Конечно стигнав на ред и јас да пишам. Ве изначитав 20 и нешто страни. И ич не ми е мака. Разонода сте ми. Мене ич не ми е криво за распустов, за летото малце, ама ништо. Кончено повторно на школо, се радувам како прваче, спремам тетратки, пенкала. Ја обожавам таа еуфорија. Конечно ќе ми се поправи биоритмот, и ќе си легнувам во 10, ќе станувам во 7... И се така, од ден на ден. И да, ќе ми се случуваат еден куп интересни случки, со омилените и неомилените наставници, со соучениците и чистачките. Сега отидов. Само онака наминав да пишам нешто... Едвај чекам утре.
Која убавина е оваа транс музиката,прекраснотии ама за тие што можат да ја слушат А посебно па транс журка ауууу јако бе Синоќа се осеќав досега најубаво мислам ,абее толку убави мириси не сум осетила незнам од кога. Али буквално мириси,машки и женски Во диско, во кафана, на кафе значи обавезноо се дешава или некој до мене да седне што мириса на мишки или па успат да помине а реата да се шири на околу и сите да паѓаат во 'несвест'. А оваа синоќа беше најубавото мое вечерно излегување на журка + и миризливи стапчиња запалени на околу ах бе убавиниии Туку сакав да кажам и да прашам дека нели не смее обичен човек да ми бара лична карта ? Полицаец или ајде обезбедување(но само со униформа и додека е на работа) може да побара ама обичен човек кој што застанал на врата и гледа кој како поминува и на кој ќе му текне бара лични документи не сум должна да покажува. Си плаќам карта ми пребарува ташна и вели : дај лична карта,дај да видам Јас : а кој си ти да бараш лична карта ,должност ти е таа ? ...и овој со цел ум ми вели : не ми е должност но сакам да видам имаш ли 18години Ме насмеа морам да признам и само му кажав: ако ти личам дека сум под 18години фала на комплимент добро ми дојде И си поминав шо Абе ме нервираат бе луѓе кои не се никој и ништо а се прават дека владеат со се околу нив ,е така неможе батка се има ред и правила Имајте убава вечер а вие што сте на училиште утре бегајте на спиење доцна е веќе
Дури сега ми е мака што сум се разделила со старите школски, ама ако најзабавниот дел од животот само што не започнал. Отидов на спиење јас!
Нервоза , страв , возбуда . Се се собрало во мене . Се плашам . Утре започнувам да чекорам низ една нова средина во која се ми е непознато . Нови профосери , нови познанства . Се прашувам како ли јас ќе се вклопам таму ? Бидејќи тешко ми оди комуникацијата со луѓе , навистина се прашувам како ќе успеам јас таму . Не можам лесно да се спријателам со никого . А ќе минам четири години со тие луѓе и навистина се прашувам како ќе се одвива се таму ? Многу прашања в глава , а на ниту едно немам одговор . Во неизвесност сум . А најмногу мразам кога незнам за случувањата кои ќе се случат . Можеби претерувам, но што да правам . Но знам едно , а тоа е дека од утре јас започнувам да пливам во води кои се непознати за мене . A тоа ме плаши .
Утре школарчиња по една чаша со вода да клоцнете пред да тргнете на училиште. За да Ви поминува учебната година лесно и како што тече водата, напред. Таков е адетот, барем во мојот град. Ех, убави времиња. Со душа и срце чекав да дојде 1-ви Септември за да се видам со моите соученици. Да се врати времето убаво би било. Среќно и успешно на сите!
Девојки, ова е нов блог, првиот пост е денешен. За секакви критики и пофалби пишете ми по порака или на блогот! Фала http://christinearabela.blogspot.com/
^ Така имаше еден дедо во мојата населба,обавезно фрлаше вода по својот внук,за среќа и успех нели,па момакот повторуваше 3 години. ама упорен беше дедово,не се даваше,секој прв учебен ден беше со кофа во рацете.Колку ми фали само тоа место
Светот би бил поубаво место за живеење кога брендираниве пи*ки амерички би сфатиле дека во никој случај не е секси тоа што глумат недопирливи,центар на светот и што не може муабет со нив ни машко ни женско да направи. (тоа веројатно е античка техника која ја смислиле девојки кои не можат две-три реченици да врзат) Значи,ако си глупав,подобро е да си покажеш дека си глупав,отколку да глумиш. А ако си паметен,знаеш дека нема потреба од глумење. Не за друго,туку ти поубаво ќе си поминеш во јаките кафичи и дискотеки во кои толку многу се забавуваш што цело време си го сликаш коктелот па го ставаш на сите можни социјални мрежи и индиректно се фалиш колку е тој скап,а не зборуваш со никого. Освен од време на време со другарка ти,кога ги озборувате девојките кои танцуваат,се смеат,се глупираат и едноставно се забавуваат без да глумат дека се ледени кралици. Можеби си ја растуриле фризурата,им се размачкала шминката,можеби не носат толку скапи алишта но се забавуваат и се дефинитивно далеку по секси од тебе. Бидејќи не е секси да се преправаш Холивуд,секси е да не се преправаш воопшто,и да уживаш во моментот без да ти е гајле што другите мислат за тебе.
За мојата посилна половина, „романтика“ е хотел во близина на езерото Младост и толку. Си го знаев јас од самиот старт дека он не е многу по апстракција, повеќе е опиплив и предвидлив, повремено знае да изненади, но сепак приземјен, понекогаш сурово реален, дури на моменти иритира со својата смиреност, па некогаш намерно провоцирам до степен да се извадам од такт самата себе си, а тој ладен-шприцер, со еден мутаво-смирувачки поглед ме прашува „Па маче, што се нервираш?“ Не, не се нервирам, само така се чешлам
Никогаш нема да сфатам која им е потребата на новопечените невести на секоја наредна веселба да ги носат своите бели невестински штикли и тоа во секоја можна комбинација??? Или само јас сум го приметила ова? Стварно не ми е јасно
И повторно истото чувство. Празнина, страв дека ќе изгубиш уште еден човек од својот живот и дека се` ќе остане во минатото во вид на спомени на кои со солзи или насмевки ќе се сеќаваш. Заедно со уште многу други. Премногу личности изгубив и оставив во минатото. Ми се лизгаат од раце. Страв ми е дека ова ќе ми премине во секојдневие. Но, никогаш нема да станам имуна на тоа и секој пат одново ќе ја чувствувам истата болка. Премногу се плашам. Сакам само да останам сама и никогаш повеќе да не ја почувствувам оваа болка.
Убав мирис од пекарава доле, децава тргаат накај школо, ветре дувка, ќе почнам и јас кај и да е да се спремам.Еднаш во 3 месеци да го фатам утрово, стварно било убаво (уствари не ни легнав да спијам кога ќе видиш, кафево да не ми е ќе припаднам негде по пат ) Еве и една песна за добро утро од мене, да ви тргне денов http://www.youtube.com/watch?v=-3BhhaukQPM
Aaааа, пошо сме сами со батичко дома, ме разбуди да го испратам за нашколо... вчера мама ме напна : да му речиш да лапни шеќер и да истуриш вода пат... амам бе мамо ко на филмојне и ние и таа пак ако,ако адет е.. И така батичко ме разбуди, му дадов пенкалце и тетратка ( да го запиши распоредот) хахаха Излегнам надвор сите комшии и стринами ги испраќаат учениците... И стрина ми со чашата во раце прво заминаа тие па бато со моторот... Влегувам дома и во душа чувствувам празнина, си велам сакам и јас бе... Низ глава стотина случки од школо ах, бе ах... кој осетил знае... Сега продолжувам да нанкам
Смислата за хумор е подеднакво важна како и меѓусебната доверба и разбирање. Нема поубаво чувство од моментот кога другиот знае како и кога да предизвика насмевка на вашето лице.