Не би го земала татко ми со мене од единствена причина што нема да ми даде никакво мислење. Ќе ми рече само, „ако тебе ти се допаѓа, купи го“... Или уште полошо: „прашај ја мајка ти“ Па ако беше за така, ќе ја земев мама Ама тоа е, машко не се разбира многу во мода, барем така е со татко ми Во глобала, ниту едно машко немам земено со мене во шопинг. Ниту татко ми, ниту дечко, братуед... А ни мајка ми бидејќи не и се шета многу по продавници. За тоа ми е тука сестра ми или некоја другарка
Да, го носам татко ми, посебно кога купувам долна облека за да види дали добро ми стои Мислам, навистина е апсурд да одиш со татко да купуваш, и помалку перверзно. Јас дури ни мајка ми, не ја носам затоа што таа живеела и била млада во едно друго време и нејзините совети би биле од прилика, тоа е прекратко, она е премногу отворено.... Не практикувам да одам во долги обиколки на сите бутици пробување на милион работи за на крај да се вратиш во првиот и да го купиш она што прво си го купила. Јас верувам доколку една жена има изградено свој стил, знае што сака, пред да тргне има испланирано што сака да купи, не и треба никој да и дава мислење што нејзе и и се допаднало. Мене ми е битно јас да си се допаднам во своите очи а не во тугите, џабе ми е и 10 души да ми кажат дека ми стои супер ако јас не си се допагам тоа е бадијала, исто така и обратно. Но јас сум веќе изградена како личност со свој стил и знам што сакам, но за жал постојат млади кои се обуидуваат да носат нешто што е „модерно“ без разлика дали тоа одговара на нивната конституција или не. Можеби сум малку повозрасна па ми е несватливо како може за мои пари некој друг да ми кажува што да купам и што ми стои. Не се согласувам дека мажите не се разбираат од мода, оние што ја диктираат модата се мажи.
Најубаво си поминувам кога одам со тато на шопинг. Нема брзање, нема трчање од продавница во продавница, нема нервози, туку знае дека не сакам долги шопинзи, одиме наменски, влегуваме во неколку продавници каде што треба и решена работа. Знае добро да ме советува дали нешто вреди да се купи. Најчесто купувам со мои пари, но го викам со мене зошто ми е најдобро друштво во таков случај. Потоа ќе си седнеме на кафе некаде опуштено и тоа е тоа.
Во принцип преферирам сама да одам во шопинг. Не сакам да и вршам тортура, ниту на мама, ниту на пријателка, колешка... А особено не тато. Најмалку ми е пријатно да се фрцкам пред него пробувајќи фармерки или пак да му кажам да ми го закопча патентот на фустанот одзади. Исклучок правам кога треба да купам кожни чизми или јакна, за кои барам и сум спремна да дадам поголема сума на пари (наместо за истите пари да земам блуза, фармерки и чизми), па тато со мене доаѓа само за потврда дека навистина ќе вреди да се вложи во тоа. Ама не дека јас пред него ке пробувам и ке се мислам, далеку било. Да ве прашам, а се однесува до оние кои велат дека тато им дозволува да потрошат повеќе пари од мама. Како тоа тато нема ограничен буџет, а мама вели дека до тука е доста? И јас сум татина принцеза, и тоа од оние ептен разгалените, да не ме разберете погрешно, ама ај да не се преценуваме, сите си знаеме со колку финансии располагаме.
Најмногу сакам да купувам со татко ми. Што и да посакам имам,доколку со мајка ми,постојано ме критикува
многу ретко одам на шопинг со тато него го мрзи да се шета по продавници а кога одиме заедно секогаш ми купува нешто
Повеќе сакам да одам на шопинг со тато,отколку со мама. Со тато се знае,ќе праша дали ми се допаѓа,и јас ако потврдам,веднаш го земаме,не треба 2-пати да ме праша,срцка е.
Супер ми е кога одам со тато на шопинг, иако тоа не е многу често.Него не го мрзи да шета по продавници и се што ке погледнам ми вика оди пробај го и ке го земеме ,а мајка ми оди само во продавниците каде што ке го најде потребното и право дома.
Со тато шопинг строго за чизми, бунди, палта, и кога ќе ни се избаци упорен за друштво чим со мама одиме да си купиме нешто.А башка сака да не дружи, ама слабо стои со кондиција Додека со мајка ми го завршуваме шопингот со кавга, или евентуално нерзвозни, со татко ми брзопотезно ги решаваме во два дуќани, зашто едниот е оној во кој јас сум влегла и правел фаци , вториот кај што ме одвлечкал, платил и чека да си одберам Безброј пати е исто, ќе вртам одоколу, не одам, после, па со овој, ама знаеш ко ќе ми текни ќе купам, џаааабе! Такво си е детето , а и не му замерувам зашто си има фобија од неквалитетни зимски прекривачи Една зима јако се збунив, да си купам сама, па ја завршив зимата со четири пара чизми, водена во нозете и со бронхит. Купи, одлепи се, па за него важи правилото подобро едни кожни отколку стоедни кинески :geek: Па кај и да е, очекувам да се спукаме, вчера ни ги студираше ланските чизми, сабајле пред да оди на работа ги изласкал од сите, за секој случај Сега не знам дали треба да се жалам или да се фалам, ама напати е доста упорен да не дружи за шопинг...се ќе сториме за да одиме дури е на работа тој за саат време звони, случајно имал документи за носење па да видел шо купивме де
тато, може овие чизми , многу ми се убави ? тато : аман бре кај ги најде овие , ваквии баба ти носеше за компири копање тато може оваа плетена блуза , за на хеланки убаво ќе стои ? тато : цц, селска , ваквии плетени блузи цвета носи на кафе ко ќе дојде кај нас , ова мода било? тато најдов палто како што носат оние за елени тепање на планина .. тато : еее земи го ти го купувам , одлично за взима шопинг со тато..
Со тато не сум пазарувала оддамна ама секогаш му беше досадно со мене да излага Не дека барам ефтино туку барам најубаво нешто и тој нема живци да шета со мене низ цел град па... мама А кога и да се мислев помеѓу некои две работи која да ја купам, тој велеше НЕ МЕ НЕРВИРАЈ ЌЕ ТИ ГИ КУПАМ И ДВЕТЕ!
Никогаш ... дури ни кога бев малечка не купував облека и чевли со нег. Не оди тој за него да купува, мајка ми му носи дома од продавници кај што ги познава продавачките па ако нешто има утнато да може да замени. Е да го однесиш некаде кај што има некои интересни ствари за домакинство цел ден ке шета и ке купува, често се случува за Нова година да донесе по некоја кеса украси, ствари за у двор исто сака да купува, само облека да не е.
Koga znaev deka nesto nema da dobiam od majka mi si go barav tatko mi i odev so nego da kupuvam.Toj za nisto ne mozese da mi kaze ne.
Најдобар критичар! Не се случува многу често да купуваме заедно, но најубавите, најквалитетните ( и најскапите) работи сум ги одбрала со него. Прочитав некаде погоре, било апсурдно и по малку перверзно?! Навистина?!