1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Се гледал само и разговарал или нешто повеќе. Не мора да значи дека нешто има, еве и јас се слушам преку скајп со пријател пред партнерот па немаме никавов проблем, ама тоа е како си што си лански замански што би се рекло. Значи прашањето е нејасно од кои причини се случил тој разговор.
     
  2. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    30.639
    Пол:
    Женски
    Далерон, ти се гледаш пред партнерот, тој слуша што разговарате. Прашањето ми е да не знаеш дека се гледа со некоја девојка на камера, и потоа ти кажува дека му е пријателка, па се гледаат често. Но тој не ти кажува веднаш, после некое време.
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Епа тоа прашање ми е на почетокот на реченицата, значи нешто мати дефинитивно.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    А зашо не го оставеш да си праве така како шо сака??? :^) Си се фатила за него да не кажам сеа како. А нему очигледно му одговара таа ситуација да си ужива со дрштвото а некоја да трча по него. Ти кажал Бокица игнорирај го некое време и да видеш како по кратка постапка ќе му го привлечеш вниманието. А немој па дотичниот и некоја друга да има, од кај си толку сигурна дека цело време е со другарите??? :geek:
     
  5. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38

    Сигурна сум,бидејќи кога му се јавам се слушаат машки гласови и така.
     
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Аа епа тогаш ти кажа другар ми Бокица немој толкаво значење да му даваш на човекот. Никогаш не сум сакала машки кои на прво место им се другарите. Не дека дечко ти нема право да се дружи ама единственначин да го потсетиш дека сеуште сте во врска е да го игнорираш некое време и да видиш како ќе реагира на тоа.
     
    На crazy.you му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    QweenSM, не само што нема да преќутам, туку опасно би му се налутила. Единствено би толерирала ако станува збор за пријателство кое трае веќе долго време и девојката живее во друг град или странство, во спротивно, потребата да се гледаат на камера ми е нонсенс (а и не сум некој голем обожавател на присуство на другарки во животот на дечко ми)


    lobenickaa97, опушти се и не се напнувај ни себе си, ни него со непотребни драми! И ти и тој сте многу млади и дечко ти, иако сигурна сум дека му е супер со тебе, сака да си излезе и со неговите другари :) Нештата кои се доживуваат кога си тинејџер се случуваат само еднаш во животот и затоа не треба да се пропуштат- ти излегувај си со твоите другарки, доживувај работи, создавај сеќавања на кои со радост ќе се сеќаваш цел живот, пушти го и него да се забавува со неговите другари. За сериозна врска има време, еден ден може ќе се каеш што повеќе не си излегувала и не си се дружела со другарките :)
     
  8. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Според мене не е пишано едноставно да имате по сериозна врска.. Претпоставувам дека е по возрасен до тебе, му било интересно на почетокот но сега си сака и тој забавен живот. Ако тебе не те пуштат во сабота да излегуваш, зошто тој да не излезе ? Или пак, излези еднаш со него и неговите другари, влези им во шемата, па ке му биде интересно и со тебе.

    И јас бев во слична ситуација во 1-2 средно, мојот дечко имаше другар кој имаше девојка мои години. Кога излегувавме беше навистина лудо, не дека правеа глупости, туку ете така интересно беше и стварно беше глупо што таа си одеше уште во 1 часот и се лутеше кога тој сакаше да остане, па после во мене гледаше ѓавол дека јас останував.. Ако таа сама дома си има ситуација па и бранат да остане на седенка, зошто проблемот да се префрла на дечкото..

    Види што му се допага и што прави со другарите толку и пробај тоа да го вметнеш во врската да му биде привлечно да излезе со тебе, секогаш кога и со тебе ке е интересно и со другарите ти ке ја имаш предноста.
     
  9. Linda96

    Linda96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Помош!!!

    Здраво девојки :D
    Се соочувам со ситуација што многу ме мачи и буквално ми иде на нерви.
    Со мојот бивши раскинавме лани во август и тој си фати нова девојка,но некаде во април оваа година тој пак почна да трча по мене и ја изневери девојката со мене..цело време ми се јавуваше,ми пишуваше,излегувавме и покрај тоа што тој беше со неа..ми вети дека ќе и раскине и го стори тоа.
    Од тогаш сме постојано заедно,некогаш знае да ме изнервира многу,но тој се уште ме нема прашано за врска .Ми вели дека ме сака и такве ствари..но никогаш немаме излезено сами во јавност..
    Ве молам кажете ми што може да биде причината за тоа што ме нема прашано за врска и за тоа што не излегува со мене(дали можеби се срами)..
    Ви благодарам многуу однапред :rofl: :inlove: :$
     
  10. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Помош!!!

    можеби се срами ама грешка ти е тоа што си излегла пак со него а можеби и несака да биде со тебе туку само онака колку да се подсети на некои чувства сепак незнам тоа е мое мислење дали ке продолжиш или не тоа е твое и дали ке прашаш дали сака врска и тоа исто е твое но мислам ти НИКАКО да не му предложуваш прва врска или слично позз :* :*
     
    На Linda96 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pubu-bubu

    Pubu-bubu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    Се чувствувам како идиот во изминатите неколку месеци... Морав да пишам за моменталната состојба затоа што незнам како да се извлечам од неа.
    Незнам дали ви се има случено нешто слично но се надевам не сум едниствената со измешани емоции.
    Пред околу 9 месеци прекинав долга врска од 5 години. Причината беше ТОЈ. Ми нанесе болка и најверојатно од гнев и лутина се сплеткав со еден мој пријател.
    Од бившиот немаше никаква трага 4 месеци и почнав да се помирувам со ситуацијата и да се гледам со ''пријателов''. Но после 5тиот месец се појави мојата бивша љубов, ме преколнуваше да се смириме, ми се извинуваше но не попуштив. Длабоко во мене сакав да истрчам кај него но некако издржав да не го направам тоа. Сега се двоумам. Одвреме навреме се слушаме два пати месечно и тоа чисто затоа што неможам да издржам да незнам што се случува во неговиот живот. Понекогаш премногу ми недостига но понекогаш ми доаѓа лава гнев и не ми дава ни да помислам да се смирам со него.
    И двајцата ми значат. Едниот е мојата прва љубов, мојата подршка во тие 5 години, моето СЕ во тој период. И покрај недоразбирањата понекогаш мислам дека ние сме сепак еден за друг. Егоист, себичен и избувлив.
    А другиот е нешто што секоја жена го посакува. Внимателен, полн со љубов која на секој можен начин ми ја докажува. Смирен, културен и добар.
    Како ли да се одлучам за еден... Се наоѓам во екстремно комплицирана ситуација. Ако помислам да бидам со поранешниот криво ми е за сегашниот, и обратно. Незнам што да правам. Велат срцето ќе ми каже. Но и тоа е збунето...
     
  12. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Зошто мислам дека само си поигрува со тебе? Искрено да те сакаше, ќе ти понудеше врска и ќе искачавте заедно. Може има некоја друга, па несака да знаеш ти. Онака со две да иде. Кога сте заедно што правите? Ако искачате, каде одите? Зошто ти не го прашаш, да знаеш барем на што си, не да седиш на слепо само.ако гледаш дека он нема намера да те праша

    Незнам колку год имаш, но мислам си доволно паметна за да одлучиш. Еве, со тој бившиот твој, колкава била таа болка што ти ја нанел? Зошто пак би продолжила со тоа, знам дека ти е прва љубов, но така би испаднала психички слаба и под негово влијание. Место да бидеш силна, и да кажеш не, место да се вратиш на веке прочитана книга. Вториот мислам дека е идеален за тебе, може и повеќе ќе добиеш и ќе доживееш,
     
  13. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Прво и основно, сите знаат дека откако нешто ќе се скрши, не се лепи повторно. Да, има безброј такви примери на лепени врски, некои од нив завршуваат и со брак и траат засекогаш, ама тие луѓе во такви бракови чисто се сомневам дека се среќни. Ако е понтата само да бидеш со некого, џабе пишувам, ама ако сакаш да бидеш среќна...

    Треба да бидеш решителна и да ставиш точка на врската која ти ги одзела најлудите години од животот - тинејџерството. Да не се слушаш со бившиот, да не го отвараш на ФБ и шипонираш и кога ќе ти текне на него, веднаш да ти текне и дека таа приказна е завршена и да ги свртиш мислите на нешто друго. Пет години од животот се доволно.

    Потоа да решиш дали доволно ти се допаѓа сегашниот дечко. Ако одговорот е да, тогаш си продолжуваш со него до оној момент додека не сфатиш дека е доста. Кога ќе сфатиш дека е доста, продолжуваш сингл зашто девојките што се сингл никој не ги пали на клада или каменува на плоштад. Океј е да си сингл, дури и убаво е по некогаш.

    Инаку, бившиот најверојатно се чувствува исто како и тебе. Претпоставувам дека и тој како и ти имал некоја замена во последната година, па кога замената се потрошила физички или емотивно, најлесно му е да добие free sex кај тебе. Затоа те бара и мољака, зашто му недостигаш. Исто и со тебе, најлесно ти е да се вратиш кај него, зашто ти е познат тој терен и најлесно можеш да си ги нараниш емоциите преку него.

    Треба сосема спротивно, како и сè во животот уствари. Човек живее ако се труди и презема предизвици, а не ако седи како бег и добива сè без труд. :!:
     
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    А не се плашиш дека и тебе утре ке те изневери со друга како што ја изневерил таа со тебе? :?:
     
  15. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    Пупу сум била во иста ситуација. Раскинав долга врска, и потоа од време на време се гледавме, па се трудевме као да видиме дали ќе можеме пак па комунициравме. Ама да ти кажам едно нешто. Никогаш не беше исто..
    И свативме дека е подобро секој по свој пат. Не мора да значи дека и кај тебе е истата ситуација зависи какви проблеми сте имале во врска, но повторно ретки се тие што залепиле нешто што се скршило и било хепили евер афтер.
    Зашто не седнеш прво да размислиш убаво? Прво размисли какви проблеми сте имале? Дали сте наоѓале секогаш решенија за проблемите? Дали те исполнувал? Размисли ги негативните работи прво па позитивните и сама одлучи си. Но сепак мислам дека е подобро да свртиш нова страница
     
  16. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Linda96 зошто не ја спомна причината за вашето раскинување? Значи вие сте раскинале па тој фатил нова женска и во април годинава ја изневерил истата таа женска. Е види сега вака да ти кажам јас што мислам. Настрана тоа што сте биле заедно тој ја изневерил женска му со тебе од каде знаеш дека ако сега бидете заедно нема да те изневери? Но, фатил друга женска и може сфатил дека таа не е за него, несреќен е, не ја сака или слично можел да раскине со неа па да започне нешто со тебе. Значи не е важно тоа што ти е бивши тој веќе еднаш изневерил и има веројатност да го стори тоа пак. Друга работа да бил доволно добар немало да биде бивши туку сегашен. Тоа е мое мислење па ти размисли дали вреди да се смириш со него. Поопширно од ова неможам да дискутирам оти не ја знам причината за раскинувањето.

    Pubu-bubu морам под бројки да ти пишувам за да се разбереме.
    Под број 1: 5 години не е краток период и секако ќе ти треба долго време додека да се соземеш и сфатиш дека го нема него покрај тебе. Од друга страна и се работи за навика до вчера сте биле заедно а сега го нема, тешко е тоа знам. Но ако тој ти нанел болка тоа што си му раскинала е правилна одлука.

    Под број 2: Тоа што од лутина и гнев си се сплеткала со пријателот ти била грешка ама при лутина сите некогаш знаеме да донесеме погрешки одлуки зарем не? Дали ти имаш некои чуства спрема него или онака повремени средби? Важно е што чуствуваш ти.

    Под број 3: По некое време се појавил твојот бивши и ти кажав погоре сте имале долга врска и нормално е да се потсетиш на некои работи оти сепак сте имале и убави моменти и да ти недостига. Ама не дозволувај тоа да те занесе и да заборавиш за се во минатото, незнам што се случило меѓу вас ама за џабе не сте раскинале сигурно.

    Под број 4: Одлуката на крајот сепак е твоја. Ако сакаш да бидеш со бившиот добро размисли за се што било во минатото и дали навистина заслужува и втора шанса. Ако несакаш да бидеш со него прекини го тоа слушање без разлика дали е 2 пати месечно или еднаш годишно и сите останати контакти со него. Ако не контактирате воопшто нема да ти го мати умот верувај ми. Ако мене ме прашуваш за кој да се одлучиш и не само јас секоја друга форумџика ќе ти рече одбери го вториот ама да те потсетам дека ТИ си таа што ќе биде во врска со него, а не јас. Џабе е ако тој е фин, добар, те сака а ти не го сакаш и кога си со него чуствуваш дека на шајки седиш. Најдобро некое време прекини го контактите и со двајцата и така најдобро ќе сфатиш што сакаш. Неможеш да се откажеш и од двајцата ама мора да се одлучиш за еден а во твојата ситуација оти тоа не се кошули за да купиш една најдобро ќе ти биде да се тргнеш и до двајцата. Од првиот заоа што бил бивши а да бил добар не ќе бил бивши, а да го сакаше вториот немаше да размислуваш воопшто за ова и да прашуваш тука тој ти привлекол внимание оти знае да се понаша со женско а од друга страна не вреди да го лажеш ако искрено не го сакаш. Среди си ги чуствата ако не оди тргни се и од двајцата дур е време.
     
    На Pubu-bubu му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Седи на две столици ама ти ќе си онаа втората.
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски

    Душо првиот ако те повреди и ако те навреди во одредена ситуација повторно може да се случи истото и ти пак да бидеш повредена. Знам како ти е си викаш нико нема да сакам како првата љубов, можеби нема да сакаш толку, но тој новиот што се гледаш ако те сака и ако ти го покажува тоа, биди со него. Психата на човекот е таква и секогаш си викаме, што би било кога би било, но на бивши и човек што те повредил не му се враќај, макар и да умираш да го бакнеш и прегрнеш. ТИ заслужуваш подобро. Јас гласам за новиот, зошто тој што еднаш ја оплескал ќе ја оплеска и по втор пат :)
     
  19. Pubu-bubu

    Pubu-bubu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    За да не ве цитирам сите ќе пишам вака.
    Потполно сум свесна и се согласувам со сите ваши мислења. Но неможам да се одлучам и да свртам нов лист, да продолжам напред со подобра личност или на крај на краиштата сама. Има нешто што секогаш ме кочи кога ќе помислам на него. Незнам зошто упорно мислам дека е искрен со мене дека навистина се кае, ме сака и ќе се поправи. Причината што раскинавме заборавив да ја кажам. По банална и неможеше да биде. Пред да се скараме имавме мали расправии но нормално како и во секоја врска, кога наеднаш него го снема, и тоа два месеца. Ми се немаше јавено два месеца а кога ми се јави ми дојде со изговор дека имал тежок период и сакал да биде малку сам. Тогаш дојде до прекинот на нашата врска, зашто тоа воопшто не ми беше логично. Ако јас имам проблеми првиот човек кај кого ќе отидам за подршка секогаш ќе беше тој но кај него очигледно не функционираат така работите. Ми се извини милион пати, ми раскажа за се што чувствувач тогаш и дека се кае, и зошто мора да го имам тоа чувство дека е искрен и дека треба да му дадам шанса. Го мразам тоа чувство. Сакам да бидам храбра, да не мислам на него а уште помалку на минатото.
    Мислам дека никогаш нема да можам да го заборавам и да сакам друг, а од тоа најмногу се плашам.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ти треба уште малку одмор и пауза од сите и од сѐ што ти се случило изминатиов период.
    Премногу личности ти отвориле стари рани и многу промени ти се случиле за не толку краток период.
    Нормално е да се наоѓаш во дилема, нормално е и да ти значат затоа што факт е дека со нив си поминала сепак многу, но поштеди се себе си од непотребното трошење нерви и дозволи си малку мир, верувај дека ти треба повеќе од сѐ друго. :)
    Со ладна глава полесно се мисли, па ако се обидеш малку да си го одвлечеш вниманието, ќе видиш дека по некое време поинаку ќе гледаш на ситуацијата и мислам дека дури тогаш ќе го најдеш вистинскиот одговор и ќе сфатиш кој ти треба до тебе.
    Можеби ќе се изненадиш и ќе сфатиш дека ти треба нешто ново, барем мене моето искуство така ми покажало.
     
    На Pubu-bubu му/ѝ се допаѓа ова.