Мојот најголем страв е смртта дефинитивно. Ауу чуѓе не сте свесни некад коа ќе ми излезе слика пред очи од мене мртва почнувам да плачам, не можам да се смирам страшно нешто
Дека никогаш нема да успеам во веќе одамна зацртаната намера.. Се плашам да не му се случи нешто на блиските, што би јас без нив Се плашам за тоа каков родител ќе бидам.. Страв ми е да создадам семејство, се плашам дека нема да знам како, а уште повеќе ми е страв дека може нема ни да научам.. Паничар..
''Многу е лошо да се плашиш од нешто стравот е само еден голем неуспех,,Овие зборови ми ги повторува дечко ми многу често, и искрено ова е доста паметно кажано од негова страна ... Инаку имам страв од стареење не саакам да остарам Некогаш кога ке се искарам со дечко ми имам страв да не го загубам Ииии ФАЈНАЛИ најстрашнотоооо ТЕМНИЦА
Мојот најголем страв е смртта,ама не мојата...страв ми е да не ги изгубам родителите или сестра ми. Попрво јас би умрела отколку да осетам како е без нив...секој ден слушаме на вести ваква болест таква болест,колку луѓе умреле...не можам да замислам да им се случи нешто на мајками или татко ми...не не не...
Најголем страв ми е неуспехот...сите толку многу очекуваат од мене,да учам,завршам одлична,па да се вработам,па ова она...но што ако не успеам,што ако ги разочарам сите оние кои веруват во мене?
Имам некој чуден страв дека на одмор ќе се сретнам со некој/а од наставниците.И потоа секој ден ќе се гледаме на плажа. Најсериозно.
-Кога си одам од вечерно излегување и наеднаш ке видам некој човек во сред темница. -Страв и од коли гока се наоѓам во тесна улица. -И страв во темница.
Се плашам од многу небитни работи како темница, некои луѓе, инсекти, но најголеми стравови ми се староста, смртта(моја или на некој близок) и стравот од неуспех.
Мојот најголем страв е страв од неуспех во животот. Токму тој страв ме тера да бидам упорна и амбициозна на секое поле и да не се откажувам така лесно во животот. Покрај тоа имам страв од самотија, односно губење на најдрагите и најсаканите личности во мојот живот и осаменост. И други стравови владеат кај мене, но мислам дека сето тоа е нула во споредба со горенаведените.
Буквално немам никаков страв. Не сакам да умрам на глупав начин, на пример бомбаш самобиец да ме разнесе случајно. Не сакам да си одам без да го кажам последниот збор. хахахаха Сметав и сеуште сметам дека стравот ни е стекнат низ животот и се наоѓа во потсвеста. Така, последните 15 месеци се ослободив од секаков страв едноставо се помирив. Заклучив дека тоа само ми ја одзема енергијата што ми е потреба Тоа не значи дека сега јас ќе одам да прават екстремни работи на пр, да стојам на ивица од облагодеr без потреба. Доколку не се согласувате со мене, одговорете ми на прашањето.. Што би промениле со тоа ако чувствувате страв од нешто ?
Oд смрт на некој близок (овој страв ми е посебно изразен од пред неколку години, после смртта на тетка ми), дури ми се случува навечер да шетам по дома кога спијат сите и да проверувам дали се живи т.е дали дишат (стојам како фантом над нив). Еднаш се разбуди мајка ми, од памет ја извадив кога ме виде над глава дека и висам.
Најголем страв ми е од моето минато.Постојано ме потсетува на лошите моменти и сите глупости шо морав да ги претрпам.Неможам да се изборам со него но сепак не се откажувам.
Страв ми е од пајаци и секакви бубашваби, страв ми е од змија . Страв ми е од височина. Се плашам од неуспех . Најголем страв како и на секој (близнак ) е да не останам сама.