Не знам точно кој, ич не бројам вака со бројка да знам. Рачунај, на 18 Јуни ја почнав диетата, сега на 18 треба и да ми заврши, некаде на скоро пола месец од третиот сум.
Супер.Продолжи понатака Утре овошен се надевам нема да има ни еден прекрашок ке си јадам бананки повеќе ти подолго ќе ме заситат и ќе си џвакам орбит и ќе мине денот
И друг пат ја имам држено диетава и ми се дешаваше некогаш да измешам баш како со протеинскиот ден што направив, ама пак имав резулати И заради тоа што не доручкував уште еднаш јадев прееска, нешто што нема врска со скроб.. не сум за диета ја.
Иман 75 кг. (ова ми е личен рекорд) страшноооо 1/90 протеински п. една праска р. соја варена зачинета со вегета, патлижан, парче двопек, и супа ќе си направам (брокула и морковче варено без резанци) в. пола од ручек без двопек и супа
Денеска 20-ти ден Овоштен Од сабајле на школо испив едно шишенце од пола литро сок сано.Добро сега можеби содржи многу шеќери ама овошен ден а и не бев гладна од дома не си зедов овошје а на училиште што да купам и затоа морав сокче да си купам.Сега ќе изедам некоја сливка и после банани ако си купам и денеска тоа јадење.Утре се мерам и ќе видам што сум направила Ајде уште 70 дена и тамм пред нова година ќе ја завршам диетата.
И тоа не ви укажува дека диетава функционира затоа што сте во калориски дефицит, а не зашто одвојува комбинирање на храната?
Старата,добропроверен УН Диета. Се мислам да ја почнам деновиве пак.Првиот пат ја држев успешно 3 месеци,ама еве вратив 2 кг после скоро 5 месеци. Според висината би требало со овие кг да сум риба ипол ,ама не сум,треба убаво да го обликувам телото со вежбање,вака не правам ништо,колку и да ослабнувам постојано нешто ми штрчи од страна.Треба да се намали и целулитчето.Здравје,после одмор,ја почнувам,и ќе вежбам и се надевам конечно ќе сум задоволна кога ќе се погледнам во огледалото. Засега мотивацијата ми е на многу високо ниво,се надевам ќе ме држи додека да почнам,а после е лесно.Оваа год ( ако отидам на одмор со оглед на времето) ќе одам незадоволна со. оглед на изгледот,не стигнав да се "стегнам",за наредната има сите да се вртат по мене Туку,сега и онака е ладно,сигурно нема да има туристи па нема кој да ми го види целулитот,а можеби нема ни да имам прилика да се соблечам по купаќи
Денеска скробен доручек:пред да одам на училиште си изедов едно парче лубенца тоа беше во 6 часот.Во училиште неможам да ручам па кога дојдов дома во 3 си сварив компирчиња(3мали)и малку ѓи потпржив со печурки и кромид(малку ставив зејтин)и изедов еден патлиџан среден со 10 маслинки(бев многу значи многу гладна и следниот пат ке се контролирам).Е сега за вечера ми остана од компирите со печурки и тоа ке го дојадам со 2-3 маслинки.Испив пола литро вода до сега до вечер сигурно уште едно литро ќе испијам.Сабајле на училиште испив едно капучино а сега ми текна дека во него имаше млеко.Уффф ветив дека нема да правам прекршоци а јас направив.Ама не знаев навиастина.Веќе нема да правам ваков прекршок.Се колнам во господ(чим се заколнав значи нема )Е сеа требаше да се мерам вчера ама немам батерии во вагата.Физичка активност 0.Ама утре ќе се враќам пешки од училиште што значи 2,5 или 3 км ќе пешачам и така....Мислам дека малце мешенцето ми е намалено а и гледам паѓат ми фармерките
2/90 скробен п. 2 праски р. манџа со компири парче леб и патлижан в. манџа со компири парче леб и патлижан 3/90 јагленохидратен п. 2 праски р. каша (беше со пилешко ама јас само од кашата макнав со леб ) в. 3 колачиња ( чоколада црна заборавив) 4/90 овошен си купив 2 цитрона и 2 банани за денес а ке си рупнам и некое морковче вечер
4/90 овошен сега за сега изедов само една праска,во текот на денот ќе јадам кога ќе огладнам. вчера направив испад со тоа што до 18 часот изедов две јаболки две праски и една круша па тек после 19 јадев тестенини(и бум првиот прекршок месо ),подоцна јадев парче торта и коцка црно чоколадо.
9 ден Појадок 2праски Ручек риба со салата,леб и супа во прилог пинџур и маслинки Вечера пола од ручекот без леб Ќе ја држам диетата до Божиќ здравје Боже,нема попуштање морам да дојдам до идеална тежина.Диетава е закон не чувствуваш дека си на диета,овошјето и зеленчукот даваат.
23-ЈАГЛЕХИДРАТ доручекот го испуштив пред да одам на училиште требаше некоја сливка ама немав набрано, ручав кифли и пола геврек и внатре си ставив кечап, маслинки и пиперка ммм многу убаво беше а пред еден час вечерав две кифли една кроасана мала неколку бискотки едни чоколадни бомбони и ред црно чоколадо а да и преска три лажички пудинг.Утре 24 овошен па ќе се прочистам а и денес пешачев 2,5 км
здраво девојки, јас сега за прв пат ви се приклучувам во диетава и почнав од денес да ја држам...по прочитани низа на пофалби за диетава еве и јас конечно се решив.. 1/90 п-2 праски р-3јајца, салата, супа без тестенини в-пола од ручек за утре 2/90 си купив грашок од конзерва за на работа( дека незнам што да направам) ајде малку помош од вас за утре и задутре што да се руча ке ми значи вашата подршка
еве и јас се приклучувам се откажам од диетата за 20 дена, ова е подобра ми се чини, поразновидна е во продукти Денес прв ден па ај да видам до каде ќе одам. 1/90 доручек-грозје ручек-џигер печен и салата вечера-пола од ручек
Уште некој ден и доаѓам до 90 ден. Успешно поминав, па очекувајте слика од пред и потоа за мотивација. Иако имам уште за симнување, сега засега и ова ми е доволно. После некој период (период на одржување )повторно почнувам со УН за да ја достигнам посакуваната тежина ...поздрав на сите.
еве еден мој став во врска овој режим на исхрана( не знам колку е правилно, а колку погрешно од ова...) 1. не мора да се за доручек само 2 овошја ( и со поголема и разнолика количина се постигнува ефект)... 2. измеѓу може да се грицка мала количина непечени бадеми,лешници, ореви...неколку на број... 3. за да не се осети диетата како диета, мора да сме креативни во подготовка на ручекот...пр. ако подготвуваме ориз додаваме и морковче и тиквичка и сув патлиџан и зачинче ( нормално приготвени на здрав начин) 4. момнтот трет ден од диета: благо.....е тоа ми е жива глупост....да, црно чоколадо е супер, ама може без останатите глупости.....во текот на денот без разлика кој ден е може суво овошј да се јаде.... 5. овошен ден......епа јас сакам вечерта и салата да јадам..... и така ова си се мои правила, и да ви кажам супер ми е....
Пробав да избегнувам брза храна,леб,благо и газирани сокови,вежбав кога можев и не ослабев ниту еден килограм, а бев на таков режим околу 2 недели. Сега си се враќам на добро проверената диета затоа што ми треба -10кг од сегашната тежина. Па диеталки денес прв ден доручек сок од лимон ручек 2 јајца со печурки вечера 2 јајца со печурки Спојлер Денес бев и физички активна 7км пешачење со малку трчање, 20 squats, 50 jumping jacks и едни вежби за затегнување на рацете од фемина