Девојки била некоја деновиве во Бершка или има план да оди деновиве? (не сум од Скопје, а ми треба информација за едно парче облека, па ако сака да ми направи услуга да ме информира дали го има за сигурно, да не доаѓам до Скопје за џабе) Спојлер Еве за овој модел на фармерки ме интересира (на некој можеби чудно зошто толку "драма" за едни фармерки, ама си имам своја причина, не осудувајте предвреме ) http://www.bershka.com/mk/en/girl/girl/ ... 9c800.html
Има попуст на грдата гардероба, парталчиња кои на ништо не личат, и до нив залепено нова колекција за живци да кинеш оти убавите работи се скапи, а ние сиромасите ке купуваме најгрдо што може... Плус се е екстра смол или смол, така што ако сте јаделе некоаш во животот, нема на попуст за нас
За секој производ ти постои поле за пребарување, т.е. да впишеш град и ти кажува дали има од тој произвор, која боја и кои бројчиња се останати Ако бараш ваков модел на фармерчиња ама темно темно плави, скоро црни, имаш и во Теранова. Последен пат кога бев беа 600 денари ама сигурна сум дека сега се уште поевтини Како и да е големи се шансите сега овој период да најдеш вакја едноставни фармерки на попуст
Не е за тука прашањето, ама нема друга тема со Сити Мол. Дали некој знае во сити мол колку пари се Macaroons колачињата? Едно колку чини?
Некој да сподели искуство со фармерки од зара!Квалитет?Бендисав едни skiny jeans мн но не сум купувала фармерки од кај нив.
^ Генерално, ок им се фармерките од аспект на квалитет. Со соодветно одржување, траат и со години, без некоја видлива промена на бојата. Имам во црна, сива, беж и бела боја (различни модели, купени во различни сезони) и немаат гајле. Но, внимавај на патентот (ако го има), тоа може да биде проблем зависно од моделот.
Бев на шопинг пред месец дена, си купив панталони од котон, кошулка од страдивариус и други ситници. Имаше доста убави работи
Јас им ги обожавам фармерките, меѓу најквалитетните на пазарот кај нас, мислам од сите други продавници со слични цени.
Јас како што знам SuiteBlanco го затворија, без најава дека повторно ќе биде отворен Во Македонија нема веќе, а штета се наоѓаа убави парчиња по пристапни цени. На местото на SuiteBlanco сега мислам дека беше P.S. Fashion.