1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    ^
    Чекај, ќе ги објават кога ќе се вратат од школо. Моментално имаат класен час. :geek:
     
    На Umbrella22 и feminium им се допаѓа ова.
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Тој прајслес момент кога спиеш, и одеднаш во 7 часот наутро oд прозорец слушаш ученичиНа бесни и разгракани, додека во прилог следи јак ремет, еден куп пцовки, од мајки шајки па до сестри, и тоа уште на прв школски ден. :wasntme: Уште нерасонети, веќе го гаснат сонцето... :D
    И во тој момент тебе ти светнува колку уствари немаат поим што сакаат побрзо да заврши, и исто толку немаат претстава колку ќе им недостигаат овие непроценливи мигови.
    Мене па од друга страна ме спука некоја носталгија. Што знам, почнаа многу да ми фалат токму тие денови исполнети со кафе шемички, долго очекувани викенди, фурања, измислени фрази и уште многу други глупости.
    А не факултетов, еден тон дигнати фаци со носот напрчен, и его повисоко од статуата на Слободата, а ти глумат пофини од Финска.
    Професорите ништо поразлични, карактерно скоро еднакво пропорционални со студентите, а единствената разлика тука, е само што овие имаат повеќе знаење од другиве. Но, тоа секако не го менува фактот дека пола и више од нив се длабоко исфурстрирани, внатрено сиромашни, и кутри, а ниту самите не се свесни колку.
    Жално е но вистинито, но животот тече, а ние сме се заглавиле во стегите на линеарното ни време, во кое може да направиш се, освен да побегнеш. Да направиш скок нанапред или да заминеш наназад изгледа како невозможна мисија.
    Епа ете, токму во тоа име живели, уште сабајлечки ве частам по едно пивце драги средношколци, :beer: зошто јас моето го гркнав уште рано рано на екс, како бесна кобила. :emo:
    И то.
     
    На Ivy89, anggell, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Да помрчам малце за школово. Најдоброто нешто што ми се случи денеска е новиот учебник по математика. Ко бебе ми е, ич нема да го шкртнам, жал ми е. :D Си подрипнувам од среќа. Влегувам во школо, ништо посебно, онака, ама кога седнав на столче, е тек тогаш се осетив ко 3 години да не сум седела таму, а не три месеци. :D
    Знаете, како и секогаш се бира претседател, еве јас за малце ќе бидев. МУНСТОУН ЗА ВОЏА! Ама ништо, така, тро тесна борба беше. Не е битно, убаво ми е и без претседателската титула, доста ми беше неколку години по ред. Веќе имам стаж. :wasntme:
    И така како и секоја година си ветувам дека повеќе ќе учам, па така и оваа, па ќе видиме колку ќе биде точно. А кога сме кај возбудувањето, возбудена бев само за книгите, дали ќе ми бидат нови, ама слабо. :D
    Оваа година не ги видов првачињата, не ја осетив онаа еуфорија како лани, малку се разочарав. Ама сега ќе почнам да одам по книжари и ќе го осетам она вистинското. Кој тетратки, моливи, боички, блокови, прибор, ранци тракатанци купува и така.

    Чекам да позамараат и малку со Уејк ми ап уен септембр ендс. Оти бе, што му фали на септември?

    Нема врска, да не трубам многу, ќе си одам. Чао. :wasntme:
     
    На Lella, Someonespecial, Anabelle.Amorette и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Дочекав трудница да ми каже дека не планира да дои за да не и се расипат градите. Очигледно мисли дека за украс и се дадени.

    Во контекст на муабетот,еве една приказна. Си биле две жени и се расправале чие дете е едно новороденче. Кога отишле кај кадијата,тој им рекол дека ќе нареди бебето да се пресече на половина и дека секоја така ќе добие дел и ќе биде најправедно. Погодувате која од жените прва рекла дека детето не е нејзино? Мајката.

    Најголема одлика на една мајка е несебичноста и ставањето на детето пред своите желби и потреби.
     
    На kala21, bittersweet, anggell и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    СДК научив и јас да не се нервирам, аааа си знам сега како треба и супер ми е 8)
     
    На Someonespecial, Anabelle.Amorette, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сум им се восхитувала на луѓето што знаат математика. Мене искрено ми беше кошмар самата помисла дека треба да се прави тест по тој предмет. Ја гледав љубоморно и завидливо Наталија, таа беше најпаметната во класот, како Гугл човече, го пишуваш клучниот збор и за 0,03 секунди излегуваат 1 263 895 резултати. Си мислев колку ли е среќна што не мора како мене, три недели унапред да вежба кај професор, за да добие 5-ка. Па дури и кога професорот ми објаснуваше, јас пак размислував колку Наталија е среќна, бидејќи таа сигурно ќе го знаеше сето ова што пустиот спроти мене го дрдори по 28 пат, а јас гледам како теле у шарени врата и климам со главата демек ми е јасно, а немам брате поим. И ме прашува, јас заоѓам филозофски како киша око Крагуевца, а нему му иде од петни жили себе си да си ги искорне синусите, отколку мене да ми објаснува како на ретардирана магарица, синус, косинус, тангенс и котангенс. И за Наталија мислев дека е многу среќна кога наставникот ни ги делеше оценките од тестот, секогаш беше со сите 100 поени, еднашка помнам и беа 98, па за малку ќе легнеше болна, а јас пустата, се на граница меѓу тројка и четворка. А бев одличен ученик, ама ете, два и два не секогаш се четири.
    Се вратив години наназад, оти денеска ја видов Наталија, застанавме накратко, на муабет што си, како си, каде си? Наталија завршува со магистратурата, размислува за докторат, живее со нејзините, повремено излегува, пред две години раскинала со дечкото со кој одеше уште од средно и во нејзиниот тон се чувствуваше доза на разочараност.Блескава кариера, но никаков интимен живот, а 33 години на број. За прв пат во животот, си помислив дека Наталија е несреќна...
    И како што кажав, не секогаш во животот, два и два се четири.
     
    На tirkenbal, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kala21 и 37 други им се допаѓа ова.
  7. WhatNow

    WhatNow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    62
    Зошто секогаш среќата им се насмевнува на негативните и луѓето кои не ја ценат?! Не велам дека ја заслужувам највеќе од сите, ама барем после толку солзи заслужувам трошка среќа. Ја чекам долго ја чекам, ми се смачи веќе од чекање "да пораснам", ми се смачи од чекање среќата да ми се насмевне.. Сите тие работи кои јас ги чекам и кои мислам дека барем малку ги заслужувам (оти нели сите заслужуваат да бидат среќни) се случуваат на личност која не знае да цени и почитува.. Ало бе, почит не е само да знаеш да им кажеш "Добар ден" на повозрасните! Почитта се стекнува со помош, разбирање, доверба, чест, ценење.. :!: Не љубоморам на туѓата среќа, само се чудам како некои личности кои од секогаш се покажувале како личности со разбирање и почит цело време се фолирале. Не ми е јасно како среќата оди кај тие луѓе најпрво а ги заборава или одминува оние кои повеќе од нив ја заслужуваат. Ама добро, океј е веруваме ние во кармата, ќе ги обработи добро таа! :D
     
    На Sarasweet, eliesaab, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    И покрај се, на крај испадна дека татко ми е мажот на мојот живот :!:
    А единствениот маж што никогаш не ме разочарал е мојот чичко.
    Значи мажите на мојот живот се татко ми и чичко ми :inlove:
     
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Готвачи,фотографи,гитаристи,пеачи,новинари,џетсетери,агенти,актери...се станавме за да ги импресионираме девојкиве само тоа шо треба не станавме...џентлмени и мажи :shake: .
     
    На MademoiselleB, Ivy89, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  10. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Најужасно нешто ми е,кога некоја ќе се слика,и ќе ги опрчи цицките до крај,па после ќе ја шкрта или заматува сликата,за да не се гледа деколтето :D Абе ајде.
     
    На ColoursOfTheRainbow, Golden, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу „културни“ стаклени чаши по дома. Со песна ме повикуваат да ги измијам. По оброкот, завршив со чиниите и тавата и ги ставив чашите во миjaлник додека да се стопли вода. И во меѓувреме со нешто друго се зафатив и изумив да ги измијам. И после слушам до... ми... сол .... звуци слични како да доаѓаат од метален ксилофон. Така си уживам јас во музиката и си викам, чекај да видам од каде доаѓа. И така се најдовме, јас и чашите. Абе, многу културни чаши имам, да ти е мерак да ги измиеш. :rofl:
     
    На Valerin и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Добредојде Септември :D :D :D се надевам дека че бидиш исто толку добар колку и АВгуст. 8)
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    И сега реши да си одиш кога ќе станам поубава јас?
    Штета.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Лажни пријателки колку сакаш :D

    Како и да е ("пријателке") кругот се врти.
     
    На Valerin и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  15. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    121
    СДК некои луѓе воопшто немаат грам мозок и не знаат за граници!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Да си кажам .... колку и да мислам позитивно , секогаш ќе ме плаши новото утре :|
     
    На eliesaab и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Кога понекогаш заправам муабет со некои претставници на машкиот род ,буквално останувам со подзината уста.Не од убавини,туку од шок.Шокирана сум што жените ги посматра како папучи.Едни за по дома,едни за по двор,едни за до бавча.Или во превод една невина за во брак,една умерена за потфаќање а некоја „безобразница“ за секс.Мислам ,сакаш невина а сакаш секс.Сакаш да шврљаш на страна а да се чувствуваш невин,како тоа да не го правиш.Сакаш се да биде нормално,а ја лажеш жената.Сакаш чесна жена која ќе те сака,при се што правиш.
    Сакаш врска и брак,сакаш да живееш двоен,троен живот и да не ризикуваш?!
    Е,нече мочи ,друже!
    [​IMG]
     
    На WarriorAngel, kala21, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    Затоа ваквиве, од што многу бираат и не знаат да ценат завршуваат со најголемите дрољи. Ако им е, карма ис а бич ;)
     
    На kala21 и anggell им се допаѓа ова.
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    некад се ти е и испаѓа ништо не ти е. се надевам денес ке испадне истото...
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Многу е грдо кога се што си претерувал еден човек во староста низ раце го собереш во четири вреќи. А заврти се наоколу, ти оставил спомени. Секогаш ќе ми фали тропкање со стапчето на кое се потпираше, кога навикуваше по вода или кафе, неверувањето дека веќе не може да стане, силната волја за живот и на речиси 90 години, благословите за наше удомување, некогаш дури и нас нервозното довикување на сите мачки и кучки што ќе ги видеше. И после 15 дена, моите стануваат да ја проверат ноќе, и после толку време мајка ми се сепнува ко ќе и текне дека „старата“ не е повеќе меѓу нас. Иако како мачка и глушец се наттегаа која е попргава, кафето им беше неизбежна заедничка дневна рутина.

    Толку силно да копнее да живее, а толку многу да посакува што побрзо да не остави со работата и да не чека на нас. Живот. Кога тогаш мора да прекини.
     
    На bittersweet, Elennaa, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.