1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поддршка за сите оние што сакаат да забременат

Дискусија во 'Бременост' започната од bik23, 29 октомври 2010.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.703
    Пол:
    Женски
    Бафи и мене, како и останатите гледам, ме боцна во болна точка моментот Не ви бега! Знам дека најдобронамерно пиша, ти кажав, потполно те разбирам, и многу се радувам што си успеала, камо сите да успееме на крајот на краиштата и да не мора да чекаме по 2-3-5-10 години. Јас најмногу од се се нервирам кога ќе ми речат не се нервирај, не мисли, не си стварај притисок, значи кај ми е мене нервозата огромна, кај јас не можам да се помирам со тој факт дека пола мои другарки од прва, втора останаа бремени, некои и несакајќи па доцна дознале и се јадат што не можеле да абортираат, ми фалат одозгора попувања од типот Не се нервирај! Не зборам за твојот пост, зборам општо. Јас и на гинекологот му кажав, дека психолошкиот момент освен на психијатар на друго место не можам да го решам, ако ми препорачува психијатар нека каже слободно. Кога ќе ме прашаат за совет за обично го кажувам советот со страв како ќе бидам сфатена, бидејќи ова се сериозни работи, не е едноставно да кажеш само не се нервирај, ќе биде, сум слушнала досега еден куп ќе биде, сигурно и тие слушнале. И не, оваа тема не е само за нас, темава како и форумов е за сите кои имаат да дадат совет, да посочат, но не и да не “критикуваат“ дека брзаме, да ни кажат да не се нервираме, да не брзаме, дека бебчо е на чекор од нас, дека не ни бега родителството.... За дел од нас можеби и ни бега, затоа што биолошкиот часовник откуцува, мене може не, имам 27 ама на оние над 40 итекако им бега. И пак ќе речам, ова е мое искуство, мое мислење, не на сите ;)
     
    На bridetobebt му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bufi

    Bufi Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    647
    Па подобро некој да казе " Не се нервирај, ќе биде"... отколку " Лупај глава у зид, плачи..." а за тоа "Бебчо мозеби е на чекор од вас", мислев мозеби веќе наредниот месец ќе забремените, како сто е случај Спанге Боб, и го реков тоа како утеха, и девојката еве ја бремена! За "Не брзајте" , мислев на девојки кои само после два или три месеци неуспех се стремат за инвитро! Не сакав повеќе да писувам ама морав,
    чувствував потреба да го одбранам до крај мојот добронамерен пост! Некои тука се толку чувствителни сто човек сто и да казе ќе погреси, а не се цени она сто некој е на темава бас за да помогне!
    СРЕКНО на сите од мене!!!
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    А зошто одма препукувања и критики на постот на Бафи, кои очигледно не го разбравте?!
    Девојката убаво си кажа за нејзиното искуство, а вие веднаш наоѓате негативност! Ако сте нервозни и напнати не е ни културно, ни достоинствено некому да се истурате така!
     
    На Bufi и mynameislove им се допаѓа ова.
  4. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    бафи еве јас пробувам 2-3 месеца и нареден ке правам инсеминација . Не сум со сите а? ]:) Имам пцос, немам овулација, хормони катастрофа, оперирана од септум и што да чекам? Да остарам , да поминат години па да се решам, тоа е она што и мене ме погоди, нема да ви избега бебето, тебе да ти кажеше некој така кога се бореше ти за бебе како ке се осекаше? Абре осекам празнина, осекам нешто ми фали во животов со маж ми а тоа е дете, да го чекам напразно не можам, и фала богу ниеден доктор нема да ти прави било IUI bilo IVF aко нема индикации за ова.
    Како што кажав нервозата е пропратен дел, самата болница кога ке ја видам склет ме фака а не па прегледи, боцкања и сл. Да се боцнам со инекција и да отидам на журка не иде :lol: цела мини аптека дома имам , на работа само се пикам во веце да пијам лекови, иритира тешко е и тоа е, и негативни ке сме накогаш некогаш позитивни и хормоните влијаат на тоа :!:
    Не го гледај постов како да те напагам, не те напагам, само самата знаеш дека низ истото си минала, сега си добила детенце и си викаш ех кешки да не се нервирав, сигурна сум дека и сите ние кога ке добиеме деца истото ке го мислиме како тебе :) Со нервирање не постигнуваме ништо точно ама мене некогаш ми олеснува да се исплачам да си викам да се изнервирам и опцујам ако трреба :rofl: подобро така отколку да собирам во себе..
     
  5. menelele

    menelele Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    8.526
    Епа што да ви кажам, еве и ја сум трудна 10 недела и уште се нервирам на коменатрите од типот- Има нешто ново, До каде е работава, ајде бе нашиве деца у школо ќе ги пратиме вие што чекате.

    Зошто нормално уште не кажувам ми иде од земја да ги удрам сите до еден и само си седам дома и со никој не се дружам.

    И нормално неможе да не мислиш и да не се нервираш незнам ни ја како останав трудна само 6 месеци се обидувавме и полудев буквално мислам дека ако не останев бремена во брадовци ке одам.

    Лесно е да кажеш опушти се ама не е така. Ви посакувам среќа на ситееееееееее и што побрзо да си видите ||.
     
    На pilenka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Јас ти пружам рака што си ја презела работата после 2-3 месеци неуспешни обиди !!! Камо јас да не чекав една година, да си се слушав самата себе, а не матичниот кој и покрај тоа што знае дека имам нередовен циклус ми вика не ти треба да испитуваш хормони толку рано (тоа беше лани). До прва сега ке барам доктор кој ке ми ги средува хормоните !!! :@
     
  7. ivka10

    ivka10 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    5
    menelele честито и лесна бременост.. сите знаеме дека еден ден ке си ги држиме бебушите во раце, ама да не се нервираш мислам е невозможно колку и да се трудиш, а баш тогаш се случува да видиме некое бебенце на улица или некоја трудница.. па боли тоа колку и да сакаш да го сокриеш :(
     
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Мене денес ми ја нема вештерката :devil: а немам ни симптоми за добивање.
    Имам чудно повеќе исцедок од нормално (без мирис, само кремаво бел) и имам некое гадење што ме следи веќе цела недела и стомакот го осеќам како отечен. Вчера дур се возев мислев дека некаде ќе ги оставам јајниците по пат :D

    Хммм... :^)
     
  9. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Ако ти касни, зимај тест и информирај не'...
    Пуштам среќичкааа
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Тоа со несакањето кафе мене ми беше еден од првите знаци, се надевам и кај тебе исто ќе биде ;)
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SpangeBob

    SpangeBob Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Отечен стомак душо имав и јас (додуша и сега го имам). И не знам каде прочитав погоре, кога ќе кивнев ееее... мноогу ме болеше јајник или таму нешто што се наоѓа (лигамент можеби). Не можам да се истегнам наутро убаво! Можеби ќе биде! Ајде со среќа!
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    не сакам да си давам лажна надеж, па ќе чекам до петок да видам дали ќе добијам. И докторот така ми кажа - може покасно ќе ми покаже тестот, па ако не добијам денес во петок тест :)

    Фала многу за поддршката. Ако се случи чудо ќе бидам најсреќна на свет :)
     
    На SpangeBob му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.703
    Пол:
    Женски
    Сунѓерче се сети ли на маусот да си напишеш наши имиња? Да завлечеш малце :lol: Дајбоже Кукличе, дајбоже! Сите лека полека да се истребиме од овде, темава ич да не ја посетиме за лошо, само за да посоветуваме. Уф месецов како да се имам оладено веќе, како да ми е сеедно, ич не ни чекам веќе, да видам како ќе биде пред да добијам ама немам некои особени мисли околу тоа. Денес изглеа овулирам, имам болка во десен јајник, ако е тоа. Ќе видиме, здравје, како ќе биде месецов ;)
     
    На SpangeBob му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Е па ако си во овулација - знаеш што треба :lol:
     
    На SpangeBob му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Јас само што се вратив од гинеколог, ме гледаше на ехо, нема ништо, за 10тина дена ке ми дојдело ;(
    Ке :@ веќе !!!
     
  16. zazarsko

    zazarsko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    122
    Јас бев на гинеколог ме гледа на ехо , ми вика еве ти завршила овулацијата за 5-6 дена ќе ти дојде :^) , чекам јас да ми дојде дури и влошки си ставав да не прокиснам меѓувреме :D но еве фала му на Господ сеуште ми нема дојдено :rofl: бремена сум веќе 9 недели, така да не го земај тоа здраво за готово не мора ништо да значи, ништо не е готово се додека не ја видиш вештерката, а се надевам дека нема да ја видиш следниве 9 месеци :*
     
    На SpangeBob и kukla21 им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Се гледа на ехо дали ќе добиеш или не а? Мене не ми кажа ништо конкретно лазаревски, само ако не добијам во петок тест да правам.
     
  18. zazarsko

    zazarsko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    122
    Се гледа само задебелување на ѕидот на матката и според тоа констатираат дека наскоро ќе добиеш, мене ми рече еве се гледа задебелување и подбелена е целата матка :)
     
  19. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Ми кажа дека 10мм ми била шуплината (препоставувам дека мислеше на еднометриумот) а 12мм требало да биде минимум за да добиеш.
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Аха. Мене ми даде кломифен и ми кажа ако не добијам во петок тест да правам. Баш се збунив сега - според вашите коментари трбал да знае кое од овие 2 ќе биде :^)