Значи и темно сивата шоља со нескафе без шеќер може денот да го направи многу поубав.Но, зависи и со кој го пијам, нели
Од утре доаѓа нов живот. Според мене не е живот тоа, туку мисија која ќе морам уште неколку години да ја водам. Да можев да сторам нешто во врска со ова, ќе сторев. Но можам ли? Не, повторно судбината ми е во рацете на некои непознати.
Уште 3 испити имам @MatrixOfHell · Aug 31 * Кој те ебе тој да ти го форматира компјутерот. Накусо речено, сасвим точно... Бре! Некако ми создава некој непотребен притисок тој ваш тренд со шетање со патики за трчање. Имам чувство дека се попопуларни од самото трчање. И мерење на простота од јога хеланки до селфи во теретана, а да ви дадам тегла ајвар нема да можете да отворите, а ене ја кај е зимата. Ме радува што здравиот живот станува актуелен, не ме радува што е помодарство кое е производ на селфијата. Фактот вели, ќе одам да тренирам ова или она за да можам и јас да се самосликнам како и сите останати. Тажно колку тоа нарциси постојат и накусо кажано - зошто светот е отиден по ѓаволите. Многу е битно да се сликате со главата наопачки на шипка. Секоја чест за егзибицијата девојко, ама успат ти падна од џеб потребата за да те потврдат, земи си ја, на, ништо,ништо, гравитација па ти. Ме заболе малиот прст што вие мислите дека сте згодни и убави, кога ние, останатиот свет, во добар процент мислиме или - штета, колку и е гадна фацата или штета, колку е гадно градена,а мисли дека е згодна.
Во здраво тело, здрав дух...Телото треба да се чува, а се додека истото не се негува, секако дека кога тогаш еден ден, ќе биде истоштено, со опаднат имунитет и сл.Многу е важно, да е здраво, тоа секој го знае, но не секој обрнува внимание на тоа, на начин што му штети со секаков вид на храна, тешка храна, секаков вид на пијалоци, од што најчесто сето тоа е токму она штетното за организмот.Тоа е како човек да земе да работи 24 часа, без одмор, значи константно, еден ден, кога тогаш, сосем нормално ќе папса, не ќе може да издржи, исто е со начинот на тоа како човек го чува организмот, ако постојано му прави нуклеарки, секако дека ќе му опадне имунитет.Не разбирам, како тоа некој не го разбира.Работата, не е само да се вели „ здравјето е најважно“ а да не се презема ништо околу тоа, дури и тогаш кога не станува збор за никакво здравствено нарушување, да се грижи човек за себе си.Нема ни потреба да се случи болест, за на човек одеднаш да му текне, дека стварно здравјето е најважно, зошто да се случи, само за на човек да му стане јасно? Изгледа како да се заборава тоа, како се друго да е побитно, а после да се наоѓаат разни изговори, некогаш некои нешта човек сам ги предизвикува, иако знае дека не треба.Се има големо влијание, во врска со тоа како човек го чува телото.А колку го чува, толку ќе му служи.
Ама затоа пак на фејсбуков ја скапаа објавување Wake me up when September Ends од Green Day. И тоа кога ќе видам кој се ја објавил
Jака работа се лапастолкиве за по дома. Со нив избегнуваш сообраќајки. Значи ти се маваш у домашниот инвентар, али ти го заштитуваат малото прсте на ногата, ко воздушни перничињa. Малку ќе те протресат, ќе ти дадат дознаење дека си се акнал, и идеш даље со животот. Иначе ич не поднесувам носење на папучи низ дома. Сеа и нив треба да ги мислам, кај сум ги оставила. Кога ќе си зашуткнам негде, оди па најди ги. А башка низ дома и онака цело време се префрлувам од еден кревет на друг, што ќе ми се? Облечи, соблечи ќе праам? Па после ќе ми расправаат дома дека ништо не сум враќала на место. Е па папучи се! Немаат бројче да им ѕврцнам и да искочат пред мене. Ако ги нема, зимам нови и готово. Па пак нови... па пак нови... А камо ли кога одам на гости и ми ги буткаат под нозе. ops: Значи нејќам! МРЗАМ! Не ми е ладно, ок? Позз.
СРЕЌА Е кога дознаваш дека твојата најдобра другарка има бебе Тешко е кога реализираш дека е во друга држава и ретко ја гледаш, и незнаеш дали ќе успееш да одиш да ги видиш ама пак СРЕЌА Е кога е толку далеку а сепак блиску, сте останале тоа што сте- повеќе од најдобри другарки. ---> сестри по душа СРЕЌНА СУУУУУУМ феминки повелете утре на торта.
Чувството кога бившиот за кој си корнела коси,си плачела,си липала,се става во врска,а ти погледнуваш ноншалантно се насмевнуваш. И не можеш да си веруваш колку веста не ти значи,и не те погодила.
Си хејтам и јас понекогаш повеќе од инат за тие шо ми се во друштво ама некои навистина претеруваат И смешни ми се шо упорно хејтат нешто што тие истите до вчера ја правеле таа работа ... боже мој
Некои ги гледаат турските серии,некои ги мразат.А јас па не сум ни таму,ни таму Зависи од серијата мислам.Има некои ептен срцепартални кои засекогаш ќе ги памтам,како Кога лисјата паѓаат,Имотот на дамата,Притаени страсти и Величествениот пред да ја сменат актерката.Ама овие сега што ги даваат ич не ми се интересни.Обично ги делам сериите на Сител и Канал 5. Од Сител не сум погледнала ниту една,освен кога ја затворија А1 и Кога лисјата паѓаат и Имотот на дамата се префрилја на Сител. А од Канал 5 си ги пратам,има интересни Само моментално ниту една серија не ми го привлекла вниманието. Баш прееска случајно на пет минути ја загледав Аманет и ептен ми беше смешен еден дел Тој дечкото на гробишта си збори со споменикот и му вика дека многу ја сакал девојката,носеле исти тренерки ама се откажувал од жените,више и женска мува да прелетала нема да ја погледнал А за Американските филмови без превод имам да кажам само едно-па јас кога го гледав Трето полувреме во киното ништо не разбрав шо се вика,а на македонски зборуваа а не па Американски Ми требаше македонски титл Не,стварно и песни кога слушам исто странски од прва ништо не разбирам,ко кинески да пеат и затоа си наоѓам лириксот и ко Америка да сум ја откријала .Се е појасно,ко кога ќе ја избришеш прашината од стаклото
3 дена викенд ми помина преубаво сабота дома релаксирано , недела на езеро и денес на море ми недостасуваше морето најубаво е чувството кога ќе се оптегнеш на песка и пред тебе најубавата гледка и сончеви сраци влице и потака гледаш дечко сред плажа што свири гитара денов почна вкревет со 200 паковки паломи за нос , вапоруп и заврши вака благодарение на мојот луд татко што му текнуваат некои идеи во 2 и пол сатот попладне плажата се лекува :geek: зад 2 чаши со кока кола што ги изпив , арна сум или ќе видиме утре дали сум поздрав
Ја читам темана за апче за ден потоа. И сфаќам дека во животов се немам напиено такво, а сите пиеле. И паднав во размисли, па добро бе, што е со мене што никогаш не најдов некој глуп сексач што не знае да го извади на време и како сите што биле пијани имале кондоми...Како секогаш сум имала заштита и во овие над 10 години не сум била ни блиску до несакана бременост. И си викам...абе иам апче за ден потоа, ама не сум знаела! Се утешив! Има едни бонбончиња, со вкус на цимет и изглед на апче. Е тие се топ за ден потоа, бидејчи после цела нок секс и алкохол, џабе е само заби миење, мораш и нешто такво да лапнеш. Официјално бонбончињата од цимет се моите апчиња за ден потоа, да не се осеќам сега како да не припаѓам во заедницата.
Како изгледа еден ден на мажот, а како на жената. Погледнете ги разликите http://www.crnobelo.com/zabava/interesn ... mata-video