Сдк од покојниот свекор си имаме наследено еден пријател албанец кој долго живее во Германија заедно со две жени дома. Нели верата им дозволува. Не е мое да им судам, култура и почит на ниво. Културно со најва доаѓаат да не посетат кога се тука. Е сега како што кажува постарата жена двете ретко ги носи по пријатели заедно. Што не е ни битно. Во приказнава битна е стрината на маж ми која не можеше да се воздржи иако предходно ја опоменив да не поставува глупи, смешни прашања ко минатиот пат. Ама не бе, мислиш и реков само што ќе седнат пушти се во детално испрашување. Се препотив кога пак ги праша како спијат две жени со еден маж. Првата жена овој пат не го слушна нејзиното прашање бидејќи со мене си тераше муабет, ама вторава и кажа, стрина со затворени очи како се спава Зини земјо голтни ја, а и мене со се неа, можеби не требаше да ја подучам. Ко до неа да остана да се грижи за нивниот сексуален живот Бисеров наш уникатен на ај со здравје им рече пак дојдете Е ќе дојдат како не, нареден пат ќе ти купам свеќа да им светиш На мм му вели жена ти се мрднала, не бе, не сум до толку будала
Нема нешто поубаво од патување во попладневните часови + место покрај прозорецот. Неколку фотографии ќе останат како спомен од ова доцно - летно враќање накај Скопје, на моментите на нетрпеливо чекање автобусот да сврти за јасно да се видат вжарените бои и уникатните положби на облаците во магичното зајдисонце накај седиштето. Меморијата на фотоапаратов си знае... Туку, чудно е каква комбинација на чувства донесува враќање од обична еднонеделна посета на роднини во друг град. Толку се приврзуваш и се навикнуваш на местото, амбиентот, и секако најважното - драгите лица околу себе и го одложуваш тргнувањето, а истовремено кога ќе стигнеш дома сфаќаш колку најобични и тривијални нешта од секојдневниот живот можат да ти фалат и да те израдува повторното нивно користење. Верувале или не, овојпат плеснувајќи се на омилената фотелја, веднаш се фатив за вечерната програма на скопските радија... Сепак, there is no place like home!
Некогаш си ги кажувавте најголемите тајни, се смеевте до солзи на вашите случки, се смеевте се додека не го почувствувате оној болен бодеж во стомакот кој во тие моменти ви е поднослив, дури убав, а сега? Сега станавте само едни странци, што некогаш можеби повторно ќе се сретнат на некоја улица. Ако им се вкрстат патиштата. Можеби и ќе се поздравите, можеби и повторно ќе се насмевнете, но ќе знаете дека тие мигови кога вашите животи заедно пулсираа, нема да се вратат. И чудно е како тогашните споделени радости и болки биле амплитуди, а сега останала само една права линија која можеби од време на време се прекршува, само за да ви даде до знаење дека смртта на вашата дружба уште не дошла. Тоа е така затоа што ти, а некогаш другиот, во аголот на своите мисли здогледува по некој спомен, му прелетува по некое прашање за тоа како е сега личноста која му значела многу. И толку. Само еден мал пулс додека не престане се`.
Сите се убави на свој начин Векичка. Ако некој е послаб или подебел не значи дека не вреди или нема да биде сакан од личност од спротивниот пол. Да не беше Ким Кардашијан, Ники Минаж или било која друга пополничка девојка немаше да има пресврт дека мажите сакаат девојки со облини, зошто нели претходно иделана женска фигура беше секоја манекенка на Викторијас Сикрет. Не знам зошто сите слаби девојки да ги категоризираат како анорексични. Анорексијата е болест исто како и прекумерната тежина. Само си наоѓам некои изговори да не учам. Нека помине оваа сесијата да се одморам и да се наспијам.
Јас на пример сега го станав татко ми од полуспиење, за да ми утепа пајаче што ми застанало на лаптопот. И тоа го викнав да дојде до соба, оти ми беше страв да му го однесам лаптопот, да не ми падне пајачето и да ми се пикне во ракав или на некое друго место. После што ќе праам. Инаку фала Богу, што живеам на ниско и што мојата зграда нема лифт. Фуфкензи, мучензи. Сама да се возам во лифт? Ти фиу-фиу да не си? И зошто секогаш МОРА, кога се симнувам пешки од 7-8 спрат, на одредени спратови да нема сијалица? А ја сирота се брзам, летам ко струја по скалите, да не ми се изгаси светлото. Од кај да знам кое копче е за струја, а кое е за ѕвонче. После ти да ми го палиш. Неисе - изгаснатата сијалица ме кочи, мора поспоро да одам. И што ако ми се изгаси светло?
ШТО Е СО КОМАРЦИВЕ?? На мене имам едно 6-7 пликови,се чешам ко луда,како шуга да сум фатила,скраја да е. Ова не е нормално
Сакам љубов, сакам некој да ме сака, сакам да ми го докажи то, сакам да бидам среќна. Ете само то го сакам.
Добредојде во клубот Ајде нека си оди летово ама нека си ги земе и комарците со него. Комарци ли се, хиени ли се. И еве сега го пишувам ова додека корнам на аутан
Сакам да кажам фала ви на сите за честитките, премногу ме израдувавте. Друго да си се пофалам, си добив поклончиња, меѓу кои и нов телефон, време беше доста со онаа кантана идев, мислам сама сум крива си расипав убав телефон, па морав да си го земам стариот, ама сепак вака е подобро. Ете помина и мојот роденден, да сме живи и здрави, одма ќе летне времето и повторно за 1 година ќе ми биде. Посебно драг ден ми е, затоа што по 2 месеци и 10 дена конечно се видов со мојата најдобра другарка, редно беше веќе , и се изнасмеав, одамна не сум се смеела вака. Фала ви на сите уште еднаш! Добра ноќ!
Спојлер Кога конечно ќе здивнеш малку за мислите да ти се средат,ќе собереш сили за нови соочувања кои допрва ќе се случат...Соочувања за кои нема одложување и тие се тие кои ми паѓаат најтешко, зашто ќе ми се навратат сите лоши спомени.После толку години ќе се трудат да го пронајдат стравот во моите очи,но нема да го дозволам тоа.Никогаш не заборавив ништо,навреди,заплашувања..но, и покрај се’ нема да бидам како нив,кукавица.Се надевам еден ден ќе им простам,иако сега ни малку не сум спремна за такво нешто.Тоа што го поминал истото позади вратите на училиштето,точно ќе го знае чувството.А за другите колку и да пишувам,никогаш нема да можам во целост да го прикажам... А за се‘ останато ќе пуштам времето да покаже. Имајте убава вечер
Ех камо и јас сега да се спремав за училиште или за студентските денови , ми фалат тие денови, посебно студентските, не брзајте да ги помините, уживајте во нив, верувајте многуу фалат ! А тек потоа, следуваат вистинските проблеми :geek: .
Тешко е кога не знаеш што да правиш. Тешко е кога се прашуваш по кој пат да тргнеш и дали е тој вистинскиот. Тешко е кога не знаеш што те очекува во иднина, дали вреди да се откажеш или не. А на крај боли кога ке се токажеш и знаеш дека неможе да се врати времето Стварно незнам што да правам. Како ми било пишано така, со тоа си се тешам а знаејки дека имам можност и самата да си ја променам иднината на подобро. Но ете...
Абе у пи*ку материну, попара ме направија ноќеска. Покрај комарниците од каде се пикаат не знам па ме грицкаат цела ноќ. Мислам дека се сненормалија веќе.
Не сум свесна дека утре почнуваме со школо Ич, ама ич не сум свена. Прееска дури ми светнаа сијаличките Не велам не дека не ми помина летово супер, се изншетав по гости, по градови, по трговските.. Од тоа што очекував за летово добив повеќе :geek: Тртлево мало не изнасмеа со неговите фаци, пози за спиење, извици Не ги заборавив ни книгите, се на се, убаво и интересно лето беше Батериите ги наполнив, ракавите ги засукав, доста време беше мозоков на пасење, време е за учењеее Бидете ми поздравени, среќни и весели, и само 5-ки да ни се редат низ дневникот во новата учебна година!
МРЕЖА ставете на прозорците. И јас лани бев партали, ама годинава ставив мрежа. За 300 денари решив проблем да се чешам и да бидам нервозна и да ме буди некој комарец во уво. Нема ни муви, ни комарци ни пеперутки. Спијам со отворени прозорци. Инаку СДК дека се вртат работите. Трпението ми е единствен излез и главна карактеристика во животов. И се свртија работите, не направив ништо, оставив на универзумот да ги намести коцките. Сега на многумина им е појасно она што пред една година мене ми беше кристално јасно. И да...имам совршен партнер во животов. Што и да не чини во светот, ако имаш некој кој те сака и кој го сакаш, некој чија прегратка смирува и трета светска војна, овошен ден и пмс, имаш се.