Ретко кога влегувам во Terranova. Никогаш не ме привлекувала толку многу. Имам влезено неколку пати. Може да се најдат некои интересни работи. Последно нешто што го имам купено е пред 3-4 години. Беше кошулка со ситни портокалови цветчиња, и една најобична бела маичка, без прерамки. Се покажаа доста голем квалитет. Сега- засега, не знам како стојат со квалитетот, и моделите.
Живи глупоштини. Кога ќе ми текне пред 4-5 години колку ја форсирав продавницава и сега колку немам желба ни да влезам внатре, разликата е воочлива. Премногу несредено, кој стигне зима, фрла, вади, става, голем хаос и 2-3 вработени кои не можат да воспостават ред, ужас.. Работите кое од кое парче полошо, искрено ми се чини дека сета роба е од ланските колекции што се чуваат во залихи, ништо поразлично и подобро.. Тука некаде ми се со Калиопе. Инаку, што се квалитетот тиче, зависи од тоа како ќе ти се погоди тоа што ќе го купиш, на пример имам фармерки, маичка и фустан што можам сеуште да ги носам, значи три работи наспроти оние десет кои или се скинале после два дена, или се смалиле при перење, излитиле сеедно. Така да, да се прашував пред неколку години за фирмава, раце и нозе ќе раширев со цел да објаснам колку сакам да шопингувам од таму, ама денеска ни прсте не кревам. Не е тоа што беше, факт.
Имам неколку парчиња облека од Теранова, и задоволна сум секогаш кога одам накај Скопје влегувам во Теранова
Јас кога бев последно пред неколку недели во Скопје во сити мол и во Битола имаше. И ги има во повеќе различни бои, црна, кафена, крем, мислам дека и други имаше. Колку што ме држи меморијата беа околу 2000-3000 денари. Ги пробав, но не ми се погодија моделите и не си зедов.
Имам доста парчиња од Теранова, но не ми се допаѓа организираноста во продавниците, мора буквално да скокаш преку облека што е фрлена на земја.
Хеланки во Теранова последен пат кога бев јас ( во четвртокот) имаше еден куп, секакви дезени и сите беа со цени од 149 и 199 денари
Е многу експериментираат со цените! Пред година дена купив најобични сиви пантолони за 700ден. После некое време отидов и скроз истите беа над 1000. Исто и оние рамбовкине што им се по 199ден на попуст, а кога имаат нова колекција ги качуваат цените и на нив На попуст капут со крзно од 4500ден. го намалуваат постепено и крајната цена му е 1500 Можам да замислам кој профит го остваруваат. Инаку често влегувам кај нив, успат ми е и имам наоѓано интересни работи, на попуст посебно.
Во мојот ормар непостои парче купено од Теранова.Не сум имала ни материјални можности,ниту прилики а ниту пак нешто ме привлекува таму.Сум разгледувала многу,ама никогаш не сум купила нити пак сум сакала да купам.
Во теранова се купува само на попуст кога цените се реални,инаку не се задавање толку пари.Во моето плакарче има неколку работи од таму.Ама на никој не му кажувам дека се од таму,понекогаш и кога не е попуст,а ќе ме бендиса нешто си го купувам. Пр едни фармерки само што беа донесени и мене многу ми се допаднаа и си ги купив,иако беа прилично скапички. А во друга прод. ако одев за истите бари 3 рала ќе си купев(срам да ми е ). А кога се попустите теранова е поефтина од оние на пазар
^баш така,скапи се кога е нова колекција,а не се нешто марка па да се толку скапи..си купувам од тука ретко,имам повеќе парчиња облека,а другарките скоро цела гардероба им е од овде.
Теранова ми е една од поубавите продавници за облека во која можат да се најдат и ефтини и скапи работи. Пред една недела си купив блуза за само 199 денари, која е намалена од 700 и нешто денари. И да не беше намалена на толку ќе ја земев бидејќи си вреди за тие пари, а и не е премногу. Има преубави работи, само треба да се начека попустот.
Досега во Теранова имам купувано само на попуст. Последно што купив беше бела маичка со натпис и беше евтина.
Летните ствари им се со крш квалитет.Се што имам купено од маици,панталонки,абе се има или ипки фатено,или се има стеснето или конци испагано.Незнам дали сано јас налетувам на неквалитет или повекето?Зимските ствари се горе доле подобри.Имам фармерки,џемпери,еден зимски плетен фустан на кој душата му ја извадив.Она што секогаш ме лаже одново да влезам кај нив е токму шаренилото од бои особено на лето но само на попуст инаку не вреди да се фрлаат парите за таму
^ Мене пак баш квалитетни ми се маиците од таму.А има убави работи, често купувам, а посебно попуст кога има е преефтино.