1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не е оправдување што ти си мислела... ем не сте свесни за тоа како стојат работите ем памет давате. :rofl:
     
    На duffi, bittersweet, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Bittersweet потполно се согласувам со тебе, но не можеш да им докажеш на напатениве снаи, кои всушност се напатени од мажот и неговата неодговорност, па не можејќи да го обвинат вистинскиот виновник напаѓаат по кутрите свекрви :o
     
    На duffi, Nausicaa, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Сум заборавила да пишам, ова на шега го искоментирав да си бидеме на чисто. :D
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Теси сега ме разочара. :worried:
    Ја ваква злобна, завидлива и без милост таман изваdив тоа канџите, наострив забите за кавга голема а ти тоа си се зезала.........not fair, not fair at all. :rofl: :rofl:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Прво мислев дека од досегашнава дискусија се подразбираше, ама после ме пецна сомнеж па си реков ај да потенцирам, нејќам да се замерувам. :D
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    се изначитав од шали правење.главно во право сте они што сметате дека помош/подршка и се во бракот независно дали е жената трудна или не треба од сопругот :clap: ,но кога свеки си зела за право да се меша во се иако во ситуацијава се разделени на различни катови пак има мешање(еве и кај мене е така заедно сме во се се меша поканета во разговор или не она се мора да знае и она се најдобро знае нели свекрвата за тоа служи :lol: )снашката очекува да и се понуди барем малку свеки напомош.нема ништо лошо во очекувањата но ко филмот кога ќе биде GOLEMITE OCEKUVAWA=уште поголеми разочарувања е тогаш идат продлемите и сето криено/збирано излегува на виделина.затоа нај нај најдобро е секој со мажот под рака,живот на башка и секој сам за себе бог за себе.и не треба многу да се очекува од тип на свекрва провокатор/олош/се под моја команда и по мој кеиф итн.да не ја опишувам мојава во детали :P (иста како и на многу снашки тука на форумов).
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.754
    Пол:
    Женски
    Аман бре жени, аман! Мене стварно не ми е јасно, вие се мажевте за помош да добиете или за да се осамостоите во животот конечно? Абре нејќу помош дур сум здрава и права, патолошка бременост жими мајка, ако е патолошка и ако лежите нема логика да излезете на шетање, нели? А веќе ако можете да прошетате, прошетајте и до кујна, кога си во таква состојба сигурно не ти се јаде турли тава или гравче тавче, ќе се најде нешто за поткаснување.
    Назад на темата свекрви, сфатете, вие проблем немате со свекрвата, со мажот имате. Виши не ти е јасно досега? Остајте и жените да си уживаат во животот, тргнале една мака од себе, синот го средиле и не очекуваат сега наместо да се ослободат од обврските да добијат една плус. Јас живеам со свекрва и искрено 2 години се осеќам криво што жената не дозволува да ја заменам во дел од обврските, ама таква е, не дозволува и тоа е, не ќе земам сега да се карам и да се тепам заради тоа, напротив наоѓам начин тогаш кога она не може да улетам јас. Свекрва ми е навистина активна жена, 24/7, кога спие мисли на тоа што треба да се сработи, постојано е активна, ретко да ја видиш да лежи бесцелно, или да гледа серии без притоа да работи нешто, бар чита за на работа ако не друго. Никогаш не бара помош, за да побара помош треба навистина да не може веќе. И да, особењак е, ама што треба да земам јас сеа да кренам нос и галама да направам за тоа, зошто она не ми дозволува да правам јас нешто, зошто не сака помош.... леле па и јас сум имала проблем, да идам сеа да се закарам ако не па. Стварно сте невозможни. Абре нема две жени кои ќе се разберат, сфаќате? Со мајка ми не се разбирам а камоли со свекрва, како не разбирате.
    За мене реален проблем со свекрва е да ви прави гачки кај што нема, да го буцка мажот против вас, да ви ги малтретира децата, да ве малтретира вас, да изнесува од дома наместо да носи, и тоа строго од тоа вие што сте донеле, од нејзиното што сака нека прави, тоа се проблеми, а не зготвила не ми принела, да земеме сега да се удриме од земја а? И разберете, нема мајка што ќе ја сака снаата повеќе или исто ко ќерката и секогаш ќе влече натака повеќе него ли накај вас. И не, немате право на тоа да се лутите и точка!
     
    На WORRIED.BT, SV1911, Daydream и 7 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ќе ве видам кога ќе имате машки деца пред женидба дали исто ќе размислувате дека свекрвата мора да служи на снаата, да и` готви и чува деца и целиот свој лош табиет да го смени во моментот за 180 степени затоа што Нејзиното Височество е трудна. Или тогаш снаата ќе треба да се покаже, да ви биде одмена, па вашето завршило, па ќе биде „туу голема работа ако е трудна, туу и ние сме биле, од каде дошол целиов свет, сигурно не од пратки по штркот“... :D

    Пазете што зборите сеа, како викаат, karma is a bitch.

    Туку за готвењево, сте покушале некад да и` ја пофалите кујната штом толку убаво мириса, или ќутите и траете додека сфатите дека нема да донесе за вас па да се намуртите? Мене кога ми замирисувало убаво, сум и` кажувала на свеки. Некогаш и репете сум си барала :lol: кога нешто многу убаво зготвила, давајќи и` до знаење дека супер готви, не дека тоа и` е обврска. А жени сте и знаете дека ретко која жена останува имуна на комплимент за нејзиното готвење. Пристапот жени, пристапот. Свртете од друга перспектива, замислете се вас некој да ви се мурти по цел ден, а вие да не знаете што е проблемот.

    Она со што има во кесата ич нејќам да коментирам. А фактот дека за тоа две страници се дискутираше и се убедуваше, ми говори многу колку некои снаи имаат “големи“ проблеми.
     
    На Serafima, WORRIED.BT, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Мене ми е многу смешно некој да чека од свекрвата нешто и обратно. Нит јас ке чекам од свекрва ни ако иам син ке чека снаа ми од мене. Или ако чека гадно се заебала од сеа си кажувам :D :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    свеки моја готви само за јетрвами,ние со мм се одделивме,и да Vи кажам чувството е преубаво,некоаш и мм ке земе ке зготви,пак ке речам шо да земам да јадам од жена која секоја прилика ја користи да му збори на мм за мене ,па ке ти се по*ерам во јадењето госпоѓо,од ко јадеме сами колку само ни е поубаво.

    она не прашала син ми дали има да јаде,ми е требно мене да ми направи некоја манџа,и после 3 пати да ти ја врати назад со збор.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. milickaa11

    milickaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Девојки навистина сте без обзир и приметувам се потсмевате на нечии маки. Јас свекрва немам почината е, но на сестра ми бракот ќе и се растуреше поради сплетките, лицемерието на нејзината свекрва. Вие насвистина поима немате какви се лоши свекрви постојат. Не знам вие сите синови ли имате па затоа сте на страните на свекрвите? Или пак не сте искусиле како е со свекрва па не верувате. Еве и јас не сум искусила но по она што го минуваше сестра ми, би рекла не чекајте никаква помош од нив кога знаете какви се, колку можете сами толку.
    Но, секогаш има исклучоци. На моја другарка свекрвата е мед и млеко, злато жена, двете снаи што ги има подеднакво ги сака и почитува ама како свои ќерки. За мене тоа не е во ред ама за 3 години колку е мажена другарка ми она ручек не направила и не измила садови. Нејзино е само да исчисти и да го чува детето. Свекрва и секогаш вели- јас сум дома , зашто да не зготвам-, она уморна доаѓа од работа и одма ли во кујна да се тутка. Ама тоа не е до титулата свекрва туку до самата особа.

    Не ми се допадна воопшто што тука ја кудите снаата, иако свекрвата направила нешто нечовечно се потсмевала на нечија мака и болка, и си правела шеги на нејзина сметка. Вие за тоа не искоментиравте ништо туку упорно се фативте за ручекот . Значи за вас е сосема нормално човек да се потсмева на нечија болест и да се шегува за тоа?! :x Можеби и самите го правите истото, се смеете на нечија мака? :?:

    Потоа се испишаа страници за ќесите, притоа правејќи шеги и за тоа, па фино лепо би ве ставила сите во исти кош со свекрвите . Прво не беше напоменато дека сега кога членката е со проблеми во бременоста мкнела ќеси и шетала, можеби било порано тоа. А, и не ви текнува дека и да е некој со патолошка бременост треба да иде на лекар, на контроли со КОЛА , па притоа да застане па да купи нешто од аптека, или нешто што лекарот рекол да си купи. ЧИсто онака спомнувам.
    Башка членката не рече дека е со патолошка туку само дека има проблеми со бременоста. Ама вие толку ја извртевте приказната свака ви част.
    Што да кажам, навистина се изначудив какви се не жени постојат :clap:
     
    На bridetobebt, leona83, anastasijaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не претерувајте. Никој никому не се насмеа вистински, иако прелета и по некоја шега.
    Ова е форум и секој ќе си каже што си мисли или од искуство. Не земајте здраво за готово.
    Во постовите неколку пати е напоменато дека ниту снаата ниту свекрвата не се криви, туку тоа мажулињата, како ли да ги наречам. Ако тој има цврст став и е разумен да ги согледа било правилностите, било неправилностите од двете страни би било поинаку.
    Епа што се женат бе ако мама ја влечат за цицка постојано!?
    Погоре велиш свекрвата ќе расипела брак! Нема ако парот цврсто стои на земја и не дозволува никој, ама баш никој да им го одземе тлото под нозете, ќе биде се во ред. Доверба и само доверба помеѓу сопружниците.
    Ај забегав.
     
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.224
    Мажулињата изгледа дека сами си ги бираме, па да не се потцени изборот, они не се криви за ништо, ама затоа па свекрвата доаѓа во пакет, и она е најголем проблем во бракот. :x

    Барајте ја вината таму кај што треба, прво кај вас, па кај мажот и некаде на крај е свекрвата, оти се додека имате сопруг кој реално ги гледа проблемите, ќе ви биде далеку подобро.

    Ви гледала во ќесите, а не ви качила една чинија, а вие некогаш и имате слегнато нејзе една чинија ручек?

    Реално ама правите проблеми и таму каде што ги нема.
     
    На mimiiiii, SV1911, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. milickaa11

    milickaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Жени..за проблем се секогаш потребни двајца, не може снаите да прават проблем кај гo нема. Реално многу смешно делуваат сите испишани страни, дај свртете се на реални проблеми во животот, не по цел ден на форуми исправате криви дрини.
    важи за двете страни
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Никој никого не нападна тука секој си кажа свое мислење како ги согледува работите.
    Јас веќе кажав дека сум нетолерантна и дека со свекрва не би можела да седам. Затоа си се држам на страна и не си барам р'чки.
    Стварно има отров свектви - мајка ми ептен е напатена од нејзината. Не од проблеми со кесите, туку од правење "ујдурми и сплетки". И во право се форумките кога велат дека до мажот е. Цела фамилија на татко ми се такви - мора се да се рапортира на мама и тато - мора да се они вклучени во се. И мене ме нервирало тоа, не па мајка ми. И вината е во мажот, во татко ми. Колку ќе дозволиш, толку ќе ти се мешаат. Кога требало нешто да се земе, советот ќе заседава па после ќе се реши. Небитно што фамилијата ќе сака.
    Јас си се држам по страна. Почитување, кафе, муабет и право дома. Не очекувам да ми готви, пере, пегла, нит па сакам да ми се меша "во штипки"..
    Ама па и дел од вас претераа - кесите им ги гледала. Мајка ви не ве прашува што сте купиле?! Гарантирам дека добар дел од вас по 10 пати се слушате на телефон со мајките и за се рапортирате, да ми простите и кога ќе прднете.
    И бркајте си го својот живот. Колку помалку се гледате, толку повеќе ќе се сакате! И подобро да не ви дава ништо, ќе нема никакви очекувања од вас. А ако ви се сака нешто - јавете се и побарајте и.
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Паметно, подобро леб и сол во мир и задоволство, отколку најбогатата софра во горчина и незадоволство.
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.991
    Пол:
    Женски
    Првото болдирано-мислам да се изразуваш погано така спрема храната што ја зготвила и отворено да покажуваш омраза и гнев,не чини Батерфлај ,не чини.Мислам секој лош збор и мисла се враќа назад како бумеранг,запамети го тоа.
    Вториот болд-јас не го разбрав ова,некогаш навистина ми треба да ми се појасни.Или толку си нервозна што не можеш една смислена реченица да склопиш?Ама сепак се наѕира гнев.Зошто така?
    Грешка има некаде ,само треба да се открие каде е.Ако вака се однесуваш спрема неа како овде што пишуваш...не знам.Да се разбереме ,не те осудувам,млада си,бремена ,осетлива,ама мора да научиш да се смириш.Лошата енергија и на бебето му ја пренесуваш да знаеш.
     
  18. milickaa11

    milickaa11 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Lunicka ги помеша членките јас мислам :D друга батерфлај е оваа :D
     
  19. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    си слушнала за расипана тастатура,па на моменти фаќа?
    имам бебе од 9 месеци , и да ке и се серам во јадењето,добро си кажав,бидејќи збор човек нема да каже,па на мм ме прават вештерка и не знанм што,среќа он има во главата. и да, немам никаква почит према храната која ја готвила она,зошто после болест јас ја кренав на нозе,а сега не прашува никој дали имаме да јадеме,не јас,него синот нејзин,за мене мање - више,еве и за детето да не прашува.
    и не знам што туку коментирате без врска и напаѓате,карма почитувана моја напаѓа доколку си виновна и зборуваш без врска, а јас фала богу до сеа кога и да сум била во криза со мм ни излагало од некаде од каде не сме се надевале воопшто.

    значи мразам кога се фаќате за влакно и тоа го нарекувате дискусија.

    јас сум мајка и моја работа е да го заштитам детето,да гледам за него,а не за вољата и каприците на мојата свекрва.
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.991
    Пол:
    Женски
    Да?Па колку пеперутки има мајку му :lol:
    Ако погрешив нешто се извинувам и го повлекувам напишаното. :angel:
    Едит- во меѓувреме прочитав што напишала македонскава пеперутка.
    Се извинувам драга ако те навредив со нешто.Ти очигледно си го знаеш патот и не гледам причина зошто пишуваш по форумов.За да истресуваш омраза,да бараш совет...што?
    Тешко на тие околу тебе...
    Ич не сакам кога некој редактира и ги брише лошите зборови.Пеперутке слободно врати ги,форумов трпи се..
     
    На mal.ecka и Daleron им се допаѓа ова.