Прашањево знам е офф топик......сакам да прашам за ученичкиот дом во Струга, во каква состојба е, како е ..... ?
Јас лани кога бев бруцош никаде не пишуваше да бидат заверени кај нотар, не ги заверив, само фотокопирав свидетелства и однесов без проблем ме примија. Кај оние од погорните години е битно уверенијата за предвидени и положени предмети да бидат заверени, дипломата од средно ама баш не треба. Жиранти исто така не бараат. Однесете само тоа што си пишува во конкурсот бре луѓе. Колку убаво и читко си пишува.
Доколку некој има искуство од Стив - женска зграда ако може да ми каже какви се условите сега таму, по колку се во соба, каква е храната, дали има многу галама, дали има читална?
Јас 3 години седев во Стив, оваа ќе ми е 4та. Прва година седев во женска. Условите не се лоши. Се зависи каква соба ќе ти се погоди (и цимерките нормално). Вецињата и купатилото се на спрат, т. е ги делиш заедно со другите кои се на спратот. Што се однесува на храната е иста како и во другите студентски (не зборувам за Пелагонија бидејќи таму е се поразлично). Имаш менза со повеќе јадења, манџи, стек и компир во 5 кога се чека доолг ред. Имаш и бифе каде што има ражничи, плескавици, кременадли итн. Во глобала храната е добра. И од минатата година Стив има читална. Не е некоја модерна, ама маси и столови има колку да има кај да учиш. Тоа е тоа. Се надевам дека ти дадов некоја слика за Стив. Јас сепак не би го менувала Позз
Веќе втора година ги носам незаверени и еве не ме вратиле. На документите од факултет само ти треба печат од факултет и на потврдите за плата од сметководство. Си го комплицирате животот за џабе само. Иначе страната не им работи,може до вечер да има резултати.
По објавување на конечните списоци со примени студенти по домови, доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 22.09.2014 година.
Сакам да прашам дали некој знае кога ќе бидат објавени резултатите за бруцошите кои аплицирале за сместување во студентски дом и каде можам да ги видам резултатите?
На Стив Наумов на фб групата ги објавија потребните документи што ќе требаат при вселување, а никаде не е спомнат листот за жиранти и меницата...изгледа оваа година нема да ги бараат. Наместо тоа треба да се вади потврда за запишан тековен семестар ( не знам дали е иста како потврдата за редовен студент или не) и копија од индексот до тековниот семестар.
Како е интернетот во студентскиве домови? Читам еве во Пелагонија пишува дека има бесплатен интернет, па сакав да прашам дали е функционален или сепак ќе мора сам да си се снаоѓаш...?