Фала Bellas на Chipolino e Baby Max Tria ние ја земавме на попуст 30 % од Алф Кидс во Прилеп ама во јули месец тоа ни дојде некаде 15,000 ден комплет се намалена од 18,000 беше ја имаш и во Локо Кроко ама мислам дека немаш попуст таму провери си ти пак ако не прашај во Алф Кидс имаат достава до Ск.поздравче [/quote] Фала ти многу
Кога ве гледам што си купувате за вашите најмалечи и најсакани колку само сакам едно бебенце и јас да си имам. Поздрав и убави ви се на сите работичките што сте ги купиле за нив, со здравје да си ги служите.
Конечно си најдов ташна за пелени каква што сакав Во ташната имаше 2 бебешки пелени, пакетче од влажни марамици, малечка крема валда павловичева и подлога (мушама) за менување на пелени. Има неколку прегради внатре за шишиња, пелени, креми итн
Жени ми треба еден совет... Викендов од Солун ќе купувам некои работи за бебето, ама малце сум збунета со бројчињава.... гледам некои почнуваат од 50, некои од 56... Кое бројче одговара за новороденче? Ќе купувам повеќе работи е сега дали да измешам и поголеми и помали бројчиња, да не му стане се тесно за 1 месец па да нема што да му облечам? Од друга страна не сакам се да му биде па многу големо греота е такво да го шетам Фала ви однапред за одговорите, знам дека сте поискусни од мене
Не можеш тоа да го знаеш однапред. Ти предлагам да си купиш и помали и поголеми, и целосни и дводелни. Ќе видиш кои ќе ти бидат најпрактични. Син ми се роди помал и се ни беше огромно на почеток, ама брзо напредуваше и не ни сетив дали некогаш му беше точна облеката. Како наеднаш да порасна. Нас шпилхозните ни беа кратки во нозете и продолжив да купувам само дводелни и без ногавички.
Да ти кажам и јас мислев какви бројчиња да купувам и на крајот купував какви ќе стигнам Многу пати купив од еден или друг број зошто такви беа останати...во секој случај немој многу од најмалите, зошто кога ќе се роди ќе видиш и колкаво ќе биде и ако ти требаат тогаш ќе докупиш, па ако ти се случи да снемаш во моментот можеш да му облечеш од поголемките во моментот... Мој совет, гледај да е памукот доста растеглив, мек, зошто многу полесно ќе можеш да го облечеш детето и подолго да ги користиш... Пример имам боди од mothercare што е толку многу мек и растеглив памук и е топ и боди од extreme intimo кое уште сега се чудам како ќе му го облечам кога неможам да пикнам три прсти во ракавчето... Плус незнам дали и вие сте приметиле, ама од еден бренд може од 3-6 месеци, да биде помало отколку од 0-3 од друг бренд! Ги споредувам, мерам и гледам дека неможам да се ориентирам по тоа што го пишува на етикетата...
Mnogu brzo gi izrasnuvaat. Zemi si od 56 pa nagore. Isto za novorodence koe ima eden mesec odgovaraat i 62. i da se golemi na rakavcinjata ke gi podvies. Na golemoto ima kolaj, ama na maloto nema
^^ И мене ова ми беше тема за размислување, и на крај одлучив да земам од тие за новороденче, број 50. Вака кога ги гледам не се до толку минијатурни, мислам дека барем месец дена ќе ги носи Ама земав многу малку, само 4 боди, и два комплети, колку да има за во болница додека сме, нормално ќе се докупи уште нешто до тогаш, малку поголемки. Капчињата и патичињата мислам дека ок ќе му бидат Моите доаѓаат наскоро, ќе ми донесат нешто облека од внук ми, плус од други луѓе кои испратиле поклони, така што ќе имам од различни големини Јас имав проблем со скафандерче, овде гледав имаат во милион големини, не знаев колкаво да земам, а скафандер дефинитивно е нешто што најдолго ќе го носи и нешто што многу ќе ни биде потребно Мајка ми ми ја разреши дилемата, му купила некој скафандер од Скопје и ќе ми го донесе Не знам што бројче е, познавајќи ја, ќе да е поголемко некое, за до пролет да го носи синко За среќа не е нешто скапа облеката овде, па и да остане нешто неизносено (а гарант се ќе остане неизносено, ама ај ), барем нема да ми биде толку криво.
Ние земавме скафандерче на попуст од mothercare за 1300 денари и многу е убаво ама е од 6-9 месеци...бебето здравје боже ќе има толку месеци од април до јуни...Јас сакав помало од 3-6, зошто ова кога го гледам мислам дека ќе го носи до трето одделение ама од искуство што ми кажаа подобро да му е поголемо, зошто и бебето ќе биде изнаоблечено, па си викам, ќе му ги завиткам ракавчињата или ќе му дојдат како да има ракавици Еве слика Сега може уште да се најдат скафандерчиња на попуст, кога ќе ни требаат ќе бидат многу скапи...
да те прашам само како го наручуваш,дали имаат веб страница за македонија можеш да ми пратиш линк? многу ти благодарам, поздрав
Нови мамички што имате новороденчиња...мој искрен совет не купувајте најмало бројче. Прескокнете ги тие со број 50 или нула (за нула месеци). Посебно ова се однесува за тие што планираат да ставаат дупли повој. Ќе ви бидат мали само после две недели. Еве на кратко од мое искуство како брзо растат. Бодијата и шпилхозните што ни се со величина 0-3 м ги прераснавме на месец и пол. Сега сме 3 месеци без една недела и носиме облека со величина 3-6м или тоа е исто како бројче 62. Дел од нив ни се пасент со дупли повој, додека некои дури се пасент само со обична пелена и планирам веќе да ги тргнам на страна. Толку ми е криво за некои работи купени со ќеиф а облечени само еднаш. И уште ова...што и да купувате не чувајте за специјални прилики, облекувајте му се што ви прави ќеиф, и купувајте гардероба тековно како што ќе расте детето, не купувајте однапред за неколку месеци
Нови мамички што имате новороденчиња...мој искрен совет не купувајте најмало бројче. Прескокнете ги тие со број 50 или нула (за нула месеци). Посебно ова се однесува за тие што планираат да ставаат дупли повој. Ќе ви бидат мали само после две недели. Еве на кратко од мое искуство како брзо растат. Бодијата и шпилхозните што ни се со величина 0-3 м ги прераснавме на месец и пол. Сега сме 3 месеци без една недела и носиме облека со величина 3-6м или тоа е исто како бројче 62. Дел од нив ни се пасент со дупли повој, додека некои дури се пасент само со обична пелена и планирам веќе да ги тргнам на страна. Толку ми е криво за некои работи купени со ќеиф а облечени само еднаш. И уште ова...што и да купувате не чувајте за специјални прилики, облекувајте му се што ви прави ќеиф, и купувајте гардероба тековно како што ќе расте детето, не купувајте однапред за неколку месеци