1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ми треба совет и мислење

Дискусија во 'Канта' започната од kika89, 15 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Грешка во пишување, аман не скокај одма :^)
     
  2. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Не гледај така на работите. Ако му се свиѓаш, дај си шанса со него. Само дај му до знаење дека не идеш заради парите, кажи му во што и каква ситуација. Па кога ќе имаш нешто, прва прилика, почасти го.
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    IvanovskaM, нема човек што не се нашол во твојата ситуација. Знам дека сигурно се чувствуваш ептен без везе ама па ова е доста ефективен начин да го видиш на дело што човек е. Нема ништо срамно во тоа отворено да му кажеш `Немам пари` и место да одите во Синеплекс, гледајте филмови кај тебе или кај него дома. Ако те разбере и го почитува тоа што ти моментално не стоиш толку добро финансиски како тој, верувам дека лесно ќе се снајдете. Што ќе седнувате во сабота преку ден на кафе, прошетајте некаде во природа, исто така има и кафичи каде многу поевтино ќе поминеш отколку ако седнеш некаде во Дебар Маало или Сити Мол. Е сега, ако дечкото сака да ја тера шемата и ако за него искачање не е искачање ако не смени неколку кафичи, тогаш мислам и самата си го знаеш одговорот...
     
    На IvanovskaM и omg92 им се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Нешто не се разбравте изгледа?[/quote]

    Bokchee напиша:Грешка во пишување, аман не скокај одма :^)[/quote]

    Абе еднаш грешка(пура,пудра) ама не ми е јасно како може машко пудра да става и ова е грешка!? Самобендисан кој што за се има оправдување, абе ајде еднаш ти кажав и не само јас многу други на форумов, ама извини ти си најпаметен па секогаш (никогаш) не грешиш.
     
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    IvanovskaM јас сум дефинитивно против тоа директно да му плеснеш немаш пари. Од причина што можеш да бидеш погрешно сфатена и да си помисли дека само за пари си со него. Кажи му го тоа ама индиректно а не толку директно немам пари. Мислам вие само се гледате, не сте во врска и според мене не е пријатно. Најдобро е некое време да не излегувате на такви места имате паркови клупи ти кажа над мене некој викни го кај тебе направи пуканки гледајте филм и слично. Не е се во излегувањето надвор можете да правите интересни работи и без да сте надвор. Пример викни го кај тебе правете палачинки демек да види каква домакинка си. А ако сакаш и директно кажи му немам пари ама пак некој погрешно да те сфати дека си само за пари со него. Студентски живот - тежок живот од секоја страна гледша да прикрпиш некој денар и не стигнува. Ако за ова не те сфати тогаш размисли дали ти треба ваков човек.
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    На П е важно! :D :D :D

    "Упс, грешка" - рече паторот кога слегна од петелот!
     
  7. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Тешка ситуација и мислам дека најдобро е да направиш како што ти кажа Nausicaa. Немора толку директно ама кажи му слабо стојам со пари, ако може да одиме на друго место (кај тебе, кај него, парк или што и да е). Кажи му дека имаш премногу обврски со факултетот и не си во состојба да заработуваш и ако е нормален би требало да те разбере. Речиси секој се нашол во таква ситуација и не е ништо срамно да кажеш што е како е. Полошо е ако лажиш или најдуваш некакви оправдувања
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Господе, што се не ќе прочитам по сајтов. Омни дефинитивно да се закопаш со постов.
    А не ја сфативте поентата на муабетот. Дека во клуб дефинитивно не фаќаш дечко. Зошто бидејќи не гледаат според очите и според тоа што го имаш вечерта, туку по здолништето.
    А јас сум многу принципиелна девојка, тоа што кажав дека јаки девојки се возат во скапи автомобили, не ме прави неприципиелна девојка. Само кој како си сфати.
    Имам голема самодоверба и јак карактер. Од дома сум си така воспитана, но ги предизвикувам тие девојките кои имаат години колку мене да одат со 40 годишни па да кажат искуство. За ние нели принципиелните да научиме нешто. Ма. немој да ме јебеш бре во здрав мозок, многу јасно секоја околина ќе знае за што е. Тука љубов не постои. И принципиелна девојка може да се вози во скапа кола само доколку самата ја поседува. Не е до мене, проблемот е до машките. Бидејќи го избирате погрешното наместо да бирате според карактерот.

    Поентата на целиот мој муабет беше токму ова( а да не беше ова објавено уште ќе ме напаѓавте)
    http://urbancult.mk/buckurush/item/3650-mamini-eba-i-i-tatini-princezi-pravoproporcionalno-na-atom
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.480
    Пол:
    Женски
    Еве ме, 25 години, веќе година и 6,7 месеци со некој кој има 40 години. Нема кола, пешачи, не ме спонзорира, функционираме со заеднички пари. Кај нас нема мое, твое, него кога ќе стигнат пари се распределува на што ќе трошиме овој месец.
    Имало моменти кога немал скршен денар во него, па не ми било воопшто проблем да седиме кај него и на пример да вариме макарони за да се јаде нешто. Имало моменти кога сум ги потрошила за дома парите, па ќе дошол до кај мене само да ми остави и да си отиде.
    Иако работи веќе едно, се одлучи и за втора работа, па сум му најголема подршка, исто и тој мене кога сонувам за мојата професија.
    Во однос на изглед, речиси сите му даваат 5,6 години помалку (пријателите го зезаат дека е до мене). Тело има прилично добро, не изгледа ко чичко, ниту пак се облака така.
    Се пронајдовме двајцата креативни, со слични интереси, речиси слични планови за иднина.

    Сум имала дечко помал од мене 2 години, сум имала колку мене, постар малку од мене и со сите било различно. И јас мислев дека никогаш не би била со некој толку постар од мене, но секогаш најдобро сум се разбирала со луѓе кои што се постари од мене, без разлика дали било машко или женско и дали станува збор за пријателка или дечко.

    И другарка ми еднаш ме праша - Аман бре што правиш со некој толку постар од тебе без скршен денар? Ама кога не виде како фунционираме заедно, сфати што правам со него.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски


    И и се качи на Паторката, а потоа излегоа мали Пајчиња
     
  11. Vanessa2

    Vanessa2 Нов член

    Се зачлени на:
    17 септември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    Не знам баш како да ви го презентирам мојот проблем, односно мојот проблематичен дел од животот.Имав врска, многу, многу комплицирана од една година со еден дечко. Сега не сме повеќе заедно, веќе четири месеци скоро. Нашиот однос на почетокот беше прекрасен, бевме пред се другари, подршка, па се останато, љубовници и сл. Како поминуваше време, нашиот однос стануваше полош и полош. Постојани обвинувања за мои ''грешки'', навреди, љубоморни испади, без основана причина од негова страна, дури и агресивни моменти, постојано негови проблеми и хаотичност. Со сите сили се трудев да го подобрам нашиот однос и да ја вратам врската каква што беше, но полека ми стануваше јасно дека тоа нема да биде можно. Дечкото има ужасно тежок карактер, напорен е, манипулативен и бесчуствителен во многу моменти. Потоа почна свесно да ме повредува со зборови и однесување, се каравме, не комуницираравме некое време, па ќе се извинеше за зборовите, но секогаш со доза на напад дека јас сум била крива, што тој така кажал или направил, и му успеваше да ми наметне грижа на совест, ама како поминуваше време сватив дека не е баш така. Сега веќе некој период два месеци скоро не сме заедно, му понудив пријателство кога последен пат прекинавме, но не го прифати. Од време навреме комуницираме и постојано го прави истото, на почетокот е фин и добар, и потоа ескалира разговорот до карање и постојано обвинување, а да постојано е упатен каде сум со кого и што правам и ми префрлува за се и сешто. Поминав низ тежок период, додека си дојдам на себе и се вратам во нормала, од една страна го сакам, свесна сум дека неможеме да бидеме заедно, дека нема да бидам среќна со него, сакам да почнам свој живот без него, но сакам да имам некаков пријателски однос со него, а он тоа го отфрла. Претпоставувам што ќе ми кажете, но сепак ме интересира вашето мислење. :)
     
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    БАТАЛИ ГО! Не ти треба ни за пријател.
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Едно нешто што не успеав да сфатам... Зошто ако те малтретирал, ако има покварен карактер, ако знаеш дека не го бива, сакаш да ти биде пријател??? :^) Читајќи го постот помислив дека ќе бараш помош околу тоа дали да го оставиш, дали ти е правилна одлуката, дали да му се вратиш, итн.. и кога прочитав дека тебе прашањето ти е како да останеш во контакт со него, се здрвив :o
    Бивши ти е.. нема што да контактираш многу многу со него. Ако не оди, не оди и ајде пријатно. Што ќе ти е другарството со него??? :^) Мене стварно не ми е јасно.. Освен ако тоа ти е за да ти стои како резерва цело време (макар што не ти треба таков), тогаш не можам да сфатам..
    Ваљда си немаш поставено некое правило дека нема со никого да се скараш во животот?? :lol: Шала на страна, остави го и оддалечи се колку што можеш.. Ќе ти помогне :)
     
  14. Vanessa2

    Vanessa2 Нов член

    Се зачлени на:
    17 септември 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Па да, вашето мислење и ми требаше од аспект на тоа дека ми е ок одлуката и да не се враќам со него. Иначе само за појаснување, не пишав покварен туку тежок карактер, а во однос на малтретирање, повеќе би рекла имавме тежок психичко-вербален однос. А зошто сакам да бидам пријател со него. Премногу е комплициран нашиот однос и неможев се да напишам, сметам дека е подобро да го имам како пријател отколку како непријател, знае многу работи за мене и може да ги злоупотреби (ништо страшно, но експерт е за извртување за работи и може да ми наруши многу пријателства и угледот во бизнис круговите), ако се почуствува повреден и отфрлен, кога јас би била со друг, на пример. И јас сметам дека е најпаметно, да се дистанцирам, но голема е веројатноста дека повремено ќе се враќа во мојот живот, на еден или на друг начин.
     
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Според опишаново јас ти се чудам како си успеала да издржиш со него цела година.
    Како и да е, нема да должам бидејќи е овде јасно што треба да сториш, феминките погоре ти кажале..
    Само би додала дека со поранешни дечковци не се останува пријател бидејќи никогаш тоа нема да биде пријателство во вистинска смисла на зборот. Туку би било пријателство со бенефиции!
    Тоа е така бидејќи ти сакаш да го задржиш, и не знаеш друг начин преку кој може да го пуштиш да замине, па затоа го бираш овој најтешкиот. Затоа мој совет би ти бил скрос да се оттргнеш од него ако сакаш нов почеток. Тоа подразбира ни телефонски повици ни видувања. Вака само одоговлекуваш за џабе, а само е прашање на време кога ќе пукне тиквата народски кажано.
     
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ова напишанато како да сум го пишувала јас,пред две години :D
    Значи сум го имала истиот проблем и мој совет е да се изолираш комплетно од него.Одредено време не оди на исти места,бриши го од контакти,следачи,пријатели и сите други варијации на социјални мрежи.
    Тој сега знае дека го сакаш и одлучен е да прави да се чувствуваш мизерно бидејќи ти него си го оставила и си му го повредила егото.
    За тајните што ги знае за тебе не се секирај,ако тргне натаму,сигурно и ти знаеш нешто што може да го докрајчи и можеш да го употребиш кога сакаш.
    Не барај пријателство со човек кој не сака да ти биде пријател,а ниту пак нешто повеќе.Таквите луѓе за мене се до одредена мера психопати,сум се расправала со таков,нивна цел е доминација и манипулација,така да батали го односот.
    Едноставно почни одново,clean slate.

    Инаку,да не сме излегувале со истиот дечко? Бидејќи ненормално е колку е слична приказнава со мојата :D
     
    На Vanessa2 и tessie им се допаѓа ова.
  17. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    Не се важи ниту ова твоето. :D Таа всушност прашува - KAKO ЕДНА ПРИНЦИПИЕЛНА ДЕВОЈКА ДА СЕ ВОЗИ ВО СКАПА КОЛА ??? :rofl: :rofl: Нели само лесни женски се возат во нив а таа со карактер и принципи никако да дојде до некој таков. Тоа беше поентата, нели ?? :) :lol:
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Не, поентата беше дека дечко во клуб не се наоѓа.
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека дечко во клуб не се наоѓа. Во дискотека можеш да најдеш само некој за една вечер. Можеби порано се наоѓаше фин дечко или фина девојка, ама сега не. Сега се' што излегува во дискотека е нафурано, дигнато, мислиш сите синови и ќерки се на претседатели.

    Моментално во дискотеките во Скопје излегуваат само проститутки (буквално), дилери на дрога (ги има и тоа многу), тинејџери кои залутале и некако успеале да се протнат да влезат и мислат којзнае што направиле, татини синчиња на сепареа со пари што тато им ги дал, флаша на маса и со еден куп "манекенки" околу нив и спонзоруши. Ете тоа е по дискотеки. И оваа информација не ја знам како посетител, па да речеш оваа видела нешто и добила таква слика, туку имам искрено зборено со луѓе кои директно се инволвирани во тој бизнис и знаат многу добро што се наоѓа таму, апла ми кажуваат што и како се случува.

    Ако не сакаш да ти мерат пропорции со поглед, да те оценуваат дали фустанчето ти е доволно кратко за нивни вкус и доколку сакаш фин дечко, тогаш смени место на излегување. Не знам од каде си, ама во Скопје има многу повеќе фини места за излегување отколку дискотеки. Искрено, јас кога бев 16 годишна мислев дека само дискотеките се место за излегување. Ама тоа зависи и од друштвото. Ако друштвото ти е такво и сакаат само таму да одат, тогаш и не можеш нешто многу да направиш или промениш.
    Ако ништо друго, за почеток, излезете барем некаде во чаршија, има фини местенца и ќе видиш многу поразлични луѓе што дури ќе ти дојде чудно. Мора некаде да се пронајдеш. Смени повеќе места. Јас имав среќа да имам другарки од сите типови па менувавме многу места на излегување и можам само да кажам дека дискотеките се сра*е и најлошиот начин на забава за разлика од другите места.
     
    На Nausicaa и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Делумно се согласувам со тебе. Фала богу некој да сфати што беше поентата на муабетот.
    Сакав да си направам муабет со вас тука да видам како размислувате, а вие одма се нафрливте врз мене и ја свртевте темата за 360 степени. Ме нападнавте, како да чекавте прилика и со години немало со кој да се расправате. Како кој знае што да сум рекла, демократски не си слободен во мислењата тука, ако некој не го мисли истото како вас одма го напаѓате. Не е толку алармна ситуацијата. Само што вие повеќето се познавате лично и се држите меѓусебе. Помагајте луѓе, а не така одма скокате. Исти сте сите, само се преправате. Поздрав
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.