1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    После едно излегувањр сакаш да те праша дали сакаш да му бидеш девојка? Еј па и во мое време веќе изостана таа реченица. Почекај, рано е, ако треба да се случи нешто че се случи спонтано ( штом веќе те бакнал). Може зошто не си возвратила на бакнежот ( зошто ти е прв пат и си се здрвила) а он мисли дека не си заинтересирана. Ако продолжите да еазговарате и излегувате ќе видиш на каде оди работата.
     
  2. Queen23

    Queen23 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Добро можеби јас малку повеќе планирам се однапред, не сум баш искусна со тие работи, не знам многу тешка личност сум секогаш нешто ми фали.
    Фала ви за советите, иначе на 22 овој месец наполнив 17 .
     
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.423
    Што се фативте за тоа „озбилна“ врска, се гледа дека мислела дека не сака само да се мува |(

    Крај краева тука ние не може да предвидиме што мисли детето, треба да остави на време, може ќе и пише може не.

    А тоа со лажниот профил ми е многу глупо. Ја не знам зошто не и кажеш на другарка ти дека не е нормално тоа. Ма да како што изгледа она сигурно уште има чувства за дечкото. И наместо да дреме на тој профил може да г избрише да не се замара со него, ако сака побрзо да и помине.
     
    На Queen23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    Крај краева таа самата си пиша дека сака озбилна врска и ние не се фативме за тоа туку девојчето е неискусна во врска со овие работи и затоа и објаснивме тоа што и го објаснивме. (да не се повторувам) И мене ми е глупо тоа со лажниот профил ама јас не си го навирам секаде носот кој што сака нека си прави нејзиниот лажен профил нема никаква врска со нашето другатство.
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Пак јас. :$ Ако сте ме читале претходно (дечкото што го запознав на одмор, па дал да излезам со него) излеговме во Скопјево до сега три пати, еднаш со друштво и ништо не се случи, вториот пат се бакнавме (зборов :D) кога си одев и третиов пат бевме јас, он и другарка. Седевме заедно и повеќе со другаркава се најдоа за некои теми ама нема врска, се прошетавме малку и сами, се заебававме и океј е со мене, ме гушкаше по пат.. Се тоа добро, но типот е премногу лабав, опуштен, неорганизиран со време. Ни смени триста планови во една вечер, ни презакажа за саат. На фејсбук кога му пишав демек кај се губи, ми рече чекав ти да ми пишеш, ќе се видиме викендов ова-она.. На фејсбук ретко ми пишува, ми се јавува кога ќе се договориме нешто и еднаш да ме викне за вечерта а инаку не. Знам дека не сме во врска, и не ми е ништо по цел ден да збориме ама кога ќе се видиме прави триста планови, ќе одиме ваму-таму, ова ќе правиме која смена си во школо пред школо да се собереме да се видиме.. И после тоа, еден ден нема да се јави, да пише и не ми е јасно. Инаку, не го знам само од овие три пати, го знам месец дена, на одмор се запознавме и секој ден се дружевме. За пишување му имам пишано, и не сакаѓ само јас. Не знам, не ми е јасен што сака и дали уопште му се свиѓам зошто ете не ми е сеедно..
     
  6. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Типот веројатно мисли дека ни тебе не ти е многу битна работава, дека излегувате кога ќе излезете и си поминувате убаво, дека е уште на почеток па нема потреба од сериозност. Него му се свиѓаш, ама не е само до свиѓањето оти мислам дека ти сакаш нешто повеќе (чим не ти е сеедно). Па пробај тоа да му го дадеш до знаење. Ако сакаш врска не мора да му се „даваш“ така лесно, остави го да се потруди. Па ако и понатаму се интересира, те бара (мислам, се знае кога некој се труди за да те добие), тогаш загреан е. Ако не, никому ништо.. Како ви одговара на двајцата, така. И ако мислиш дека можеш да направиш таков муабет со него (макар што мислам дека ќе ти ескивира одговор, ќе те мафтосува) , прашај го отворено.
    Секогаш барај си тоа што сакаш, што си замислила и ништо помалку. Ако му одговара него арно, ако не ќе му одговара на некој друг ;) Мене ми се чини дека типот не е за сериозно (оти во спротивно ќе те бараше и под дрво и под камен, а не па да не ти пишува ), ама можеби е срамежлив, може мисли дека е рано, може не сака да те притиска.. Сеедно! Не брзај, почекај и ќе му ги сфатиш намерите многу лесно ;)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш нешто сериозно со човекот откажи се. Не ти треба човек кој е неогранизиран и за 5 минути 5 пати ќе го смени планот. Ако не неогранизиран и нестабилен сигурно на секое поле е таков. Најдобро не брзај почекај малку да видиш како ќе се одвиваат работите.
     
    На blueeparadise и Daleron им се допаѓа ова.
  8. Dade16

    Dade16 Нов член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пред се да кажам колку и да изгледа невозможно, неостварливо, вистина е, а кој мисли дека си немам друга работа и си измислувам на темава слободно нека не ми одговора.
    Имам само 16 години. Да само 16. Не сум мало дете, но не сум ни доволно возрасна за тоа што го направив. Имам една годишна врска. Со дечко постар 7 години. Сум направила во животов мнооооогу грешки, ама за ништо не се каам толку колку за ова. Не знам од каде да почнам. Имав 15 години кога се запознавме и тоа на интернет. Сите кога дознаа на почетокот беа против нас и моите и неговите. После една година сфакам дека биле во право, камо да ги послушав тогаш. После една година се е поинаку. На почетокот почнавме да се гледаме криејки, по паркови и колку да е глупаво беше мн подобро од сега. Вчера само што си дојдов од кај него. Бидејки сме од разлиичен град, спиев кај него дома. Неговите уште при првата средба ме прифатија и засакаа. И не само неговите родители, туку сите од негова страна.
    Си поминав катастрофално како никогаш досега. Сфатив, не сме еден за друг. Бидејки од помал град, од село цело време да се пазам кај одам, што правам, што зборам, ама апсолутно се. Неговиот начин на живот таму за мене е кошмар. Не е проблемот што е сиромашен, туку неговите сфаќања, ставови, мсилења. Бевме излезени во град и бевме само на вечера., после тоа требаше да одиме на гости ама не ни се одеше и не можевме да се вратиме дома бидејки ке рекле кога појдовме кога дојдовме. Епа ако сакам за 5 мин ако сакам за 2 саати ке си одам и дојдам. Не можам да живеам мислејки што ќе речат другите. Цело време треба да се пазам што зборам и правам за да не го усрамам бидејки на големо зборуваат. Тој е човек без идеи, без цели во животот, без визии. Не е амбициозен човек. Без желба за нешто. Таков човек покрај мене не ми треба. А да не зборам како ги слуша неговите. Како тие свират така он игра.
    Јас не можам вака. Признавам и јас згрешив многу, направив грешки, ама за тоа бре треба маж да биде и да ме остави а не да ме збори по другите, не да ме оцрнува. Зборев со оден дечко, тајно на тел, ама само како другари. За тоа сега на сите ќе каже ќе ме наречат секако. Бев сама, осамена, без другарки, ми требаше некој покрај мене. Знам тоа не е оправдување. Но што и да сум направила, и да сум го изневерила треба во лице да рече дека не сака повеќе и да ме остави а не да ми збори кај него дома, по роднините и низ цело село. Тоа за мене не е маж, далеку од тоа, тоа е кукавица.
    Јас решив да ставам крај. И моите ме поддржуваат. А другите што ке речат, како ке речат, кога ке речат не ми е гајле. Нека ме наречат како сакаат. Јас не можам повеќе. Дали донесов правилна одлука? КАко и што да му кажам на него?
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки

    Само кажи му дека е крај, и слапни му во лице ова што ни го кажа на нас. Не кри и не се срами.Едниставно, дечкото сака, други да му го водат животот. И памет за друг пат.
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажам само едно големо Браво.
    На време (никогаш не е доцна) си ги сватила работите. Кој губи се лути. Нека лае, нека те озборува секаде, ич да не ти е гајле. Имаш среќа што не си направила поголема грешка (бременост) па дури тогаш ќе го видеше господ во пижами.
    Кажи му да се гони у пи*ку лепу материну, ете така.
    Уживај си во младоста и запознавај дечковци непосредно, а не на нет.
     
  11. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Душо не си единствената која на 15 години си фатила дечко, сега дури можеби тоа е и реткост, нема кој што да те осудува, ако не ти се допаѓа фала многу и пријатно, си донела правилна одлука, и по мое мислење многу зрела. Ќе му кажеш се што си пишала тука, толку готово е со нас, не ми одговара твојот начин на живот не се поклопуваме не сме на иста бранова должина и толку и имаш среќа што не сте од исто место така да терај си имаш време во животот.
    П.С. Мој совет ти е да не врзуваш за една личност уште сега после 22-3 на таа тема размислувај, е сеа не да идеш од еден на друг ама верувај дека на овие години барем до 2 е најдобро да си без некоја сериозна врска. Поздрав!
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    На таков сељак (ем шуто ем боде) нема што да му објаснува и така нема да ја разбере.
    Доволно е да го отера--------, а тој ако свати свати, ако не ич да не и е гајле.
     
  13. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Според мене нема потреба од груб крај. Нема потреба од терање у пичку матер. Па сте поминале една година заедно, зашто сега да завршите со пцовки и малограѓанштина.

    Ке раскинеш достоинствено и со стил. Како особа со цврст карактер. Немора многу да му објаснуваш и да отвараш дискусии. Едноставно ке му речеш дека не е тоа тоа, дека не си срекна во последно време, дека не гледаш заедничка иднина ....и тоа е тоа.

    Ако почнеш дискусија во детали, и да објаснуваш што све ти смета (а верувам веке имало такви дискусии)....охооооо... отиде дискусијата у 10 ти правец. Он очигледно има друг начин на живот, сакајки да те заджи ке ветува промени, а промени најверојатно нема да има....и ти само ке си изгубиш време.

    Штом си одлучила дека сакаш крај, штом твоите те подржуваат......ја ти посакувам се најубаво :* Напиша дека се каеш. НЕМОЈ ! Извлечи поука од сево ова. Нека оваа врска ти биде учител што уствари ти сакаш, и каква личност тебе ти треба како партнер ;)
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Сосем се согласувам со newring86, нема потреба за испади и терање во пм. Дечкото неа реално ништо не и направил, едноставно не се компатибилни (а и кај ќе бидат со 7 години разлика) Да, луѓето уживаат да зборат за другите, колку е помало местото, толку е тоа поизразено. На 20 и нешто години тоа го сваќаш и не сакаш да им дадеш повод, на 16 години к*р те боли. На 16 години одиш да преспиеш кај многу повозрасен дечко од друг град? Да, луѓето тоа ќе го коментираат, и тоа многу! Тоа што тој ги слуша родителите не чини? Збориме за дечко од 22 години, не за маж од 32.
    Јас имам чувство дека на Dade16 и досадила врската, сама призна дека се слуша со друг дечко и сега си бара причина за крај ама притоа таа да испадне жртвата и гревчето.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dade16

    Dade16 Нов член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Аха значи треба да ги слуша неговите. Кога да оди во град, кога да си дојде. Тој мал е и не знае. Не. Ај јас да треба да ги слушам моите бидејки сеуште немам 18. Ние двајца искачаме навечер и мајка му кажува во колку саат да си дојдеме?
    И да во право си. Здосадено ми е. Бидејки сакам нормална врска. Бидејки сакам да живеам за себе а не за другите. Бидејки сакам дечко кој што е доволно зрел и дечко кој самиот знае да донесува правилна одлука.
     
  16. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    А Dade16 .....што се палиш сега толку?
    Доби различни совети ( што и сама го побара ), што е сега?
     
  17. Dade16

    Dade16 Нов член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Значи човек да не може совет да побара на форум. Фала за советите немаше потреба. ;)
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Е браво бе. Абе ќе се зачленат и веднаш тепачка прават.
    Бог да чува.
    Малку офф.
     
  19. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Па се палиш непотребно. '' фала на советите немаше потреба '' (?!)

    Ај ништо....
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    А да ни кажеше каков совет бараш па да ти го дадеме?

    Ти пиша дека сакаш да му раскинеш, дали ти пиша некоја феминка да не му раскинуваш? Не, сите до една ти дадоа подршка тоа да го направиш! Епа тогаш, што е проблемот?
    Не ти се свиѓа дечкото, не ти е убаво со него, си го видела во друго светло- раскини му! Ама не барај сега да се организира фемина хајка против дечкото бидејќи тебе веќе не ти е интересно со него.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.