1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Писмо до идната јас

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од rici.aaaaa, 19 март 2013.

  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ти си силна,ќе ги издржиш овие стресови.
    Ќе имаш убави мисли,а негативните ќе исќезнат со ветрот.
    Ќе станеш храбра и борбена и нема ништо да може да те исплаши.
    Ќе научиш да ги контролираш стравовите и емоциите.
    Ќе најдеш во животот работи кои те исполнуваат и прават среќна.
    Не дозволувај дечкото да ти стане главен приоритет,запомни во животот си најбитна само ти !
    Љубовта е љубов,понекогаш вреди да се жртвуваат некои работи за неа,но и принципите се принципи.
    Никогаш не заборавај колку вредиш.
    Ти си единствена и посебна,не го заборавај тоа.
    Не дозволувај луѓето да те разочаруваат.
    И среди си ги сетилата.
    Се надевам дека конечно се навикна на промените во животот.
    Иако животот ти го направи тоа одеднаш и те фати неспремна.

    Се ќе помине...времето е најдобрата терапија <3
     
    На nevermet18, Barbie20 и Gremleenka им се допаѓа ова.
  2. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Здраво Стршленке,
    како си нигеру? Се надевам дека не си пораснала. Немој да пораснуваш жити се! Така ќе си ја изгубиш легендарноста. Се надевам дека сеуште одиш по улици и пееш смешни песни. Се надевам дека сеуште се брукаш пред сите оние пред кои пазиш да не се избрукаш. Се надевам дека си направила многу пентакилови. Се надевам дека си останала толку секси :rock: Се надевам дека тетка ти сеуште ја пушта гагнам стајл. Абе,и јас многу се надевам. Прави ми како ти сака душичето и д*ндичето :D YOLO MY NIGGA :rock:
     
    На ColoursOfTheRainbow и Nightwalker им се допаѓа ова.
  3. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Кај си бе, шупелко!? Арен? Уште бркаш ѕвезди и креираш светови по сопствена потреба?
    И? Како ти беше кога ќе те расшамараше оној, ВИСТИНСКИОТ живот? Не баш најдобро, а?

    Се надевам го користиш максимумот од твојот потенцијал... Го заслужуваш тоа, и ти, и оние што ти значат. Не ги заборавај нив, океј? Не се многу на број, но секогаш биле тука за тебе... дури и кога со ништо не си го заслужил тоа...

    И дај, аман, опушти се малку повеќе, ако уште не си... Нека ти текне само која аура ја имаше на времето... Како знаеш и умееш врати ја! Јасно е, се случија некои непредвидени и непосакувани работи, но ги помина сите и стоиш цврсто, нели? „Ех, ти ли бе,“ што би ти рекле 2 драги пријатели... :)

    А, и да - Уживај повеќе во ситните моменти... на нив некој ден најмногу со насмевка ќе се сеќаваш...

    Ајт, остани шупелка, но со усул... :lol:
     
    На Ivy89, Plavusa.17 и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.307
    Се надевам дека не си пропуштила ниеден концерт на Чолич во Скопјево за изминатово време, оти тешко тебе. Ваљда уште ги рапуваш Кеш Колица и Брате минли по чаршија и кај и да е, што значи дека (сеуште) си будала. Топ. Ако не си, те молам почни пак да пееш песни од твојот богат музички опус, почнувајќи од Ластовица, Куку Леле, Џус и Криско се дооо.. Страјк и Сан. Абе ти само рокај си ко што си рокаш сега.. Само немој да те начекам баш у состојба да си удараш глава заради некои небитни ликови.. Зашто рацеве за да те задавам и во иднината ќе посегнат. :D Сакам да не си изгубила некои драги личности, си правела и правиш добри спомени од разно-разни лудости.. А може и си се смирила, шознам.

    Биди само ведра, паметна, не дозволувај некој така лесно да ти го скрши срценцето.. Биди си луда и откачена, но како се вели со усул. Се радувам ако си отишла бар еднаш у Миравци за мене, само да чујам, стварно ќе ми го напраиш меракот. :rofl:

    И аман.. Очекувам за едно пет години да те видам со диплома од факултет у едната рака, а со другата нормално да си шеташ некој (божепомозиасален) дечко. Е и така ти викам ја.. Биди си хепи, терај си го филмот.. И немој да ме разочараш. :!:
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Јас пак ти пишувам. Постојано ти се случуваат разни случки, веќе секојдневие ти се сигурно.
    Никогаш не ги заборавај личностите од твоето минато. Школските од основно, омилените наставнички, шгите, дури и солзите и кавгите со нив. Тие се огромен дел од тебе. Каде би била без нив? А? Каде?!
    Заборави само на него. Не знам како, но решена сум да ти помогнам да го заборавиш.
    Не го заборавај ни оној ѓавол човек. Да, него. Човекот кој ти ги уништи најубавите моменти од животот. Тие и не се толку важни. Важно е дека тој не е виновен за тоа што е сега. Не е негова вината. Сети се, сети се кога дојде тој на твојот роденден. Не можеше да ти донесе нешто големо, но се појави таму. И ти го донесе најубавиот подарок кој одсекогаш си го посакувала. Нешто кое не се плаќа со многу пари, но тебе ти значи. Запамети го тој ден. Понатаму не е важно. Сети се еден ден на твоите школски. И оние од прво одделение, и оние од осмо. Сети се на утринските прошетки до библиотеката со другарката од прво, сети се на зафркаванциите со другарката од осмо. Никогаш немој да ги заборавиш личностите кои ти помогнаа да се изградиш.
    И, не дозволувај никој да ти го сруши единствениот вечен сон. Јасно? Не дозволувај. Ти го заслужуваш тоа. Знаеш.
     
  6. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.094
    Пол:
    Женски
    Драга Анабел,се надевам дека сега конечно гордо ќе кажеш дека си среќна и задоволна со својот живот. Се надевам дека сите желби ти се исполнија,се надевам дека веќе не си толку (пре)чувствителна,тврдоглава и брзоплета,дека се држиш цврсто и не дозволуваш никој да те повреди.Немој да бидеш мрза како порано.Се надевам дека се научи да свириш на гитара! :rock: Најверојатно сеуште си луда по рок музиката и оние рокерите со таков стил ^_^.Се надевам дека најде некој кој што ќе те сака и почитува.Остани сочувствителна,помагај кога можеш,на секому,продолжи да ги почитуваш сите околу тебе,дури ако тоа не го заслужуваат.Се надевам дека одбра добар факултет и дека си доби убава работа,се надевам дека успеа да собереш доволно пари за да си купиш свој стан и кола,баш како што си замислуваше од порано...Се надевам дека веќе не си депресивна и тажна заради сета неправда и проблеми во животот.Се надевам успеа да ги направиш горди на тебе твоите родители.Се надевам дека стана личност каква што отсекогаш посакуваше да бидеш.
     
    На Ivy89 и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Драга Кики :inlove:
    претпоставувам дека ова го читаш или од Карибите или пак од некој затвор а ако случајно си на некое трето место значи си станала обичен просечен смртник каков што никогаш не сакаше да бидеш.

    Е па драга моја ти се укажа можноста (види дата !!!) , и овој пат ти се исполни желбата, таа срека што ја имаат само ретките секогаш од нигде никаде тебе да ти се исполнуваат желбите еве ја повторно проработи. А фино ти кажав да внимаваш што посакуваш дека секогаш ти се остварува. Си сакаше можност и си доби ај сега да те видам!!!

    Писмово ти го пишувам ако во случај не успееш во тоа што науми оди на план Б план В итн и немој да се разочаруваш и сама знаеш колку е тежок овој подвиг. Ако па веке си успеала и си направила добар кеш и углед немој многу да се к**чиш, ти никогаш не си била таква. Нема да ти кажувам да останеш таква каква што си била во минатото сега затоа што карактерите се менуваат а во моментот јас и не сум некој карактер за пример . А тоа дека си станала работохоличар и парољубец не се сомневам и дека си ги заборавила желбите од порано тоа знам. Затоа да те потсетам на твоите желби
    -куќа со голема библиотека
    -одмор на Бали
    -аџилак во Ерусалим
    -маж мирен најмирен на цел свет, шо не гледа , не слуша и не зборува
    -однеси си го партнерот во Амстердам
    -децата во Дизниленд
    -дрвена викендичка на планина со камин
    -сети се на старите (не)пријатели
    -да не умреш без да одиш на концерт на рамштајн
    -знам дека си се направила стока од јадење земи ослабни под 60 кила заличи на човек
    -и запали ги дневниците и споменарките знаеш дека ако паднат во нечии раце лошо ке биде

    Сети се колку убави и колку лоши работи имаш поминато и каква и да е твојата ситуација знај дека се е пролазно.

    LY :inlove:
     
    На Ivy89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Стара моја...очите сеуште ти блескаат како ѕвезди во ноќ без месечина и бараат нов предизвик. Годините, ионака тие се релативни, само уште повеќе го облагородиле твојот шарм и додале мудрост на твојата личност. (А зрелост? Па и таа е релативна...затоа внимавај малку повеќе на себе, ти си драгоцена. Сеште ли не научи да правиш планови и понатаму им се препушташ на тековите? Ако...само немој после да ми кукаш, требаше вака-онака). Каде си тргнала сега? Кон каков предизвик се стремиш? Имаш ли желби? Што ли се крие во твојата глава, да можам да ѕирнам само за миг...ама ти секако тоа не би ми го дозволила, дури ни на мене, зашто ти засекогаш ќе останеш една голема Тајна. Дури и за самата себе.
     
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    93.531
    Здраво мила,

    Како си? Среќна ли си? Ах, да знаеш само колку ми е битно да го чујам одговорот на овие две прашања додека го пишувам ова, мислам душата на ѓаволот би ја продала за да дознаам. Многу беше за тебе се' што се ислучува, знам. И за секој би било. Но, помина. Се' поминува... Остава траги и лузни и опекотини и одвнатре и однадвор, ама којзнае, можеби сега веќе си свесна (дај Боже да е така) дека секое лошо за добро е. Излитена фраза е, клише исто така, ама во многу случаи и вистина. Многу изгуби последнава година, немаше веќе дури ни што да се замисли за да се изгуби. Толку си млада сеуште, а имаш болно животно искуство на старица ми се чини. Солзи на лицево рој додека пишувам, се надевам за возврат - блескава искрена насмевка на усните додека го читаш ова и задоволство од животот, најмалку два пати повеќе од целото страдање кое што го помина. И лошо е да се каже, ама сега горчината во мене тоа го бара, се надевам дека оние маленкости од луѓе во душа кои ја расплакаа твојата младост, ведрина и кои ја опустошија твојата фамилија веќе платиле цена за се' она што направија, а посебно за она... НАЈМНОГУ за тоа!

    Од срце посакувам да знам дека во иднина имаш добар човек покрај тебе, мало слатко семејство на кое му се радуваш со секој атом од твоето тело, дом кој мириса на љубов, исполнетост, хармонија и на твојата кујна во која уживаш и се губиш како детенце во продавница за играчки.
    За кариерата знам дека исто така досега се' си дала од себе за да го оствариш она кое што од секогаш го замислуваше. Се надевам и тоа го имаш...

    Те гушкам Еми!

    И држи се...
    Мнооогу внимавај на твоите избори и одлуки, оти знам веќе дека ја научи лекцијата...
     
  10. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Еј,ти сонувалке,се разбуди ли?
    Си даде ли некое задоволство скроено за тебе, или сеуште живееш исполнувајќи туѓи соништа?
    Ако си успеала да исполниш барем еден твој сон,ти честитам.
    А,ако си уште онаа истата ти велам -ГУСКА СИ!!!
     
  11. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Драга Sunshine,
    се сеќаваш на тешките моменти, нели?
    Епа, поминаа. Ги остави зад себе, ги закопа длабоко под земја.
    Биди храбра, верувај во себе. Знам дека ќе успееш. Не откажувај се, никогаш. Ако паднеш, повторно стани, исправи се, обиди се уште еднаш. Ништо не е толку тешко, како што изгледа.
    Имај самодоверба. Не се плаши да комуницираш, не се срами. Не се затворај во себе, разговарај, шетај, уживај, релаксирај се повеќе.
    Се што дошло и ќе си отиде.
    Како што се сеќаваш на претходните години и си велиш дека многу бргу поминале и за џабе си се нервирала, така сега се сеќаваш и на овие. Само треба време.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Драга моја,
    Се надевам кога ќе го прочиташ ова писмо дека веќе поминале оние тешки денови кои те измачуваа,деновите кога живееше стегнато а можеше многу повеќе.деновите кога не се истакнуваше туку беше во позадина.Постојано се навраќаше на минатото знаејќи дека не можеш да го промениш,зарем не беше мудра за да извлечеш лекција од тоа наместо да жалиш за грешките.Секогаш ги ставаше другите пред себе заборавајќи дека ти си највредното суштество и заслужуваш да бидеш почитувана.Ти се лутам што не беше похрабра,и покрај одличните успеси што ги постигнуваше стоеше во позадина.Но ти се восхитувам на храброста што издржа многу животни битки..паѓаше речиши беспомошна,а наредниот ден секогаш наоѓаше причина да им се насмееш на пријателите,да му помогнеш на некој кој му е потребно иако тебе ужасно ти требаше помош.И покрај сето тоа ти не престана да веруваш во Господ и да се молиш,верувајќи дека тој еден ден ќе ги слушне твоите молитви и дека се ова ќе биде само еден лош сон.
    Се надевам дека сега го милуваш чедото додека другото ти претка во мешето а твојот маж е неописливо среќен.Секој ден се повеќе се заљубува во тебе,и се восхитува на твојата храброст,и срцето му е исполнето кога во домот се слуша детски џагор.Ви посакувам љубовта вечно да ви трае.Е тој маж,што секогаш беше тука да те поддржи кога ти е најтешко,тој да го чуваш лепотице.
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Здраво јас,
    Се надевам дека оваа писмо ќе го прочиташ еден ден. Потсети се дека до сега се што си замислила си остварила. Ти е било тешко и тоа многу, но си била упорна и си успеала. Цел живот си патиш од стравот да не ги повредиш најблиските и најсаканите и трпиш се и сешто, а не сфаќаш дека ти се повредуваш. Се надевам дека кога ќе го прочиташ писмото нареден пат ќе го направиш тоа што го сакаш вистински, нема да зависеш од никој и би била по решителна. Си се наоѓала во затворен круг, не си можела да пронајдеш излез веќе неколку години, а потоа безпомошно си ја прифатила својата ситуација без ништо да промениш. Си се однесувала кукавички во неколку ситуации. Не си се борела за некои работи доволно. Не си се борела за љубовта. Те изневериле неколку пати, те излажале, ти го скршиле срцето, те сакале, те посакувале... Ти многу се промени, те промени една личност. Сакај се самата себеси, и прифати се такава каква што си... Не менувај се заради личности, но прилагодувај се. Те сакам јас, и секогаш имај самодоверба. :*
     
  14. Dory

    Dory Нов член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Мила рибице,
    Те молам немој никогаш да забораваш што имаш поминато во животот и колку скапо ја плати таа втора шанса за живот.Но си ја имала најголемата среќа на светот што денеска си жива а пред се здрава,биди му благодарна на Бога и никогаш немој да заборвиш дека тој беше до тебе и те држеше за рака.И покрај се,кога беше најслаба и најповредена силно посакуваше да имаш некој покрај тебе кој безусловно и вечно ќе те сака,го доби.Денеска имаш прекрасен човек кој би направил се за тебе,со кој разговараш за се,дури и за тие мали ангелчиња кој ќе се створени од вас.Искрено посакувам да си останеш ваква каква што си,чиста,полна со љубов,благодарна кон Бога.Ја помина најголемата битка во животот и јас сум сигурна дека понатаму можеш СЕ да поминеш.Те сакаме јас и твоето колаче :*
     
  15. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Штом го читаш ова, си се присетила на некој посебен момент, сигурно .
    Ivy ...
    сега си сигурно покрај човекот на твојот живот, го гледаш секоја вечер како заспива пред тебе а се будиш секое утро пред него. Не замерувај му, доволно го познаваш. Ќе се присетиш и за едно кризно време кога животот те стави на раскрсница и ти требаше доволно време да размислиш каде ќе зачекориш. Е па сама си одбра .
    Помина и убави моменти а помина и многу тешки . Болеста на еден од родителите те направи уште поцврста од тоа што беше.
    Додека сите околу тебе ти кажуваа колку си добра, паметна и секогаш гледаше да им угодиш, ти потајно знаеше дека повеќето те бараат од корист, и тоа излезе на виделина кај многумина, а сигурно им опрости по којзнае кој пат. Ако, нека им.
    Среќата тропа на сечија врата, прашање е "дали ќе си дома да и отвориш " .
    Продолжи со исто темпо па дури и подобро, знаеш, умееш .... :f:
     
  16. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    ако немаш 40 000 плата минимум , имаш солна киселина у второ вратиче.
     
    На Feminka192 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Грешка во чекори.
    Солната киселина е повлечена од употреба, платата ти е многу поголема,затоа што сега си во ЕУ :)
    Ај сега части, видовитава те спаси :angel: :hai:
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Пак, и пак, и пак.
    И ќе ти пишувам се` додека не се издигнеш еден ден. Се` додека не ти се среди животот, ќе добиваш писма од мене.
    Не застанувај. Можеш. Ќе продолжиш со животот. Ќе продолжиш со желбите.
    Знаеш, има една голема желба. Поголема од најголемите. Посилна од најсилните. Остани силна. Само поради таа желба. Те молам. И, еден ден, твојата желба ќе стане реалност.
     
  19. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека си престанала да се сожалуваш и дека си се помирила со судбината, ти си една силна личност, сето тоа што ти се случи не беше по твоја вина. Што е тоа е, биди среќна и смеј се за инает на луѓето. Докажи дека знаеш да бидеш многу добра мајка, успешна жена и гордост на своите деца. И те молам не прави неразумни нешта. Верувај во судбина, но сепак не заборавај дека понекогаш и самите сме кројачи на истата.
     
    На wonderful1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека си ги исполнала сите зацртани цели во животот и секако се надевам дека си среќна. Немој премногу да мислиш што кажуваат другите за тебе. Живеј го животот и сите убавини кои ги носи тој. Во секоја работа барај го задоволството и уживај. Не заборавај дека заслужуваш се најдобро. Не потклекнувај пред препреките. Како и секогаш биди силна и надмини се .
    Се надевам дека не забораваш да вежбаш и да живееш здрав живот. Не се запоставувај себе без разлика колку обврски имаш. Сакај го својот сопруг и децата.
    Како што би рекол Пауло Коелјо живеј ја својата лична легенда.