1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    И мене ова ми падна во очи-им пришле 30-40 годишни машки на кои не би им дале 19 години. :^)
    Е и јас не знам што сакаат жениве, само 20 годишни да излегуваат? Демек над 30 веќе не смее да излегува а камоли да пријде на девојка особено со ајфон во рака.
    Е затоа ќе останете без дечковци, зашто и вие самите не знаете што барате, или пак барате баш такви што ќе ве спонзорираат и возат во скапи коли, ама кога тие истите ќе ве одбијат одма кукате на форум како вие не можете машко да најдете а тие потенцијалните спонзори што не ве рецнале се сељаци.
    Значи проблемот не е во машките, туку во вас и во тоа што вие барате. Ако барате спонзор подгответе се и на корпи, бидејќи очигледно тие бираат некои секси разуздани плави барбики како што пее оној Новица :lol:
    А вистинскиот маж нема правило каде ќе го најдете, може да го сретнете додека купувате влошки во продавница а тој се мисли која пена за бричење да ја одбере, кога ќе се сопнете а тој ќе ви помогне да станете, додека нарачувате ручек во ресторант, па дури и скраја да е-во чекална во амбуланта, ако ви е судено може и да кивнете заедно така мрсулави и настинати.
    Целиот живот е полн со такви ситуации само што треба да ги препознаете и да ги искористите.
     
    На senza.parole, Morti27, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.424
    Пол:
    Женски
    Уфф јас одамна не сум чула некоја да ми каже дека нашла дечко во дискотека или па разменила муабет, број. Зборам за оние девојки кои изгледаат пристојно, а не оние што носат маица како фустан.
    Верувам дека годините кога одиме во средно, на факултет е многу полесно да се најде партнер него ли подоцна. Подоцна и критериумите ни се менуваат.
    После некои 22,3 дечко може да излезе од другар на другар/ка, другар на братучеди, другар на сестра, другар на комшии, можеби комшија, некој рандом дечко кој ќе излезе од кој знае каде :rofl:

    И да, ФБ денес е најлесно место за почнување на муабет, па и колку толку од тоа што некој го постира можеш некоја слика да си составиш за него, за мене барем боље од дискотека.

    И да она на 25 да ти се гади од мажи кои имаат 30-40, а изгледаат фино мене ми е нејасно. Не мислам на некој што изгледа буквално како чичко, но има мажи кои во тие години изгледаат многу боље од некои момци кои се на наши години.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Абеха, ти кога ќе искочиш со 40 годишен да ми се јавиш? Те молам. Јас би нашла да е постар од мене една до две години. А тоа болдираното е само филмска фантазија. Замисли кога некоја ваша другарка би рекла дечко ми го запознав додека мочав. :lol:
    Мислам дека треба да ми го прочиташ мислењето уште еднаш. Самата кажа сме барале спонзори, грешка си. Ја само наведов дека една неприципиелна девојка се вози во скап автомобил. Дури и да има убаво тело или да е лошо облечена, подобро завршуваат од нас ретките девојки кои неможеме да најдеме стабилен дечко. А под стабилен дечко подразбирам маж кој знае да се однесува спрема девојката како што треба. А што се однесува до тоа за години 30-40 години, абеха можам да кажам дека секој си има вкус на години. И никој не би сакал да се замисли со 40 годишен маж,а девојката да има 25 години. Јас знам што сакам, доволно сум свесна за моите години. Ама 30 годишен дечко дефинитивно не ми одговара. Бидете реални ве молам, не фантазирајте.
     
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Кој фантазира бе душо? Мене ми се чини дека ти си фантазираш ,си поставила строга граница да биде година- две постар, и нема мрдање. :D А после се чудиш оти немало мажи. Е ги нема по нарачка.
    На една девојка од 25 години dating pool и се мажите од 25 па до 35 години... Мислиш дека 30 е стар ? Може па некое машко со 26 години сака девојка од 20 да речеме а не 25. :D
     
    На SimonaTino, anggell, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас не фантазирам. Јас само сакав да чујам ваше мислење, а вие се фативте за моите години. За мене 30 години е стар, да стар е. Превише години има. За мене е стар. И сега што. Помал од 30 години нема, добро нека нема. Мислам воопшто не ме разбравте што сакав да кажам,и ме нападнавте без потреба. Болдираното, се согласувам.
     
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Те разбрав бубаче, не те напаѓам само сакам да ти дадам совет за да си ја смениш перцепцијата за тоа што е стар маж. Кога бев 18-19 години да мажите од 30 години беа стари, ама за 25 годишна девојка не би рекла баш, впрочем не е голема разлика 5 години, идеална е. Пробај дај шанса на некој 30 годишен, може ќе се изненадиш.
     
    На SuperGirl24, natemila, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Можеби си во право. Но јас познавам човек кој има 30 години а се однесува незрело. И можеби и тие се незрели за своите години, не викам дека и тие под 30 години сее зрели. Но, работата ми е што неможеме да бидеме не приципиелни. Јас не можам да се замислам себе си во непринципиелна облека без манири и приоритети.
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јас не реков дека секој 30 годишен маж е зрел и добар маж. Туку да не си поставуваш непотребни граници, над 27 никако. :D И што ако ви тргне муабет се свиѓате и ти каже дека е 29-30,готово го бришеш?

    А не знам зошто се замараш за девојките што одат полуголи и бркаат спонозри. Кој што бара тоа ќе си најде. За нив по едно "возење". :lol:

    Ако бараш стабилен дечко не ти е потребен минич и деколте до пупак,баш напротив.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Не се замарам, само кога би имале машките избор да бираат девојка принципиелна и неприципиелна гарант ќе ја избере втората. 90% од машките со вакво размислување ми се одмилиле, без оглед на годините. Ама времето е такво сега.
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа не ја разбра поентата на муабетот или се правиш дека не ја разбра. Никој не те нападна тебе и не реков дека тоа секогаш така мора да се случи. Животот е полн со предизвици и непредвидливи ситуации, само треба да ги препознаеш. И зошто се ограничуваш во изборот-до 27 години и точка? А 29 ако е, или еве да речеме 31 ама стабилен човек, младолик, кој ќе те почитува и сака како никој друг? Ќе речеш бегај бе ти стар си не си за мене?
    Јас не го спомнав тоа за скапите коли туку ти. Испаѓа дека тебе ти е криво како некои секси лесни женски се возат во скапи коли. Зар фактот што се возат во скапа кола ги дига на пиедестал? Нема врска. Подобро пешки со некој идеален за тебе, отколку во кола со некој кој не те заслужува.
    Годините не се работа на вкус, можеби имаш вкус за изгледот ама годините, дали две-три помалку од зацртаното или повеќе па и не е битно. Не си поставувај граници кои некогаш силно ќе посакаш да ги поминеш.
    Мислам дека таа што фантазира тука си ти. Сакаш дечко до 27 години, да биде зрел, да те сака, да биде секси, убав, паметен сите женски да се вртат по него ама само ти да се возиш во неговата скапа кола. Пак се вративме на скапата кола, се надевам ми ја сфати поентата.
    Има луѓе кои имаат 26 години а изгледаат како да имаат над 30, а има и такви што се 35-6 години а не би им дал ниту 30 во изгледот.

    И зошто болдираното да биде филмска фантазија? Значи дека ти не веруваш во животот и во своите способности, не веруваш во случајности и романтика туку само на однапред дефинирани стандарди. Тоа те кочи во потрагата, треба да се опуштиш и да ги прошириш твоите хоризонти.
    Зошто да не го сретнеш и на мочање, ете јадеш во некој ресторант и тргнуваш кон тоалетот, по некоја случајност тргнува и тој, потенцијалниот твој маж (сите мочаме, нели, природна работа) и во дел од секундата ви се спојуваат погледите, остатокот од вечерта ќе размените по некој заводлив поглед и со вмешување на судбината го гледаш човекот наредниот ден во автобус, во продавница како купува гаќи :lol:, во банка во редица пред тебе, па може и да ти го отстапи неговиот ред и сл.ситуација.
    Зар мора потрагата по дечко да започне и за заврши во некоја дискотека, ноќен клуб и сл. со коњак и пура у една рака а со ајфонот во друга, со тесна припиена бела маичка на чии брадавици би им подзавидела и Џенифер, во тесни излижани фармерки, исчупан, избричен, нашминкан со куп лесни женски околу него?

    Зошто јас да излезам со 40 годишен и да ти се јавам? Каква врска имам јас со твојот избор на маж? Проблемот е во тебе а не во мене. Јас мојот маж-сопруг го пронајдов, кога се запознав со него не го прашав-кажи колку години имаш, ако си повеќе од 3 години постар, ништо од бизнисот. По некоја случајност се погоди да е постар само 2 години од мене, ама да беше и 5 и 6 немаше да има разлика. Мене ми беше битен тој и тоа колку јас на него сум му важна. И годините тебе не ти се најголемиот проблем туку твојата ниска самодоверба и неопределеност. Никој не ти рече дека мора да излезеш со некој 40 годишен, можеш ако сакаш, но никој не ти напиша нешто такво. Но зошто да речеш леле Бог да чува какви ненормални 30-40 годишни ми приоѓаат, па знаат ли они дека јас имам зацртано само до 27 и точка. :^)

    Ах колку сакам побрзо да се вљубиш во некој 30 годишен и тој во тебе, па тогаш да те видам што ќе пишуваш :D Дај Боже да си најдеш некој таков, макар и 30-31 годишен (ај не мора постар, да пресечеме тука) што ќе те цени.

    Никој овде не ти мисли лошо со советите, ама намали ги малку критериумите.
     
    На Tikvice, duffi, mimiiiii и 4 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ми е криво што некоја се вози во скапа кола. И не фантазирам. А мислам дека јас и ти имаме различни ставови. А незнам како можеш за некој да пишеш да видам што ќе пишуваш. Сигурно нема да напишам леле абеха да ти кажам имаше право ме сака, умрев по него и тие такви лигави ствари. А нема ни да пишам, биди сигурна. Јас имам многу висока самодоверба извини. А мојата определеност е до 27 години. Додека ги имам овие 25 години. Ако имам ниска самодоверба немаше тука да пишам вакви нешта. Ги мешаш работите. Не верувам во тие филмски фантазии.
     
  12. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    buba4e ти мило додека го чекаш принцот тој постар само 1,2 год од тебе,пази да не не ти избега и коњот потоа.Имав иста случка во близина моја,јака типка,ама со строги критериуми.Да е ваков,таков,со добро ауто,да скока од зграда за неа :lol: ,незнам шо.Еве ја сега 30 год има и сеуште го бара идеалниот,ама слабо и оди и еднаш ми вика туу брее само женети и пијаници ми се пуштаат :rofl: .Не е смешно,не ти се потсмевам,ама убаво ти кажаа девојките погоре и најмногу се сложувам со постот на абеја. ;)
     
    На duffi, anggell, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    А кое е според тебе тогаш идеалното запознавање?
    Дискотека? Фејсбук?
    Или ко што имаше некој некаде напишано дека постоел тип што мислел невестата сама ќе му дојде дома, тој ќе ѝ покажел кај е спалната, таа ќе си легнела и готово. :D
    Што знам, баш е интересно - ти паѓаат влошките, цела нервозна, со исфрлено лице, чипсови и сладоледи во корпа, се наведнуваш, кога одеднаш некој типац ти ги подава, па си разврзувате муабет и знаеш дека е правиот кога во таква состојба те викнал на кафе и те истрпил.
    И после испадне дека е сериски убиец. :|

    Многу буквално ги сфаќаш цитирањата. Не ти викаат тие дека е толку страшен ставот што типот мора да има 27 години максимум, туку контрадикторно е што велиш дека треба да е прав маж (нели, со свои 27 години) што треба да се однесува зрело, а ваму велиш познаваш 30 годишни што се ко деца.
    Нормално дека ќе се најде редок исклучок, веќе е клише муабет тоа, ама кога повикуваш на реалност, реалната слика е дека границите се мноооогу поместени, па сега на 27 се ко на 20, а 30+ личат баш на машки во средни до доцни 20ти.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Многу принципи и карактер...затоа си сама :D
    Овој муабет веќе досаден станува, јас фина добра, карактерна а не се возам во јака кола или јаките типци мене не ме гледаат. Ти ако си таква јака кола нема да те интересира, ниту пак ќе се грозиш што некој постар од тебе 5 или 6 години решил да ти пристапи. Не си принципиелна, затупена си со некои безвезални сфаќања кои ти го одземаат шармот повеќе отколку што простачко деколте може да одземе шарм на убава девојка.
     
    На Sky-butterfly, HoneyBun, WomanInRed и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Освен ако Бубаче и Бокче не се истата личност, тогаш дефинитивно се совршени еден за друг. :!: Двајцата имаат по 25, двајцата сакаат партнер на исти години, двајцата имаат речиси идентични ставови и скроз идентичен начин на изразување. It`s like they`re made for eachother. :inlove:
    Дефинитивно треба да се запознаат во живо.

    И, јас запознав девојка додека моча. Буквално. Идевме пола година. Во тоалетот на еден локал, полупијани додека чекаме ред, почнавме муабет, го продолживме уз пијачка, после една недела ја изнесов. Муабетов пошто Бубаче се пожали дека дечко нема да ти пријде додека мочаш. Да, ќе ти пријде. :emo:
     
    На Sky-butterfly, Daydream, Marossa и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Дај не треси зелени,Секој си има различно размислување, од каде виде дека сме исто? И не, јас си сакам помладо од мене, па и постари шо.
     
  17. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    хахаха значи маж ми бил педофил кога сме се запознале...требало да го пријавам во полиција
    Јас имав 16 а тој 19 хахаха ме заведе срам да му е

    Фала што ме освестивте...
    Имам право да се жалам по 9 години,во брак(сега со две деца)м?
    Според мене мажот за да биде зрел за жената треба да е постар барем 2 години( најмалку)
    Ние сме разлика 3 ипол ,па пак јас позрело размислувам
    Има и исклучоци..дечки од 20 год како зрели личности...
    Се е карактер
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Нешто не се разбравте изгледа?
     
    На SparkyAngel и Nausicaa им се допаѓа ова.
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Не се сигурно, од кога пурата се вика :tmi: пудра
    Шо па ти им се мешаш во муабетот А?
     
  20. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Луѓе помош.
    Се најдов во без везе ситуација. Од неодамна се гледам со еден дечко кој е година постар од мене, работи и заработува одлично, а реално и има одлична финансиска поддршка од дома. Од друга страна јас сум на крај на студии, невработена, а од дома моите се помалку се во можност да ме финансираат. Не се гледаме долго, некогаш плаќа тој некогаш јас, но заштедите полека си ги трошам, а нови приходи во скоро нема од каде да ми стигнат. Не е дека не можам да си дозволам да платам две три пијачки но и за нив треба да штедам цела недела. До сега не сум била во слична ситуација, секогаш со партнерите сме биле тука некаде со финансиската состојба (а и јас сум била во подобра од сега) и кога немам не ми било проблем да кажам но овде не можам, непријатно ми е, ова ми е ново и полека искрено осеќам дека си набивам комплекси, реално до сега тој не ми дал никаков повод за тоа, ама ситуацијата е таа. Сте се нашле ли во слична ситуација? Имаме заеднички теми за разговор, него му се допаѓам многу тоа ми го има кажано, а и јас глеам потенцијална врска и единствен проблем за сега е токму ова што го наведов. Немам во моментов како да заработувам бидејќи имам многу обврски околу факултетот и така ќе биде цела година. Во никој случај не би дозволила тој да плаќа и да не бидеме 50-50, едноставно не функционирам така. Не сум паметна веќе, советувајте ме ве молам. Ви благодарам
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.