1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вицови

Дискусија во 'Насмевка' започната од Mimi, 22 ноември 2009.

  1. thesanja

    thesanja Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Запира полицаец возач во 4ч. сабајле и му вика:
    -Каде одиш?
    -На предавање
    - На какво предавање?
    - На предавање за морални вредности, колку алкохолот штетно влијае врз човечкиот организам, колку цигарите се исто така штетни и колку моето седење во кафана лошо влијае врз мојот социјален живот, врз моите финансии и врз мојот срмеен живот ..
    - Хаха абе кој држи такви предавања во 4ч ?
    - ЖЕНА МИ!
    ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХХАХ. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  2. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Доаѓа штурецот кај мравката во пролет и и вели:
    -Мравке доаѓај,имам две женски,аранжман во Египет,да уживаме малку!
    -Не сакам штурко,жито ќе садам!
    Доаѓа штурко во лето:
    -Ајде мравке,доаѓај,одиме во Турција на баклава!
    -Не сакам штурче,ќе жнеам!
    Доаѓа штурче во зима со бентли автомобил,две рибетини згодни,скоцкан за на скијање:
    -Ајде мравке со нас на скијање?!
    -Фала штурко ама јас одам по дрва.И да те замолам нешто:АКО ГО СРЕТНЕШ ПО ПАТ ЖАН ЛАФОНТЕН КАЖИ МИ ЖИВ ЌЕ ГО ЗАКОПАМ!

    Се враќа Трпе дома во ниедно време,целиот разбушавен,со пудра на лицето,измачкан со кармин и шминка.Жена му го гледа и му вели:
    -Зошто има шминка насекаде по тебе?!
    А,Трпе и одговара:
    -Нема да веруваш,ама се тепав со кловн.

    -Што има брате,од кај си?
    -Од Македонија!
    -Е,супер,и јас сум од Македонија!Да мавнеме по една за Македонија?
    И пијат една тура заедно.
    Првиов пак прашува:
    -А,од кај од Македонија?
    -Од Охрид!
    -Ух,Охрид!!Браво,друже,и јас сум од Охрид!Дај да мавнеме уште по една тура за Охрид!!
    -Како се викаат мајка ти и татко ти?
    -Трајан и Гордана!!
    -Аман бе,и моите така се викаат,ај да мавнеме уште по една за нив!!!
    И така пијат уште две,три тури кога во кафеаната влегол некој постојан гостин,па го прашува келнерот:
    -Па,што има денес?
    Келнерот му одговара:
    -Ништо друже,близнациве пак се камен пијани!
    ]:) ]:) :geek: :geek: :lol: :lol: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На okcenzi и Oscar Lady им се допаѓа ова.
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    ДРАГ СИНКО ! ✍
    Ти го пишувам ова писмо за да знаеш дека ти пишувам,зошто ако го добиеш значи дека ти стигнало. Ако не го добиеш јави ми,ќе ти го пратам повторно.Ќе пишувам полека,знам дека споро читаш.Пред некој ден татко ти прочита во весник дека по најнови статистички податоци повеќето сообраќајки се случуваат на далечина од 1км од куќата,па затоа ние се преселивме малку подалеку. Куќата е преубава,имаме дури и машина за перење,само не знам дали работи.Вчера ставив некои алишта да се перат,ја повлеков рачката за вода и алиштата ги снема.Тука времето и не е така лошо.Прошлата недела само два пати врнеше. Првиот пат траеше 3 дена,а следниот 4.Во врска со јакната што ја бараше,вујко ти Перо ми рече дека ако ги извадиме копчињата (пошто многу тежат) ќе не фати поефтино пратката по пошта.Јас затоа ги отпарав копчињата и ги ставив во џеб.Конечно го погребавме дедо ти.Го најдовме телото во Вторникот кога ја чистевме куќата.Беше во орманот од оној ден кога игравме жмурки и кога тој победи.Пред неколку дена ни екслодира плинската боца во кујната.Татко ти и мене,експлозијата не исфрли надвор кроз прозор.Какво убаво чуство беше тоа!
    После толку години,татко ти и јас конечно излеговме заедно.Бидејќи го спомнувам татко ти,он најде нова работа! Многу се гордее.Има под себе околу 500 души...Се запосли на градските гробишта-го коси тревникот.Сестра ти Милева,знаеш онаа што се омажи...конечно се породи! Не знаеме кој пол е,па затоа не можам со сигурност да ти кажам дали си станал тетка или вујко...Сестра ти рече дека ако биде женско ќе ја вика по мене.Многу ми е чудно што нејзината ќерка ќе ја вика „МАМА“,ама ете желба и е .А брат ти Радојче,он е стварно заникаде.Замисли,ја затвори вратата од колата,а клучевите беа внатре.Мораше да се врати во станот да го земе дупликат клучот за да не извлече од колата.Катастрофа!!!
    Добро синко,нема да ти ја напишам адресата зошто не знам која е.Семејството што живееше пред нас тука,си го земаа куќниот број од ѕидот со нив.
    Ако ја видип Светлана поздрави ја,а ако не ја видиш - не и кажувај ништо.
    Те сака мама,
    Станислава.
    P.S.Сакав да ти пратам и нешто пари,ама веќе го затворив пликото !
     
  4. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Згодна девојка го прашува продавачот:
    -Колку чини ова чоколадо?
    Тој и намигнува и и кажува:
    -Бакнеж за парче.
    -Добро, ќе земам пет парчиња, баба ќе плати :rofl:

    Еден ден запознав еден прекрасен господин и се заљубив. Кога стана јасно дека ќе се земеме, одлучив да престанам да јадам грав. Неколку месеци подоцна... ...на мојот роденден, ми се расипа автомобилот додека се враќав дома од работа. Со оглед на тоа дека живеев на село, му се јавив на маж ми и му кажав дека ќе доцнам затоа што морам пешки до дома. Одејќи така, по пат наидов на мало кафанче од кое се ширеше мирис на грав и едноставно не можев да одолеам. Бидејќи пред себе имав пат од неколку километри, претпоставив дека по пат ќе се ослободам од сите нус појави. Влегов во кафанчето и за час „средив“ три порции грав. Кога продолжив да пешачам се потрудив да ги испуштам сите гасови. Кога стигнав дома, сопругот беше среќен што ме гледа и весело ми рече: „Драга, имам изненадување за вечера!“. Ми ги врза очите и ме одведе до масата. Седнав, и токму кога сакаше да ми го тргне превезот, заѕвоне телефонот. Ме натера да му ветам дека нема да го тргнам превезот додека не се врати, и отиде да се јави. Гравот кој го изедов се уште работеше во мојот стомак и притисокот стана неподнослив, така што ја искористив приликата додека да се врати маж ми да пуштам еден гас на страна. Не само што беше гласен, туку и смрдеше на ѓубре и твор истовремено. Ја зедов салфетката од масата и жустро ја бркав смрдеата. Потоа се наслонив на другата страна и си пуштив уште три. Смрдеата беше полоша од готвена и отстоена зелка. Решив да го слушам телефонскиот разговор од соседната соба, и си продолжив да си се олеснувам во наредните неколку минути. Задоволството беше неописливо. Кога поздравувањето преку телефонот го означи крајот на мојата слобода, направив уште неколку брзи кружни движења со салфетката за да ја раздувам миризбата, и со чувство на задоволство и олеснување, ја спуштив раката. На лицето сигурно го имав најневиниот израз кога мојот маж се врати и се извини што се задржа толку долго. Ме праша дали сум ѕиркала, но јас го уверив дека не отворив око. Во тој момент, ми го тргна превезот и дванаесет гости кои седеа околу масата во еден глас викнаа: „Среќен роденден!“ А, јас паднав во несвест.
     
  5. AffyJelenator

    AffyJelenator Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    ХААХАХА ЛЕЛЕЕЕ ХАХАХАХАХХАХАХА :lol: :lol: :lol: :lol: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На MermaidKiky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Оди маж на гатачка
    - Имате две деца.
    - Така си мислиш, имам три деца!
    - Не, ти така си мислиш :lol:
     
    На kikav и makedonkamak им се допаѓа ова.
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    83.252
    Пол:
    Женски
    Пушта се кумановац на некоју:
    - Куде направи такво перфектно тело?
    - У воду...од пливање!
    - А не ли можеше малко и фацу да гу натопиш ?!

    :D :D :D
     
    На Oscar Lady, Someonespecial, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Плавуша прашува некое дете:
    -Кое одделение си?
    -Шесто.
    -Еее, седумсто! :D
     
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Разговараат две пријателка и едната ја прашува другата:
    - Каде ќе одиш на одмор?
    - По разгледување на домашниот буџет, сфатив дека не сум изморена :D
     
    На sparklie и Elissa им се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    На сабајле.
    Американец, станува оди до фрижидрот го отвора зема 2 јајца го затвора фрижидрот ги пржи јајцата и доручкува.
    Французин, станува оди до фрижидерот го отвора зема 2 јајца го затвора фрижидерот ги вари јајцата и доручкува.
    Македонец, станува оди до фрижидерот го отвора си ги чеша јајцата го затвора фрижидрот.

    Решил селанецот да ја оплоди свињата, ја натоварил на количка и ја однел на другиот крај од селото кај соселанец со вепар. Завршиле свињите работа и овој со свињата го прашал соселанецот како да знае дали е спрасна.
    Па кога ќе се разбудиш сабајле, ако пие вода не е, ама ако јаде е.
    Ја товарил на количка и се вратил назад. Се буди сабајле гледа пие вода, ја товара на количка и пак ја носи и така неколку дена.
    Едно утро се буди преку глава му е и си вика, денес ќе ја колам богами. Ја прашува жена му.
    - Вода пие ли? НЕ. Аја се израдувал.
    - А јаде ли? НЕ.
    - Е што прави?
    Ене ја седи во количка и чека.
     
    На Saraa и Elissa им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Поздрав до комшијата и неговиот новороден син со песната “Сине мој”
     
    На QueenElena, sparklie и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум Дуња.
    - Мило ми е, Марио. Леле, се викаш исто како мојот бивши дечко.
    - А ТИ КАКО НА БАБАМИ КОМПОТОТ ЕБАТЕ.
     
    На Simona^^ и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  13. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Разговара Трпе со другар му:
    -Стопати и реков на онаа мојана дека една вистинска врска мора да содржи многу повеќе страст!
    -А таа што вика?
    -Во целост сесогласи и си фати друго момче!

    Трпе:Јас пијам затоа што сум осамен.
    Трпана:Како да не!
    Трпе:Навистина!По секоја ракија во мене се раѓа нова личност.Па,кога ќе се собереме едно добро друштво...

    Трпана и се јавува на својата мајка и почнува да се жали:
    -Мамо,оној мој неблагодарен маж пак не сака да јаде леќа!
    -Ќерко,кажи ми што и ставаш додека ја вариш?
    -Оп-па!А,треба ли и да се вари?!?!
    ]:) ]:) ;) 8) :lol: :lol: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Се качила Мирка Велинова у автобус и еден пензионер и рекол:
    Дај бе ерген ако сакаш стани да седнам...
    Мирка луто му се свртела- Не сум јас ерген бе вол!!!
    - О, извини момче не знаев дека си женет.
     
  15. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    - Бабино, ај малце да ми запееш како кога беше мало ..
    - Бабо мааа, дваесет и кусур имам, жити се !?
    ( Баба вадит паричник )
    - ДУУУВНА ВЕЕЕТРЕ РАЗВИГОРЧЕЕЕЕ !!!
     
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Трпе имал 3 деца и требало да оди на печалба.
    - Слушај Трпано, немој кога ќе се вратам да видам 4 комада!
    - Ма не, не се секирај!
    Поминало време, се враќа овој дома, кога гледа 4 деца.
    - Аман ма жено, не издржа, се прокурва а!!??
    - Како не ти е срам бе, ме остави дома без кафе и шеќер!
    - Е што има врска сега кафето?
    - Е па дојде кумот Ставре, и со што да го понудам, а?
     
    На fallenangel, Oscar Lady, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Hazelnut

    Hazelnut Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    - Добро утро комшија. Беше до продавница, а?
    - Не. Излегов да ги прошетам лебов и јогуртов.
     
    На flowersss му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    На пазар човек продава семки од јаболка па вели :-Ајде повелете на семки една семка 2 евра за повеќе памет, колку повеќе јадете толку памет имате.
    -Доаша еден полицаец и прашува. Сигурно е дека доаѓа памет?
    -Купи неколку пробај ќе се увериш? Зема 5 семки дава пари ги голта и чека едно 15 минути и откако нема ефект вели: Абе за овие пари можев да купам 20кг јаболка а не семки!
    -Гледаш господине дека делува брзо кај тебе. :lol: :lol: :lol:
     
  19. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Ух овај виц :angel: .Наставникот по географија секој час ни го кажуваше.Ние основно по географија вицеви учевме :rofl: Еден од нив е овај.Ух ми разбуди спомени :inlove: :wasntme:
     
  20. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    Снаа од село се маже у Кавадарци, и првото утро станва сабајлето, и прво варе кафе, и му прае природен сок од портокал на свекорот и свекрвата, а свекрвата и вика:
    ---Не требело прво сокот и кафето, прво требеше да се погрижиш за куќата....
    А ваа и вика:
    ---Мене дома у сел'то ми викаа, прво да а наранам стоката, па после куќата........
    ххахахааххахаахха
     
    На flowersss, kim.k и IamSexyAndIKnowIt им се допаѓа ова.