Ќе ми прават ли проблеми јас да го вселам брат ми во дом, зошто тој не е овде?На групата нешто пишува дека не можело брат/сестра туку само родители, не ми се верува ова...некој со искуство?
Нема да ти прават никакви проблеми. Лани јас вселував моја братучеда поради тоа што таа не беше во земјава и немав никаков проблем
Да ти можеш да идеш да си земеш клуч, да ти одредат соба и да си платиш, па ако сакаш ти ич не се вселувај ним не им е гајле.
Ќе може ли некој да ми каже кои се потребните документи при вселување. Јас сум бруцош, утре излегуваат резултати, мислам дека би требало да ме примат па да знам што се ми треба.
Ќе може ли некој да објави што се документи се потребни за вселување во Пелагонија? (бидеќи сум бруцош и првпат го правам ова )
Нека поднесе приговор во Министерство и нека изложи што и како. Приходите мислам дека треба да се помали од 8000.
Ќе може ли некој да ми даде линк од сајтот каде ќе бидат објавени резултатите за бруцоши примени во студентските домови. Благодарам.
на страната на mon стои и дека конечниот список за прием на бруцоши ќе биде објавен на интернет порталот smestuvanje.mon.gov.mk на 05.09.2014 ама еве не е достапен
Резултати би требало да има на страната на МОН барем така имаше за нас, и на групата Студентски Кредити и Стипендии на фб
сакам да прашам за во студентскиот дом Пелагонија кои денови ќе можам да одам да си потпишам документи за вселување и се што е потребно од колку до колку часот нешто ако знае некој??