1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    СДК мразам гуштерии!!

    Иронично е шо цел живот некако гуштерите ми се мили суштества. Онака плашливи, душички, бегаат си спасуваат жива глава...
    Ама ова лето, сите гуштери во Битола се натпреваруваа кој ќе успее да влезе во мојата соба!!!

    Не најдов еден гуштер в соба, не најдов два гуштери в соба, туку ТРИ!!! Три е*ани гуштери! Во рок од еден месец.. И тоа едното не беше гуштер, некоја матица на гуштерите спопиздив си реков змија ми влезе! Не сум ни сигурна дека е можно гуштер ТОЛКАВ да биди.. Некој мутант!

    Чудо луѓееее... Ете се варам по дома прозорец никако отварање нема.. :@ :rofl:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Martin Trajanovski
    tii
    sg pa ti gu pogledna profilnu
    imas lik na pravo makedonsko devojce
    originalnoo :D
    Најубавиот комплимент што сум го добила досега :) :inlove: :$
     
  3. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Сакам да кажам дека веќе стварно луѓево не ги разбирам..Како може да постои таква личност,другарка на која и е тешко да каже те сакам...Ме вади од такт тоа се направив за неа и рацете во оган ги ставив за неа а таа ми вика не сакам да ги кажувам тие 2 збора те сакам лол.....А демек докажува дека ме сака бла бла хах смешно,ако јас сакам некоја личност немам ни гордост нит ништо со сета душа би кажала дека ја сакам..Се ти е пореметено..Ама ај тркалото се врти секогаш ќе сфати еден ден ама ќе и биде касно... :@
     
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Денес прваче тргнав јас, насекаде да се чуе мојот глас. Учителка млада ми се падна, татко ми на Фејсбук одма ја адна. :rofl:

    Епа драги мои за мене денес официјално започнува првиот ден од академската година и наместо како бруцош се чувствувам како прваче. :lol: И онака не знам како е да се чувствуваш како бруцош, ете барем знам дека првачињата се возбудени, нова средина, нови луѓе, нов материјал... поготово за мене што завршив стручно средно а отидов скроз на друга страна. :lol:

    Посакајте ми среќа драги феминки, иако денес не ми треба многу, може подобро да си ја чувам за на испити. :D Отидов да си го сварам првото утринско кафенце, а вие имајте убав почеток на работната недела. Ве сакам. :coffee: :hai:
     
    На calliope, MademoiselleB, Elennaa и 17 други им се допаѓа ова.
  5. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    брзај брзај прваче кон универзитетскиот двор те чекаат професорите со мајчински збор :D :D
    со срека нека ти е,и јас од стручно средно забегав скроз на друга страна... уживај во ови денови/години оти колку и да се напорни ке ти фалат еден ден. :hai:
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Луѓетo кoи ви гo прaвaт живoтoт пoрaзличен,не се oние сo нaјмнoгу диплoми,нaјмнoгу пaри или нaгрaди. :!:

    Тoa се луѓетo кoи се грижaaт зa вaс......! :clap:
     
    На Aneto10 и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Хахаха ќе видиме баш дали е со мајчински збор, зависи од професорите. :rofl: Фала ти мила. :*
     
  8. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    5.525
    одамна сакам нешто да напишам.да се олеснам.го пишувам првиот збор и после толку.снемувам мисли,зборови.празно се чувствувам.душата ми е празна.како цунами да минало низ мене.
    сакам да се исплачам ама ни солзи немам.очите ми се суви.стигнав до тој степен се исто да ми биде.што и да се случи не ме погодува.
    еве сум сега,на крајот на светот.побегнав од сите.ама ни овде мирот не можам да си го најдам.тесно ми е во сопствената кожа.сакам само се да ми помине.се да заборавам.и утре кога ќе се будам мир да имам.да не остане ништо од минатото.
     
    На anggell, Barbie20, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Никој нема да стави кафе :) на кафе муабет сме ;)
    Овојпат го лајкував форумов сосе сВе во него :D

    Обожавам луѓе кои ме смеат.
    Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
    Е сега работава малку ми подзастана додека јас се смеев :D ама па...
    ...никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен :)
    Феминки убав ден :f: :sun: останете во добро расположение :d: Отидов да се фатам за работа :hai:
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Elennaa, Gordana10 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Си се будам јас сабајлево станвам и си викам да отворам прозор да се излувтира малце свеж воздух да влези.Отворам прозор наместо свеж воздух добив чад помешан со некој мирис на пачени пиперки |( .Значи осет да не се имало па незнам до кога комшиите ке го палат тоа ќумпето незнам како да го наречам по тараса кај мене, човек да неможе ни чист воздух да земе од сабајле ,згора на тоа и облеката која мирисаше на омекнувач сега мириса на чад :@
     
  11. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Како старееш,се' помалку сакаш евтини интриги,празни претстави,напади на бес...
    Сакаш само топол дом,
    Вкусна вечера и човек кој знае со колку коцки шеќер го пиеш кафето! :inlove:
     
    На stetoskop, marama, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Се чувствувате ли спокојни кога гледате како некој му го отежнува животот на некој друг? Се нервирате ли кога некој ве малтретира и гњави и тоа го прави единствено зашто е игнорантен и не знае или не умее да биде „нормален“, човечен, да биде дел од општество, да не биде мајмун пред семафор?!

    Седам веќе еден час во канцеларија, се обидувам да го сработам она кое морам и слушам три деца, речиси тинејџери, како изведуваат некакви бесни глисти на маалскиот кош кој ми е веднаш до прозор, но тоа не го прават како деца, туку како мутиран вкрстен производ од расипани грамофонски плочи и мачки во февруари. Не сакам да сум дедо, ама ова не е нормално.
    По некое време дојде, очигледно еден од родителите на децата и пази... им се придружи и во играњето и во врескањето. :o Дајте ми фотокопир машина да се удавам во кертриџот.

    Па ми текна дека, на кошов е исто ко на шалтер, на улица... секаде во овој полуден град наш. Не е дека некој се труди да ти наштети особено, освен во конкретни случаи, не, на луѓето само им е гајле дали ти постоиш или не. Така се воспитани од мали и така ги учат своите деца.

    Секој се труди да си го направи меракот, па имаш лоши возачи, гласни деца кои не почитуваат возрасни и возрасни пензионери кои не почитуваат млади, па се возат по автобуси чисто за разонода.
    Па има тетки по банки кои играат солитер додека редицата се зголемува, има млади аминистративци кои муабетат на Скајп додека редицата се зголемува, има конобарчиња кои муабетат на Фејсбук на мобилен додека чекаш сметка, има телефонски оператори чиј разговор се снима, ама чиј однос несмислив и незнаење епско.
    Има доставувачи кои не доставуваат, обврзници кои се обврзани ама не го плаќаат навремено она за кое се обврзани, обезбедувачи кои не обезбедуваат, чистачи кои не чистат, работници кои не работат и директори кои директно би ги гаѓал меѓу очи.

    Се чини дека во оваа земја сите совршено се несовршени особено за она кое сами се сложиле да го извршуваат. Освен извршителите, тие сложно сите совршени и несовршени ќе ги однесат под земја.
     
    На Libera, SparkyAngel, poenta и 16 други им се допаѓа ова.
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Секој нов ден носи приказна со себе.
     
    На Aneto10, Elennaa, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Во последно време се чувствувам вкрај несериозно. Знам дека не ми личи на годините, ама 20ката ме тера на лудила не знам зошто така, дали јас дете ќе си останам и нема да порастам никогаш, или па можи некогаш ќе пораснам откај знам :D
    Во саботата со другарките бевме во еден елитен ресторан кај нас :D и мојот симпатија таму дознав при крајот на вечерта :D си одам јас така забрзана на штикли седевме на горниот спрат ко ми заглави штиклата на скалата, се осеќав ко цел свет да се срушил јас тргај, тоо не излегвааа ајде некако ја свртив со ногата се изваде и заминав горе :D Пропаднаввввввв, знам дека полно луѓе ме видоја чиниш ова не знај на штикли да оди си рекоја, :rofl: не станав поќе од маса до крајот на вечерта, ама ако то се должеше на убав помин до сабајле.
    Небитно како и да е, ете стигнавме и до 3-та година на факултет , кој патем мене не ми се ни верва, брат ми ќе дипломира годинава, а ние уште знајме да си удриме по едно ќотече, да фрламе со влечките и да се прскаме со цревата :D Не ми се верва како брзо поминаја годините, почнува се по малце да ме плаши искрена да бидам, од то ко ќе ми текни колку обврски идат допрва во животот.
    На мојте не му се верва дека сме стигнале доттука, не туркат понатаму за да го завршиме факултетот, шо се мора се мора, мојте се приказна за себе, ретко кога ќе се собериме за ручек сите еден седнува друг станва и така цел ден, јас готвам во последно да се пофалам :D
    Мајка ми пред енколку дена си дојде од 1 смена на работа и си легна да спие, во 8 требаше да одат на театар со брат ми, ја станва брат ми и вика 7 сатот е, ко рипна жеата од кревет, шо не ме станавтеееее?!?!?! на работа закаснав стана жената да трча низ соба пегли уклучва да пегла алишта на работа ќе одеше :rofl: , ко дозна дека 7 вечерта е слатко самата на себе си се изнасмеа.
    Ете се ви изнараскажав, ама ако :)
    Среќен почеток на сите бруцоши.
    А вие останатите, имајте убав ден.
     
    На bittersweet, cheetah.girl, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ми се чини дека уште во прво одделение се учи дека на есен ластовичките заминуваат на југ.
    Се сеќавам дека еден ден кога се враќав накај дома, видов многу ластовички на една жица, па си помислив: Сигурно се пребројуваат, како што нас нé пребројува наставничката. За да не заборават некого пред да тргнат на пат.

    Минатата недела видов дека пак се собираат и ми текна дека како помала, тоа југ го замислував како некое магично место каде секогаш има сонце и сите луѓе се среќни. Посакував да можам да одлетам таму, бидејќи мојата детска перцепција ми велеше дека со ластовичките, си заминува и сонцето. А со тоа и ведрината кај луѓето.

    Денес со отворени пори го впивам секој зрак. Акумулирам сонце за студените денови што претстојат.
    Тогаш кога чадорите ќе бидат единственото шаренило во овој сив град.
    Тогаш кога природата ќе свене, жедна за топол зрак.
    Тогаш кога ноќта ќе го гушне денот.
     
    На bittersweet, Buttterfly, tirkenbal и 38 други им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Е готово веќе неможам, закажувам на фризер и се шишам до рамена. Ова се е само коса не е, сува, разлетана, еден прамен прав еден виткан, не се знае кое влакно кој пат го фатило, одоздола суканици, одозгора гнездо, аман веќе што да ти ставам косо ниедна?!
    И ве молам не се шминкајте со сребрена сенка! ВЕ МОЛАМ!!!
     
    На Aneto10, anuskaNESTLE, sparklie и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Тежок е овој живот студентски.

    И не, не ми е тешко да учам, не ми е тешко на предавање да одам, не ми е тешко семинарски да правам... АМА кога ќе дојдат формалните работи на ред ми иде да се отпишам за сва времена. :@ Шалтери, образци, уплатници, молби, па пополнувај, па си згрешил од брзање па ајде одново, идеш на еден шалтер таман стигнав на ред ми ставија лист со зборот "пауза" пред нос, одам на друг шалтер, буквално 30 души - пензионери пред мене, од таму на друго место и се' така до недоглед. Цел ден ми помина во чекање, а работата што всушност требаше да ја средам е само пет минути.

    И аман бе луѓе, во секоја институција каде што постојат шалтери има една дискретна жолта линија на подот, позади која се стои додека личноста пред вас не заврши работа.

    Култура малку? Осет? Нешто? Ништо а?

    Јас стојам на шалтер, уште десет души околу мене, до мене, позади мене ми дишат во врат (буквално), уште на глава да ми се качеше некој и ми зјапаат во документи, лични документи. Научете се веќе еднаш на култура.
     
    На gingerchild, Elennaa, sajonaramucaca и 4 други им се допаѓа ова.
  18. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    dean.sk e мањак кој праќа лични пораки за средби ,со иконче од неговиот дик и ве молам да ги известите модераторите да се избрише мањаќината...
    СРАМ ДА ТИЕ БЕ!!! :puke:
     
  19. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Понеделничко нерасположение :( .
    Еден куп обврски кои чекаат да бидат завршени, а јас немам мотив ниту да ги започнам.
    Едвај чекам вечер да се одморам.
     
    На mileystar и nevermet18 им се допаѓа ова.
  20. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Дочекав и јас кога ќе дојдам од работа да затекнам штотуку зготвен ручек,алишта испеглани,се исчистено под конец .
    Алал да се парите што ги давам на жената која рани две усти.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.