Јас имав доста леукоцити, за еритроцити мислам дека немаше во наодот - потоа направив уринокултура па ми открија ешерихија коли но со некоја минимална вредност 50000 за што најчесто препорачуваат само чај од брусница... интензивно пиев цел месец и на следната уринокултура ја немаше. Ова е само мое искуство - дај боже кај тебе да не е ништо. Инаку имав многу јаки грчеви во бешиката ама и тоа си пројде со тек на време.
ее јас сум сега 37 недела, понеделник резултато да го земам и ако имам некоја бактерија шо че прам незнам :/
А јас сум со некоја чудна болка во долниот дел на стомакот, нешто како притисок чувствувам, или менструална болка... незнам како да опишам. И плус мускулите и препоните ме болат. Цел ден лежам. Едит: досега (да не се подречам) не сум имала никаква бактерија, и во бременоста и пред тоа.
за болки не спомнувај, и јас ги имам менс болки одвреме навреме, а и од вчера ципите многу ме заболуваат.. се надевам ова го означува крајот, ова поќе не се издржва, шо би рекол игор џамбазов хахахаха
Здраво мамичкии 36та недела сум чувствувам притисок во долниот дел бебчето многу ми притиска многу често мокрам по 2 3 капки па од време на време и менструални болки осеќам...нормално ли е тоа?
ај и јас да прашам нешто: 27 недела сум и забележав дека мокрачата овие две недели ми е мн темна,на сабајле ко кафеава да ми е а преку ден иако пијам по 2/3 литри вода ми е темно жолта,портокалова нз како да опишам и имам бело прање ама не е бело жолто е и не е густо туку да речам течно,долен веш менувам два три пати на ден,досега сум немала никакви проблеми со инфекции ниту пак мм а еве овие десетина дена ми е вака и има доста остар мирис,дали некој знае од што би можело да биде или пак е нормално.
Најдобро е одма да одиш да си провериш мокрача и уринокултура да направиш, зошто во никој случај не е нормално да ти е мн темна и со јак мирис.
од апчињата за железо мене столицАта ми беше потемна, мокрачата ми е само на утро потемна од вообичаено, ама знам дека имам бактерија во мокрачата и правев проверка во микробиологија.. пијај чај од брусница или уште подобро увин, ако можиш да го поднесиш мирисот и ќе се средиии
можно е цел ден да имам менструални болки, скоро без престан??? се обидувам да ги мерам ама таман че прекуни, ете ги пак. а кичмата ме Заболува одвреме навреме во исто време со менс болки...
Па не знам, јас сум приметила кога ќе почнам со некои витамини( мама вит, железо, бкомплекс..идр) ми се менува бојата и миризбата на мокрачата. Се надевам исто е и кај тебе. Сепак направи си една контрола, да бидеш по спокојна Да дополнам, мокрачата станува по темна и мириса по јако.
Бебето не знам точно која недела си, но мислам дека си влезена во 9 ти. Да не дојде моментот за гушкање со бебчо?? Иначе кичма ме боли и мене кога ке постојам подолго или кога ке се уморам.
Јас влагам во 9 ти за некој ден. А она треба да е пред мене едно 2 недели Ајде бебето нека се јави, се загрижив
Здраво Мамички еве сме и ние влеговме во 38 ма недела и сме спремни чекаме да дојде денот Д лажни болки имам и тоа како болки во кичма исто ама послаби,утре сме пак на Цтг па ќе видиме инаку некако страв имам ама ништо страшно да припаѓам само да сме ние добри бебушко да ми е добар,од толку што сакам да го запознаам веќе и стравот ми се изгуби се надевам дека ќе поминам добро како што ми беше добра цела бременост без никакви проблеми и компликации ве поздравувам сите и на сите со Лесно само да ни е
Ако немаш некои други промени настинка и слично може ти е од некои апчиња што примиш,се случуват такви промени ама.незнам дали траат подолго,кај мене се појавуваше и нареден ден ко ништо.. Наредна контрола поразговарај за ова сепак секоја бременост е различна.
37ма + 2 сум, влезена во 9ти вече 2 недели Јас се надевам дека не беа лажни контракции Башка од менс болки и кичмата ми се дуеше и стомакот, она ама буквално како пред да добијам, истиве симптоми ги имав. Денес одам на гинеколог, мора да се втасани резултатите, овие приватнициве си играат играчки, само за да влечат пари, и кажав на сестрата дека ќе ми треба упут и еве ми се нема јавена да ми кажи дали има резултат ццц Денес одам и се одјавувам и право на болница Уф нека ми речат легнувај спремна за порајѓај ХАХАХАХАХАХХА разбудена сум од 6часот и чистам да не счучајно по некоја многу мала веројатност ме задржат таму АХХАХАХХА Надежта пооследна умира де