1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Астон Вила 6то место (беше и 2) во првото коло од премиер лигата :lol:

    Манчестер изгубија а другите поголеми тимови со победи

    Оваа година мислам дека ќе има голема битка помеѓу Манчестер Сити и Челзи за прво место , а тука Арсенал да се замеша али први 6 месеци, после ќе падне.


    Другите лиги

    Баерн ќе тепа во Германија бидејќи нема кој друг веќе таму
    Наполи ќе тепа во Италија
    Реал ќе тепа во Шпанија
    Ајакс ќе тепа во Холандија
     
  2. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Гејчестер Јунајтед четири натпревари по ред се бламираат со аутсајдери, денес со Барнли нерешено. Баш фино, се надевам ќе им потрае периодов.

    Whatever, групите од Лига Европа, нема друга тема кај да ги постирам, мање битно, нека стојат некаде колку за преглед.
    Група А: Виљареал, Борусија Менхенгладбах, Цирих, Аполон
    Група Б: Копенхаген, Клуб Бриж, Торино, Хелсинки
    Група Ц: Тотенхем, Бешикташ, Партизан, Астерас Триполис
    Група Д: Салцбург, Селтик, Динамо Загреб, Астра
    Група Е: ПСВ, Панатинаикос, Есторил, Динамо Москва
    Група Ф: Интер, Днепар, Ст. Етјен, Карабах
    Група Г: Севиља, Стандард, Феенорд, Риека
    Група Х: Лил, Волфсбург, Евертон, Краснодар
    Група И: Наполи, Спарта Прага, Јанг Бојс, Слован Братислава
    Група Ј: Динамо Киев, Стеауа, Рио Аве, Алборг
    Група К: Фиорентина, ПАОК, Генгам, Динамо Минск
    Група Л: Металист, Трабзонспор, Легија, Локерен
     
  3. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Среќа Барса се извади и му собра три бода на Виљареал дома. Ама објективно некои работи и тоа како треба да се поправат, ремонт... да не полнам сега за тоа овде кога има посебна тема за клубот. Инаку едвај чекам да се приклучи Суарез да видам како ќе функционира сето тоа.
    Реал Мадрид изгуби 4-2 од Сосиедад... а ги воделе 2-0. Кога ќе ги облечат тие розевите дресови не им иде. Не, сериозно, интересен натпревар, штета што само 15тина минути пред крајот фатив.

    Друго шо гледав... а што не гледав, малку залежав викендов.
    Оние Лацио баш мораше да изгубат за сега мизериине да се силат дека добија натпревар во прво коло и дека закачија три гола.
    Ливерпул денес поенергично настапија, живнаа малку, претходно како отепани беа, се освежија со Балотели сеа, па да видиме дали ќе биде нешто од нив.
    Евертон и Челзи имаа ревија, 6-3 за Челзи, неутрално гледав, само некако сакав Ето да постигне уште некој погодок. Туку шо ги глеам оние двајца Вилијан и Рамиреш растрчани, се вратија во форма брзо, уште за репрезентација да вложеа толку кога беше најпотребно... нејсе. Да не се избрзувам со прогнози, ама мислам дека Челзи ќе ја освои Премиер лигата сезонава, освен ако нема некои чуда, со вакво темпо не би требало да имаат проблем.
    Сити киксна дома со Стоук, 1-0 изгубија.
    Рома ја победи Фиорентина 2-0, да видиме и тука, ме интересира Рома како ќе тера зашто се надевам дека во ЛШ ќе поматат некои сметки.
    И така, сакав да видам како ќе стартуваат Италијанциве па гледав Киево - Јувентус, 1-0 за Јуве, очекувано и немам некој коментар
    Торино - Интер 0-0 немам и тука коментар, која досада беше натпреваров, а од мрза да променам го изгледав цел :D Можев Мадрид и Сосиедад да ги изгледам убаво, или барем Џенова - Наполи.

    Сега наредниот викенд ќе нема натпревари од лигите заради квалификациите зa ЕП. Што значи повеќе од една недела ќе нема што да се гледа :yawn:
     
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Каде е Пеликуна сеа , штета си отиде од форумот пред да почнат Манечестер Јунајтед да губат и се посрамотуваат , ќе беше интересно да ја троламе секоја сабота :rofl:
    Еве барем Реал сеа ќе им прави друштво , не ми се верува со каков тим изгубија од Сосиедад 4-2 :rofl: :rofl:
     
  5. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Реал па уште и Чичарито го зедоа денес на позајмица, баш се ботови :lol: Шитнаа играч ко Ди Марија што им беше мотор во среден ред зашто нејќеа да му дадат поголема плата, а направија непотребен трансфер за ХамесИТО кој не им се ни уклапа во тимот и лупнаа јака сума само колку да се фалат дека го имаат најдобриот стрелец од Светското и да си прават маркетинг, типично за тој клуб... а не беше ни тешко да му се предвиди неславен почеток кај нив. И овие не ја заслужија титулата во Лига на Шампиони, исто како да не е нивна, Атлетико беше неправедно оштетен и му ја уништија сезоната во која даде се од себе... се надевам дека ќе им се врати дебело и со камата за тоа.
    Сеа и Кикица им се повредил на неколку недели, ги приметив без еготриперот и на пријателските во УСА беа нубови, такви се и сега, нема кој подобро да се лизга, да глуми фаули и да моли судии... а неколку недели се доволен период за да се поздрават со врвот на табелата. Барса веќе си одржува предност, тек кога ќе се комплетира нападот ќе гази во свој стил :smoke: , а и дотогаш само сериозност и сконцентрираност ќе вршат работа... од сам почеток е извесно дека ќе ја освоиме Примера без некој напор сезонава.

    Аии го забораив Касиљас, којзнае дали ќе му дадат и против Македонија да брани....
     
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Реал нема никаков тим. Да бидеме реални, си го продадоа моторот на екипата (Ди Марија :(), човекот кој беше играч на сезоната и финалето во ЛШ. Купија играч за не знам колку милиони, оти добро се покажал на светското, а не дека ќе има некоја улога во Реал. Го продадоа Алонсо, ај разбирам годините го стигнуваат, ама така наеднаш, можеше барем уште сезона да изигра додека да се најде достојна замена. Касиљас киксер. Секако тука е и најфлегма напаѓачот на цела деценија, и место добар напаѓач да се купи, тие ја носат резервата на Ман. Јунајтед.
    Е, супер. Мислам дека долго ќе се памети овој трансфер период, успеаа од готов тим што освои десета да направат каша-попара.
    И нека губат од Реал Сосиедад, да бидем искрена сакав и уште еден гол да им дадат на крајот. Битно, Реал сезонава нема тим, има само играчи.

    Леле ај не се брукај вака. Фудбал се игра 90мин + екстра тајм. Никој ништо не заслужил се додека не го оствари тоа. Ако воделе цел натпревар не значи дека заслужувале ;). Ама ај да не се навраќам на пред три месеци. Исто како да не била нивна, боже сачувај, какви се не глупости нема да прочиташ овде :headbang:
     
  7. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ^ Овде единствена што се брука си ти во случајов зашто освен фан4ињa со којзнае која поматена перцепција секој друг нормален кога гледа завршни моменти на фудбалски натпревар (па уште и финале во ЛШ еј) очекува точно определено судиско надополнување, а не „играме додека Реал не постигне гол“... капираш сега или пак малку потешко ти иде? И после нормално дека играчи од клуб со понизок буџет како Атлетико кој еднаш на неколку децении стигнува до поголем успех ќе попуштат на психолошки план и ќе се изгубат на терен кога судиска наклонетост кон другата страна ги одвојува од титула за пола саат плус.
    И малку контролирај си го нивото на комуникација, пошо искрено здодевно ми е да го спуштам и јас моето, никој не те натера тебе ако не сакаш да се навраќаш на настани од пред три месеци ниту па некој чекаше да изиграваш дрвен адвокат кога тоа е уште една работа која не ти оди.

    П.С Чаби Алонсо ви е на позајмица во Баерн, чисто информативно.
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Еве, се извинувам за она брукаш, можеби прегрубо...

    Го претеравте со тоа време. Сега нешто да ти појаснам, гледам во заблуда си дека разбираш се најдобро. Нема никогаш точно утврдено време продолжение, точно, си пише горе 4 или 5 мин. Ама понекогаш и во тоа продолжено време се задржува време ( А Атлетико го правеа тоа, и преочигледно. Е се извинувам ама шампиони не се станува со одземање време на противникот а си дал еден гол на среќа, Реал беше доминантен на тој меч, да, иако ти и уште некој не сакате да признаете ) па се пролжува неколку секунди или минута повеќе. Плус тоа, корнерот Реал го постигна во регуларно време, а беше изведен неколку секунди подоцна, ама сега нели за детали ќе се фаќаме. Поарно прегледај си и други финалиња на ЛШ што се дало повеќе време а не да збориш ко тоа првпат да се случува.
    И што ме гајле што Атлетико еднаш на сто децении направил таков успех, требаше да им попуштат? Си ја освои ЛаЛига, заслужено, толку, еве и суперкупот сега. Или може оти Атлетико имал одлична сезона (секоја чест за тоа) требаше се да освои? Претпоставувам фан на Барселона си, ако победеа Барселона во таа утакмицата што одлучуваше за ЛаЛига, ќе велеше дека Атлетико заслужува? И Реал имаше одлична сезона, каде што Баерн го утопи во полуфинале.

    Доста реферати, за што било и поминало, не ми реплицирај веќе, не сакам да се карам во оваа тема повеќе, кога сите од инает зборат и се мислат сите експерти.

    П.С. Нема потреба да ме информираш ;). Ни на Видипедија, ни никаде каде што прочитав не пишува дека е на позајмица. А и да е, не се враќа во Реал повторно, на тие години, така да не прави разлика некоја ;).
     
  9. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Нема јас што да реплицирам на нападни и арогантни фанови освен кога не ме повикуваат и цитираат колку само нешто да напишат.

    Заклучокот е - ја зедоа десима, и не дека може да се каже оти до финалето не стигнале заслужено... ама не за џабе ќе остане сомнеж кај сите други освен кај фановите на Реал што се случи во позадина на тоа финале... за разлика од некои други екипи некои други години. И нема што повеќе да се објаснува.

    А... многу ми е гајле мене дали нема да се врати Алонсо во Мадрид ;( ... Овде читам продаден, Реал објавуваа дека го позајмиле. Освен ако не го продале стварно во меѓувреме што исто не ми е гајле.
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Масоните и илуминатите се позади тоа финале, ете така да си знаеш. Цел свет се здружи против Атлетико, за да не освои титула. Реал имаше неверојатна помош, и ако не дадеше гол, сигурно ќе се играше до 100 минута.

    Никој не рекол дека треба да те гајле за Алонсо, небере некаде реков дека треба да ти биде гајле. Ти беше таа што сакаше да ме информираш, и еве ти благодарам, дури и со болдирано ми напиша. Многу работи ми се разјаснија, фала што ми ги објасни. Не сум јас до толку експерт ипак, не можам до тоа мастер ниво.


    Напатени и ароганти..ај ќе си притраам.
     
  11. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    А да се потсмиреше малку, не за друго, да можеш поубаво да читаш зашто секој за себе си знае колку и дали е напатен, а јас тој збор не го искористив.

    После ова не планирам да посветувам мислења на Реал за да се објаснувам со некои навивачи кои си имаат проблем со суета или его само да се спомне нешто лошо за истиот. Јас овде никому не му се обратив, сеирот што им го фаќав беше за своја душа и одеднаш ми се уфрла Блек Свон и ми сее ароганција... што и не ме чуди од навивачи на Реал каде дури играчи, бивши играчи и управата се зајадуваат меѓу себе и си префрлаат вина. Ништо ново, така функционирал тој клуб отсекогаш... мене ми е одбивен, омразен, им ги воочувам лошите страни кои се и повеќе од видливи и за тоа ќе пишувам ако сакам и колку сакам. А ти ако си нервозна и те фаќа паника заради тоа што си го гледаш преплатениот тим дисфункционален не се истурај кај ќе стигнеш, ете за утеха, Роналдо вика ќе се врател на теренот во најбрз можен рок (изгледа увидел дека не е време за изводење), па сепак ќе има кој успешно да се лизга, да глуми фаули и да моли судии :D така што има надеж и за вас, не збеснувајте.
     
  12. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Инаку вечерва, неполни два месеци по Светското, Германија и Аргентина изиграа пријателска во Дизелдорф, Аргентина победи 4-2... водеше и 4-0. Ди Марија ги реши, постигна гол, претходните три беа на негова асистенција. Меси не играше.
     
  13. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Ливерпул, чудно малку, го продадоа Суарез без некое особено објаснување, испаѓа као проблематичен бил, за после да го земат Балотели кој знае да биде и бетер а еве засега не им се ни исплаќа. Тешко ќе оди, како малерот да им се претвори во комплекс.
    На Челзи им се наредија коцките од почеток, во топ форма се, а останатава четворка се изгуби.


    Инаку, чисто да спомнам... Реал имаа среќа што поминаа само со 2:1 пораз од Атлетико, па уште на Бернабеу, хах.
     
  14. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Ќе ја има ли некаде Реал - Базел на ТВ или да си барам стримови.
     
  15. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ^ Ако имаш Макс ТВ скоро сите натпревари од ЛШ ги пуштаат, Реал - Базел на Арена Спорт 4 ќе оди. За друг канал не верувам зашто правата овие ги имаат откупено.
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    La Coruna Deportivo - Real Madrid
    2-8

    (Arbeloa A.) Ronaldo C. 29'
    (Benzema K.) Rodriguez J. 36'
    (Benzema K.) Ronaldo C. 41'
    (Marcelo) Bale G. 66'
    (Isco) Bale G. 74'
    (Rodriguez J.) Ronaldo C. 78'
    (Isco) Hernandez J. 88'
    (Marcelo) Hernandez J. 90+2'

    Браво Чичарито!!!
     
  17. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Јуве победи на Сан Сиро.
     
  18. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Atletico Madrid - Celta Vigo
    2-2
    Баш сакав да ја гледам, но не бев дома.
    Aston Villa - Arsenal
    0-3
    Не очекував да победи Арсенал, со оглед на претпоследната игра.
    Mainz - Dortmund
    2-0
    Очекував победа на Дортмунд, но што е тука е.
     
  19. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Оу кое второ полувреме Сити - Челзи :x Лампард ги спаси Сити од пораз 84-та минута...
    Појаки беа Сити на овој натпревар, ама и погруби... со 10 играчи успеаја нерешен резултат да заокружат. Е сега, кога се работи за титулата сезонава, сепак според мене повеќе шанси има Челзи... не за друго, тактички се поподготвени (дури и тука малку фалеше да се провлечат до победа), Сити се некако нервозни, ќе кикснуваат кај што не треба.
     
  20. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Leicester City - Manchester United
    5-3
    Прво полувреме воделе 1-2

    Голов на Ди Мариа:
    http://www.youtube.com/watch?v=c0Md-oncLJM

    sajonaramucaca, изгледа само јас и ти гледаме фудбал. :lol:
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.