Мислам дека проблемот што го имаме е повеќе за во психологија, бидејќи си имаме работа со психопат, ама ќе пишам овде. Значи, господинов нема канализација за кај него дома и вода му оди преку црева кои минуваат низ нашиот двор. Пред некое време копаше пред дворот - таму имаме оставено некои дрва бидејќи е наше, зема расфрла дрва да копа. Океј тоа, не го оправи дефектот денес дојде пак да копа. Пред нашиот двор е асфалт, баш таму каде што сака да копа, тато убаво му кажа да донесе вреќа цимент и тогаш може да копа, овој зема да вреѓа и да се понаша, сака само да раскопа пред дворот да не може ни колата да си влезе. Ова е пристап пред куќа. Мое мислење е дека ова е сепак пристап кон куќа и не смее да прави така, било тоа земјиште пред куќата нашо или не. Прашањето ми е, дали може вака да прави без да праша, т.е кој е во право. Овој простор каде што сака е пола наше, пола е пат.
Никаде не може да копа без да консултира некого од општина (единствено во сопствено место), а посебно не ако местото е пристап до куќа. Ама има ги разни, безобразни и налудничави. Пријавете го во општината.
АКо е општински имот, мора согласност од таму. АКо е ваш, мора од вас. Ако не му давате, мора да тужи и ке добиете решение со кое еднаш годишно може да поминува таму за да го реши проблемот, ама да ја санира штетата. Затоа подобро е човечки да се реши проблемот.
Завршив работа потребно е само здравствена книшка и фотокопија од лична карта се пополнува барање и готово Сакав да кажам за да си знаете на некој ако му притреба оваа информација
Каде низ Скопје можам да најдам вакви термос/чаша за кафе за носење ? Гледав во Џамбо, ама нз колку се квалитетни.
Не им е лош квалитетот на тие од Џамбо, јас пред две години купив и уште ми е читав, си го одржувам, но насекаде го маткам со мене, многу издржлив се покажа.
Дали некоја случајно знае дали го има онлајн верзија Тајната од Родна и Калуѓерот што го продаде своето ферари, побарав но неможам да најдам. Инаку smooch јас имам такво,поклон ми е од Грција,но видов таму во Џамбото дека ги има, издржливо е, жешко кафе ставам,го користам уште.
Вест , еве ги и двете, доколку ти вршат работа на српски Tajna-Rhonda Kaludjer koji je prodao svoj ferari Едит: Тајната не е целата книга.
Вест ако не ти пречи книгиве ги има и во библиотека,или можат да се купат. Го пишувам ова зашто некако поубаво ми е кога читам од книга отколку да се ѕверам во монитор или таблет.
Знае ли некоја добра страна за спуштање филмови со превод? Не се разбирам јас многу, можам да го наполнам компјутеров со вируси.
Можеби е глупаво прашањево, ама кога одиш на кардиологија има можност да побараат мокрача и крвна слика? За тахикардија ќе одам на преглед
Одлична страна за спуштање филмови. Скоро на сите филмови сликата му е преубава. А за превод, незнам не ти гарантирам дали има за сите филмови. http://kickass.to/
Ако има некој филолог/преведувач кој професионално се занимава со преводи од англиски, би сакала да ме исконтактира преку лп. Нагласувам професионално бидејки станува збор за текст кој веке е напишан на англиски, па потребна е граматичка коректура од некој кој е стварно добро поткован.
Кај има најевтино укоричување на труд во тврди корици? Препорачајте ми нешто во Скопје, поточно Центар, Бит пазар, Капиштец, Козле, Карпош, Ѓорче...таа околина