1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стручни совети од архитектки!

Дискусија во 'Дом' започната од AngelOfArh, 10 декември 2012.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.715
    Пол:
    Женски
    Брмчи заради тоа што е лош каналот за вентилација, не е убаво измачкан или некаде има дупка па ствара лош проток на воздухот, а лош е и вентилаторот дефинитивно ;)
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допаѓаат новите кујни каде што наместо плочки на ѕидовите се става стакло во боја. И јас планирам да ставам стакло, ама ме интересира дали некоја од вас има искуство со вакво стакло? За чистење нема да имам проблем, ама ме интересира дали е можно да се скрши, дали може да пукне од топлината и слично.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.715
    Пол:
    Женски
    Од која топлина Миа? Од готвењето топлината не е толку голема за да пукне, друга топлина не верувам дека ќе стигне до таму. Немаш гајле, слободно стаи си, меѓутоа размисли и за плексиглас, тоа ти е поефтина варијанта. Многу поефтина.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Angel, не сум упатена, која би била поефтина варијанта за на ѕидот во кујна, плочки или плекси?
     
  5. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    хммммм.......еден другар ме предомислува за плексигласот дека од топлината од шпоретот можело да пукне, (ама кога ќе размислам) тој готви на плин, а ние на струја, така да....претпоставувам ќе нема опасност! ;)
    Не знам...ќе треба добро да размислиме... :?:
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.715
    Пол:
    Женски
    Миа, нема врска таа топлина, плинот башка што развива помала топлина од класичните плотни, на крај најмалку топлина развива рамна плоча. Нема логика да се наменат облоги на ѕид ако топлината им смета, ако има можност да пукне. Немај гајле, слободно ставај облога, тие не пукаат така лесно.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Сакам обично огледало да ставам во кујната наместо ѕидните плочки, па ме интересира како му се движи цената за м2, и дали има можност од пукање или слично?
    Не планирам класичен шпорет, туку оделна фурна и плотна со само 2 рингли.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.715
    Пол:
    Женски
    Rubi кај огледалото е проблем тоа што има фолија позади стаклото, што уствари го “глуми“ огледалото, од пареата може да поцрне, распрашај си убаво да не те зезнам. Инаку размисли убаво за огледалото, да не се направи каша попара во кујната со него, знаеш дека визуелно игра со просторот огледалото.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Знам знам дека зголемува визуелно простор, ама и естетски ми е многу симпатично, затоа сум на мисла да ставам, а и кујната ќе биде мала, бела, едноставна.
    Е сега, бидејќи сама ќе живеам, нема многу да се готви, 1-2 неделно евентуално, и мислам дека не би имала проблеми.

    Ангел, што мајстори ставаат огледало, за да знам да барам?
    Дали плочките кои се залепени, треба да се вадат или врз нив ќе оди огледалото?
    Има ли повеќе типови огледало, кој ти го препорачуваш, и како оди отприлика цената за да си направам математика?

    Фала ти многу!
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.715
    Пол:
    Женски
    Не би знаела да ти одговорам за тоа колку чини, но плочкар може да ти залепи сигурно огледало, или пак стаклар, со специјални лепаци од силикон ќе си залепиш или пак со интересни штрафови со капачиња, ќе ти даде совет стаклар, значи барај стаклар најдобро. А не треба да се вади воопшто плочките, врз нив ќе се намонтира. Размисли подобро, се работи за кујна, не е едноставно.
     
  11. soundproof

    soundproof Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, би сакала да прашам дали некој има искуство со успешна звучна изолација на ѕид? Се работи за ѕид кој го дели мојот стан од тој на соседите, при што од она што јас се разбирам дел од ѕидот се чини како да е гипс картон (ужас!), а останатиот е само цигла - изгледа без никаква звучна изолација. Може ли да се поправи ова?
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.715
    Пол:
    Женски
    Може но за тоа ти треба многу добар мајстор и многу финансии фрлени на тоа, рачунај на доста добра инвестиција. Досега имам неколку клиенти кои ме прашале за ова и сме решиле дел од галамата, но најголем ефект би имало доколку се решава обострано, и кај вас и кај соседот. Асфалтна трака по ивиците и класична звучна изолација, со тоа се достигнува максимумот ;)
     
  13. OneDirection

    OneDirection Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    238
    Имам плакар од фарбан медијапан и на вратата од плакарот сакам да ставам огледало. Треба да се залепи тоа или да се буши некако ? И кој би го направил тоа стаклар или оние што прават плакари?
     
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Како може да се одвои просторот во една поголема соба за да имаат приватност машко и женско дете на пример? Има еден прозор а нема услови за поделба на собата заради светлината нели, инаку собата е 17 квадрати. Благодарам.
     
  15. soundproof

    soundproof Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Благодарам за предлогот! Од она што сум разговарала со мајстори, дел од нив велат дека треба да се изолира со стиропор па гипс картон, а други велат со сунѓер, онаков како што користат во студијата. Во мојов случај отежнувачки фактор се и соседите, кои се бучни секој ден до раните утрински часови.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.715
    Пол:
    Женски
    Можеш и двете варијанти да ги употребиш, со штрафови и убави капачиња после за да не се познава на огледалото главата од штрафот или со лепење со специјални лепаци, двокомпонентни за да не случајно му текне на огледалото да се лизне. И двете варијанти стаклар би ти ги средил, треба да си прашаш, веројатно од таму и ќе го купиш огледалото ;)
    Со полици, значи не затворени туку отворени, може полици во коцки, некои затворени, некои не, интересно ќе изгледа или со паравани, можеш да им ги направиш во интересни бои, мотиви, слики, да им дозволиш ним креативно да се изразат секој на својот дел. Ете ти неколку примери ;)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ако немаш разбирачка со соседите би ти препорачала да ја примениш истата тактика во моментите кога они одмараат, ако не разбираат од муабет, или викај си полиција, после 12 саат не смеат да ве замараат ;)
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    38.210
    Пол:
    Женски
    Koi dimenzii e vratata na plakarot?Imaj predvid deka na metar vrata ne mozes da stavis ogledlo, ke ja optovari i nema da izdrzi.Ako e standard vrati kaj garderiber od 1m so vrata od 50cm ke bide dobro.
     
  18. OneDirection

    OneDirection Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    238
    Вратата е 180 со 50
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Го спремаме салонот и ме интересира што мислите за комбинацијата на крем-капучино (светла крем боја) сјаен медијапан со некој додаток на светло бледо виолетова боја. Дали овие две бои си одговараат? И што друго може да се уфрли во оваа комбинација. Имаме кожен седмосед црн, па дали тоа ќе одговара со него со оглед на тоа што можно е за некое време да го смениме (стар е). Размислував прво за црно бела комбинација ама некако не се пронаоѓам во неа.

    ЕДИТ: Нешто боите како од сликиве

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.650
    Пол:
    Женски
    Со оваа неутрална боја одговараат речиси сите други, но мене лично овој спој на пастел виолетово и капучино ми делува малку ладно, иако станува збор за складни тонови.
    Гледај нијансата на виолетово да влече повеќе накај mauve (не знам назив на македонски :$ ) и мислам дека дефинитивно ќе добиеш преубав спој кој нема да го има ефектот на „ладно“. :)

    Види ги 2097-50 и 2098-60. Дури и онаа Misty Blush изгледа симпатично со капучиното.
    [​IMG]
     
    На 1209 и ana-banana им се допаѓа ова.