Оди во фондот за здравство, таму треба да се пререгистрираш, заводот за вработување не е повеќе поврзан со здравственото осигурување.
само лична карта и старата здравствена зелена книшка зошто сеуште не важат пластифицираните картички треба да ти стави печат за невработен во неа
не важат за да се пријавиш за здравствено осигурување ,за друго важат ... нема каде таму печат да стават барем така беше пред еден месец не им е регулирано тоа сеуште со картичките
WTF А што е кај нив регулирано? Законот се применува од тогаш, а во пракса ооооооо, не умри магаре до зелена трева.
Девојки, знае ли некоја како да направам на фејсбук, тие што не ми се пријатели да неможат да ми испраќаат пораки, таа опција воопшто да ја нема за нив ?
Вака сега се рапрашав и ова треба да направиш. Копија од лична карта, извод на родени и здравствената книшка. Ќе појдеш во фонд за здравство, она кај југодрво или црвен крст, на шалтер 15-16 и оп готово, ќе завршиш работа.
Кликни на катанчето ,па на кој може да контактира со мене ( 2та опција),па на стого филтрирање (пак 2 та опција)
Училиште за странски јазици во Центар? Цени и пристојни времиња за часови, секако и квалитет. Благодарам
Јас сум презадоволна од Piccadilly S, учев 8 години курс по англиски. Професорите се строги, сериозни и озбилни. Нема забушавања. Ако не те бива, отворено ти кажуваат да не си ги трошиш за џабе парите.Само пофални зборови имам за нив. Заборавив да пишам за цените. Кога учев 1500 им беше рата месечна, меѓутоа сега има курс за возрасни од времетраење на еден семестар, значи еден семестар-еден степен, па можеби имаат некои други цени. А времето самата си го прилагодуваш, кое време ќе ти одговара во таа група ќе те стават. Додека зимава пак се запишав во Феникс да учам германски јазик. Тоа беше катастрофа. Ми предаваше штотуку дипломирана професорка (секој чест за сите дипломирани) меѓутоа девојката навистина не знаеше да предава. Се учеше во просторија каде што немаш врата, па комотно можеш да слушаш и час по англиски јазик. На крајот ми рекоа дека ќе ми се јават за дипломата кога да ја земам. Не ми се јавија и не ми ни треба. Крајно непрофесионално од нивна страна.
Девојки има некоја од Битола? Каде можам да најдам убави машки белегзии низ Битолава Ви благодарам однапред
Само ќе пишеш на Google временска прогноза и ти дава за цела недела https://www.google.mk/?gws_rd=ssl#q=%D0 ... 0%B7%D0%B0