понатаму,силом прилике.Ти ми остави впечаток порано,кога прочитав како достоинствено надмина многу деликатна ситуација,и криво ми е кога ке видам дека genuinely фини особи,во животот налепуваат на простаци..Но,се се решава..
     
    На DELFIN-15 и encimenci им се допаѓа ова.
  14. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    ^ Тоа е...Ќе помине се, и во право си, се се решава...Ама напорно е...За креветчето, го зема свекор ми, и ни кажа дека е од син му..Бар се смилува, а првично требаше да го земеме ние (мм) и да кажуваме дека е од брат му...

    Му викам и ја на брат ми, ајде бе, количката што ќе ја земат нашите да кажеме дека е од тебе...хахахаххах
    Али брат ми несака да ја игра нивната игра...

    живот во заедница= тапа..еве вчера гледале нови кујни свекорот и свекрвата...бебето ќе дојде за едно 2 недели макс, а ние ќе реновираме ( во кука стара 1 година), ќе го менуваме цел прв спрат, и ја со новородено ке седам кај мене у спална, и ке се молам да не ми се разболи дете од прашини и мајстори...

    ако стварно ми ја наполнат куката со мајстори, тек тогаш ќе ја запознаат онаа енци, која е многу решителна, донекаде и опасна ..па додека редат регипс, поставуваат шанкови и кујни--нема да знаат од кај ги огреало...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
     
  16. pink1991

    pink1991 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Уффф.... на ниту една снаа на светов не и посакувам свекор како мојов кој вреди колку за 3 свекрви заедноо никако не му се совпаѓаат мозокот и јазикот неговиот јазик има светлосна брзина и секогаш зборува непромислени работи :(
     
  17. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Ние имаме супер однос. Пред се‘ се почитуваме. Кога го носам малиот на контрола му се јавувам на мм, на мајка ми и на свекор ми. Често знам и така да се јавам, да го чујам. Кога бев трудна ми се јавуваше скоро секој ден. Одиме заедно во викендица, еднаш неделно си одиме на гости... ММ ги почитува и сака моите, јас неговите.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Na pocetokot ne znaev kako e svekorot i zatoa go postuvav i nemav loso mislenje za nego. No so tek na vreme se vide negovoto lice i karakter. Znae dosta dobro na momenti da isprovocira sto duri i maz mi se zali uste na vreme od nego. Ziiva belja e .
     
  19. krufce

    krufce Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    21
    Јао луѓе нема полошо нешто да имаш лош свекор неголи свекрва.
    Јас немам зборови да го опишам мојот свекор само едно :@
    Среќа се деливме после некое време и сега сме сами, инаку право во бардовци. Се он знае, се он може, ние не сме способни, во се се меша и се зад грб интриги за да ни прави кавги, кои на почеток му упалуваа но јас седнав еден цврст разговор или мене ќе ми веруваш или еве ти го таткоти живеј си со него. И од тогаш проблем менѓу нас нема само син му си го нервира

    Да имав десет свекрви како свекрвами немаше да се такви како него. :devil:
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не знам искрено како изгледа лош свекор, но искрено мислев дека полесно се излегува на крај, особено ако со свекрвата сте во добри односи. Во тој случај, ќе ги здружите вашите мисли и женска итрина и се` би требало да биде во ред.